МИЦКОСКИ

media-librarypcmdnsltcftsdMKvkMe

Алиу: Клиниката за гинекологија e симбол за нов живот, извршено реновирање и унапредување на условите за мајките и новороденчињата

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, каде е извршено реновирање на повеќе простории кои секојдневно ги користат илјадници пациентки. Вкупната инвестиција изнесува над 34 милиони денари.   - Гинеколошко-акушерската клиника е место каде што започнуваат нови животи, каде што се носат најтешки одлуки и каде што довербата во здравствениот систем мора да биде апсолутна. Затоа секоја инвестиција тука има посебна тежина и посебна одговорност. Од вкупната површина на клиниката, реновирани се 2 илјади квадратни метри, односно целото приземје кое го опфаќа влезниот хол, поликлиничкиот дел со амбуланти, HPV лабораторијата, биохемиската лабораторија, како и амбулантата за итни случаи. Ова значи подобра организација, побрза услуга и поквалитетна грижа , токму таму каде што е најпотребно, рече министерот Алиу.Тој посочи дека е особено значајна и новата настрешница од 420 квадратни метри на платото на Клиниката, што овозможува побезбедно и подостоинствено прифаќање на пациентките кои се транспортираат од други здравствени установи, а воедно со оваа инвестиција се покажува грижа, безбедност и почит кон секоја жена што доаѓа на клиниката во чувствителен момент.   - Оваа инвестиција е реализирана целосно со средства на самата Клиника. Тоа зборува за одговорно управување, визија и посветеност на раководството и вработените. Како Министерство за здравство, наша задача е да создаваме услови во кои здравствените работници ќе можат да ја дадат најдобрата можна грижа, а пациентите ќе се чувствуваат сигурно, почитувано и згрижено, заклучи министерот.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarym4fg7d7bg45tcKxE2pG

СДСМ: Мицкоски има виза за Британија и гради зграда од 45 ката во Белизе

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека ВМРО-ДПМНЕ води организирана и сензационалистичка кампања со цел дефокусирање на јавноста од, како што велат, вистинските проблеми – криминалните тендери и плановите за „мигранти за пари“.Од СДСМ посочуваат дека изминатите денови биле објавени десетици текстови со идентични наслови во порталите блиски до ВМРО, како и прилози на телевизии, со наводи дека д-р Венко Филипче поседува „златна виза“. Според партијата, станува збор за класичен пример на жолт печат и намерно пласирани лаги.„Оваа тема служи единствено за дефокус од сериозните прашања и од обидот за дестабилизација на СДСМ, преку координирани активности со лица кои јавно се декларираат како анти-СДСМ“, соопштуваат од партијата.СДСМ нагласува дека визата е обичен административен документ за влез или престој во друга држава, а не „злато“, како што се обидува да се прикаже во јавноста. Потенцираат дека д-р Венко Филипче е лекар и нема никаква поврзаност со градење згради, ниту со наводни инвестиции во Дубаи, ниту пак со поранешниот премиер Зоран Заев, кој, како што велат, веќе пет години е надвор од политиката.Од партијата порачуваат дека нема да одговараат на лажни вести и измислици, туку ќе продолжат со разоткривање на, како што велат, криминално-коруптивните шеми на ВМРО-ДПМНЕ.„Пред нас се избори и граѓаните ќе имаат јасен избор – изолација и хаос или европска, демократска и просперитетна Македонија. СДСМ ќе се бори власта да се врати во рацете на граѓаните, а не во канџите на бандитски структури“, велат од СДСМ.Од партијата додаваат дека нивната цел е изградба на функционален систем, по европски стандарди, и подобра иднина за граѓаните и нивните деца.„Борбата трае и нема да застанеме“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydpbp889sqqc32ni9GD4

(Видео) Мицкоски: Ако „УСЈЕ“ е проблем за граѓаните, дислокацијата не е проблем за Владата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ќе постапи во рамки на своите ингеренции по заклучоците донесени од Советот на Град Скопје за цементарницата „УСЈЕ“, нагласувајќи дека и вонредните инспекциски контроли и евентуалната дислокација не претставуваат проблем доколку тоа е во интерес на граѓаните.„Се бараат вонредни инспекциски проверки и тие веќе се спроведуваат. Што се однесува до дислокацијата, ниту тоа не е никаков проблем за Владата. Сѐ што е проблем за граѓаните е проблем и за нас. Јас ги разбирам граѓаните, тие секогаш се во право – сите тука живееме и го дишеме овој воздух“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека суштината на проблемот со загадувањето е резултат на децениска негрижа во обезбедувањето еколошки системи за затоплување, како далечинско греење и гасификација, посочувајќи дека Владата работи на проект во таа насока. Притоа, премиерот нагласи дека загадување има и во други градови каде што нема големи индустриски капацитети, што, според него, укажува дека причините се пошироки и посложени.Изјавата на Мицкоски доаѓа откако Советот на Град Скопје по маратонска седница што траеше 13 часа едногласно ја прифати иницијативата на Зелен хуман град за започнување постапка за дислокација на цементарницата „УСЈЕ“ од Кисела Вода, односно надвор од скопската котлина. Со донесените заклучоци, Градот се обврзува да поднесе официјално барање до Министерството за животна средина за целосна проверка на работењето на „УСЈЕ“ и останатите големи загадувачи, како и да побара низа ненајавени, вонредни инспекциски надзори од Државниот инспекторат за животна средина.Дополнително, општините во Скопје, пред сѐ Општина Кисела Вода, ќе треба внимателно да постапуваат при креирањето на идните урбанистички планови, а градоначалникот на Скопје ќе побара од Владата да отвори постапка за дислокација на „УСЈЕ“ и другите големи индустриски капацитети, согласно Законот за животна средина и Просторниот план.Од компанијата ТИТАН Усје ги отфрлија обвинувањата дека се еден од главните извори на загадување, тврдејќи дека работат согласно најдобрите достапни техники во Европската Унија и дека не ги надминуваат законски дозволените лимити. Според нивното интегрално соопштение, мерењата на емисиите, како од сопствените системи така и од независни лаборатории и Државниот инспекторат за животна средина, покажуваат дека вредностите се во рамки на дозволеното, а во дел од параметрите и повеќекратно пониски од законските граници.Заклучоците од седницата на Советот на Град Скопје ќе бидат доставени до Владата, Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и сите скопски општини, додека од „Зелен хуман град“ најавија дека внимателно ќе го следат секој чекор од процесот, со порака дека здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број еден.

Скопје | пред 1 месец

media-library72eg563ncdrve2U2xZr

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил, како резултат на некакви си договори, нема да има. И тоа се гледа“, нагласи премиерот Христијан Мицкоски како одговор на пратеничко прашање во Собранието.„Многу пати коментиравме во јавноста дека е апсолутна лага и конструкција дека било кога сме разговарале воопшто на оваа тема во процесот за постигнување на договор за стратешко партнерство со Обединетото кралство, посочи премиерот Мицкоски, оценувајќи ја оваа тема како кампања за невистина на опозицијата за растурање на пердуви со цел да се тргне вниманието од внатрепартиските случувања во СДСМ, изборот на новиот состав на нивниот партиски Извршен Одбор.Тоа е филозофијата и пи-ар трикот што мислат дека ќе го направат. Мислам дека тоа не е игра на краток рок, туку игра на уназадување. Ако некој пледира да биде сериозна политичка опција, тогаш треба да има и сериозни позиции, а ова не се сериозни позиции, туку политички гимнастики кои немаат апсолутно никаква врска… Еве ќе дојдат и март и април, мигранти ќе нема, ќе дојде и јуни пак ќе нема мигранти, и тогаш што ќе се прави? На следните избори наместо 18, ќе имаат 12 пратеници“, оцени Мицкоски.Мицкоски притоа посочи и на празната сала во делот каде што треба да седи опозицијата, во која немаше пратеници, нагласувајќи дека ова е ден, седница за поставување на пратенички прашања, ден кога опозицијата треба да ја прашува владата, а пратениците кои ги чинат граѓаните меѓу две и три илјади евра месечно, пратениците од опозицијата ги нема.Ова е сликата на македонската опозиција денеска. Да видат граѓаните кој пледира да биде влада во Македонија.Мицкоски посочи дека и покрај стравувањето на СДСМ од предвремени избори, како одговорна Влада и мнозинство во Собранието, избори напролет нема да има, бидејќи следната година е полна со предизвици кои треба да се решаваат.На темата „мигранти“ Мицкоски ја поздрави Резолуцијата донесена во македонското Собрание.„Со тоа јасно и недвосмислено се става крај на оваа измислена тема мигранти, ги потврдува политиките на владата, а политиките на владата ги потврдија граѓаните на локалните избори коишто се случија пред неколку недели. Оваа влада како ретко која влада од независноста до денес, има обврска да ги штити интересите на граѓаните бидејќи има во историска смисла најголема доверба. И затоа мораме да се однесуваме одговорно колку и да имаме работа со неодговорна опозиција“, рече Мицкоски. „Мицкоски ја искоментира и претставката пред Уставниот суд за усвоената Резолуција во Собранието поднесена од СДСМ, нарекувајќи го како „чудно“ и невидено во светот, бидејќи не станува збор за закон или подзаконски акт, туку за Резолуција. Мислам дека местото не е таму. Местото е тука, во Парламентот. Тука се прави таа дебата, тука се бранат аргументите, тука граѓаните следат, но овие места на опозицијата се празни. И затоа кога утре ќе зборат за интересите на граѓаните, за стандардот на граѓаните, за подобра држава, граѓаните треба само оваа слика да ја видат, денес на пратенички прашања. Ова е сликата на опозицијата во македонското собрание“, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање за темата за мигранти, притоа посочувајќи на празните места во Собранието а на кои ги немаше пратениците од опозицијата.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryeat4397s394q92t8Bwm

Мицкоски до ДУИ: Вие баравте да се укине балансерот

Пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари на седницата за пратенички прашања таа кажа дека оваа Влада ја укинала алатката за правична застапеност и оти речиси две години, Албанците се без заштитени права и се објавуваат, како што рече, скандалозни конкурси за вработување само на Македонци.,,Испраќање невистини од говорницата нема да ви донесе политички поени туку дополнително ќе одите во негативна насока што не е добро за вас. Се што кажавте е неточно и невистина. Чесно и доблесно ќе беше да се извините пред граѓаните и да кажете дека ние од ДУИ на владина седница донесовме одлука со која препорачавме да се избрише алатката Балансер и чесно и доблесно ќе беше да кажевте дека сите оние судии во Уставниот суд коишто ја донесоа таа одлука се уставни судии избрани од претходното владино мнозинство на СДСМ и ДУИ или се предлог на поранешниот претседател на државата, господинот Пендаровски. Ова е вистината што сите почитувани граѓани треба да ја знаат. Се останато е невистина и обид за груба политичка манипулација, одговори премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryae5pp36ld8i67XUSXCa

Мицкоски: На сите оние кои денеска го прославуваат Рождеството Христово - Божиќ, им го честитам празникот со искрени желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати божиќна честитка до сите граѓани кои го прославуваат Рождеството Христово – Божиќ според грегоријанскиот календар.Во своето обраќање, Мицкоски им посака на граѓаните благосостојба, духовен мир и добро здравје, посочувајќи дека божиќните празници се време кога домовите треба да бидат исполнети со радост, љубов и Божји благослов.Тој истакна дека раѓањето на Спасителот е симбол на надеж, единство и топлина, особено во периоди кога, како што нагласи, е неопходна заедничка сила и поддршка. Мицкоски повика на солидарност и подадена рака кон сите на кои им е потребна помош, без разлика на разликите, со посебен акцент на најранливите категории граѓани.„Божиќ е празник на дарувањето, љубовта и разбирањето, а нашата историја нè научила дека заедно сме посилни и дека само обединети можеме да ги надминеме предизвиците“, порача Мицкоски.Во духот на божиќната порака за мир и добра волја меѓу луѓето, тој изрази желба за напредок, стабилност и перспектива на државата, нагласувајќи дека Македонија може да биде силна и успешна само доколку постои заедништво и меѓусебна почит.Мицкоски додаде дека должност на сегашната генерација е, со посветена работа и вера, да се избори за подобар живот и посветла иднина за сегашните и идните поколенија, преку изградба на стабилна, економски силна и праведна држава.„Нека Божиќната светлина ги осветли нашите заеднички цели кон подобро утре“, порача Мицкоски, посакувајќи им на граѓаните среќен и благословен Божиќ.

Македонија | пред 1 месец

media-library83hlne1mi5v00PQLhmc

Мицкоски: Не им се лутиме на тие што заминаа, каменот тежи на своето место, Македонија има потреба од вас

Премиерот Христијан Мицкоски упати силна и емотивна порака до македонските иселеници кои се вратиле во татковината и започнале нови, успешни приказни, истакнувајќи дека нивното враќање не е симболично, туку суштинско за развојот на државата.Обраќајќи им се на луѓе кои, како што рече, ја знаат Македонија „и одвнатре и однадвор“, Мицкоски нагласи дека заминувањето од татковината не било прашање на желба, туку на нужда – потрага по подобри услови, сигурност и перспектива. „Ние не можеме да се лутиме на оние кои заминале. Ги разбираме нивната мака, нивната борба и нивните тешки одлуки“, истакна премиерот.Тој посочи дека, и покрај успехот во странство, човек секогаш останува „дојденец“, додека дома е свој на свое. „Само дома твоето име, твојот труд и твојата приказна имаат длабок корен и трајна вредност“, рече Мицкоски, потсетувајќи на народната мудрост дека „каменот тежи на своето место“.Премиерот нагласи дека знаењето и искуството стекнато во странство, со враќањето во Македонија, добиваат нова смисла и стануваат темел за отворање нови бизниси, работни места и идеи што носат свежа енергија во економијата. Според него, Македонија повеќе не е земја што стои во место, туку држава што се менува и се развива преку инвестиции во индустрија, енергетика и инфраструктура.„Нашата обврска како Влада е да создадеме услови – стабилност, правна сигурност и поддршка за инвестиции. Но државата не се гради само со институции, туку со умови, знаење и храброст“, порача Мицкоски.Во обраќањето беше испратена јасна порака и до македонската дијаспора ширум светот: „Ве разбираме, ве почитуваме и вратите се отворени“. Премиерот нагласи дека не се ветува лесен пат, но се нуди смисла и можност трудот да биде дел од нешто поголемо – придонес за заедницата и идните генерации.„Домот не е совршен, домот се гради. А нашата заедничка Македонија денес е токму тоа – дом што се гради и во кој има место за сите свои луѓе“, заклучи Мицкоски, оценувајќи дека повратниците се доказ дека враќањето е сила и најсилната порака до сите дека татковината сè уште ги чека своите.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Граѓаните на Скопје дишат отров, Мицкоски ги лаже

Скопје се најде на второто место меѓу најзагадените градови во Европа, а граѓаните секојдневно дишат отровен воздух исполнет со токсични материи опасни по здравјето, реагира СДСМ.„Наместо Владата да инвестира во конкретни проекти и политики за почист воздух и да преземе итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, приоритет на владата на Христијан Мицкоски се криминалните тендери и испумпување јавни пари“, велат од СДСМ.„161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга – за тоа има пари владата на Мицкоски. За мерки против загадувањето и за чист воздух – нема“, посочуваат од СДСМ.Од партијата додаваат дека, по методите на Вучич и Никола Груевски, Мицкоски ги манипулира граѓаните со тврдења дека воздухот во Скопје бил почист од оној во Виена, што, како што велат, е очигледна лага.„По толку многу лажни изјави, јасно е дека на Мицкоски не може да му се верува. Затоа и ја донесоа противуставната Резолуција“, велат од СДСМ.Од опозициската партија прашуваат што е следно – дали ќе се забрани јавно да се зборува за загадениот воздух во Скопје, само затоа што Мицкоски тврди дека тој е чист.

Македонија | пред 1 месец

ustaven

СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за Резолуцијата против нелегалната миграција

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска достави иницијатива до Уставниот суд со која бара оценка на уставноста на Резолуцијата за потврда на политиките против нелегалната миграција, усвоена по предлог на актуелната власт.Од СДСМ сметаат дека со Резолуцијата се нарушуваат темелните демократски принципи и дека документот отвора сериозни уставни дилеми. Според партијата, актот предвидува ограничувања кои задираат во основните човекови слободи, меѓу кои слободата на изразување, правото на јавно дејствување и слободата на лично уверување.Премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја иницијативата на опозицијата, порача дека Уставниот суд е институцијата која треба да ја даде конечната оценка за законитоста и уставната основаност на Резолуцијата. Воедно, тој ја критикуваше СДСМ поради тоа што не учествувала на собраниската расправа.„Останува жал што СДСМ не беше присутна на седницата на која сите парламентарни партии можеа заеднички да заземат став против изградба на мигрантски кампови и против прифаќање мигранти или азиланти врз основа на какви било договори“, изјави Мицкоски.Резолуцијата беше изгласана во Собранието во текот на оваа недела, а опозициските пратеници не присуствуваа во салата за време на гласањето.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjifmen1b5iimcSc3g1L

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.Премиерот Мицкоски очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycshe3mf66sld7g6NC7m

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДС за да се скријат внатрешните проблеми

„Не, нема вистина“, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на ТВ Сител за пишувањата на британските медиуми за мигрантски кампови во државата.Премиерот Мицкоски истакна дека не само што нема вистина, туку не може да го разбере неодговорното однесување на СДС кои што шират паника и страв кај граѓаните.„И не само што нема вистина, туку јас навистина не можам да ги сфатам овие политички гимнастики кои што ги прави опозицијата кај нас од аспект на сеење страв и паника кај граѓаните. Тоа е неодговорно однесување“, смета тој.Мицкоски потенцираше Владите на СДС биле промигрантски, бидејќи во 2017 година на владина седница усвоиле и донеле Национална стратегија, и преку Министерството за социјална политика и труд и испраќале дописи до општините и барале соодветни места и локации каде што би се изградиле потенцијални кампови.„Од друга страна ги разбирам затоа што ова е тема на која што тие мислат дека внатрешно ќе се мобилизираат, иако ако се вратиме наназад во минатото ќе забележиме дека практично политиката која што тие ја воделе и нивните Влади, е токму промигрантска, односно луѓе кои што воделе политика на интегрирање на мигранти. И тоа јасно го кажува националната стратегија од 2017тата година усвоена и донесена на владина седница од страна на тогашното министерство за социјална политика и труд, и врз основа на таа стратегија тие праќаат дописи во општините за да бараат соодветни места и локации каде што би се изградиле потенцијални кампови односно живеалишта на лица кои што се странски државјани и кои што би се интегрирале, читај мигранти“, вели Мицкоски и додаде:„Од прилика тоа е накратко целата филозофија. Но во ред. Еве јас како што реков не можам да ги разберам за нивното неодговорно однесување, бидејќи сеат страв и паника кај одредена група граѓани. А од друга страна ги разбирам поради проблемите внатрешни кои што ги имаат во рамки на структурата. Но исто така не можам да ја разберам нивната пи-ар стратегија бидејќи ова ќе им се удри толку силно од глава бидејќи ќе дојде март, април, ќе дојде јуни 2026, 2027, и ќе нема мигранти. И тогаш што правиме? На изборите повторно ќе треба да излезе во 2028 година пред граѓаните со јасен концепт што сме кажале, што сме направиле итн.“Премиерот Мицкоски испрати порака до граѓаните дека нема никаков договор за прифаќање на мигранти, ниту пак како што рече тој ќе има такво нешто додека е тој претседател на Владата.„Сакам да испратам порака до граѓаните, дека таков тип на прифаќање, на мигранти, легални, илегални, бидејќи гледам сега семантика бараат во зборовите, кои што се било каков дел од договор дали со Обединетото кралство, или било каков друг договор не постои, ниту пак додека сум јас претседател на Владата ќе постои“, нагласи Мицкоски.Во однос на поднесената Резолуција во парламентот од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нагласи дека сето ова што го кажал до сега е содржано во таа Резолуција и ги повика пратениците од СДС да ја поддржат Резолуцијата.„Ние денеска во парламентот доставивме Резолуција со која што јасно кажуваме дека сето ова кое што сега го зборувам во воведот е содржано во Резолуцијата, и нормално со осуда за неодговорното однесување на опозицијата, па еве нека ја поддржат“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryop0bq5gb25po2Vw8Ywn

Мицкоски: Не се затвора трезорот на 15 декември, ќе има толеранција и К-15 за вработените

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на 15 декември нема да се затвора државниот трезор и дека во јавноста се пласираат неточни и небулозни тези дека тоа се прави поради недостаток на пари. Тој појасни дека станува збор за организациска мерка со која институциите треба навреме да ги достават потребните документи, со цел да се избегне досегашната пракса работите да се завршуваат „во 5 до 12“.„На 15 декември не се затвора трезорот. Добро е сите институции навреме да ги достават сите документи. Ќе има толеранција, ова не значи дека на 20 декември ќе има клуч на врата и толку. Ќе работиме со план и со свесност дека обврските мора да се завршуваат на време. Суштината е да стекнеме навика за ред“, рече Мицкоски.Тој нагласи дека во изминатите години, особено во 2024 година, многу работи останале незавршени токму поради доцнењето на институциите, што трезорот објективно не можел да го испорача во последен момент. „Јас не велам дека на 15 декември е крај и дека на 20 декември ништо нема да може да се сработи. Но не смееме повеќе да функционираме во последен момент“, додаде премиерот.Мицкоски истакна и дека ќе има исплата на К-15 за вработените во државните институции, со што ги демантираше шпекулациите за финансиски проблеми. Осврнувајќи се на обвинувањата од СДСМ дека трезорот се затвора поради немање средства, тој оцени дека ваквите тврдења се неосновани.„Тезите што се пласираат во јавноста се небулозни и неточни. Претпоставувам дека таму има луѓе кои се разбираат во економија, па не е јасно зошто вакви теми се испраќаат во јавноста“, рече Мицкоски, потенцирајќи дека целта на Владата е воспоставување финансиска дисциплина, а не создавање паника.

Македонија | пред 1 месец

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: Мицкоски да не се заканува, нека ја потише Резолуцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по состанокот со коалициските партнери, упати јасна порака до премиерот Христијан Мицкоски во врска со сериозните информации објавени во британските медиуми за можен прием на мигранти во Македонија. Наместо да се заканува Филипче го повика Мицковски да одговори дали ќе ја потпише Резолуцијата за прекинување на процесот на примање мигранти за пари во Македонија.„Сметам дека, премиерот, не треба да се заканува. Поради тоа што тоа е многу сериозно прашање, кое што потекна од британските релевантни медиуми. Тука многу добро, сакаат да го испинуваат, да го превртат, да се закануваат, прашањето се уште стои и не е одговорено. Не е доволен ставот на премиерот. А прашањето е едно, ќе ја потпишете ли резолуцијата или не? Нека ја потпише. Тоа е единствениот начин да се одбраниме од нешто што може сериозно да ја загрози безбедноста на државата,“ истакна Филипче.Филипче потсети дека СДСМ веќе ја достави резолуцијата до сите политички партии, како конкретен инструмент за заштита на националната безбедност. Денеска во јавноста објави дека таа добила силна поддршка од коалиционите партнери поради што Филипче го повика премиерот, јасно да го преземе чекорот кој најдобро ги штити интересите на граѓаните.„Еве го предлог документот, резолуција со која што, тоа од што сите стравуваме а што го најавија британските медиуми, нема да се случи. Вистинското прашање е, зашто нема одговор на нашето прашање, ВМРО ДПМНЕ и премиерот да ја потпишеме заедно резолуцијата и така да изгласаме во Собранието? Гледајте, ако нема скриена агенда и ако нема договор, како што британските медиуми најавуваат дека ќе има, дека тука ќе се носат мигранти за пари, тогаш резолуцијата ќе ја потпишат“, констатираше претседателот на СДСМ.Лидерот на СДСМ Филипче рече и дека целата јавност преку медиумите има можност да го види документот и сите политички претставници може да потврдат дали го виделе или не.„Ние ја пуштивме резолуцијата во текот на вчерашниот ден. Целата јавност можеше да ја види преку медиумите. Имаа можност сите политички субјекти да потврдат дека ја виделе. Некој кажа ја видел, некој кажа дека не ја видел. Овие луѓе кои што се вечерва со мене ја виделе резолуцијата, предлогот текстот, немаат никаква забелешка. Сметаат дека тоа е единствениот начин да ние се одбраниме од тоа што е вистинска опасност за земјава“, рече Филипче.На крај, претседателот на СДСМ Филипче порача дека Резолуцијата е јавен повик и обврска, а ВМРО-ДПМНЕ ако стои на страната на државата ќе ја потпише, ако не, граѓаните тоа ќе го видат.

Македонија | пред 1 месец

mickoski-filipce

(Видео) Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче од внатре и од надвор да си замине и сега наеднаш пи-ар тимот му вели, сега темата ќе бидат мигрантите, еве два таблоиди во Велика Британија објавија и сега ајде на оваа тема да се закачиме и да ја туркаме, мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ќе собере луѓе околу себе“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Мицкоски му порача на Венко Филипче, Фрчкоски и Жерновски дека е спремен да се повлече од политиката доколку најдат еден мигрант во Македонија, во спротивно како што рече тој да се извинат јавно.„Две тези имаше денешната прес-конференција. Првата се мигрантите, а втората недостасуваше во буџетот 1 милијарда евра, околу 60 милијарди денари и дека договорот со Велика Британија бил тие да ни ја покријат оваа дупка, а ние да прифатиме илегални мигранти. Од прилика ова беше. Но, ајде сега да видиме каква е суштината и вистината. Прво политички да му одговорам на раководството на СДСМ, бидејќи го спомна пролет, оставам простор до пролет Венко Филипче заедно со професорот Фрчкоски, со Андреј Жерновски, да бараат низ Македонија и да најадат мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија, или било каков договор и ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно они да ми се извинат мене и на граѓаните, што шират паника без потреба. Мислам дека е фер, еве ова јас го давам како понуда. И ова ќе важи бесконечно, додека сум јас претседател на Владата“, рече Мицкоски и додаде: „Додека тие зборуваат за милијарди кои недостасуваат, веќе 10 милијарди во првите пет дена од декември влегоа во буџетот. И сега не се веќе 300 милијарди, се 310 милијарди денари приходи. Но, никој од нив не ја коментира расходната страна, бидејќи и приходната и расходната страна на Буџетот одат паралелно. Тие што следат економија и економистите знаат за што зборувам. За да ви фалат во буџетот и да треба вие тој буџетски дефицит да го покриете потребно е и расходите да бидат согласно планирањата. Нас расходите ни се помали, односно штедевме и во име на тоа, се случува сето ова кое што јас денес го зборувам. И приходите и расходите се пратат едни со други и на крај кога ќе ги споредите капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит, тие горе доле ќе бидат исти. Што значи дека ние нема да се задолжиме да го зголемиме долгот. Напротив, до крајот на годината тој долг ќе биде помал, од оној кој што сме го имале. И еве втора работа ќе кажам, следната година треба да вратиме нешто повеќе од 2,2 милијарди евра. Ќе ги вратиме сите тие пари кои што тие претходно ги украдоа, и за Стабри и за марихуаните и за ред други скандали кои што ги имаа во минатото. Се надевам дека сега новиот обвинител и ослободеното обвинителство многу поефикасно и многу послободно ќе работат, отколку овој октруираниот којшто конечно заминува односно ќе замине од таму каде што е сега.“ Мицкоски посочи граѓаните да не се грижат, бидејќи нема да има мигранти. „На крај да заклучам да не се грижат граѓаните, нема мигранти, буџетот е во одлична кондиција. Македонија е позади Данска, која што има 3,9, заедно со Кипар со 3,8 проценти раст на БДП, инфлацијата е за 0,5 проценти помала на годишно ниво споредбено со минатата година и очекувам таа консолидација односно смирување да продолжи и во периодот кој што следи“, истакна Мицкоски.

Настани | пред 1 месец

media-libraryhn2ccit1u7on0JkQO92

(Видео) Мицкоски: Не планираме да правиме капови за мигранти, и да се разговара би одбиле прифаќање на мигранти

Премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека со Велика Британија не е разговарано да се прифаќаат мигранти за пари. Тој посочи дека дури. да се разговара за прифаќње на мигранти - Владата ќе одбие.„Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти, ниту ќе примиме илегален мигрант. Туку ќе ја зајакнеме нашата борба против илегалната миграција. Таква тема не е разговарана, доколку се разговара - ќе биде одбиена од наша страна“, рече Мицкоски.

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања