Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Со измените на Кривичниот законик СДСМ и ДУИ си обезбедија самоамнестија, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
ahmeti-grubi

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оцени дека правосудниот систем во државата е делумно контаминиран како резултат на постапките на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, посебно преку измените на Кривичниот законик, со кои, според него, е создадена правна основа за самоамнестија на поранешни функционери.

Во гостување на телевизија Алфа, Мицкоски истакна дека најголемиот проблем произлегува од можноста одредени лица да се повикуваат на поповолен закон, што, како што рече, претставува директен удар врз правдата и владеењето на правото.

— реклама —

„Генерално, луѓето во правосудството се чесни. Но има еден мал дел кој е контаминиран и кој, за жал, го контаминира целиот систем. Тоа се најчесто партиски послушници, рецидив од поранешната влада на СДСМ и ДУИ, кои жестоко се борат оние што ги поддржале да добијат бенефиции, позиции и слично“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека распадот на довербата во правосудството, според него, произлегува од два клучни моменти. Првиот е начинот на избор на судии во Собранието во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ била во парламентарна опозиција, а вториот – измените на Кривичниот законик донесени од владата на СДСМ и ДУИ непосредно пред заминувањето од власт.

„Првото е изборот на судии во парламентот во 1996 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција. Второто е сегашниот момент, кога владата на СДСМ и ДУИ практично пред заминување ги донесе измените на Кривичниот законик и избриша значаен дел од членот 353, тој фамозен член“, рече Мицкоски.

— реклама —

Според него, бришењето на овој член имало две цели. „Првата беше да се амнестираат самите себе, а втората – да се амнестира некој што би можел да ѝ нанесе штета на тогаш најсилната опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ. Во првото успеаја, во второто не. ВМРО-ДПМНЕ денес е поголема од сите политички партии заедно“, истакна тој.

Мицкоски нагласи дека поранешните функционери од СДСМ и ДУИ и понатаму ќе се повикуваат на поповолниот закон, без разлика на идните законски измени.

„Тие секогаш ќе се повикуваат на законот кој за нив е поповолен – а тоа е сегашниот, со кој е избришан членот 353 став 5 и други делови од Кривичниот законик. Без разлика какви измени ќе направиме во иднина, тие ќе велат: се повикуваме на законот што важел во тој период. Токму тука е најголемиот проблем“, оцени Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања