Промени тема
Контакт

Мицкоски: Не им се лутиме на тие што заминаа, каменот тежи на своето место, Македонија има потреба од вас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library83hlne1mi5v00PQLhmc

Премиерот Христијан Мицкоски упати силна и емотивна порака до македонските иселеници кои се вратиле во татковината и започнале нови, успешни приказни, истакнувајќи дека нивното враќање не е симболично, туку суштинско за развојот на државата.

Обраќајќи им се на луѓе кои, како што рече, ја знаат Македонија „и одвнатре и однадвор“, Мицкоски нагласи дека заминувањето од татковината не било прашање на желба, туку на нужда – потрага по подобри услови, сигурност и перспектива. „Ние не можеме да се лутиме на оние кои заминале. Ги разбираме нивната мака, нивната борба и нивните тешки одлуки“, истакна премиерот.

Тој посочи дека, и покрај успехот во странство, човек секогаш останува „дојденец“, додека дома е свој на свое. „Само дома твоето име, твојот труд и твојата приказна имаат длабок корен и трајна вредност“, рече Мицкоски, потсетувајќи на народната мудрост дека „каменот тежи на своето место“.

— реклама —

Премиерот нагласи дека знаењето и искуството стекнато во странство, со враќањето во Македонија, добиваат нова смисла и стануваат темел за отворање нови бизниси, работни места и идеи што носат свежа енергија во економијата. Според него, Македонија повеќе не е земја што стои во место, туку држава што се менува и се развива преку инвестиции во индустрија, енергетика и инфраструктура.

— реклама —

„Нашата обврска како Влада е да создадеме услови – стабилност, правна сигурност и поддршка за инвестиции. Но државата не се гради само со институции, туку со умови, знаење и храброст“, порача Мицкоски.

Во обраќањето беше испратена јасна порака и до македонската дијаспора ширум светот: „Ве разбираме, ве почитуваме и вратите се отворени“. Премиерот нагласи дека не се ветува лесен пат, но се нуди смисла и можност трудот да биде дел од нешто поголемо – придонес за заедницата и идните генерации.

— реклама —

„Домот не е совршен, домот се гради. А нашата заедничка Македонија денес е токму тоа – дом што се гради и во кој има место за сите свои луѓе“, заклучи Мицкоски, оценувајќи дека повратниците се доказ дека враќањето е сила и најсилната порака до сите дека татковината сè уште ги чека своите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски од Вашингтон побара вклучување на Бугарија во разговорите со ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Македонија | пред 2 дена

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски: Македонија има сериозни слабости во сајбер-безбедноста, ќе градиме нов центар за податоци

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања