Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

МИЦКОСКИ

market-pari

Нема „офанзивни“ мерки за цените на маркетите, Мицкоски најави дека ќе разговара за да не ги покачуваат производите

Владата засега не донесе нови мерки за спречување евентуални поскапувања на производите во маркетите, иако цените на горивата значително се зголемија по ескалацијата на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Израел од една страна и Иран од друга.Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ќе разговара со трговците и ги повика да не ја користат актуелната состојба за дополнително зголемување на цените и за префрлање на притисокот врз потрошувачката кошница на граѓаните.„Сакам и со нив да поразговарам, да не се користи сега овој притисок веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, за да не мораме ние како влада да преземаме друг тип на, би рекол, офанзивни мерки“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот пазарен инспекторат ќе го следат однесувањето на трговците, како на малопродажниот, така и на големопродажниот пазар.„Врз основа на нивното однесување, така и Владата ќе се однесува. Очекуваме тие да имаат фер однос кон граѓаните, за и ние како влада да бидеме фер кон нив, односно заеднички во овие моменти да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа е наша цел и приоритет“, рече премиерот.Тој додаде дека институциите внимателно ќе ја следат состојбата на пазарот и дека Владата ќе реагира доколку се утврдат злоупотреби или неоправдани поскапувања.

Македонија | пред 10 часа

media-libraryafoptkjj5er13JfmFms

Мицкоски за мерките на СДСМ: Несериозни предлози од творците на „канабис економијата“

Опозицијата побара итно намалување на цените на горивата и прифаќање на нивните мерки за олеснување на трошоците за граѓаните. Од СДСМ предлагаат намалување на ДДВ за горивата од 18 на 5 проценти, намалување на акцизата за четири денари, како и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.Премиерот Христијан Мицкоски, пак, оцени дека ваквите предлози се „прилично несериозни, неточни и непрецизни“.Намерно не ги прокоментирав бидејќи станува збор за прилично несериозни, неточни непрецизни предлози. Бидејќи ако ги слушате како создаваат хистерија за 600, 700, 800 евра минимална плата, а од друга страна велат да се избришат даноците, да нема данок на додадена вредност и така натаму, па не враќаат во едни други времиња на соцболшивизм и еден вид на таква економија, затоа се обидов воопшто да не ги коментирам творците на канабис економијата во Македонија, луѓе коишто буквално ја ограбија Македонија, ги понижија македонските граѓани, ја понижија државата, и понекогаш можеби и молкот е доволен одговор на некои прашања.

Македонија | пред 12 часа

media-library9pkshdkkqt4i5Rhg0VY

„Очекувам земјите членки да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед“, Мицкоски со реакција за црниот печат на адвокатот Менкиноски

Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси.На денешната прес-конференција, премиерот Хирстијан Мицкоски изјави дека е запознает со она што се случува и дека телефонски разговарал со Менкиноски.Јавно го осудувам тоа, тоа е лоша порака и лоша порака за самата ЕУ, и очекувам дел од земјите членки да го осудат ваквото однесување на нашиот источен сосед, бидејќи нема да биде прв пат нашиот источен сосед да ги крши човековите права, тоа веќе го направи неколку пати до сега откако не ги примени пресудите од судот за човекови права во Стразбур. Сега гледате како се ограничува елементарното човеково право да се движи човек од едната на другата страна на границата. Не зборуваме за човек кој е криминалец, туку за зборуваме за чесен граѓанин, којшто единствен грев му е тоа затоа што ги застапува правата на Македонците од другата страна на границата пред Судот за човекови права во Стразбур. Тоа е единствениот грев и заради тоа добива црн печат. Навистина, бескрупулозно и заслужува целосна осуда. Тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку Европската Унија не излезе со осуда на ваквото однесување.

Македонија | пред 14 часа

media-libraryh2ad4tnfqttidy79UxG

Мицкоски: Македонија има најниска цена на дизел во регионот, очекуваме притисок, но имаме доволно количини

Премиерот Христијан Мицкоски, денес изјави дека македонските граѓани и економијата се обезбедени со доволно количини на нафта и нафтени деривати, и покрај притисокот од поскапувањето на горивата во соседните земји. Тој посочи дека цената на дизелот и бензинот во земјава останува меѓу најниските во регионот„ДПИ е континуиран на терен, нема прекини во снабдувањето. Но ако се има предвид, ако е кај нас, после нивелирањето на цената вчера од страна на регулаторна комисија за енергетика, дизел горивото литар 1,39 евро центи, да речеме во соседна Албанија е 1,79 евро центи литар, односно околу триесетина проценти поскапо е. И логично е да имаме притисок во западниот дел од државата. Исто така, во Србија е, да речеме, 1,73 евро центи, што е отприлика некаде околу 25% поскапо од тоа што е во Македонија. Во Косово варира цената, но достигнува до 1,52-53 евро центи, што е некаде околу 15%. Во Грција е 1,59 евро центи, односно кошта отприлика 10%, а во Грција е 15%. Во Бугарија е 1,41. Така што, граѓаните во Македонија имаат најниска цена за дизел горивото, а слична е цената и со бензинот, 95-октани, 98-октани. Очекуваме притисок во периодов којшто следи, но имаме доволно количини. Разговараме со дистрибутерите и со компаниите коишто ги снабдуваат граѓаните и македонската економија со нафта и нафтени деривати. Во моментот нема опасности од било какви, било каков недостаток. Така што, ние како влада продолжуваме да ја следиме состојбата.Можеби, условно кажано, добра вест е што утринава од она што можев да го видам, и брендот и останатите продукти на светските берзи се во опаѓање. Ако вчера го достигнаа пикот од 120 долари за барел, денеска веќе се тргуваат за некаде 90-тина долари за барел. Така што, ја следиме целата состојба. Многу внимателно и, во зависност од развојот на настаните, така и ќе реагираме“, вели Мицкоски.Тој додаде дека утре има состанок со ланците супермаркети и хипермаркети„Сакам и со нив да поразговарам, да не се користи сега овој притисок да веднаш се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, за да не мораме ние како влада да преземаме друг тип на, би рекол, офанзивни мерки. Комисијата за заштита на конкуренцијата и државниот пазарен инспекторат ќе го следат однесувањето на трговците. На производи на мало и на големо, и врз основа на нивното однесување, така и владата ќе се однесува. Така што, очекуваме тие да имаат фер, однос кон граѓаните, за да и ние како влада бидеме фер кон нив, односно заеднички во овие моменти да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа претставува наша цел и приоритет во моментов“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 14 часа

benzinska-benzin-nafta-

(Видео) Има притисок од странство на бензинските пумпи, но деривати има доволно,државните резерви можат да покријат 62 дена потрошувачка, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Државниот пазарен инспекторат е на терен поради поплаките од граѓани дека на некои бензински пумпи има ограничување при точење дизел, но нагласи дека снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата е стабилно.Тој посочи дека ваквите појави најчесто се забележани во пограничните општини, каде што има зголемен притисок поради значително повисоките цени на горивата во соседните држави.„Државниот пазарен инспекторат е на терен. Забележани се такви однесувања на некои пумпи во погранични општини затоа што има голем притисок од соседните држави, каде цената на енергенсите е за повеќе од 40 до 50 проценти повисока од кај нас. Во соседна Србија таа е меѓу 120 и 130 денари по литар, кај нас е 71 денар. Како резултат на таквиот притисок имаме огромно зголемено количество на трошење на нафта и нафтени деривати и можеби поради тоа на одредени бензински пумпи има недостиг на количини“, рече Мицкоски.Тој додаде дека според информациите што ги добил од Државниот пазарен инспекторат, на целата територија на државата граѓаните и бизнисите непречено се снабдуваат со гориво.„Од она што сум информиран од страна на ДПИ, на целата територија на државата граѓаните и бизнисите непрекинато се снабдуваат со нафта и нафтени деривати“, нагласи премиерот.Мицкоски истакна дека државните резерви се доволни за подолг период и дека енергетската состојба во земјата е стабилна.„Државните резерви можат да покријат целодневен конзум повеќе од 62 дена, снабдувањето би рекол дека е повеќе од одлично. Кога почнавме да го рестартираме нафтоводот со нашиот јужен сосед на многумина им изгледаше чудно и невозможно, но поминаа сите тестови и можеме да го користиме и тој капитал. Може да го ставиме и на располагање на соседите и тие да го користат за нивните потреби. Македонија во моментот има стабилна енергетска состојба и е фактор на стабилност во регионот и граѓаните плаќаат најевтина цена за нафта и нафтени деривати“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 2 дена

media-librarye50kj36i7q5l2SbRaY1

(Видео) Семејната трагедија во Карпош, СДСМ ја претвори во политичка платформа, никој нема право на тоа, вели Мицкоски

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше на прес-конференцијата на претседателката на Форумот на жени на СДСМ, оценувајќи дека трагедијата во скопската населба Карпош се користи за дневнополитички напади.Мицкоски изјави дека на прес-конференцијата претседателката на Форумот на жени на СДСМ била опкружена со млади жени со црвено обоени дланки, што, според него, требало да асоцира на Шарената револуција, но и на трагедијата во која животот го загубија мајка и нејзината ќерка.„Во пресрет на 8 март, претседателката на Форумот на жени на СДСМ одржа прес-конференција опкружена со млади дами кои со црвени обоени дланки сакаат да нѐ потсетат на Шарената револуција, а да нѐ потсетат и на трагедијата во Карпош, каде животот го загубија мајка и нејзината ќерка. Ова беше повод за дневнополитички напади. Никој нема право семејна трагедија да ја претвори во сцена за политички поени, особено не во денови кога целото општество треба да зборува за достоинството и безбедноста на жените“, рече Мицкоски.Тој додаде дека начинот на кој СДСМ настапува во јавноста во последните денови, според него, наликува на затворен круг кој постојано ги повторува истите наративи и напади.„Кога една политичка структура функционира така и репродуцира исти приказни, станува јасно дека проблемот не е само политички. Сериозно сме загрижени за состојбата во која се наоѓа врвот на СДСМ. Гледаме паника и очајнички обиди трагедијата да ја претворат во политичка платформа“, изјави Мицкоски.Премиерот посочи дека државата се соочува со сложени глобални околности и повика на одговорно политичко однесување.„Живееме во тешки историски времиња. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои ја даваат својата поддршка и ги одбиваат овие хистерични обиди од СДСМ. Економиите се под притисок, стабилноста на многу држави е на тест. Во вакви времиња државите мора да бидат одговорни, а најмалку што ни треба е паника“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryrikvisido9ld3PXfRkd

Јас би се чувствувал засрамено да седам на маса со Бугарија, ако тие му забраниле влез на адвокатот кој ги брани Македонците таму, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на информацијата дека адвокатот Тони Менкиноски добил забрана за влез во Бугарија во траење од десет години, оценувајќи дека доколку тоа се потврди, станува збор за сериозен удар врз демократските принципи.„Доколку е точно, тоа е уште еден срам за демократијата кај нашиот источен сосед. Тоа е поголем срам за сите оние кои не веруваат во вистинските намери на политичарите кај нашиот источен сосед. Јас би се чувствувал засрамено да сум човек кој седи на иста маса и треба да споделува исти вредности со политичарите кај источниот сосед. Тука мислам на земјите членки на Европската Унија кои треба да реагираат, ако ова е така“, изјави Мицкоски.Претходно адвокатот Тони Менкиноски информираше дека официјалните власти во Софија му изрекле забрана за влез во Република Бугарија во траење од десет години. Тој ја оцени одлуката како скандалозна и како директен притисок врз неговата адвокатска работа.Менкиноски кажа дека забраната претставува обид за замолчување поради неговата улога како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Македонија | пред 3 дена

media-librarypq0dvrui93qffoyBpOO

Мицкоски разговараше со премиерот на Катар за регионалната стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани, при што размениле мислења за актуелните регионални и глобални предизвици и ја потврдиле заложбата за зајакнување на пријателските односи и економската соработка.„Денес остварив телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, Неговата Екселенција Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток.Разменивме мислења и за актуелните регионални и глобални предизвици, при што ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и соработката.Заеднички ја истакнавме заложбата за натамошно зајакнување на пријателските односи и отворање нови можности за соработка во интерес на нашите граѓани и економии“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 4 дена

IMG_5515

Што е планирано за годишнината од трагедијата во „Пулс“ од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе присуствува на настаните по повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Тој изјави дека за време на пратеничките прашања бил информиран од пратеници дека во Собранието ќе се одржи комеморативна седница, а дека во Кочани исто така ќе има одбележување на трагедијата.„Знам дека за време на пратеничките прашања ме информираа пратениците дека ќе има комеморативна седница. Со луѓето од мојот кабинет организираме настан на кој ќе поканиме дел од медицинските екипи кои помагаа и ќе бидат тука“, изјави Мицкоски.Премиерот додаде дека Владата обезбедува транспорт и сместување, како и организација на настан кој ќе има форма на конференција.„Комеморативна седница, како што ме информираше градоначалникот, ќе има и во Кочани. На сите овие настани ќе присуствувам“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 дена

media-librarym4im80oeu3pid1hk8hk

Треба да им се провери деловната и медицинска состојба, вели Мицкоски за СДСМ откако бараа оставка од Тошковски

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри критики кон СДСМ, оценувајќи дека опозицијата секојдневно бара оставки и изнесува, како што рече, „лажни конструкции“.„Не би ја коментирал опозицијата, бидејќи тие бараат оставка секој ден од секого. Министерот Панче Тошковски на прес-конференција направи јасна гантограмска ретроспектива на тоа што се случувало и како се случувало“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека не сака дополнително да ја коментира, како што ја нарече, „безидејната и мекотелна опозиција“.Според премиерот, СДСМ претставува „најголема опасност за македонскиот идентитет и македонската држава“ и ги повика граѓаните со резерва да ги примаат соопштенијата што доаѓаат од седиштето на партијата на Бихаќка.„Ги замолувам граѓаните со резерва да ги прифаќаат сите оние конструкции што доаѓаат од Бихаќка, бидејќи имаат само една цел – да го разнебитат македонското ткиво и да нанесат удар врз македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.Премиерот исто така обвини дека раководството на СДСМ во минатото било поврзувано со, како што рече, „криминални и неморални скандали“, како и со случаи поврзани со консумирање наркотични средства.„Од таков тип луѓе мислам дека треба да се провери и нивната деловна и медицинска способност дали се подготвени да ја вршат работата што ја вршат“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 5 дена

media-library9sp3cg860mq040oJiGZ

Мицкоски: Безбедносната состојба во државата е стабилна, можни се економски притисоци од цената на нафтата

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека безбедносната ситуација во државата е стабилна и мирна.„Ние имавме Совет за безбедност што го организираше претседателката. Направивме анализа врз однова на информациите коишто ги добивме од лужбите и соодветните иминистрства. врз основа на тие податоци можам да кажам дека состојбата безбедносно е стабилна.Можеби ќе имаме економски предизвици, повеќе тука мислам на притисок на цената на енергенсите, на нафтата и гасот, повеќе на нафтата бидејќи ние немаме голема зависност во делот на гасот. Полека завршува и грејната сезона, така што од тој аспект, а и македонската индустрија нема прилично развиена мрежа во делот на гасот, можеби во делот на нафтената индустрија ќе имаме притисоци, ќе треба да се зголемува цената но и тука разгледуваме со министерстото за финансии, да намалиме во делот на акцизата, во делот на даноците, да видиме кои се нашите можности за да го намалиме ударот врз стандардот на граѓаните.Инаку МНР организира превоз за македонските граѓани кои сакаат да се вратат, веќе сме во завршна фаза и мислам дека веќе денес ќе почне евакуацијата. Така што веќе сме во насока на обезбедување се она што е потребно за нормално функционирање како на институциите, така и на граѓаните кои сакаат безбедно да си дојдат дома“, изјави Мицкоски

Македонија | пред 5 дена

media-librarydfrj51asnva31Yfw9DI

(Видео) Ердоган оваа пролет ќе дојде во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оваа пролет треба да ја посети Македонија и да дојде во Скопје на прв заеднички состанок. Тој ова го соопшти на седница на Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати за билатералните односи меѓу двете земји.Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој ќе дојде во Скопје. Претпоставувам таа посета ќе се реализира, во моментот не можам да кажам точно кога и како, но знам дека Турција има исклучително одличен амбасадор во Скопје, дипломат од висок ков, со кого имаме одлична соработка и тој придонесе за уште поблиските односи меѓу двете земји. Убеден сум дека до оваа прва средба ќе дојде многу бргу и ќе ја имаме таа можност, но и чест, претседателот Реџеп Таип Ердоган да го пречекаме во Скопје“рече Мицкоски“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryl7cvpis2jr0ge3jUaXL

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, исплатата од април

Минималната плата ќе се зголеми согласно закон и повисоките примања ќе почнат да се исплаќаат од април, најави премиерот Христијан Мицкоски на седницата на Економско-социјален совет.Тој информира дека на дневен ред е информацијата за висината на минималната плата за 2026 година, која, како што рече, очекува да биде усвоена и на следната владина седница. Според најавата, новата минимална плата ќе почне да се исплатува од април, за месец март.Мицкоски посочи дека Владата досега регулирала 95 проценти од односите со синдикатите преку колективни договори со рок на реализација до 2028 година, нагласувајќи дека не презема обврски што би важеле по истекот на мандатот.„Се однесуваме одговорно во рамките на мандатот што сме го добиле од граѓаните и не преземаме обврски за период по 2028 година“, изјави премиерот, додавајќи дека актуелната Влада има обврска да ги решава, како што рече, наталожените проблеми од минатото.Тој потсети дека во изминатиот период бил постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за повисоки плати во администрацијата, а во процесот биле вклучени и други синдикални организации кои првично не учествувале во преговорите.Премиерот изрази очекување дека ќе продолжи и ќе се интензивира бипартитниот дијалог меѓу работодавачите и работниците, нагласувајќи дека институционалниот дијалог е единствениот начин за изнаоѓање конструктивни решенија.„Вон-институционални механизми постојат, но искуството покажува дека решенијата се носат во рамките на институциите“, порача Мицкоски, додавајќи дека Владата останува отворена за соработка во рамките на своите надлежности.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Мицкоски нема одговор на ниту едно прашање, секогаш прави дефокус, Дубаи, Харис Џиновиќ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи  дека премиерот Христијан Мицкоски континуирано избегнува да даде конкретни одговори на клучните прашањата што ги поставува опозицијата, а се од интерес на јавноста. Како што кажа Филипче, одговорите на власта се секогаш сведени на дефокус.„На кое прашање до премиерот вие сте слушнале конкретен одговор. Сè е дефокус и сè е бегање од темата. На прашањето кое што јас го поставив кој е Душан Адемовиќ новопоставениот конзул на Македонија во Србија, премиерот не одговори. Избегна да одговори поради тоа што одговорот не му одговара“, рече Филипче.Тој додаде дека наместо одговори, јавноста постојано сведочи на обиди за пренасочување на вниманието и лажни весто.„Секогаш е дефокус, Харис Џиновиќ, Дубаи, плажа, тоа одговара премиерот. Тоа е недоличен речник и начин на коментирање на човек што ја води владата и државата“, истакна Филипче.Како што кажа Филипче, исто е и со прашањата за доаѓањето на Артан Груби, власта нема  одговор на ниту едно прашање.„Еве ги прашањата за Артан Груби ние ги поставуваме од моментот кога дојде, еве и сега ги поставувам. Како е можно да на тој начин се врати бегалец од правдата? Да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор. Сте слушнале одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не, ниту ќе слушнете поради тоа што имаат договор, тоа е вистината“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во затвор и дека тоа се класифицирани, строго доверливи документи до кои, рече, нема пристап  директорот на затворот „Скопје“, кој изјави дека не би била загрозена безбедноста на Груби.Таква е одлуката сега, но тоа не значи дека куќниот притвор нема да биде заменет со ефективен. Лицето е обезбедено, мерките ги одредува обвинителство и судството врз основа на факти и тие имаат таква одлука, рече Мицкоски во гостување на Дневникот на ТВ Сител.Како што рече, прокси ботови на СДСМ се обидуваат да го искористат револтот на граѓаните за пуштањето на Груби во домашен притвор откако претходно воделе кампања дека Владата го пуштила Груби да избега пред 14 месеци, кога се појавил на ГП Блаце - дека Владата ја спасува ДУИ, а дека куќниот притвор е по налог и пакт со Владата.Мицкоски рече дека има чувство оти многу луѓе се загрижени во овој момент и дека токму од таа загриженост произлегува немирот кај опозицијата.Како што рече,  „ќе го држи за збор Венко Филипче“ за она што завчера го кажал на ТВ Сител за наводно постоење политички договор со ДУИ.Според него, Филипче е исплашен од исказите на Груби, но како што рече „ќе дојде момент на соочување со правдата, па потоа да не биде дека има политички реваншизам“.Кога ќе дојде до тој момент, имам такво чувство дека ќе дојде, да не биде по политички реваншизам или нешто друго. Да не биде после тоа како за модуларната „јас не сум виновен“, како од едно во друго министерство се движи тој проект, па како се случува и слично. Да не биде дека еве некој политички некој му се реваншира. Тоа е суштината кај СДСМ и нивните прокси ботови, исплашени се од тоа што ќе следува.... Јас бев единствениот кој лично од Груби беше најмногу напаѓан и од високи претставници на ДУИ најбрутално, со лаги и конструкции. Која е логиката да склучувам пактови со лица како Груби? Свесен сум дека овие растурени пердуви ќе остават лузна на мене и мојата политика, но крајната цел е важна – пораката и денес им ја кажав - дека големите одлуки се носат во тишина, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања