МИЦКОСКИ

media-library9sr0377g20cu3UqcWxH

Премиерот Мицкоски и командантот Најт од САД со разговори за обука и размена на искуства

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека остварил средба со генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт.Разговорите биле насочени кон продлабочување на соработката меѓу македонските институции и Националната гарда, со акцент на обуката, размената на искуства и поддршката во развојот на современи и ефикасни одбранбени капацитети.Мицкоски оцени дека продолжува партнерството кое со години се гради меѓу Северна Македонија и Вермонт, при што ваквите средби, како што истакна, претставуваат чекор напред во унапредувањето на заедничките одбранбени политики.

Македонија | пред 1 месец

28122019_VRSM_Zaev_Angjusev_Dura

(Видео) Ќе го испита ли тимот на Заев и Венко случајот кога Анѓушев ги градеше модуларните, а една се запали и загинаа 14 лица?, прашува Манасиевски

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, остро реагираше на обвинувањата на СДСМ дека директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, е поврзан со фирма која добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра. Според Манасиевски, станува збор за „конструкции и дезинформации“, а партијата „се обидува да создаде скандал каде што нема никаква основа“.„Тимот за одбрана на криминалот на Заев и Филипче мисли дека открил Америка. Големото откритие е дека Томовски е донатор на ВМРО-ДПМНЕ – како и илјадници други – и тоа е јавно достапен податок. Каде е криминалот? Го нема“, изјави Манасиевски.Тој додаде дека СДСМ треба да ги проверува информациите со стручни лица, а не „текстовите да им ги пишува Зоран Заев од Дубаи“.Манасиевски ги посочи, како што рече, „трите лаги на СДСМ“:Прво, дека фирмата не е сопственост на Томовски и дека тој нема никакви приходи или врска со нејзиното работење.Второ, дека телефонскиот број што го користи компанијата не е нејзин единствен контакт, а бројот што се споменува е личен број на Томовски кој го користи со години.Трето, дека донациите на Томовски не претставуваат никаква незаконитост, бидејќи станува збор за јавно пријавени уплати.„Во сите три случаи се потврдува дека СДСМ лаже“, рече Манасиевски.Тој возврати со обвинување дека вистинските нерешени случаи не се кај ВМРО-ДПМНЕ, туку кај нивните политички противници.„Е сега кога сме кај криминалот, го прашуваме Венко дали не е криминал тоа што додека тој е министер, негов министер и колега вицепремиерот Кочо Анѓушев му ги градеше модуларните болници од кои една се запали и загинаа 14 наши сограѓани? Кога тимот за одбрана на криминалот на Венко и Заев ќе го испита овој случај? Тоа треба да одговорат!“, рече Манасиевски.

Настани | пред 1 месец

media-libraryclpjkm1be1u1dpdGBbJ

Мицкоски: Историјата не е товар, туку темел на современата македонска државност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на отворањето на денешниот 18-ти Конгрес на партијата што се одржува во спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци, под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, се фокусираше на темата за државноста и историското наследство. Во своето обраќање, тој порача дека современата македонска држава не смее да се третира како симбол или формалност, туку како жива обврска која секоја генерација мора да ја носи со чувство на должност и одговорност.„Историското наследство на македонската државност не е сентимент или украс. Тоа е обврска,“ рече Мицкоски, поврзувајќи ја државотворната традиција од Илинден, преку АСНОМ, до независноста во 1991 година. Според него, секоја генерација има историска должност да ја штити државата институционално, безбедносно, економски и културно. „Историјата не е товар, туку темел врз кој се гради современата национална самодоверба,“ додаде тој.Мицкоски ја дефинираше „тројната обврска“ на денешната генерација: зачувување на континуитетот и достоинството на македонскиот идентитет и државност, модернизирање на институциите за да бидат отпорни на притисоци и слабости, и спречување на злоупотребата на историјата за дневнополитички цели.„Наследството на борбата за слобода, јазик, државност и културна самобитност создава три обврски: да се зачува достоинството на државноста, да се модернизира државата и да се воздржиме од политички злоупотреби на историјата,“ потенцираше тој.Во продолжение, Мицкоски порача дека во 21 век историското наследство мора да биде поттик, а не сопирачка: „Тоа е најсилен мотив државата да биде поефикасна, поорганизирана и повредносно кохерентна. Жртвите и идеалите на претходните генерации ја прават сегашната неефикасност, институционална слабост или корупција уште понедозволиви,“ рече партискиот лидер.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryaio7a80l57vdf2TAnSx

(Видео) „Да престанеме да бидеме публика во сопствената држава“, рече Мицкоски на конгресот каде бара трет мандат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од конгресот на партијата, вели дека Македонија влегува во деценијата на зрелост, а дека оваа генерација треба да постави темелна линија дека државата може, знае и ќе успее.„Нашиот порив денес е повеќе од политиката. Тоа е повикот да престанеме да бидеме публика во сопствената држава, да престанеме да дозволуваме стравот, цинизмот или навиката да го определуваат нашиот пат. Македонија не смее да живее во дефанзива, туку треба да застане со достоинство и волја која не се крши“, рече Мицкоски.Тој рече дека денеска е дом за сите, но и обврска за секого.„Слободата не е подарок, туку дисциплина, Европа не е географија туку вредност, а напредокот не доаѓа од тие што чекаат, туку од тие што тргнуваат да го создадат. Ние сме тие што мора да тргнат. Никој од надвор нема да ни ја изгради државата, ниту заштити инсторијата, ниту напише визијата“, додаде Мицкоски.Тој посочи дека во изминативе години се научило дека „Македонија не паѓа кога е тешко, туку паѓа кога се откажува“.„Денес одбиваме да се откажеме, одбиваме да ја прифатиме идејата дека малата држава мора да има мали амбиции. Одбиваме да веруваме дека нашите деца треба да заминат од овде за да успејат. Одбиваме да прифатиме дека Македонија е премногу мала. Напротив, Македонија е доволно голема, како што е голема нашата волја да ја направиме подобра“, додаде Мицкоски.Следете тука:

Настани | пред 1 месец

media-libraryfutera7roiol9jSwrfM

Се очекува реизбор на Мицкоски за претседател за последен пат - конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кавадарци ќе го одржи својот 18. партиски конгрес, кој партијата го најавува како почеток на ново политичко поглавје и клучен момент за дефинирање на идниот курс на државата. Централно случување ќе биде изборот на премиерот Христијан Мицкоски за претседател на партијата, трет по ред, при што тој е единствениот кандидат за функцијата.Конгресот се одвива под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ и се очекува да собере околу 2.600 делегати и гости. Во рамки на настанот ќе биде претставена и усвоена стратегијата „Македонија 2030“, документ кој треба да ја трасира долгорочната политичка, економска и институционална визија на партијата за наредната деценија.Според најавите од ВМРО-ДПМНЕ, стратешкиот документ ги поставува темелите на модерна државност со стабилни институции, дигитална администрација, социјална пазарна економија, подобрено образование, квалитетно здравство и политики што треба да го задржат талентот во земјата. Партијата се позиционира како европска и вредносно ориентирана десница која ја гради државата на труд, знаење и фер конкуренција.Мицкоски веќе порача дека ако биде избран, овој мандат ќе биде негов последен, бидејќи статутот дозволува максимум три. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ првпат по долго време влегува во конгрес без долгови и со стабилна финансиска состојба, за разлика од состојбата што ја наследил во 2018 година.Конгресот ќе се одвива по вообичаена процедура: усвојување дневен ред, избор на работно претседателство, усвојување на стратегијата, претставување на кандидатот за лидер, обраќања на делегати и гласање. На крајот ќе следи избор на статутарна комисија и комисија за материјално-финансиски надзор.Дел од политичките аналитичари, иако го гледаат конгресот како демонстрација на сила и консолидација, предупредуваат дека најголем предизвик останува исполнувањето на ветувањата од минатогодишните избори. Во спротивно, велат тие, довербата кај јавноста може да се намалува.Со денешниот конгрес, ВМРО-ДПМНЕ формално ќе ја зацврсти својата позиција во власта и ќе ја претстави визијата со која планира да ја моделира државата сè до 2030 година.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykgodaioc1j416AxQO6H

И за возење 50,5 км/ч ќе има опомени“, вели Мицкоски за критиките за „Безбеден град“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека цврсто стои зад примената на системот „Безбеден град“ и дека Владата е подготвена да ги издржи сите политички последици, доколку тоа резултира со спасени човечки животи.„Апсолутно ја поддржувам примената на ‘Безбеден град’ како проект и поддржувам да се прошири на целата територија. Некои велат дека ќе донесе политички удар, јас велам дека сме подготвени да го издржиме тој удар, само да спасиме некој живот“, изјави Мицкоски.Тој потсети дека само во последните две недели во главниот град имало три човечки жртви – повредени и загинати пешаци, како резултат на непочитување на сообраќајните правила.„Слушам критики од пратеници на поранешното мнозинство СДСМ–ДУИ, како возеле 52 км/ч, 55 км/ч и добиле опомени. И со 50,5 км/ч ќе добијат опомени, бидејќи има правила што значи прилагодена и неприлагодена брзина“, нагласи премиерот.Мицкоски додаде дека бројката на жртви и тешки несреќи не остава простор за компромиси.„Се губат човечки животи поради неприлагодена брзина. Еве само видете колку луѓе ги загубиле животите затоа што возачи не прилагодиле брзина и поминале на црвено светло“, рече тој, истакнувајќи дека системот има за цел да воведе ред, дисциплина и култура во сообраќајот.Според Мицкоски, сите критики ќе бидат прифатени, но нема да влијаат врз решеноста на Владата да продолжи со модернизацијата на системите за безбедност и намалување на ризиците на улиците.

Македонија | пред 1 месец

media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Мицкоски: Имам два сина, ВМРО-ДПМНЕ ми е како трето дете, лидер ќе бидам само уште 4 години

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека нема намера да бара измени во Статутот на партијата кои би му овозможиле уште еден, четврти мандат на чело на партијата. Тој рече дека со личен пример треба да се покаже дека секоја функција има крај. Ова значи дека неговиот претстоен трет мандат, доколку биде реизбран на конгресот во Кавадарци, ќе биде негов последен како лидер на ВМРО-ДПМНЕ.„Имам два сина, мене ВМРО-ДПМНЕ ми е, буквално, како трето дете. Но, да, ова е мојот последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, доколку ја добијам поддршката од делегатите. И додека јас сум претседател, за тој услов за максимум број мандати што еден претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има, немам намера да поддржам каква било иницијатива за промена на тој дел од Статутот“, рече Мицкоски во интервјуто за ,,360 степени”.Мицкоски исто така ги расчисти дилемите и кажа дека нема да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година. Тој изјави дека нема таква амбиција и го исклучува тоа сценарио од неговиот политички ангажман во иднина.

Македонија | пред 1 месец

media-library5ppqd8v0956bfuncNx4

Мицкоски: Мојот нов мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе го посветам на подобар живот и услови за секој граѓанин, ќе има промени и во партијата

На конгресот во Кавадарци ќе бидат донесени неколку стратешки документи, со коишто ќе треба да ја моделираме иднината на партијата и нормално како најголема политичка партија во државата, тоа секако ќе има и ефект врз работењето на Владата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата ,,360 Степени“ на МТВ.Претседателот Мицкоски истакна дека ова е негов трет мандат, потсетувајќи се дека официјално ја презел партијата во една тешка и сложена состојба, но дека успеал да ја консолидира партијата и да издвојува убедлива победа на парламентарните, претседателските и локалните избори.„Јас официјално партијата ја зедов од 2018-та година во една многу тешка и сложена ситуација, во едни многу тешки и сложени околности за Македонија и генерално за граѓаните. Ако мојот прв мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа времето на консолидирање, реструктурирање, и прегрупирање на внатрешните редови, потоа тоа продолжи во вториот мандат кога партијата победи убедливо на парламентарните и претседателските избори, на крајот на првиот мандат победивме убедливо на локалните избори, и враќање во позиција во која денес се наоѓаме да биде ВМРО-ДПМНЕ најголемата партија и веќе година и половина носител на владата“, рече тој.Претседателот Мицкоски нагласи дека овој трет мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ очекува да го одбележи периодот на големи реформи и подобар живот за граѓаните во државата.„Очекувам третиот мој мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ да го одбележи периодот на големи реформи и подобар живот за граѓаните во државата“, потенцираше Мицкоски и додаде дека ќе има промени во партијата.„Сè уште не сум размислувал за какви промени ќе има после конгресот. Фокусирани сме на конгресот и на тоа што таму ќе го донесеме одлуки и за функционирање на партијата. Но, дека после конгресот ќе има промени во рамки на партијата“, да ќе има, дециден е тој.Во однос на имињата кои се спомнуваат за генерален секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски, Ивица Томовски и Драган Ковачки, Мицкоски кажа дека не би коментирал, но сите имиња кои се спомнуваат се личности коишто оставиле белег во рамките на партијата.„Не би коментирал сега за било какви имиња или за било какви би рекол поместувања во рамките на водството на партијата. Сите овие имиња коишто ги спомнавте се луѓе коишто оставиле белег во рамките на партијата изминатите години. Сите тие се прекрасни луѓе, тоа се мои пред сè другари и луѓе со коишто сме се бореле за да постигнеме и да издвојуваме победи на изборните циклуси, но и во секојдневни победи во предизвиците коишто ги имаме. Така што секој од нив е значајна алка во рамките на функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мицкоски.За тоа дали се планира промени на потпретседателските места, Мицкоски потенцираше дека сè уште нема одлука со кои предлози ќе излезе пред Централниот комитет, мора прво да заврши конгресот, па потоа да донесе одлука.„Не сум донел конечна одлука за тоа кој идеи и кои предлози ќе излезам пред Централниот комитет откако ќе заврши конгресот. Најпрво првиот чекор, да ја добијам довербата на делегатите на конгресот, да бидам претседател на ВМРО-ДПМНЕ, па дури потоа ќе можеме да зборуваме за чекорите коишто ќе следат потоа“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvj41h4ev9u776Saxiwl

Од понеделник парното поскапо за 5,9%, сметките повисоки за 130 денари

Од 1 декември цената на парното се зголемува за 5,9% до 7,7%. РКЕ прави анализи и за цените на струјата од 1 јануари.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука од 1 декември цената на парното во просек да се зголеми за околу 130 денари. Како што соопшти претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски, семејство кое досега плаќало 2.200 денари, сега ќе плаќа за 130 денари повеќе, односно сметката ќе им биде 2.330 денари.Цената на топлинската енергија за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) се зголемува во просек за 5,9%. За потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк 7,7%.„Зголемувањето на цената е поради неопходни инвестиции за санација на топловодната мрежа. Во периодот што претстои мора да се направи долгорочно стратешко планирање и да се започне со сериозна санација и модернизација на топлинската мрежа која е стара од 1960 година. Овие инвестиции ќе ги намалат дефектите, ќе го подобрат квалитетот на снабдување, ќе овозможат ширење на мрежата што ќе влијае врз зголемување на конзумот. Ќе повторам и сега дека затоплувањето на парно е најекономично, анализите покажаа дека доколку сите исклучени од парно повторно се приклучат на системот, сметките ќе се намалат за околу 10 отсто”, изјави Бислимоски.Владата и понатаму ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија, така што нема да има ценовен шок за домаќинствата.„Која ќе биде крајната цена, одредува регулаторот. „АД ЕСМ“ поднесе целна цена од 65 евра за мегават-час, што е три евра или околу четири проценти повеќе, но никако преку сто евра колку што е пазарната цена. Иако претходно како Влада бевме критикувани, и во Извештајот на ЕУ, но и од дел од јавноста дека не спроведуваме еден од чекорите кои се дел од планот за пораст, а тоа е либерализација на пазарот на електрична енергија за домаќинствата, јасно кажавме дека тој чекор нема да го примениме бидејќи ако го примениме цената на електричната енергија нема да биде 63,65 евра туку сто евра за мегават-час. Тогаш вкупната цена на електричната енергија за домаќинствата ќе поскапи за фантастични 50 проценти”, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryb6in17g3mo8pdFaGj2H

Меѓу учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов” кои побарале лекарска помош e и помладиот син на премиерот Мицкоски

Меѓу основците од ООУ „Димо Хаџи Димов” кои побарале лекарска помош поради стомачни проблеми, дознава Скопје 1, е и помладиот син на премиерот Христијан Мицкоски. Синот на премиерот е ученик во ова училиште, бил хоспитализиран два дена, но сега е пуштен на домашно лекувањеДвајца ученици се хоспитализирани на Детската клиника, а имало девет пријави за стомачни тегоби. Тие се во стабилна здравствена состојба, а имале стомачни тегоби и со повраќање. Државниот санитарен и здравствен инспекторат нареди затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како и вонредно чистење и вонредни здравствени прегледи на вработените во училиштето.Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, рече дека по добиеното известување од Центарот за јавно здравје за пројавени стомачни тегоби кај ученици од ова училиште, на терен се врши вонреден и координиран инспекциски надзор заедно со АХВ, ИЈЗ и со ЦЈЗ Скопје.„Согласно своите надлежности, ДСЗИ изврши затворање на кујната како потенцијален извор на зараза и даде решение за забрана, во кое се наложуваат и мерки кои треба да ги преземе операторот, односно вонредно чистење, вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена институција и спроведување вонредни здравствено-хигиенски мерки за вработените“, рече Лазов.Во врска со се уште неофицијални информации дека можеби водата е причината за стомачните тегоби кај децата, Лазов вели дека за водата не е надлежен ДСЗИ.Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, рече дека се земени брисеви од раце, нос и грло на вработените во училишната кујна, од работните површини, како и мостри од храна и вода.Таа уверува дека ќе се работи додека не се утврди за што станува збор.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryinkk4m84mibubJNwixZ

Нов удар за Коцевски: „Не очекувавме да каже дека е виновен, а ја гледа работата“ вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, ја коментира вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“. Коцевски рече дека најавите за негова смена од функцијата ги смета за политички мотивирани.„Ние не очекуваме од јавниот обвинител да каже :Да, виновен сум, не успеав во својата работа. Едноставно тоа е очекувано што тој го кажува. Така што, аргументите, еве јавноста ги гледа и сведочи за неговата работа, за работата на Обвинителството, на судовите. Повторно ќе кажам, малкумина за жал, како и тој, е заробеник на тие малкумина во рамките на Обвинителството. Тој имаше можност и шанса но за жал не ја искористи“,изјави Мицкоски.На новинарското прашање за постапката за разрешување на Љупчо Коцевски, премиерот рече дека постапката трае и дека е почната уште пред локалните избори.

Македонија | пред 2 месеци

media-library9q3igu1tb4e86Rtm9Wj

Мицкоски најави: Имињата на новите министри од ВЛЕН ќе бидат финализирани до утре

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека имињата на новите министри од редовите на коалицијата ВЛЕН ќе бидат финализирани до утре, а предлогот ќе биде доставен до Собранието во текот на оваа недела.„До утре сите прашања ќе бидат финализирани. Очекувам оваа недела да ги доставам предлозите до Парламентот. Кога сè ќе биде официјално, јавноста ќе биде информирана“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library9kgobosvbjc1aPdMh5I

По нападите на социјалните мрежи, Мицкоски со став за случајот Лукас

Премиерот Христијан Мицкоски, кој изминатиот викенд беше мета на критики и барања за извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци, изјави дека во моментот на интервенцијата воопшто не знаел дека случајот се случува. Тој нагласи дека законите се јасни и дека институциите ќе продолжат строго да го следат однесувањето на ваков тип естрадни изведувачи и нивните тимови.„Јас и не знаев дека тоа се случило, да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од Кабинетот да ме информираат, пред неколку дена мислам дека беше. Претпоставувам дека некој сака да ја пренесе естрадата што таму ја има – овде. Но мислам дека не треба да му се посветува многу внимание. Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува. Многу строго и внимателно ќе го следиме однесувањето на ваков тип естрадни уметници и нивни менаџери“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на отворањето на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините.Аца Лукас беше приведен во петокот вечерта во заедничка институционална акција, при што беа утврдени повеќе неправилности околу организацијата и реализацијата на настапот. МВР соопшти дека пејачот настапувал без соодветна дозвола за работа, во локалот не се издавале фискални сметки, не се почитувал законот за забрана на пушење, а бил затекнат и далеку поголем број гости од дозволениот капацитет.По приведувањето, менаџерот на Лукас и дел од неговите поддржувачи обвинија дека зад акцијата стои политичка мотивација и побараа премиерот и Владата да се извинат. Владата тоа го демантира.

Македонија | пред 2 месеци

media-library34nrutpbaaqu32YZ4s1

Мицкоски: Младите се сржта на партиите, наши наследници и иднината, зачувајте го вашето достоинство низ дејствувањето и работата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на денешната трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и младината на Меѓународната Демократска Унија (IYDU) во хотел Хилтон каде истакна дека младите се сржта на партиите и иднината, и даде силна поддршка за младите.„Некои од пораките што ги слушнав денес од оваа дебата се нешто што е многу, многу важно, и нешто што претставува срж на нашите партиски политики. А која е сржта на нашите партиски политики? Младите, младинските организации. Ако постои партија без млади, тогаш тоа е партија без суштина, срж. И не е вистинското прашање дали таа партија ќе исчезне. Прашањето не е дали, туку кога таа партија ќе исчезне. Ние сме многу горди што имаме многу, би рекол, офанзивна младина. И ние ја поддржуваме таа младина бидејќи сметаме на нив, да бидат нашите наследници во иднината. Сергеј спомена дека имаме тројца пратеници кои се дел од нашето младинско раководство и повеќе од 100 членови на општински совети. Да, тоа е вистина. Давањето шанса на младите значи дека и давате шанса на иднината. Во спротивно, ќе го изгубите патот и, како што реков, веројатно ќе исчезнете од политичката сцена. На пример, во мојот кабинет, јас сум опкружен со многу млади луѓе. Почнувајќи од мојот протокол, па сè до шефот на мојот кабинет, сите тие биле или сè уште се дел од младината или биле лидери на нашата младинска организација. “ кажа Мицкоски и додаде:„Мојата прва порака и мојот апел до сите вас беше бидејќи еден ден вие ќе станете лидери, високи претставници на вашите партии, создавајте младина. Бидејќи ако немате млади, ќе повторам уште еднаш, прашањето не е дали, туку кога ќе исчезнете. Затоа, развивајте ги и дајте им шанса на вашите наследници“ кажа Мицкоски. „Втората работа што би сакал да ја кажам денес како порака е од чевлите на еден професор. Кога започнувате нешто, не очекувате чуда. Чудата не се можни. Ако верувате во чуда, тогаш нема да бидете способни да ја пренесете реалноста. Нема да бидете способни да ја живеете реалноста. Затоа понекогаш некој околу вас создава перцепција за работи кои не се остварливи и кои не се реални. Она што го гледате на Инстаграм, она што го гледате на ТикТок не е реалноста. Тоа е нешто со кое некој сака да изврши притисок врз вас и да создаде лажна реалност. Повторно ќе се повикам на нешто што го кажав чудата не се можни. Ако некој ви ветува чуда, тогаш ве лаже. Тоа не е можно. Не верувајте во чуда“, нагласи Мицкоски.Мицкоски упати порака до младите да го зачуваат своето достоинство како многу важен дел од нивното дејствување.„Третата работа што би сакал да ја пренесам како порака денес е, зачувајте го вашето достоинство. Не бидете дволични. За жал, ќе бидете опкружени со многу луѓе кои се дволични. Но, ако вие не сте дволични, тогаш го имате вашето достоинство, што е најдобрата особина на вашиот карактер што можете да ја поседувате. И ова е нешто што е многу важно, не само за вашата иднина, туку и за семејствата што ќе бидат дел од вашите животи“, истакна Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека семејството е најважниот елемент во животот.„И ова е четвртата порака што сакам да ја пренесам денес. Можеби некој ќе ја оспори мојата порака, можеби некој ќе ме осуди за ова што ќе го кажам сега, но семејството е најважниот елемент во вашите животи. Децата, многу деца, тоа е нешто што ќе го обликува вашиот живот. Бидејќи без многу деца, вашиот живот ќе биде празен и веројатно себичен. Ве молам споделувајте сè со вашата околина. Нека споделувањето биде дел од вашето однесување. Бидејќи ако споделувате, ќе можете да научите што значи семејството, не само за вас, туку и за вашата нација“, потенцира Мицкоски.Мицкоски за крај кажа колку е важна работата и посветеноста со фокус и јасен патоказ за иднината.„И јас навистина верувам дека сите вие што сте овде верувате дека политичкото дејствување десно од центарот и конзервативизмот се иднината на европскиот континент, но зборувам и за човештвото воопшто. Ако една нација не работи напорно, особено мала по бројност како мојата, македонската нација, ако не работи напорно со посветеност, со фокус и со јасен патоказ каде ќе бидеме за 50, 100 години од сега, таа нација ќе исчезне. И ова е нешто што е вистинскиот проблем на оваа генерација, и на вашата генерација исто така. Бидејќи ако ги потцениме предизвиците што ќе се појават за 50, 100 години од сега, тогаш не сме визионери, не сме политичари од десниот центар. Ние сме дневни политичари и сме популисти. Затоа, мојата последна порака ќе биде борете се и размислувајте за работите што ќе го обликуваат човештвото и иднината на вашата нација. Во спротивно, ќе се изгубите себеси и ќе станете дневни политичари. А јас не верувам дека тоа е вашата амбиција, ниту вашата идеја, не за оваа организација, туку генерално за иднината на европскиот континент и за иднината на човештвото во целина. Затоа, се обидов да бидам што е можно пократок за да пренесам долги приказни на краток начин“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryftq54kb7bh87apRpWRO

Мицкоски: Македонија е дом на различности кои не разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја историската важност на овој датум и неговата улога во градењето на заедничкото општество во Македонија.Во својата порака, Мицкоски потсети дека 22 ноември е ден со длабока културна и историска симболика, поврзан со Битола и со Конгресот од 1908 година, кога албанската интелигенција го утврдила единствениот стандарден албански алфабет.„Тоа беше чин со длабоко европско значење – чин на модернизација, образование и отвореност,“ рече Мицкоски, нагласувајќи дека Битолскиот конгрес покажал како силата на едно општество произлегува од знаењето и од вербата во иднината.Тој подвлече дека Денот на албанската азбука е значаен и за Македонија, земја што ја дефинира како „дом на различности што ја збогатуваат заедничката национална приказна“.„Албанската заедница со својата култура, јазик и традиции е суштински дел од нашата држава,“ порача премиерот.Мицкоски истакна дека Владата останува посветена на меѓуетничката доверба и на политики што создаваат простор за достоинствен развој на сите јазици и култури во државата. Најави и продолжување на проектите за инфраструктурен развој, модернизација на училиштата, поддршка на културните институции и дигитализација на јавните услуги.„Нашата цел е секој граѓанин, во секој дел од државата, да го почувствува напредокот и да знае дека државата стои зад него. Ова не е само политичка обврска, туку морална должност кон идните генерации,“ истакна тој.Во завршницата од обраќањето, премиерот испрати порака за единство:„Успехот е наш заеднички проект. Само ако сме обединети во почит, доверба и одговорност, ќе можеме да ја движиме татковината напред.“Мицкоски на граѓаните им го честиташе Денот на албанската азбука, повикувајќи на продолжување на изградбата на заедничко општество со „почит кон различностите и со јасна визија за иднината“.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања