Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

МИЦКОСКИ

izbori-makedonija-Copy

Мицкоски: Законот за една изборна единица не зависи од ВМРО-ДПМН

„Ние имаме членови од сите етнички заедници, Македонија за сите луѓе – тоа е кампања која што ВМРО-ДПМНЕ ја водеше. Нормално секој кој што има амбиција и квалитети и компетенции да работи за Македонија,а не како оние министри кои што се срамат да кажат дека се македонски министри и кои што се срамат да застанат пред македонското знаме, се добредојдени и јас лично ги охрабрувам и веќе имам со неколку десетици такви Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи разговори да се најдат на пратеничката листа на идната победничка коалиција која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ со минимум 61 освоен пратеник“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при посетата на општина Кисела Вода во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“Мицкоски додаде дека една изборна единица не зависи од ВМРО-ДПМНЕ.„Тоа не зависи од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ го поддржува тоа и затоа го повикувам еве и Љупчо Георгиевски, и Маја Морачанин, Павле Трајанов и овој министеров за локална самоуправа Горан Милевски и останатите. Тоа што си е го ветија пред граѓаните, пред народот, тие велеа ако немаме една изборна единица ќе ја напуштиме Владата. еве помина април месец и тоа беше крајниот рок, а денеска сме 14-ти мај, две недели потоа, а нив ги нема никаде, ни да гукнат ни да бекнат. Мила им е власта, привилегиите им се мили, народот тоа го плаќа за жал, но не сфаќаат дека секоја работа има свој почеток и крај. Така што колку побргу сфатат дека крајот доаѓа, толку полесно ќе паднат. Колку повеќе се инаетат, толку потежок ќе им биде падот“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

mickoski06052022

„75% од граѓаните мислат дека Македонија оди во погрешна насока“, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање кое се однесуваше на жестоките реакции на Ковачевски за најавената активна блокада од страна на опозицијата, рече дека во целото интервју на Ковачевски кое го гледал, покажува фрустрација и нервоза, а она што не го очекувал да го забележи било гневот што го има кон Мицкоски.Мицкоски додаде дека не знае од каде му е тој гнев лично кон него бидејќи не се познаваат лично иако Ковачевски тврди дека имале комуникација. Ја демантираше неговата изјава и го советуваше да не се служи со невистини како неговиот претходник.- Јас навистина сум зачуден од тоа што го кажа вчера, бидејќи се повикува на единство во рамките на Европа, а токму тој е факторот кој што создава неединство бидејќи јас лично и ВМРО-ДПМНЕ многу пати во минатото подадовме рака, го повикавме на дијалог, сакавме дијалог во овие кризни времиња според него и според многу други членови на неговиот кабинет од Владата, самите тие констатираа дека се кризни времињата и неколку пати апелиравме да се седне, да се разговара, па ајде чекавме 100 дена да поминат и повторно апелиравме, но некако отсуството на мудрост и државнички капацитет во владата која Ковачевски ја води а и кај него самиот, доведе да веднаш таа подадена рака ја одбие. Ние сме свесни дека сето тоа води кон поларизација и дополнително фрустрирање на граѓаните, но едно знам, дека граѓаните три четвртини од нив или 75% мислат дека оди во погрешна насока и дека оваа влада треба да си оди. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и како таква мора да мисли на граѓаните, ние сме партија на народот и така се однесуваме. И бидејќи така се однесуваме, јас можам уште еднаш да подадам рака бидејќи до десетти има уште околу четири дена, да се вразуми и уште еднаш да размисли, да седнеме да зборуваме – додаде Мицкоски.Мицкоски понуди и четири тима за Македонија од дента кога ќе седнат до датумот кога ќе договорат предвремени избори излезе што помалку оштетена од овие кризи кои за жал оваа влада, која е полна со криминал и корупција, неспособна е и не може да ги реши.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-16042022

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот без изгласани гаранции од бугарскиот Парламент дека нема да има дополнителни барања од Бугарија

Денеска пред одржување на обуката на тема „Јакнење на капацитети на локалните заедници“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, ВМРО-ДПМНЕ и Партискиот истражувачко-аналитички центар „Љубиша Георгиевски“, изјава за медиуми даде и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при што беше запрашан како ја коментира вчерашната изјава на претседателот Пендаровски во врска со прашањето за Бугарија.„Зборувате претпоставувам за оној истиот Стево Пендаровски кој што потпишуваше по нарачка на Заев што ќе му текне, и оној истиот Стево Пендаровски кој што велеше дека Гоце Делчев е Бугарин. Претпоставувам за тој човек ме прашувате? Јас нема да ги цитирам неговите изјави, јас само ќе кажам дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. ВМРО-ДПМНЕ не може и нема да поддржи бидејќи за промена на Уставот се потребни 2/3, било каква интервенција во Преамбулата без да добиеме од страна на бугарскиот Парламент јасни гаранции изгласани дека од тој момент до денот кога ние ќе бидеме земја членка на ЕУ сите отворени прашања се затворени и нема да има дополнителни барања од страна на Бугарија“, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека по јасни гаранции од страна на Бугарија дека сите отворени прашања ќе бидат затворени, дури тогаш може да се седне и да се разговара за тоа да се менува Преамбулата и дел од бугарскиот народ кој што живее во Македонија да биде вклучен во истата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

„Ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не се оградија од криминалот и не им се извинија на граѓаните“, вели СДСМ

Повеќе судски пресуди и признанија на вина од страна на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како „Титаник“ и „Плацови на Водно“ се потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, односно злосторничко здружение, вели СДСМ.„Со судски одлуки е потврдено злосторничкото здружување, организираното перење пари, незаконското богатење преку криминални Белизе-шеми, изборните измами, криминализација на изборниот процес.Шефот на Христијан Мицкоски, избеганиот криминалец Никола Груевски, е осуден на 11 години затвор во само три предмети.Во периодот додека се правеле овие криминалии, во 2015 година, Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, а пота и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Ниту Мицкоски, ниту неговата партија не се оградија од криминалот, не им се извинија на граѓаните, не побараа одговорност. Ниту еднаш.После сето ова, после овие пресуди и признанија за криминал од енормни размери нема друго, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка“; се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-23-at-11.13.36

Мицкоски на Водно: Нека ни е честита Велика сабота, денот на големиот покој

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пред Велигден, се искачи на Водно. Тој објави фотографии на социјалните мрежи.„Велика сабота. Денот што ги поврзува распнувањето и радоста. Денот на големиот покој. Градот убав, нашето Скопје се подготвува за вечерашната радост, воскресението Христово. И ова саботно утро прв до врв…, нека ни е честита Велика Сабота!“, напиша Мицкоски

Македонија | пред 3 години

slika-5

Мицкоски за игралиште во Бутел: со пари кои порано градоначалниците од СДСМ ги трошеле за еден проект, сега се прават два

„Како што кажа Дарко тука во Бутел проектите еден по еден се реализираат од тоа што беше ветувано. Минатата недела едно игралиште веќе е во функција пуштено веќе се користи и тоа посебно ме радува бидејќи континуирано бутелчани го користат тоа прво игралиште“, кажа Христијан Мицкоски, претеседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Еве и второто игралиште денеска тука почнува со користење па не знам дали спомена Дарко, но овие две игралишта се направени со онолкав буџет колку што минатиот градоначалник успеал да направи едно игралиште. Значи ние, а и Дарко и неговиот тим не магионичар, туку само работи чесно, посветено и со средствата кои што во минатото биле трошени за еден проект, тој успева да сработи два проекта заедно со неговиот тим и тоа е за честитање и за пофалба.Ќе ве потсетам дека минатата недела најавивме почеток на изградбата на детската градинка во Бутел за месец и половина од денеска, во тек е изградбата на Основното училиште во Визбегово, завршен е тендерот кој што Градот Скопје ќе го инвестира овде а тоа е Бутелска, и така натаму продолжуваат проектите да се работат насекаде Скопје и видливо е тоа по мерењето на јавното мислење кај граѓаните, тие се задоволни од градоначалниците во општините и ние мора да покажеме дека не се сите исти, дека народот не треба да се разочарува, не треба да губи верба затоа што подобрите времиња допрва доаѓаат. Покажуваме што значи работа, што значи промени на локално ниво, тоа наскоро после предвремените парламентарни избори оваа политичка партија со овој тим на млади мотивирани и чесни луѓе ќе го направи на државно ниво насекаде низ Македонија.Многу проекти, многу посветеност, многу работа, мотивирани и храбри луѓе се прифаќаат во костец со проблемите да ги решаваат а јас мислам дека овој тим на ВМРО-ДПМНЕ е токму таков. Млади градоначалници, енергични, спој со искуството и мислам дека тука ќе имаме успех се разбира кој што ќе дојде без дилема.Така што уште еднаш мојата порака до граѓаните е допрва доаѓаат убавите денови, немојте да губите надеж, оваа криминална влада е на одење, наскоро од денеска ќе има предвремени парламентарни избори, ни треба општествено обединување околу ВМРО-ДПМНЕ ЗА промени, работа и проекти“.

пред 3 години

grujo-micko1

Мицкоски копнее по Груевски, тврди СДСМ

Со вчерашното изразено жалење што Никола Груевски не е присутен во државата, Христијан Мицкоски призна дека копнее по неговиот ментор и шеф, осуден криминалец во бегство, вели СДСМ„И вечерва Мицкоки не се огради за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот претходник, за кои има дузина судски пресуди со затворски казни и серија признанија од високи функционери на партијата. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е старата нереформирана партија, симбол на криминал и корупција. Самиот Мицкоски е опркужен со кадри на режимот кои се дел од судски процеси за милионски криминал, корупција и злоупотреба на парите на граѓаните.Талир, Титаник, Моќник, Плацеви на Водно и безброј други предмети пред македонските судови.Тоа е ВМРО ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

21102020_SEP_MP_MVR_3

Постои тивка коалиција и сериозна спрега помеѓу криминалот и раководството на МВР, вели Мицкоски

Обвинувањата кон МВР се темелат на катастрофата која ја имаме. Постои тивка коалиција на криминалот со раководството на МВР, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на што се темелат обвинувањата од страна на опозицијата кон МВР на Спасовски дека не работи соодветно.„Уште во 2017-та или 2018-та година на спектакуларен начин се откри дека во обвинителството и во основен суд 1 Скопје биле прислушкувани судии, обвинители каде биле откриени тајни централи за снимање на разговори“, посочи Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека дебаклот на Спасовски започна уште од тогаш каде излезе и рече дека сето тоа е на сигурно и дека сторителите многу скоро ќе бидат изведени пред лицето на правдата, но од таа работа ни трага ни глас нема за жал, па сѐ до овие последни пасоши кои се раздаваа на белосветски и балкански наркобосови итн.Тој додаде дека кулминацијата на сето ова кулминираше и со тендерот за набавка на сметачки машини од компанија која е на црната листа на САД.„Имаме една сериозна спрега помеѓу криминалот и за жал раководството на министерството за внатрешни работи. Покрај криминалот и корупцијата, парите и провизиите немаат боја a тогаш и колнењето престанува“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

„Јас во животот сум се борел да бидам прв“, Мицкоски не прифаќа дека СДСМ е успешна

„Порано или подоцна ќе има предвремени парламентарни избори. Не можат на сила да останат таму каде што се“. Ова е ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој смета дека Македонија е константно во криза. Кажа дека прво бил коронавирусот, па вакцините, па пожарите низ Македонија кој ги гаснеле странски држави, за сега, да има енергетска криза.„Покажаа некадарност, неспособност, најголема во Европа. Ако е резултат економската политика на СДСМ која не закова на дното во регионот според бруто домашен производ. Јас таков успех не прифаќам. Јас во животот сум се борел да бидам прв. А Македонија е последна според бруто домашниот производ. Истото е и според дефицититот во буџетот, рекордери сме, најголем е дефицитетот во регионот“, кажа Мицкоски.Тој рече дека за ова ќе пресудат граѓаните.„Ако не се краде, ќе има. Новото задолжување е за покривање на непродуктивните трошоци“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

mickoski-956

Мицкоски најавува избори, но не и протести, па се правдаше зошто нема да се излезе на улица

Христијан Мицкоски најавува избори, но не и протести. Тој смета дека може да има инфлтрирања кои ќе ги контаминираат, ако вака се изразува незадоволството. Побара и разбирање од јавноста, како и трпение. Убедува дека и тој живее лошо.„Не би сакале ВМРО-ДПМНЕ да влезе во состојба да му даде вештачко дишење на нашиот политички ривал. Внимателни сме со постапките кои ги превземаме. Сега за сега продолжуваме во рамките на институциите. Но, нормално ќе ја анализираме состојбата. Врз основа на тоа ќе повлекуваме потези. Нашите внатрешни анализи велат дека може да има инфлитрирања, било какви, герила акции, кои ќе ги контаминираат чистите народни изливи на негативно расположение на оваа корумпирана и неспособна и власт и на тој начин ќе се овозможи вештачко дишење на овие од власта. Јас го разбирам секој граѓанин кој е револтиран“, кажа Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава: @Ве молам за трпение, мораме да бидеме трпеливи, да не ги правиме грешките од минатото. Гледаме изминативе четири години колку не чинат грешките од минатото. Потешко се живее, нема проекти, од први во регионот станавме повторчувачи“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања