МИЦКОСКИ

media-librarytsp7eooo6lp17jhAV5s

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, Кичево да биде симбол на соживот, а не на поделби

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг од пред платото на Филхармонија, се осврна и на Кичево, и кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, Кичево се наоѓа пред историска можност да избере градоначалник кој ќе ја промовира инклузивноста и соживотот меѓу сите.  Мицкоски рече дека овој избор не е прашање на етничка припадност, туку на вредности и посветеност на сите жители на Кичево со цел градот да стане симбол на единство, прогрес и историска победа за сите.,,Дваесет години таму немало градоначалник што ја носи нашата програма, нашите вредности, немало човек кој гледа за сите, туку гледал само самиот за себе си. Дваесет години градот беше под управување, кое често ги делеше луѓето по вера, народност или партија“, вели Мицкоски.Мицкоски повика на единство меѓу сите заедници во Кичево, апелирајќи до Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите и Бошњаците.,,Вечерва испраќам од овде од Скопје порака до сите кичевчани  и Македонци, и Албанци, и Турци, и Власи, и Роми, Срби, Бошњаци. Излезете во недела и гласајте за човекот што ќе биде градоначалник на сите! Да се обединиме околу идејата дека Кичево може да биде симбол на соживот, а не на поделби. Да ја направиме историјата вистина, првпат по две децении, Кичево да има градоначалник кој не прашува „чиј си“, туку „што можеме да направиме заедно“, додаде Мицкоски.Тој истакна дека оваа победа ќе биде заедничка за сите граѓани на Кичево и дека Владата ќе го поддржува Кичево во напорите да го подобри животот на сите жители, и додаде дека оваа промена не е прашање на етничка припадност, туку на човечка посветеност.,,Тоа ќе е заедничка историска победа на сите граѓани на Кичево, а ние како Влада ќе го помагаме Кичево максимално, во свои напори да го подобри животот на сите негови граѓани. И тука нема етничка приказна, туку сосема човечка димензија. Ова не е повик за етничко гласање туку за гласање за човек, за човек Македонец со сопруга Албанка, кои се пример за вредности и сила, човек кој ќе работи за сите, за своите кичевчани, ќе биде градоначалник буквално за сите и за Македонците, и за Албанците, ќе ги помага и ќе биде коректен, и за Турците, Ромите, Власите, Бошњаците. Со сите кои таму живеат без разлика на партија, етникум и верска определба. Тој е човек и ќе работи за Кичево“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library96a8okdefqe1bwu7fdx

Мицкоски: Следи период на реализација на 70 нови проекти во различни области, нова развојна фаза на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на Филхармонија каде што истакна дека  следува период на реализација на 70 нови проекти во различни области како образование, здравство, земјоделие, култура, проекти кои ќе значат нова развојна фаза на Македонија.„Нашата задача не е едноставна. Не само заради ситуацијата која ја наследивме, туку таа е многу поголема. Нашата цел не е само политичка победа, туку обновување на вербата дека Македонија може и мора да биде подобра земја. И иако оди потешко од што мислевме, сепак основите ги поставивме. Не можевме веднаш да почнеме со екстремно позитивни резултати, моравме прво да ги направиме темели. Некои мислеа дека тоа ќе оди преку ноќ. Но, темел не се прави од муабет, туку од пот и многу поминати часови на средби, планирања, анализи, патувања, размена на мислења и одлуки.И токму затоа денес можам да кажам: темелот е поставен. Сега по изборите, почнува буквално фаза на жестока работа  и големи резултати. Во наредниот период ќе почнеме со повеќе од 70 нови проекти, во инфраструктура, енергетика, здравство, образование, земјоделие, култура, технологија, правда и други области. Ќе има конкретни чекори: нови училишта, модерни болници, мерки за чист воздух, дигитална администрација и инвестиции што ќе треба да донесат достоинствени плати,“ истакна Мицкоски.Мицкоски најави серија конкретни мерки кои ќе го подобрат животот на луѓето, ќе ја зацврстат економијата и ќе донесат подобро во секој дом.„Во наредниот период, покрај проектите што ги најавивме, започнуваме со серија на конкретни мерки, кои ќе го подобрат животот на луѓето, ќе ја зацврстат економијата и ќе донесат подобро во секој дом. Овие мерки не се само лист хартија, туку планови што ќе го променат животот на луѓето. Да, животот е скап. Да, секој ден е борба со сметки, со гориво, со кирија. Но нема да чекаме да се намалат цените сами од себе. Ќе создадеме услови, за повеќе пари во џебот, за поевтино живеење, за повеќе можности. Мора да ја направиме државата сојузник на граѓаните, а не непријателски систем кој е трул и ги предизвикува да се иселуваат. Ниту еден млад човек нема да биде оставен без шанса за дом. Ниту една мајка нема да мора да избере меѓу кариера и семејство. Ниту еден бизнис нема да пропадне затоа што државата му стои на пат. Тоа е вистинската промена. Ова не е фантазија, ова е план. И како што рекол Ајзенхауер: „Планот е ништо, но планирањето е сè.“ Затоа ќе го градиме системот што во иднина ќе функционира без оглед на тоа кој е на власт, долгорочно и со коренити промени, затоа што државата не е ничија приватна фирма, туку наш заеднички дом,“ нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynl5fcil6p00qbXzItp9

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево за вредностите кои ги застапува Александар

После вториот круг очекувам 59 градоначалници да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ја заокружиме највисоката бројка во историјата на демократската Македонија, по бројот на градоначалници, којашто некогаш се случила. И ако на тоа се додаде и извесната победа на Орце Ѓорѓиевски за град Скопје, којшто води 3:1 после првиот круг во однос на неговиот противкандидат, тогаш заокружуваме бројка од 60 градоначалници коишто ќе дојдат од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и главниот град, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот мини митинг во Кичево во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори на 2 ноември во недела.Мицкоски се осврна и на победата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за листите на советници во 58 општини, каде што оствари убедлива победа и освоија мнозинство во советите.Додаде дека не беше лесно, туку дека беше тешко но единството и поддршката на граѓаните покажа дека може да се совлада и помногуброен противник, зошто кога сме сплотени и обединети како едно, сме посилни и можеме да совладаме многу побројни и поголеми противници.„Затоа е многу важно на 2 ноември во недела да се обединиме овде во Кичево, без разлика на нашите различности, без разлика дали тие различности се етнички, верски или политички. Многу е важно да бидеме како едно, да се обединиме околу вредностите коишто ги споделуваме, да се обединиме околу цивилизацијата којашто ја застапуваме. Затоа што јас сум убеден дека против кандидатот на Александар не ги споделува нашите вредности, не ја споделува нашата цивилизација. И секој оној којшто ќе го земе пенкалото во рака и ќе застане позади гласачката кутија, со гласачкиот лист пред него, нека го слуша својот разум и своето срце и нека гледа длабоко во својата душа, од таму ќе извира бројот 9. И нека го заокружи бројот 9, нека заокружи за Александар“, повика претседателот Мицкоски во недела масовно да се гласа за кандидатот ан ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски.Понатаму додаде, секој оној кој ќе биде исправен пред предизвикот дали да го поддржи Александар или неговиот против кандидат, нека се присети на вредностите кои ги застапува Александар и вредностите кои ги застапува неговиот против кандидат.„Дали вие сакате да живеете во средина во којашто ќе владеат криминалот, блуд, разврат и уцени? Дали сакате Кичево да биде домаќин на блуд, разврат, криминал и уцени? Заборавете на етничката припадност, сетете се на вашите ќерки, на вашите внуки, дека некоја од нив може да биде жртва на овој човек. Затоа, кога ќе го имате пенкалото во рака, верувајте во вредности, не во басни, не во приказни. Заборавете на нешто што некој ви кажува дека се случило пред 4, 5, 6 децении, верувајте на оние коишто ви кажуваат што ќе се случува за четири, пет децении од денес. Заборавете на оние романтични приказни што некој ви ги кажува за некое измислено минато коешто никогаш не се случило. Верувајте на иднината којашто сите ние заедно Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати ќе ја градиме. Тоа е иднината на Македонија“, упати Мицкоски обединувачка порака и повик до сите етнички заедници.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7fdfscc4711sfst3TV9

Мицкоски: Во недела масовно да излеземе на избори, да го заокружиме бројот 9 за Тони Тоневски и за развој на Пробиштип, седењето дома е најлошата опција

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг, против кандидати на нашите кандидати се откажаа, што значи дека сега веќе се 35 градоначалници и во уште 24 општини сме во вториот круг. Во недела ќе се одлучува кој ќе биде градоначалник во тие 24 општини. Во 6 од тие 26 општини сме второпласирани, со тенденција и со голема шанса, бидејќи разликата е премногу мала, да бидеме првопласирани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот мини митинг во Пробиштип во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.Мицкоски изрази убедување дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, после овие локални избори ќе има 59 градоначалници.„Истовремено, дозволете ми да информирам дека во 58 општини советничките листи ан коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победија и имаат убедливо мнозинство во Советот. Кога на сето тоа ќе се додаде и резултатот во Градот Скопје, односно убедливото водство на идниот градоначалник на Градот Скопје, Орце Ѓорѓиевски, 90 илјади наспроти 30 илјади, отприлика нешто повеќе од 3 спрема 1, очекуваме во вториот круг таа бројка да дојде до 120 можеби 125 илјади гласа. И убедливата победа на советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, доаѓаме до фантастична бројка од 60 општини во кои што се состои и Градот Скопје, нешто што до сега на ниту една политичка коалиција во независна Македонија не и се случило“, истакна Мицкоски.Втората крупна политичка порака, вели Мицкоски, која сакам денес од Пробиштип да ја испратам, е дека конечно, партијата која повеќе од 20 години беше дел од сите влади во Македонија, Демократската унија за интеграција, на овие локални избори е поразена.„Ние велевме на парламентарните избори пред година и половина ги развластивме и дека ќе дојде време, кога на локалните избори, тие ќе бидат поразени. И тие практично се поразени на овие локални избори“, рече Мицкоски.Додаде дека во вториот круг имаме три опции, од кои првата е да се гласа за коалицијата која ја претставува ВМРО-ДПМНЕ, која е победничката коалиција, додека втората опција е поранешната владина коалиција предводена од СДСМ, која е опција која не враќа назад во времето и која ја ограбуваше, понижуваше и распродаваше Македонија.„И третата опција, по мене, најкатастрофални е да останеме дома и да не излеземе на изборите и да дозволиме некој друг да одлучува во наше име“, дециден беше Мицкоски додавајќи дека со седењето дома никој не се казнува, туку со тоа се казнуваат самите граѓани кои не излегле на гласање.Затоа, Мицкоски ги повика граѓаните на Пробиштип, но и на цела Македонија во недела на 2 ноември да излезат на гласање што е можно помасовно и да го дадат својот глас онака како што тие мислат дека е најдобро.„Но, убеден сум дека кога ќе застанете позади параванот, со пенкалото во рака и со гласачкото ливче пред вас, ако го слушате разумот и вашето срце, и длабоко погледате во вашата душа, ќе видите и ќе препознаете дека таму извира бројот 9 и името на Тони Тоневски. И јас сум убеден дека тоа ќе биде вашата опција за следните четири години“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-38-6720PM

За Мицкоски локацијата на болницата „8-ми Септември“ е идеална за нов Клинички центар

Повторно се актуелизира прашањето за нов клиничкк центар. Локацијата на ГОБ „8 Септември“ на премиерот Христијан Мицкоски му изгледа како одлична за нов клинички центар бидејќи има три булевари, гасна поврзаност, сепак последниот збор ги остава да го кажат експертите.Премиерот чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за болниците во Штип, Тетово и во Кичево, а веднаш потоа како следен чекор најави дека со партнерите од Обединетото Кралство ќе работат на нов клинички центар во Скопје.„Чекор по чекор. Сега првин да завршат локалните избори, па да се распише јавен повик за финансиски институции за болниците, кои се поврзани со договорот влада со влада со Обединетото Кралство. Да заживее тоа, па следно е големиот клинички центар. Инаку, навистина овде изгледа како одлична можност, одлична локација – три булевари, гасна поврзаност, сообраќајна поврзаност”, рече премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарски прашања по посетата на болницата „8 Септември“, во која почна да функционира хибербарната комора за третман на хронични рани, дијабетично стапало, изгореници, како и поддршка за пациенти од пластична хирургија, пулмологија, а ќе функционира и како поддршка за спортисти.Премиерот Мицкоски ги повика експертите и Министерството за здравство да направат анализи за новиот клинички центар во Скопје за потоа Владата да излезе со конкретен став.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко, изјави:„Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа вест, вадат во јавноста комплетна невистина. Многу пати во минатото ние сме го кажале нашиот став за Рамиз Мерко, така што, ете оставам на тој начин да прават и креираат сензација, иначе апсолутно е неточно“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylt6g86b08qpp650qm0h

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес се обрати од маалската средба која се одржа во општина Карпош. Мицкоски зборуваше за акутелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, навраќајќи се неколку години назад и раскажа што се случувало.„Никогаш не сум зборувал порано каде ни се разотидоа патиштата со Стевче Јакимовски кој беше дел од нашата коалиција, но мислам дека денес е добра можност да кажам некоја реченица за тоа. Ќе се вратам на таа 2021 година, пред 4 години, после прв круг на локалните избори дојде ненајавен исплашен во паника и нормално го примив, велам што е работата Стевче, вели те молам ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка. Јас го гледам и велам немој, непријатно ми е, сепак си човек во години не ти личи вакви работи, те молам седни на столчето, дај напиј се вода, ќе разговараме, да видиме како можеме да помогнеме, сепак сме коалиција, ние првиот круг победивме. Не, те молам пак ќе клекнам, што треба ќе направам, само да ме поддржите, вели народ може да те оправда, да те обели. Само народ може да ме обели да победам на избори и ништо не ми треба после. Велам Стевчо, имам едно барање до тебе сè друго те разбирам само те молам да нема бетонизација за Карпош, уморни се карпошани. Вели не ме интересира ништо само народ да ме обели. Заврши состанокот се вклучивме целото раководство во кампања, тој стана градоначалник. Поминаа неколку дена отидов да му честитам и ми вели дојди да ти покажам, една голема маса, кој била знае ги наредил сите детални урбанистички планови, 30 на ред и вика бирај, што да бирам му викам, па кои се за тебе. Чекај Стевчо, нели беше кај мене во кабинет нели молеше да те поддржиме да застанеме зад тебе нели рековме нема бетонизација. А вика не тоа, јас морам да живеам од нешто. Го погледнав, само му се заблагодарив, не му велам, благодарам за ова од мене немаш поддршка и со заминав“ истакна Мицкоски.Мицкоски на крај кажа за каква личност станува збор опишувајќи го актуелниот градоначалник на Карпош.„После тоа разочаран, бидејќи истото тоа го потврдија и нашите советници во советот му кажаа не благодарам, почна да го напаѓа мојот родител, па потоа мојата сопруга, па да го навредува мојот постар син за да на крај се скара и со помалиот син. Ете за таква личност станува збор. Сакав ова да го кажам за да знаат карпошани со кого имаат работа. Но времето на овој итрец завршува. Сакам да ги потсетам карпошани дека станува збор за човек кој се наоѓа на црната листа на САД за криминал. Затоа ве повикувам на 2 ноември и масовно да гласаме за Сотир да го заокружиме бројот 9“ истакна Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library0g0nlu9615ph9USSMi3

Мицкоски : На 2 ноевмри гласајте за број 9 за крај на бетонизацијата и за вистински развој

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на мини митингот во Карпош, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски од Карпош зборуваше како човек кој го поминал својот живот низ улиците во Карпош со карпошани и повика граѓаните на 2 ноември да гласаат за број 9 за крај на бетонизацијата, за развој и напредок.„Денес сум овде како човек кој го поминал својот живот тука во овие улици тука низ Карпош, како карпошанец и како таков сакам да кажам неколку работи коишто сметам дека се важни да се кажат. На овие локални избори народот јасно и гласно кажа која партија ја има довербата. После првиот круг ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија 33 градоначалници плус кандидатите кои се во втор круг како првопласирани и 6 како второпласирани, тогаш доаѓаме до бројка од 59 општини. Во 58 општини коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и има мнозинство во советите. Ако на тоа се додаде и огромната предност која ја има Орце во однос на неговиот противкандидат којшто вчера видовте како на медиум јавно избегна да каже дали ќе ги поддржи кандидатите во Брвеница и Кичево на ВМРО-ДПМНЕ, тоа треба да се запомни, ние знаеме, но добро е скопјани да запомнат со какви измамници имаат работа. Затоа што еднаш измамник цел живот измамник. Честа се стекнува на улица и таму се учат работи кои во училиште не можеш да ги научиш, а меѓу нив е и честа и таа се брани на улица, но овој човек не само што не ја има таа чест туку тој има од кого да учи од неговиот ментор претседателот на таа политичка партија за која одамна вие знаете за каков измамник станува збор, тие луѓе ја изгубија својата чест и ја немаат“ нагласи Мицкоски.Мицкоски од Карпош повика на масовна излезеност и поддршка за број 9, за Сотир Лукровски и Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Скопје„Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје убедливо победи во однос на сите други советнички листи, што значи имаме вкупно 60 општини во кои ВМРО-ДПМНЕ победи на овие локални избори во првиот круг. Јас сум убеден дека и после вториот круг ќе имаме 59 градоначалници плус Градот Скопје“ истакна Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните на 2 ноември да гласаат за број 9 и Сотир Лукровски во Карпош, за развој и напредок.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarym4fg7d7bg45tcKxE2pG

Мицкоски: Секој кој ја добил довербата на граѓаните, и кој работи напорно, чесно, трудољубиво, е денешниот современ патриот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во општина Дојран, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември годинава. Мицкоски зборуваше за случувањата за време на изборната кампања и за тоа што следува во наредниот период. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ  е партија која легитимитетот го црпи од граѓаните, а како што вели, секој оној кој ја добил довербата од народот и работи чесно и трудољубиво е денешниот современ патриот, илинденец и асномец.,,Нема да биде лесно, ќе биде тешко, не памтиме ние лесни времиња, во суштина, многу предизвици, затоа сме ние да ги решаваме тие предизвици, не да лелекаме, не да кукаме, затоа е ВМРО-ДПМНЕ, затоа е оваа коалиција која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, да ги решава проблемите“, рече Мицкоски.Мицкоски истакна дека довербата која граѓаните ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за овие локални избори, во првиот круг од истите, е од историски размери.,,На овие локални избори, граѓаните дадоа доверба, а коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во историски размери, како никогаш до сега. Јас сум убеден дека на овие 33 градоначалници, кои што се избрани во првиот круг, ако се додадат овие нови два, бидејќи противниците се откажаа, веќе се 35 убеден сум, дека на овие 35 ќе се додадат и преостанатите 24 и бројката ќе биде 59“, кажа Мицкоски.ВМРО-ДПМНЕ е партија која легитимитетот го добива од граѓаните, и како што вели Мицкоски, таа доверба нема да се изневери и само ќе се надградува.,,ВМРО-ДПМНЕ  е партија која што својот легитимитет го добива, тој легитимитет извира од граѓаните. И ние со нашето работење нема никогаш да дозволиме таа доверба да ја прокоцкаме, таа ја доверба да ја изневериме, туку напротив ќе се трудиме со нашето работење да покажеме и докажеме дека сме ја заслужиле таа доверба и дека само ќе ја надградуваме“, истакна Мицкоски.Мицкоски посочи оние, кои според него, работат искрено, чесно и трудољубиво да ја оправдаат довербата кој граѓаните им ја даваат се денешните современи патриоти, асномци и илинденци, а не тие кои се кријат зад црни кампањи и ад хоминем напади.,,Секој оној, кој што добил можност, ја добил довербата на граѓаните, и кој што работи напорно, чесно, трудољубиво, којшто е вреден, којшто не се однесува надмено, туку напротив, се однесува понизно, кон граѓаните кон народот, кој што го избрал, е денешниот современ  патриот, е денешниот  гемиџија, е денешниот илинденец, асномец“, рече Мицкоски и додаде:,,Не оној кој што седи зад статусите и се крие со лажни имиња, кој што навредува кој што лаже, кој што води црни кампањи, кој што напаѓа ад хоминем, со ниски страсти, тие не се патриоти тие се измамници“.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycu3jqpnduu0a4WoRjlQ

Мицкоски: Важно е да излезете да гласате, ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобро утре на секој еден граѓанин, гласајте за 9

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во Конче, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски во својот говор се заблагодари за поддршката во првиот круг каде 33 општини избраа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти 3 од СДСМ и ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат на 2 ноември со заокружување на бројот 9.„Како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција сакам да потенцирам и да биде јасно дека ќе се бориме за секој еден човек и дека никој нема да оставиме, дека нашата амбиција на овие избори е да имаме 59 градоначалнички места“, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека на овие избори има три опции. Првата е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, втората е опцијата за оние кои 7 години ја ограбуваа и уништуваа државата и третата опција која според Мицкоски е најлоша да останат гласачите дома или да го направат ливчето неважечко и затоа ги повика граѓаните да излезат и да одлучат за нивната иднина.„Вие сте тие на кои ви должиме се, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, доаѓа од народот и затоа поддршката од народот нас ни е најважна кога велам најважна за да ги совладаме предизвиците дома за да победиме и во Конче за да имаме повисока цена на тутунот за да имаме повисока цена на пиперките за да имаме подобар живот, услови но истовремено вашата доверба ја прават нашата позиција многу посилна надвор. Затоа што не е доволно само да победувате дома ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија, организација, и ја има честа да ги штити националните интереси на македонскиот народ. Затоа ни е потребна таа поддршка за да можеме да победуваме како што победуваме во Лондон во Рим, Брисел и насекаде во светот, без тоа се плашам дека ќе се вратиме во времето од пред 2 години кога беше друга влада која имаше две цели како да се наплати во политиката на грбот на народот, која брутално ги ограбуваше македонските граѓани и влада која не бираше средства како да го распродава националниот интерес и како да ја распродава Македонија, тоа беа 7 години, затоа ни е потребна вашата поддршка за да не се случува тоа што се случуваше. Затоа да излеземе и на 2 ноември да гласаме за број 9“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

mickoski-medziti

ВЛЕН ќе го подржи ДУИ во Кичево, Мицкоски со порака до Касами:Коалиции се градат со вредности, не со етнички поделби и шовинизм

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премир, Христијан Мицкоски, осстро реагираше на изјавата на лидерот на коалицискиот партнер Беса од „Влен“, Билал Касами. Тој во интервју за албанската телевизија Сири најави дека во вториот круг од локалните избори во Кичево ќе го поддржат кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, а не кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски кои влегова во вториот круг.„Сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката, нека го видат и нека научат од примерот на падот на ДУИ, ќе разберат на што мислам. Тоа е добра лекција и за други политичари на македонската политичка сцена, кои мора да разберат дека за да бидеме коалициони партенери треба да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички процедурални разлики“, изјави Мицкоски, во денешното обраќање на настанот по повод Денот на македонската револуционерна борба.Според Мицкоски, луѓето не треба да се третираат како контингенти гласови, туку како граѓани со свои судбини и убедувања.„Ниту еден од нас нема гласови во џеб. Поддршката се гради со обединување околу вредности, а не низ призмата на етничка припадност. Во тој контекст, треба да се прифати дека поедини градоначалници станаа градоначалници поради волјата и поддршката на Македонците, која не треба да си дозволат да ја изневерат. Секој чекор има акција и реакција, а јас секогаш ќе се однесувам така како што е најдобро за граѓаните и државата“, рече Мицкоски.Касами пак рече дека по испаѓањето на кандидатот на „Влен“ во првиот круг во Кичево, природно е албанските гласови да одат кон ДУИ, претставувајќи го тоа како национално мобилизирање, а не коалициско.ВМРО-ДПМНЕ во Тетово не истакна свој кандидат и го подржа Касами како кандидат на „Влен“ за градоначалник во Тетово.ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа и кандидатите на „Влен“ во Чаир, Сарај и Струга.„Понекогаш додека ги реализиравме овие стратешки цели крваревме како ВМРО-ДПМНЕ и поднесовме жртва. Не беше лесно, многу ми беше тешко кога ги гледам нашите сопартијци од Тетово, Гостивар, од Струга, Чаир, Дебар и за тоа плативме цена и за тоа има жртва. И ние не бараме ништо, не бараме за возврат ништо затоа што имаме цел, ние бараме почит за жртвата којашто сме ја дале за друг, не ја добивме и тоа нема да го заборавиме“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo9n706kclgnhaqR9JZM

Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  денешниот настан одржан во Чучер Сандево, во рамки  на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски во својот говор ги повика граѓаните во вториот круг да излезат на гласање, да учествуваат во креирањето на политиките и да го заокружат бројот 9.“Би сакал да упатам неколку политички пораки за да можат граѓаните самите да донесат заклучок и одлука по кој пат ќе ја водиме државата, дали ќе ја водиме државата по патот којшто го нуди коалицијата ВМРО-ДПМНЕ или ќе се вратиме на патот којшто го гледавме 7 години, тоа бешe сосема поинаква коалиција предводена од СДСМ и ДУИ или пак третата група ќе останеме дома па ќе видиме каде ќе не води бранот ние заедно со бранот и ќе немаме можност да одлучуваме, што сметам дека е најпогрешната опција. Затоа што ако се остане дома и не се излезе на избори и не се гласа по сопствено убедување тогаш вие дозволувате друг да одлучува за вас и за вашата општина и насоката во која ќе оди државата. Мојата молба до сите жители на Чучер Сандево и генерално до сите граѓани во Македонија е да излезат првично на овие избори првиот круг таму каде што ќе се гласа и да гласаат по сопствено убедување“ нагласи Мицкоски.Мицкоски ги повика функционерите постојано да бидат достапни на граѓаните и да испорачаат резултати.„Втора работа која сакам да ја кажам е дека на овие избори во првиот круг се донесе одлука за 33 градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа е бројка која е импресивна и уште во 26 општини ВМРО-ДПМНЕ се или на прво место или на второ што значи 59 општини плус Градот Скопје тоа претставува историски резултат политички но и голема обврска во смисла дека очекувањата на граѓаните се големи. Ние сме народна партија, партија која што треба да биде слуга на граѓаните на народот. Тоа значи дека нема одмор и треба да се работи секој ден во неделата бидејќи имаме многу да сработиме нема работно време се почнува рано се завршува доцна секогаш треба градоначалникот да биде достапен. Секој од избраните од народот функционери треба да биде достапен и секогаш да одговара на потребите на граѓаните. Тоа е втората порака која сакам да ја упатам“ кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3r08te71nhftclSMcYi

Мицкоски до СДСМ: Предвремени избори се непотребни, но внимавајте што посакувате, може ќе ви се исполни

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба говореше и за актуелни политички теми.Во врска со локалните избори, тој истакна дека резултатите од првиот круг, според бројот на освоени градоначалнички и советнички места го потврдија водството и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Според него, тоа покажува дека народот има надеж и очекувања што партијата нема да ги изневери.Од друга страна, опозицијата, како што рече, доживеала историски дебакл и сега се охрабрува со нереални пресметки за пратенички места.„На опозицијата ќе и оставаме време да се консолидира и да размисли дали ќе се осмели да оди на предвремени избори, кои да бидам директен јас не ги посакувам и сметам дека се непотребни и дека е време за резултати и голема офанзива на секој план. Но нивната весела математика и оваа упорност со надмудрување и создавање на вештачки теми и блефови треба да добие соодветен одговор. Затоа нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат, може и да им се оствари“, рече Мицкоски.Во врска си уставните измени, рече дека главното прашање што се наметнува е: што добиваме ние од тоа, и дали конечно е ова крајот?Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да попушти кога се во прашање интересите за македонскиот идентитет и државата.Мицкоски рече дека опозицијата е подготвена да прифати и да отстапи повеќе и дека токму преку таквите отстапки се обидува да остане дел од политичкиот живот, без да размислува за долгорочната штета по државата и идните генерации. Мицкоски нагласи дека единствената пречка за реализирање на таквите намери е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи, која, според него, ќе продолжи да се спротивставува на сите обиди за загрозување на македонскиот идентитет и државност.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrqrpsv0i0ecudaRrxMG

Стармер открива што била целта на состанокот со Мицкоски: Ги собрав лидерите за да го решиме проблемот со мигрантите

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, на социјалните медиуми напиша за што се разговарало на средбата со премиерот Христијан Мицкоски и која е целта на овие средби и состаноци кои британската Влада ги има со лидерите од регионот.Тој открива дека главната тема биле мигрантите.„Низ Западен Балкан има криминален автопат, кој ги води нелегалните мигранти директно во Велика Британија.Нашата задача е да го затвориме и да ги разбиеме организираните шверцерски банди што го водат. Денес ги обединувам земјите за да се справат со овој заеднички предизвик”, напиша Стармер.Во објавата на Мицкоски никаде не се споменува зборот мигранти иако неговиот британски колега на Х објави дека тоа било главната и единствена тема.„На средбата разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на Обединетото Кралство на земјите од регионот”, стои во објавата од Мицкоски.Вчера пак тиражниот британски Тајмс објави дека Македонија е една од државите од кои Стармер бара да изградат мигрантски центри но и дека македонскиот премиер одбил да даде интервју.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryu5lnu14bk5hvanoOYcI

Мицкоски: Следи инвестиција од американско-британска компанија во наменската воена индустрија во Македонија во висина до 150 милиони долари која ќе донесе 1000 нови работни места

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  вечерашниот завршен митинг одржан во општина Охрид, во рамки на изборната кампања  под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакнувајќи дека е наследена лоша состојба во Македонија која од ден на ден се менува, за подобра иднина на сите граѓани, притоа посочи дека по изборите ќе следи длабока реформа во судството и обвинителството, институции кои се тесно поврзани со неправдите и заштитата на криминалот и ресет на системот без поделби и влијанија.„Би сакал да знаете дека состојбата која ја затекнавме беше повеќе од катастрофална, може слободно да се каже дека почнавме буквално од самите темели на државата. Работиме секој ден и секој час за да ја извадиме државата на вистинскиот пат. И не сум човек што избрзува, ниту пак брзо лета во облаци, туку ви велам — ова што сега го правиме, создаваме основа за нешто што ќе се гради десетина години. Ви говорам за периодот по изборите, каде ќе треба да влезе голема лопата најпрвин во судството и обвинителството, каде е сраснато со неправдите и штитењето на криминалот. Еден ресет на системот, без партиска или било каква поделба“, вели Мицкоски.Мицкоски ја посочи економијата и заштитата на животниот стандард како втора област во која ќе се вложува, со што ја објави новата инвестиција од 150 милиони долари која ќе донесе 1000 нови вработувања во Македонија за подобар живот на сите граѓани и раст и развој на економијата.„Воедно сакам да ви кажам дека втората област каде непрестајно ќе продолжиме да работиме за борбата за заштита на животниот стандард и економијата. Следната година ќе биде исто така година на економија и повеќе пари и повисок стандард за секого. Би сакал да кажам една убава вест којашто мислам дека ќе ги израдува македонските граѓани, започнуваме со еден нов циклус на инвестиции, во завршни преговори сме со американско-британска компанија којашто ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1000 работни места  и ова е само почеток. Очекуваме во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од 1 милијарда долари“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања