МИЦКОСКИ

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски изјави дека нема што директно да коментира за тврдењата на кардиохирургот Жан Митрев, според кои поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче вршеле притисок врз него со цел одземање на приватната клиника.Мицкоски оцени дека ваквите наводи треба да бидат предмет на постапување на Јавно обвинителство по допрен глас, додавајќи дека тие не го изненадуваат, имајќи го предвид, како што рече, начинот на кој функционирала власта во тој период. Според него, станува збор за време кога, под изговор на вонредни околности и вонредна состојба, биле носени уредби со сила на закон, за кои, како што тврди, постојат бројни сведоштва дека биле злоупотребувани.Во таа насока, Мицкоски посочи и на улогата на тогашниот претседател на државата Стево Пендаровски, нагласувајќи дека дел од уредбите донесени во периодот на вонредна состојба сѐ уште не се разгледани и усвоени од Собрание на Република Македонија. Според него, токму Собранието треба да се произнесе за нивната уставност и законитост, за да се утврди дали постои евентуална одговорност.Мицкоски истакна дека во јавноста постојат сериозни сомневања оти одлуките донесени од Пендаровски во тој период биле спротивни на Уставот и законите, што, доколку се потврди, отвора прашање за институционална и кривична одговорност. Тој нагласи дека сега останува да се види дали обвинителството ќе реагира и ќе отвори постапка по овие наводи.Изјавата на Мицкоски доаѓа во контекст на засилените политички реакции по јавните настапи на Жан Митрев, кои повторно го отворија прашањето за односот меѓу извршната власт, обвинителството и приватниот сектор во периодот на владеењето на СДСМ и управувањето со кризата за време на вонредната состојба.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryt35loso5kg6qckWa1Xe

Жерновски: Мицкоски ја стави државата на црната листа на САД

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, денеска на прес-конференција остро ги критикуваше политиките на Владата, оценувајќи дека одлуката на Соединетите Американски Држави за суспендирање на обработката на визи за македонските граѓани претставува сериозен политички сигнал и дипломатско предупредување.Жерновски изјави дека премиерот Христијан Мицкоски „го надминал Никола Груевски“ и, како што рече, „за жал ја ставил целата држава на црната листа на САД“. Според него, мерката не може да се третира како техничка пауза, туку како јасна порака дека Вашингтон внимателно ја следи состојбата во земјата и детектира сериозни проблеми.Тој нагласи дека митот за наводно „одлични и специјални односи“ со САД се распаднал, оценувајќи дека Македонија е ставена во ист контекст со земји од т.н. трет свет, што, според него, претставува тежок удар за меѓународниот углед на државата. Жерновски потенцираше дека земјата ја плаќа цената на погрешните политики кои водат кон затворање и изолација, што директно ја зголемува недовербата на граѓаните во институциите.Во своето обраќање, тој посочи дека недостигот од економска перспектива и реформска насока ги тера младите да ја напуштаат државата, бидејќи не гледаат иднина во сопствената земја. Според Жерновски, одлуката на САД е порака дека постои сериозна недоверба во капацитетот на институциите и дека се очекуваат реформи кои, како што рече, Владата не ги спроведува.Жерновски повтори дека СДСМ подолг период предупредува дека политиките на, како што ја нарече, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ го загрозуваат стратешкото партнерство со САД и процесот на интеграција во Европската Унија. Тој како проблематични ги посочи и надворешнополитичките активности на најблискиот соработник на Мицкоски во Владата, Иван Стоилковиќ, поврзувајќи ги со групи блиски до рускиот претседател Владимир Путин.Дополнително, Жерновски предупреди дека во јавноста сè почесто се појавуваат поранешни дипломати и политички актери блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои, како што рече, отворено ги напаѓаат Соединетите Американски Држави и го доведуваат во прашање стратешкото партнерство. Според него, паралелно се води и активна анти-ЕУ кампања, преку намерно продуцирање судири со Грција и Бугарија, со повторно отворање на затворени прашања, со цел да се оправда меѓународната изолација.На крајот, Жерновски оцени дека мерката на САД претставува јасен дипломатски аларм и индикатор за позицијата на Македонија на меѓународната мапа. Тој порача дека СДСМ ќе продолжи, како што рече, јасно и гласно да ја разоткрива „опасната агенда“ на власта и да се спротивставува на политиките кои го загрозуваат стратешкото партнерство со САД и европската иднина на државата.

Македонија | пред 1 седмица

mickoski-ahmeti

Законот за прекршоци ќе помине со двотретинско мнозинство без Бадентер, „Сејф сити“ стартува од февруари, Ахмети не условува, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на лидерската средба било договорено безусловно да се поддржат измените на Законот за прекршоци, со што ќе се овозможи старт на системот „Сејф сити“. Тој појасни дека иако од Али Ахмети биле спомнувани наводни поднесени амандмани, подоцна било констатирано дека такви не постојат, по што било договорено координаторите на пратеничките групи да одржат посебен состанок.Според Мицкоски, очекувањата се Законот за прекршоци да биде усвоен на следната собраниска седница со двотретинско мнозинство, без примена на Бадентеровиот принцип. Тој најави дека проектот „Сејф сити“ би требало да започне со имплементација од февруари, при што најпрвин ќе следува фаза на нивелирање, која може да трае неколку месеци, а потоа и влегување во следната оперативна фаза.Прашан за евентуалните услови на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за поддршка на законските измени, Мицкоски истакна дека не очекува политички калкулации кога станува збор за прашања што директно се поврзани со заштита на човечки животи. Тој додаде дека е можно да има средба со Ахмети, но дека засега не е утврден конкретен датум.Премиерот повтори дека „Сејф сити“ е проект од суштинско значење за безбедноста во сообраќајот и јавниот простор и дека очекува политичка зрелост и одговорност од сите парламентарни субјекти за негово конечно ставање во функција.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Две години по ред нема никакво зголемување на платите во Армијата на Република Северна Македонија, што е директна последица на неспособното и неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, соопштуваат од СДСМ.Од партијата потсетуваат дека во периодот кога СДСМ беше на власт, платите континуирано растеа во сите сектори, вклучително и во одбраната. Во текот на седум години, платите редовно се зголемуваа, а парите завршуваа кај граѓаните, а не во сомнителни шеми и криминални тендери.„Денес, со ВМРО-ДПМНЕ, парите завршуваат во криминални договори и коруптивни зделки. Владата на Мицкоски нема средства за повисоки плати во Армијата, нема пари за зголемување на минималната плата, ниту за раст на платите во јавниот сектор“, велат од СДСМ.Според партијата, криминалот и корупцијата, заедно со политиките на изолација што ги води актуелната влада, директно придонесуваат за влошување на економската состојба во земјата. Тоа значи помалку пари во буџетот, преполовени инвестиции и зголемена економска несигурност за граѓаните.Од СДСМ предупредуваат дека буџетската дупка е огромна и изнесува околу две милијарди евра, што дополнително ја влошува финансиската стабилност на државата.„Антиевропските политики и кампањите против ЕУ и САД ја туркаат државата во изолација. Поради ваквите политики, Македонија се доведува во иста група со најсиромашните и нестабилни земји во светот“, се наведува во реакцијата.Од партијата нагласуваат дека одбраната на државата е едно од најважните прашања и дека, како членка на НАТО, Македонија мора да има силна и стабилна одбрана, како и задоволни и мотивирани припадници на Армијата.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Мицкоски до Филипче: Опозицијата е незрела, безидејна и неодговорна

Сакавме процесот да биде инклузивен, и покрај тоа што имаме двотретинско мнозинство во Парламентот, така што, ако сакавме да се однесуваме незрело и неодговорно како што се однесуваат тие, можевме и без лидерска средба, вака премиерот Христијан Мицкоски одговори на одбивањето на лидерот на СДСМ да оди на лидерска средба.„Тема на лидерската средба не беше само Законот за влада. Ако ние се однесуваме неодговорно како што се однесува тој и генерално опозицијата, нам не ни е потребна лидерска средба, ние со 61 глас може да го смениме Законот за влада и да ја избришеме техничката влада, не ни е потребно мислењето на опозицијата. Но, сакавме процесот да биде инклузивен, и покрај тоа што имаме огромно мнозинство градоначалници, речиси двотретинско мнозинство во Парламентот, така што, ако сакавме да се однесуваме незрело и неодговорно како што се однесуваат тие можевме и без лидерска средба”, рече Мицкоски.Тема требало да бидат се и реформските закони, кои исто така треба да се донесат во Парламентот.„Да разговараме за Изборниот законик, Законот за Јавното обвинителство и за другите реформски закони од правосудството, како Законот за јавнообвинителска и судска служба, за Законот за Советот на јавни обвинители. Сакавме да разговараме и за народниот правобранител. Има многу закони кои ценев дека треба да се донесат во инклузивен процес”, одговори Мицкоски.Изборот на нов народен правобранител е заглавен, бидејќи мнозинството нема Бадентерово мнозинство.

Македонија | пред 2 седмици

ahmeti-grubi

Со измените на Кривичниот законик СДСМ и ДУИ си обезбедија самоамнестија, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оцени дека правосудниот систем во државата е делумно контаминиран како резултат на постапките на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, посебно преку измените на Кривичниот законик, со кои, според него, е создадена правна основа за самоамнестија на поранешни функционери.Во гостување на телевизија Алфа, Мицкоски истакна дека најголемиот проблем произлегува од можноста одредени лица да се повикуваат на поповолен закон, што, како што рече, претставува директен удар врз правдата и владеењето на правото.„Генерално, луѓето во правосудството се чесни. Но има еден мал дел кој е контаминиран и кој, за жал, го контаминира целиот систем. Тоа се најчесто партиски послушници, рецидив од поранешната влада на СДСМ и ДУИ, кои жестоко се борат оние што ги поддржале да добијат бенефиции, позиции и слично“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека распадот на довербата во правосудството, според него, произлегува од два клучни моменти. Првиот е начинот на избор на судии во Собранието во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ била во парламентарна опозиција, а вториот – измените на Кривичниот законик донесени од владата на СДСМ и ДУИ непосредно пред заминувањето од власт.„Првото е изборот на судии во парламентот во 1996 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција. Второто е сегашниот момент, кога владата на СДСМ и ДУИ практично пред заминување ги донесе измените на Кривичниот законик и избриша значаен дел од членот 353, тој фамозен член“, рече Мицкоски.Според него, бришењето на овој член имало две цели. „Првата беше да се амнестираат самите себе, а втората – да се амнестира некој што би можел да ѝ нанесе штета на тогаш најсилната опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ. Во првото успеаја, во второто не. ВМРО-ДПМНЕ денес е поголема од сите политички партии заедно“, истакна тој.Мицкоски нагласи дека поранешните функционери од СДСМ и ДУИ и понатаму ќе се повикуваат на поповолниот закон, без разлика на идните законски измени.„Тие секогаш ќе се повикуваат на законот кој за нив е поповолен – а тоа е сегашниот, со кој е избришан членот 353 став 5 и други делови од Кривичниот законик. Без разлика какви измени ќе направиме во иднина, тие ќе велат: се повикуваме на законот што важел во тој период. Токму тука е најголемиот проблем“, оцени Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library6kc6stqu2v0t1K0qrVF

Мицкоски со божиќна порака: Силна држава се гради од силни семејства

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати божиќна порака до православните верници, во која ја нагласи важноста на семејството, верата и солидарноста како темелни вредности врз кои се гради стабилна и силна држава.Во пораката, Мицкоски истакна дека Божиќ е празник кој потсетува на суштинските вредности што со векови го обликувале македонскиот народ, нагласувајќи дека силата на општеството започнува во домот.„Божиќ е ден кога тишината зборува погласно од зборовите. Ден кога се потсетуваме на она што навистина нè држи заедно: семејството, верата, солидарноста и меѓусебната почит“, порача Мицкоски.Тој посочи дека стабилната држава се гради врз здрави семејства и дека иднината на општеството се чува преку грижата за најмладите. Според него, во време на брзи промени и бројни предизвици, Божиќ е повик за враќање кон вредностите што обезбедуваат опстанок и напредок – заемна грижа, солидарност и одговорност кон ближниот.„Грижата за семејствата е грижа за иднината на Македонија. Децата заслужуваат сигурност, внимание, воспитување и средина во која ќе растат со јасни вредности, чувство на припадност и надеж“, истакна премиерот, додавајќи дека обврска на институциите е да создаваат услови за достоинствен живот на секое дете и поддршка за секое семејство.Во пораката се нагласува и значењето на единството, со пораката дека само како заедница која се почитува, се слуша и си помага, државата може да одговори на предизвиците и да гради стабилна, праведна и сигурна иднина.На крајот, Мицкоски им посака мир во домовите, здравје и спокој во семејствата на сите православни христијани, завршувајќи со традиционалниот божиќен поздрав:„Христос се роди!“

Македонија | пред 3 седмици

media-library9nnmfbrltujk6LfcgSD

Мицкоски: Тутунот се откупува по највисока цена до сега и затоа сите се задоволни, се очекува околу 200 милиони евра да завршат кај тутунопроизводителите

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна на темата со откупот на тутунот. Тој посочи дека откупната цена е до сега највисока и затоа и откупувачите и тутунарите се задоволни.„Во моментов се откупени 23-24 милиони килограми тутун, а просечната цена е близу 420 денари, некаде околу 7 евра, што е највисока до сега. Гледате нема протести, нема блокади, нема ништо, туку напротив задоволни се и тутунопроизводителите и откупувачите. Кога на тоа ќе се додаде и субвенцијата тогаш доаѓаме до некои 500 денари по предаден килограм тутун. Тоа за мене е исклучително квалитетен род и би рекол исклучително квалитетен бизнис. На 24 милиони килограми, кога ќе ставиме 500 денари, добиваме околу 12 милијарди денари, околу 200 милиони евра ќе завршат кај тутунопроизводителите. И тоа е добро. Порано се откупуваа по 15-16 милиони килограми по цена од 120-130 денари, а денес е тоа 23-24 милиони килограми по цена од 420 денари по килограм, со субвенција 500. Навистина добра работа се прави“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryvg3apg7ibvsj1d5GqU5

Мицкоски: Апсолутно стоиме зад потезите на САД за Венецуела, а тие што коментираат дека ова е преседан, молчеа за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски прашан за позицијата на нашата држава во однос на приведувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД, рече:„Ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Мене најмногу ме зaгрижува громогласната тишина на истите тие европски и светски земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ.И како тогаш сите тие се оглувеа и никој од нив не го коментираше сето тоа. И како сега наеднаш, сите тие коментираат дали било тоа меѓународно право или не било меѓународно право итн., имајќи предвид дека познавам голем дел од тие што коментираат, а не се меѓународноправни експерти. Јас тоа би им го оставил на експертите по меѓународно право. Но, еднаш кога во животот ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и е прашање на време кога ќе се удри од вашиот грб”, рече Мицкоски.Мицкоски тврди дека преседанот бил направен уште кога се менуваше знамето на нашата држава за да биде земја членка на Обединетите нации, кога се менуваше Уставот, кога се менуваше уставното име, и кога се лажеа луѓето дека за рок од три-четири години ќе станеме земја членка на ЕУ.

Македонија | пред 3 седмици

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Мицкоски: Во март следува ново зголемување на платите во здравството и образованието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Вечер.мк истакна дека Владата останува цврсто посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку континуирано зголемување на платите и инвестиции во клучните сектори - образованието и здравството.Тој нагласи дека зголемувањето на платите во образованието и здравството се реализира согласно веќе потпишаните четиригодишни договори со репрезентативните синдикати.„Зголемувањето на платите во здравството и во образованието го правиме како резултат на договорите што веќе ги имаме потпишано со синдикатите, односно со репрезентативните синдикати, и тоа се договори за период од четири години, конкретно во образованието за 2025, 2026 и 2027, во зависност од од капацитетот на буџетот, усогласувањето, односно зголемувањето ќе биде меѓу 7,5% и 10%, а во 2028 меѓу 10% и 12,5%, што е четиригодишен договор потпишан со репрезентативните синдикати”, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за  за „Вечер.мк“.Мицкоски потсети дека во текот на оваа година зголемување на платите добија и припадниците на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, што е јасен показател за системски пристап кон унапредување на платите во јавниот сектор.„Слична формула имаме и со репрезентативните синдикати во здравството; ќе потсетам дека оваа година и припадниците на Министерството за внатрешни работи добија зголемување на платите, како и припадниците во Министерството за одбрана, односно во армијата, и така натаму, така што апсолутно се грижиме за стандардот на граѓаните и на вработените во рамките на нашите можности и така ќе продолжиме и во иднина, а го фасилитираме и социјалниот дијалог помеѓу работниците и работодавачите”, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryvg3apg7ibvsj1d5GqU5

Мицкоски: Пензиите се зголемуваат, а сиромаштијата се намалува

„Ставот на Владата е јасен, нашиот чекор што го направивме можеме да го аргументираме, а потврда дека сме направиле добар чекор се и објавите на Државниот завод за статистика кои деновиве излегуваат и се коментираат во јавноста околу лаекенските индикатори, односно нивото на сиромаштија, џини-индексот, нерамномерната распределба на доходот. Тука имаме добра вест, а тоа е дека се намалува стапката на сиромаштија, ако во 2021 година била 23%, сега е 21,9 во 2024, а во 2023 била 22,2%. Џини-индексот, односно нееднаквата распределба на приходите, ако биле 30,3 во 2023, во 2024 е 29,1 и е најдобар во регионот, па и кога ја гледаме нееднаквата распределба на доходот дури е над европскиот просек“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.Мицкоски истакна дека одлуката на Владата за зголемување на пензиите ќе влијае позитивно врз намалувањето на стапката на сиромаштија со акцент на пензионерите и дополнително намалување на џини индексот.„И во 2024 година е овој индикатор, зголемувањето прво линеарно од 2.500 денари беше во ноември месец, што значи дека има мало или незначително влијание во овој параметар, а во 2025 веќе очекувам точно да се види дека нашата одлука за ваков тип на зголемување на пензијата ќе влијае многу позитивно врз намалувањето на стапката на сиромаштија со акцент на пензионерите и со дополнително намалување на џини-индексот, односно нееднаквата распределба на доходите, што за државата ќе значи многу бидејќи светските агенции го ценат кредитниот рејтинг на државата токму и врз основа на вакви параметри“, рече претседателот Мицкоски и додаде:„Така што мислам дека таа политика си го даде својот резултат и апсолутно стоиме позади исправноста на тие чекори. Постојат структури кои го предизвикаа Уставниот суд и ќе видиме како тоа ќе заврши, а јас не би сакал да ги коментирам одлуките на Уставниот суд“.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

Мицкоски: За година и половина ги реализиравме сите цели, ја затекнавме државата со наследени проблеми, но воспоставивме одговорно и домаќинско управување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  истакна дека Владата во изминатата година и половина ги реализирала сите зацртани цели, а во многу сегменти направила и повеќе од првично планираното, како резултат на реалните и итни состојби со кои се соочила државата.„Немаше нешто што планиравме, очекувавме да го направиме, а не го направивме. Мислам дека направивме и повеќе од тоа што очекувавме”, истакна Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.Тој нагласи дека и по година и половина од преземањето на одговорноста, Владата се уште се соочува со непријатни изненадувања, кои во најголем дел се резултат на, како што посочи, седумгодишното неодговорно управување на СДС и ДУИ.„Секој ден излегува некое ново  непријатно изненадување кое е последица, би рекол, во најголем дел од седумгодишното управување со владата на СДСМ и ДУИ, но исто така има и објективни, во помал број, изненадувања кои не сум ги очекувал. Но најголемиот број непријатни изненадувања или работи кои не сум ги очекувал се навистина од тоа време“, потенцираше Мицкоски.Мицкоски додаде дека Владата работи посветено и одговорно, со цел целосна стабилизација на состојбите и надминување на наследените проблеми, притоа водејќи се исклучиво од државниот и јавниот интерес.„Така што навистина во овие година и половина можам да кажам, еве гордо, дека сите цели кои ги имавме како влада ги реализиравме и, поради изнудените чекори што мораше да ги правиме, направивме и многу работи кои не ги планиравме дека ќе ги завршиме во овие година и половина”, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library9nnmfbrltujk6LfcgSD

Во април ново линеарно зголемување на пензиите

Линеарно зголемување на пензиите ќе има и во април, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека Владата останува доследна на политиката на континуирана поддршка на пензионерите како една од најранливите категории во општеството.„Во април ќе има линеарно покачување на пензиите. Продолжуваме со тоа“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека ваквиот пристап е директно поткрепен со последните статистички податоци за нивото на сиромаштија во државата.Според премиерот, стапката на сиромаштија кај пензионерите е еден од клучните индикатори што ја оправдуваат одлуката за линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите, со цел да се постигне поголема социјална праведност.„Сакаме да го намалиме нивото на сиромаштија кај оваа група“, истакна Мицкоски, додавајќи дека Владата ќе продолжи со мерки што имаат директен и мерлив ефект врз животниот стандард на пензионерите.Најавата за априлското зголемување доаѓа во период кога Владата ја нагласува својата заложба за стабилен социјален систем, предвидливи политики и заштита на граѓаните со најниски приходи, во услови на економски предизвици и зголемени трошоци за живот.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryteaipaj5jh296zoIrYK

Мицкоски заедно со граѓаните на плоштад „Македонија“, на дочек на Новата година

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, синоќа заедно со граѓаните, ја дочека Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје.Премиерот на социјалните мрежи објави порака со која им посака здравје, разбирање и успеси на сите граѓани, нагласувајќи ја важноста од заедништво и позитивна енергија во Новата година.„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата година. Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија. Среќна Нова година!“, напиша Мицкоски.На дочекот на плоштадот, премиерот беше заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски.

Македонија | пред 4 седмици

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Мицкоски: Започнува инвестиција од 21 милион евра за набавка на нови електрични локомотиви со поддршка на ЕБРД

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска најави значајни инвестиции во железничкиот транспорт, оценувајќи дека железницата со децении била занемарувана, иако е од клучно значење за економијата, извозот и европската перспектива на државата.Мицкоски соопшти дека ќе се инвестираат 21 милион евра за набавка на до пет нови електрични локомотиви со резервни делови, преку договор за заем меѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Како што посочи, на инвестицијата ѝ претходела детална анализа која покажала дека без модерни локомотиви железницата не може да ја исполни својата економска улога.Тој истакна дека состојбата во МЖ Транспорт била „катастрофална“, наведувајќи дека до неодамна претпријатието немало ниту една целосно функционална локомотива, а над 20 меѓународни товарни композиции биле блокирани во Гевгелија, што резултирало со изгубени договори и приходи.Според Мицкоски, состојбите почнале да се подобруваат од јули 2024 година, кога во функција биле ставени пет локомотиви, а до февруари 2025 година вкупно десет од постојните 46. Сепак, тој нагласи дека просечната старост на дизел локомотивите е над 60 години, а на електричните над 40, што, како што рече, е неодржливо од економски, безбедносен и еколошки аспект.Целта на новата набавка, според премиерот, е зголемување на транспортниот капацитет, приходите и финансиската стабилност на МЖ Транспорт, при што железницата повторно треба да стане двигател на извозот и логистиката. Посебен акцент беше ставен на еколошкиот аспект, со најавата дека фокусот на електрични локомотиви ќе придонесе за намалување на загадувањето и развој на одржлив транспорт.Мицкоски информираше и дека започнале градежните работи за Линија 1 – т.н. градски воз, со вредност од 360 милиони денари, како и дека изградбата на брза пруга на Коридор 10 останува стратешки приоритет, со средства обезбедени преку договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања