МИЦКОСКИ

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Шут карта: Мицкоски планира промени во Владата, двајца министри под прашалник

На почетокот на следната година се очекува мала реконструкција на Владата, во која, според неофицијални информации, ќе бидат сменети најмалку двајца министри од актуелниот состав. Промените се очекуваат во Министерството за правда и Министерството за култура, каде премиерот Христијан Мицкоски е најнезадоволен од работата на министрите Игор Филков и Зоран Љутков.Информациите за можни смени кружат со месеци, но засега Владата официјално не потврдува дека се водат разговори или дека постои конечна одлука. Сепак, Мицкоски уште пред парламентарните избори најави дека ќе има реконструкција на владината постава по стабилизирањето на институциите.Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, чија партија го предложи Филков за министер за правда, во гостувањето во подкастот „Претрес“ рече дека не слушнал за можни смени и изјави дека е задоволен од работата на Филков.И покрај тоа, незадоволството на премиерот од овој ресор е тема која периодично се отвора, особено поради недоволниот напредок во реформите во правосудството.Што се однесува до културата, смената на Зоран Љутков се смета за посигурна, поради низа критики и протести на негови колеги, уметници и културни работници. Последниве месеци Љутков интензивно преку јавни и спонзорирани објави ја промовира својата работа, но тоа не ги намали реакциите во секторот.Иако од Владата тврдат дека „засега нема договор за замени“, изворите во коалицијата велат дека одлуките ќе се конкретизираат по новогодишните празници, а реконструкцијата ќе биде претставена пред јавноста.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarya07pll4q1t4lcBjJDD4

„Реформите треба да тежат повеќе од билатералните спорови“, Мицкоски со порака од самитот во Тирана

Премиерот Христијан Мицкоски, кој учествува на самитот во Тирана посветен на Планот за раст и европската интеграција на Западен Балкан, изјави дека Северна Македонија очекува оценувањето од страна на ЕУ да се темели исклучиво на реализирани реформи, а не на билатерални блокади.На новинарско прашање за неговата порака до европските партнери дека земјата треба да се вреднува според „мерит-системот“, Мицкоски потсети дека државата е повеќе од 25 години во процесот, од кои 20 како земја-кандидат, и дека создавањето претходни исклучоци им овозможило на земји членки да поставуваат билатерални условувања.„Кога еднаш ќе се воспостави исклучок, тој станува правило. Ако билатералните прашања се критериумот, тогаш суштината на процесот се губи. Оцената треба да се темели на тоа што сме испорачале како реформи,“ рече премиерот, додавајќи дека верува оти Северна Македонија може да биде меѓу првите земји кои ќе стигнат до крајната цел доколку критериумот остане реформскиот напредок.Во однос на ставовите на европските партнери, Мицкоски оцени дека „зависи во кој дел“, нагласувајќи дека е најмногу фокусиран на обврските од развојниот план. Тој посочи дека по паузата поради локалните избори, Владата повторно почнала со интензивна работа на преостанатите чекори што треба да се исполнат.„Од 12 неисполнети чекори, очекувам до крајот на годината да реализираме најмалку осум, можеби и десет,“ изјави тој. Притоа посочи дека два чекора остануваат проблематични: субвенцијата за електричната енергија и измените на Изборниот законик.Во врска со субвенционирањето на електричната енергија, Мицкоски нагласи дека Владата нема да ја укине мерката, бидејќи тоа би значело поскапување на сметките за граѓаните за 35 до 40 отсто.Како втор предизвик го посочи Изборниот законик, каде, како што рече, во Собранието често се случуваат политички блокади и филбастеринг.„За останатите точки сметам дека се достижни до крајот на годинава или во првите недели од следната,“ додаде премиерот.Мицкоски ја повтори пораката дека Северна Македонија очекува објективен пристап на ЕУ – со нагласување дека реформите, а не билатералните спорови, треба да го определат напредокот на државите во процесот на проширување.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjsk9oiu2h4622ZVKQxB

Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски

Немам лошто мислење за ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа ако имате раководство како Груевски и Мицкоски, како да бидам мирен, погледнете го извештајот, се враќаме назад, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Жерновски, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.-Видете ја изјавата на претседателката на државата дека не е време за реформи, бидејќи се случуваат војни, идентичниот став претходно кажан од Груевски, тоа не може да биде случајно, рече Жерновски.Тој додаде дека тоа е вадење на демиџ контрол од „извештајчето“, кое е катастрофално и потоа се случува уште понагласено влијание на Груевски, кое беше намалено.-Така да на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски нема да биде физички присутен, ама кадровски во ставови и психички ќе биде присутен, допрва ќе го гледаме тоа, додаде ЖерновскиТој посочи дека седум години откако дојде СДСМ на власт напредувавме чекор по чекор во слободата на медиумите и завршивме во 2024 година на 36 место, пред Словенија, која беше 42, а Албанија на 99 место. Само 6 месеци откако дојдоа на власт од 36 паднавме на 42 место.-Падот се должи на желбата на една власт да ги јавне медиумите. Допрва ќе гледаме сличности со Груевски, рече членот на ИО, Андреј Жерновски на Канал 5 Телевизија.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryh3pun4umjdhsa2wgvn2

Мицкоски во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“

Денеска во Тирана во присуство на голем број Македонци од Албанија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, на покана на Македонско здружение  "ВМРО-ДПМНЕ Албанија" присуствуваа на отворање на новата канцеларија на ова здружение.Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, можност што ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија.-Македонците во Пиринскиот дел ја немаат оваа можност да се организираат, во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел, посочи Мицкоски.-Мене ми е драго што на сите овдека ни е јасен тој наш вековен автентичен македонски корен и наш вековен македонски идентитет. Како што можам да забележам македонскиот јазик се негува и се чува и тоа особено ме импресионира вечерва, направи споредба Мицкоски при отворањето на македонскиот клуб.-Македонската држава ќе биде столб на Македонците во светот каде и да се, држава којашто е нивна татковина, држава којашто со отворени раце ги чека да дојдат дома и да бидат заедно со Македонците во Македонија, им порача на присутните во Тирана на отворањето на клубот на македонско здружение  "ВМРО-ДПМНЕ Албанија".

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjssqmceucoj54J1LpFC

Мицкоски не го прифаќа ултиматумот на Села

Владината коалиција се уште има проблеми со обезбедувањето двојно или Бадентерово мнозинство за носење на системски закони и прописи од области каде Бадентер е потребен.Претседателот на Владата Христијан Мицкоски не ги прифаќа ултиматумите на Зијадин Села, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците.Села ја напушти изборната коалиција НАИ предводена од ДУИ, но за влез во Владата побара:уставни измени за откочување на евроинтегративниот процес, замена на терминот „20 проценти“ со „албански јазик“ и Уставниот суд да носи одлуки со Бадентер.На Владата и се потребни уште 6 пратеници од немнозинските заедници за да може да ги донесе неопходните реформски закони.

Македонија | пред 2 месеци

kocevski-1

Мицкоски најави можност за смена на државниот обвинител: Јавноста не е задоволна од неговата работа

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма изјави дека е незадоволен од работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, нагласувајќи дека истото чувство го дели и јавноста. Тој рече дека, поради тоа, логичен след на настаните би бил неговата смена.„Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, многу јасно“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека „најголемиот дел од граѓаните, акламативно, мислат дека Коцевски не си ја врши својата работа доволно добро“, иако, како што посочи, буџетот кој го добива Обвинителството е поголем од оној што го имаат дури 75% од земјите членки на Европската Унија.„Ако е политичката цена да ја платам и да бидам повторно дел од извештај во кој ќе бидам критикуван, тогаш мислам дека некој треба да си го стави прстот на чело и да размисли што прави“, додаде премиерот, оставајќи простор за можноста за промени во раководството на обвинителството.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjssqmceucoj54J1LpFC

ССМ сака минимална плата од 600-700 евра, Владата чека одлука меѓу синдикатот и работодавачите

Работниците, според спроведената анкета бараат зголемување на минималната плата од 600 до 700 евра и ова да се спроведе веднаш.Анкетата е нарачана од ССМ и тоа на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници.,,87,2 проценти од работниците во Македонија одговорија дека минималната плата треба да се зголеми задолжително на 600 до 700 евра. 52,8 проценти од испитаниците потврдиле дека се подготвени да протестираат, а 47,2 проценти од нив потврдиле дека се подготвени да штрајкуваат за да го остварат ова право”, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.Дали ќе има интервентно зголемување на минималната плата надвор од законот е предмет на дијалог меѓу синдикатите и работодавачите, вели премиерот Христијан Мицкоски.Посочи дека Владата ќе го прифати секое решение за кое меѓусебно ќе се договорат синдикатите и работодавачите.Мицкоски очекува ова прашање да се отвори на седницата на Економско-социјалниот совет, која треба да се одржи до крајот на месецот.

Македонија | пред 2 месеци

media-library56bogp0u6l7d1zHjPRm

Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата, е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оцени претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранашен министер, Трајан Димковски.-Да укажеме дека Македонија е една од неколкуте земји кои користат вакви европски кохезиони фондови за развој и тие си имаат свои процедури за трошење на своите пари и, токму ова значи дека при ваков скандал веднаш по автоматизам се носи времена прекин за користење на парите. После временото стопирање на користење на средствата незнаејки до каде ќе оди истрагата и што се ќе излезе на виделина допрва ќе видиме, но ова времено запирање може да прерасне и во целосна суспензија на ИПАРД програмата, вели Димковски.Тој потсети дека дека само пред две години во една наша соседна држава имавме суспендирање на ИПАРД програмата при што веднаш беше разрешен министерот за земјоделство, така во овој случај доколку нема морална одговорност мора да има разрешување на министерот од страна на премиерот.-При ваков скандал кој ви се случува во ресорот, а вие како министер да кажувате дека Агенцијата не е дел од министерството, а сите програми за спроведувањеи исплата во Платежна агенција и исплата ги носи министерството, да блиски луѓе од кабинет ви бидат опфатени во истрагата и притворени. Се поставува прашањето дали сегашниот министер може да влијае на истрагата и во најмала рака заради јакнење на довербата на политичарите спрема граѓаните треба да си поднесе оставка, вели Димковски

Македонија | пред 2 месеци

media-librarye5rr6edbo4dpaGGM1tK

Нема договор со ВЛЕН за наследникот на Филипче да го замени Меџити во Владата, тврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека лично го познава Беким Сали, но дека нема никаков договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ за кадровски промени во Владата.„Јас кажав дека го познавам Беким Сали и дека имам мислење како личност. За структурни промени во Владата не сме збореле. Подготвен сум да зборувам. Но дека имаат нешто договорено со ВМРО-ДПМНЕ – нема такво нешто,“ изјави Мицкоски.Изјавата на премиерот следи откако на прес-конференција портпаролот на коалицијата „ВРЕДИ“, Дритон Сулејмани, потврди дека Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер, откако Меџити реши да ја преземе градоначалничката функција во Чаир.Сали беше министер за здравство од 2022 до 2023 година, кога на таа позиција го наследи Венко Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryv0a7b6hcplp80LH24GQ

Мицкоски: Во 21 век зборуваме за елементарни работи, тоа е комично – но мора да се направат

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека состојбата со јавната чистота во Скопје е апсурдна и дека е неверојатно во 21 век да се зборува за теми кои би требало одамна да бидат решени.„Се доведовме во ситуација во 21 век да зборуваме за елементарни работи, тоа делува и комично. Но работи кои мора да се направат, мора да се направат,“ рече Мицкоски, коментирајќи ја акцијата за чистење на градот што ја спроведува Град Скопје.Тој додаде дека е свесен колку чудно звучи кога јавноста слуша изјави за „исчистени контејнери“, но дека тоа е реалноста во која се наоѓа градот.„Навистина делува смешно, ве разбирам. И јас понекогаш би се насмеал на ова што го зборуваме, но се доведовме во ваква ситуација,“ изјави премиерот.Мицкоски го пофали градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за тоа што, како што рече, „во рекордно време ги мобилизирал сите капацитети“, како и општествено одговорните компании што се вклучиле во акцијата за чистење.„Ако ништо друго, можевме да видиме дека контејнерите се чисти и празни,“ додаде тој со иронија, нагласувајќи дека тоа е само почеток на потребните промени.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarys80ub7ej27glaHIc48F

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел соопшти дека имал, како што ја опиша, „пријателска и продуктивна средба“ со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нагласувајќи дека разговорот бил во духот на заемна доверба и поддршка за европскиот пат на Македонија.„Добар ден од Брисел. Само што завршивме со средбата со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта. Првата средба ја имавме точно пред една година кога тој беше избран на оваа функција и од тогаш негуваме пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба,“ изјави Мицкоски.Тој истакна дека повторно било разговарано за приближувањето на земјата кон Европската Унија и формалното отпочнување на преговорите, при што македонската страна ги потврдила „единствените и достоинствени позиции“ кои произлегуваат од досегашното искуство во евроинтегративниот процес. „Сето она што претставува наш приоритет е и приоритет на господинот Кошта,“ рече Мицкоски, наведувајќи дека меѓу темите биле и гасниот интерконектор со Србија, крак од гасоводот кон Косово, како и прашањето со тарифите за извоз на челик и челични производи.Како дел од разговорите, Мицкоски посочи дека бил разгледан и заеднички проект со Европската комисија, поврзан со развојни инвестиции во Кочани и кочанскиот регион, што тој го оцени како стратешки важен за земјата.Премиерот најави дека престојот во Брисел продолжува со настан организиран од „Еуроњуз“, а вечерта ќе има работна вечера со европската комесарка Марта Кос. „Сè на сè, можам да кажам дека беше исклучително успешна средба и сигурен сум во позитивни вести,“ изјави Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-05-12-at-12.28.42

Мицкоски не ја исклучува можноста за нова парламентарна реалност

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва изјави дека се надева на прегрупирање на политичките сили во Парламентот, без притоа директно да потврди дали се подготвува за нови парламентарни избори.„Се надевам дека дел од силите и во Парламентот ќе се прегрупираат во периодот што следи“, изјави Мицкоски, одговарајќи на прашање дали постои можност за распишување предвремени парламентарни избори.Со оваа изјава, премиерот индиректно потврди дека се можни нови политички коалиции или преминување на поединечни пратеници од други партии на страната на ВМРО-ДПМНЕ, со цел обезбедување посилна парламентарна поддршка за владините политики.

Македонија | пред 2 месеци

media-library12hlra29flp64S5gGIm

Мицкоски: Нашиот глас е нашата сила – да ја искористиме достоинствено

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на социјалните мрежи упати порака до граѓаните во рамки на изборниот ден, повикувајќи на масовна и достоинствена излезност.„Денеска го исполнивме нашето демократско право – правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од оваа татковина. Гласот е тивок, но моќен инструмент, и токму затоа ве повикувам сите искрено и масовно да излезете, да застанете зад она во што верувате и да го направите вистинскиот избор,“ порача Мицкоски.Тој нагласи дека ова е ден кога народот зборува, кога секој граѓанин има „еднаква тежина, еднаква чест и еднаква одговорност“.„Нашиот глас е нашата сила – да ја искористиме достоинствено!“, додаде премиерот.

Македонија | пред 2 месеци

media-library6cjc5a7usjmb0uXWeD5

Мицкоски со порака до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за катарзата и реформите во СДСМ да почнат

Митко Костадиновски е човек којшто си ја сака и се бори за проект повеќе за Виница, човек голем патриот и кој длабоко во себе ја сака својата татковина Македонија. Како претседател на Владата ќе ја има мојата недвосмислена поддршка да реализира проекти за општина Виница и убеден сум дека заедно со Владата сите проекти кои се дел од програмата ќе бидат реализирани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот мини митинг во Виница во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.Мицкоски ја искористи приликата и од настанот во Виница им се заблагодари на граѓаните на Виница и пошироко на цела Македонија што излегоа на избори и дадоа масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со заокружување на број 9.Исто така, Мицкоски упати повик до сите оние коишто во првиот круг останаа дома и коишто не гласаа, мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков пркос, ќе испратат некаква порака којашто, никој не ја препознава, да излезат масовно на гласање и да го искористат своето граѓанско право на избор.„Денеска сме сведоци како дел од нашите граѓани коишто се на привремена работа надвор од Македонија, најчесто во западно европските земји доаѓаат во општина Брвеница, во општина Кичево мислејќи дека на тој начин ќе помогнат да двајца кандидати коишто се во тие општини ќе станат и градоначалници. Нема да успеат, но сепак, сите оние коишто во Виница одлучија во првиот круг да останата дома и кои се двоумат дали во вториот круг треба да излезат и да гласаат, ова нека им биде патоказ како треба да се брани својот интерес. А нашиот интерес, овде во Виница, пред сè и над се да имаме голема излезност и се разбира дека при една таква голема излезност бројот 9 ќе биде масовно поддржан. Не дозволувајте некој друг да ја креира вашата иднина седејќи дома, зошто тие што ќе излезат на овие избори имаат право да ја моделираат иднината на Виница и на Македонија. Со седење дома и до покажување некој револт или пркос ништо нема да се добие. Затоа излезете и гласајте, затоа што на тој начин вие сте суверен на вашата иднина, никој друг нема да мисли подобро отколку што вие мислите за вашата иднина“, истакна Мицкоски.Мицкоски испрати порака и до поддржувачите и симпатизери на СДСМ на изборите во недела да го заокружат бројот 9 за да почне катарзата и реформите во партијата и да не да го легитимираат ова партиско раководство кое СДСМ ја доведе во фаза на исчезнување.„Знам дека не ви е пријатно и се чувствувате разочарани кога гледате како некогаш големата СДСМ едвај ја поминува границата од стотина илјади гласови, знам дека ви е тешко ова да го гледате. Но, на овие избори кога ќе бидете позади параванот, со гласачкото ливче пред вас и со пенкалото во рака имате две опции. Едната опција е да го поддржите против кандидатот на Митко, којшто доаѓа од СДСМ и на тој начин да го легитимирате ова партиско раководство кое не ја донесе СДСМ под биолошкиот минимум, туку буквално ја донесе СДСМ во фаза на исчезнување. И втората опција која е пред вас е да го поддржите Митко и бројот 9 и на тој начин да отпочне процес на внатрешна катарза, на внатрешна реформа во рамките на СДСМ. Бидејќи, верувајте, и 61 пратеник во Парламентот и 60 градоначалници и апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутна дисциплина што до сега е невидена на политичката сцена во Македонија, имаат потреба од силна и политички стабилна СДСМ“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryudi6sostfgeodWCtxte

Мицкоски: Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно и чесно, Орце Ѓорѓиевски е човекот кој ќе воведе ред, чистота, култура

Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно, вреден борец, посветен, човечен, личност која ќе направи да се гордееме сите, но и кој е свесен дека резултатите и испорачаните проекти се обврска, исто како и довербата, и дека погледите во него по изборите се вперени со двоен диоптер и многу цилиндри и ќе му се прати секој чекор и ќе се очекуваат брзи дејствија и резултати од него. Драги скопјани, токму овој човек, вашиот човек за главниот град, Орце Ѓорѓиевски, е доказ дека можат да се направат промени кога некој работи со срце, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Скопје во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.Мицкоски посочи дека Ѓорѓиевски е човек што не ветува без да е сигурен дека може да исполни, и кој испорачува за граѓаните.„И кога гледам што Орце направил за Кисела Вода, знам дека истиот дух, истата енергија и иста совесност ќе ја донесе во Скопје. И Скопје ќе влезе во една нова фаза на предвидливост и извршување на обврските. Орце е сериозен, приземен, прилично методичен карактер. Тој ќе го направи Скопје повторно да живее слободно и да дише слободно. Град каде што јавниот превоз нема да е изговор и да се прекршува врз суети и изговори, туку систем каде што пешачките премини значат безбедност, а не се руски рулет, каде што отпадот е ресурс, а не срам и загаденост“, рече Мицкоски.Додаде дека Скопје бара управување, не експеримент и за Орце, Скопје е мрежа на животи и сега му треба вашиот јасен мандат за Скопје да стане град на ред, чистота, култура, лесно движење, рамно развиени општини и чесна локална економија.Мицкоски исто така ги повика граѓаните да гласаат и за Сотир Лукровски во Карпош, за Дејан Митевски во Аеродром, за Ерџан Демири во Шуто Оризари, како и за Зоран Бајовски кој е во натпревар за прв човек за блиската општина до Скопје, Чучер Сандево.„Ова е вистински избор. Затоа што е избор за секој ден, не само за изборен ден. Ова е избор за твој човек, човек што работи и кога нема камери. Ова е твоето место, град во кој не си гостин. Ова е за твојата иднина, да останат и децата, и соништата“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања