МИЦКОСКИ

media-libraryu5lnu14bk5hvanoOYcI

Мицкоски: Следи инвестиција од американско-британска компанија во наменската воена индустрија во Македонија во висина до 150 милиони долари која ќе донесе 1000 нови работни места

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  вечерашниот завршен митинг одржан во општина Охрид, во рамки на изборната кампања  под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакнувајќи дека е наследена лоша состојба во Македонија која од ден на ден се менува, за подобра иднина на сите граѓани, притоа посочи дека по изборите ќе следи длабока реформа во судството и обвинителството, институции кои се тесно поврзани со неправдите и заштитата на криминалот и ресет на системот без поделби и влијанија.„Би сакал да знаете дека состојбата која ја затекнавме беше повеќе од катастрофална, може слободно да се каже дека почнавме буквално од самите темели на државата. Работиме секој ден и секој час за да ја извадиме државата на вистинскиот пат. И не сум човек што избрзува, ниту пак брзо лета во облаци, туку ви велам — ова што сега го правиме, создаваме основа за нешто што ќе се гради десетина години. Ви говорам за периодот по изборите, каде ќе треба да влезе голема лопата најпрвин во судството и обвинителството, каде е сраснато со неправдите и штитењето на криминалот. Еден ресет на системот, без партиска или било каква поделба“, вели Мицкоски.Мицкоски ја посочи економијата и заштитата на животниот стандард како втора област во која ќе се вложува, со што ја објави новата инвестиција од 150 милиони долари која ќе донесе 1000 нови вработувања во Македонија за подобар живот на сите граѓани и раст и развој на економијата.„Воедно сакам да ви кажам дека втората област каде непрестајно ќе продолжиме да работиме за борбата за заштита на животниот стандард и економијата. Следната година ќе биде исто така година на економија и повеќе пари и повисок стандард за секого. Би сакал да кажам една убава вест којашто мислам дека ќе ги израдува македонските граѓани, започнуваме со еден нов циклус на инвестиции, во завршни преговори сме со американско-британска компанија којашто ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1000 работни места  и ова е само почеток. Очекуваме во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од 1 милијарда долари“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryed42a0693cnfcp8YCsN

Мицкоски: СДСМ и Филипче беа подизведувачи на криминалот на ДУИ и Ахмети, затоа во недела со масовност уште во прв круг да им одржиме лекција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот завршен народен митинг во Охрид, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, за изборите во недела на 19 октомври, повика на обединување и масовна поддршка за кандидатите за градоначалници и советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на број 9, за да им се даде лекција на СДСМ и Венко Филипче, кои беа подизведувачи на криминалот на Али Ахмети.„7 години по ред, партнерски со ДУИ, ги разградуваа темелите на земјата. СДСМ и Венко Филипче беа подизведувачи на криминалот на ДУИ и Али Ахмети, кој денес се претвори во раскажувач на историски сказни со главна програма, сеење етничка омраза, додека народот му се иселува. И вака некако изгледа средената држава според рецептот на СДСМ, што во основа ми раѓа чувство на срам поради туѓиот срам“, рече Мицкоски.Во однос на средената држава за која, всушност, зборува Филипче дека со СДСМ ја оставиле, Мицкоски му порача, да имало средена држава, народот ќе ги наградеше и тие ќе беа власт, а не длабока опозиција и партија во клиничка смрт, во која важно е што еден најмногу го сака, Зоран Заев кој им беше главниот гуру во кампањата и им се појави и на митинг во Струмица.„Но таквата одлепеност од реалноста говори дека и СДСМ и претседателот на СДСМ не извлекле поука од времето кога владееја со државата, дека народот ги казни поради сиромаштијата, двоцифрената инфлација, поради тоа што 600 илјади наши сограѓани живееја со само 150 денари на ден. Поради тоа што тендерите и криминалот станаа заштитно лице на СДСМ и поради пазарџиската политика со државните интереси, предавствата и поигрувањето со најсуштинските теми за опстојбата на оваа држава“, истакна Мицкоски.Затоа, рече Мицкоски, важно е на овие избори да се излезе во што поголем број за сите овие политичари да добијат сериозна лекција уште во првиот круг.„Затоа што ако не добијат, врел шамар и нокаут на изборите, тие ќе мислат во иднина дека ова може да им помине. Тие ќе мислат дека оставиле пристојна држава и дека неработењето и криминалот може да се наградат. Затоа е важно да се излезе и гласа во што поголем број, достоинствено и масовно, затоа што лекцијата значи нокаут уште во првата рунда од изборите. Затоа е важен секој глас, а работата да ја завршиме уште во првиот круг“, порача Мицкоски од завршниот митинг во Охрид.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykvsq8vv06lqc53PZIeL

Мицкоски: Венко нека се држи до медицината, дефицитот е помал за половина од тоа што го кажува, а против инфлацијата се бориме од 14 на 4%

„Го слушав тоа, и не можев да се изначудам, и тоа го коментирав на еден мој настап, да си се држи до тоа до коешто е добро, а тоа е неврохирургијата, односно лекарскиот занает. Неговите претходници ми држеа лекции, па видовме како завршија, ако било толку добро, а тоа е од 2022 надвор од владата, тогаш немало тие да бидат во дебела опозиција и со оние бројки како што ги имаат сега и во парламентот и генерално во јавното мислење. Но, повторно она коешто тој го кажува е акт дека не е вистина“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на Сител телевизија во Тема на денот.Мицкоски нагласи дека во владите на СДСМ во 2022 и 2023 година, буџетскиот дефицит не бил под 5-5,5%, а во однос на инфлацијата, како што вели тој сега е под 4%, додека за време на владеење на СДСМ била двоцифрена и достигнуваше во 2022 година 14,2%.„Вчера спомена, а и во прес-конференцијата дека буџетскиот дефицит до крајот на годината ќе биде една милијарда и 400 милиони евра. 15-ти октомври, значи 2 и половина месеци пред да заврши оваа година буџетскиот дефицит е 560 милиони евра. 40% од тоа што тој го кажува како проект. А до крајот на годината може максимум да дојде еве до 600-650 милиони евра, и да ги следи капиталните инвестиции. Тоа е 3,4% од БДП. Во владите на СДСМ 2023,2022, ајде 2021 и 2020 не ги сметаме тогаш сè уште беше короната, еве ќе ги оставиме“, кажа Мицкоски и додаде:„2022, 2023 тие немаат година под 5, 5 и пол% буџетски дефицит. Зборува за инфлацијата многу биле високи 4%. Од јануари до септември се 4% до крајот на годината убеден сум дека ќе ја видиме 3ката, а следната година ќе бидеме помеѓу 2 и 3%, што е најниско во регионот. Ајде да видиме како било 2023. 9,4%. Како било 2022, 14,2%. Сега 2022 14,2% е малку, 2023 9,4% е уште помалку, а 2025 под 4% е многу“.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybsl4fnhk03kkeeGVgmd

Мицкоски: Имаме две понуди, со едната одиме назад, со другата се одбира вистинскиот избор, повикувам на масовна излезност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот, на ТВ Сител, ги повика граѓаните на масовна излезност во недела и истакна дека на овие локални избори граѓаните имаат можност да изберат помеѓу две опции, едната понуда со која Македонија оди назад и другата понуда е опцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со која се избира вистинскиот избор.„Во суштина имаме две понуди една понуда кој не враќа назад во оние темни страни на македонската историја, оние 7 години кога граѓаните беа сведоци на сето она што се случуваше и овие 15 -16 месеци на оваа Влада која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и сето тоа кое го направи со сите тие предизвици кои ги имавме позади нас. Јас ги повикувам да излезат и масовно да гласаат бидејќи ако не излезат и ако не гласаат тогаш некој друг ќе профитира од сето тоа, граѓаните ќе се движат на бранот којшто некој ќе го креира. Затоа првично ги повикувам сите граѓани масовна да излезат и да гласаат по сопствено убедување. Да не биде дека јас сум претенциозен и дека го гледам својот партиски интерес, само излезете и гласајте по вашето сопствено убедување. Втората порака е да гласаат за политички партии кои можат да менуваат, а не за помали политички партии коишто практично се мала група која профитира на основа на гласот на граѓаните и трето убеден сум ако го слушаат разумот и срцето и длабоко во душата се фокусираат што им вели тогаш убеден сум дека во огромно мнозинство ќе гои заокружат бројот 9 и ќе ја поддржат коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“ кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6l790covli123859DYe

Мицкоски: Неформалната коалиција СДСМ-ДУИ излегува со лаги и манипулации небаре граѓаните имаат кратко памтење, па заборавија дека тие беа власт пред година и пол

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во општина Дебарца, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, порача дека од тоа што се гледа на терен е јасно дека работат ќе биде завршена уште во прв круг и Златко Сиљаноски ќе биде новиот градоначалник.Мицкоски исто така повика што е можно помасовно излегување на гласање на овие локални избори, задутре на 19 октомври и да го заокружат бројот 9.Мицкоски повтори дека ова кампања понуди имаа две групи кои се издвојуваат, едната е групата којашто е неформална коалиција помеѓу СДСМ, ДУИ и Левица која на овие избори излегува, исклучиво, со црна кампања од прв ден се до денес.„Кампања на лаги, на клевети, кампања во која се обидуваат повторно да ги навредат граѓаните, нивната интелигенција и играат на картата на кратко помнење, небаре сите ние сме заборавиле дека до пред само година и половина влада во Македонија беше коалицијата СДСМ и ДУИ. Небаре граѓаните не разбираат за сето тоа коешто тие го работеа тие и како да заборавија на сите нивни скандали кои тогаш ни се случуваа“, рече Мицкоски, додавајќи дека со тоа само ја промашија кампањата и политичките пораки, слушнавме се само не какви проекти нудат.Овие од ДУИ, додаде Мицкоски, покажаа дека можеби сум им идол, па половина од кампањата немаше митинг Али Ахмети да не излезе и да не го спомне моето име.Во однос на Левица, Мицкоски посочи дека тие малку беа збунети, бидејќи сега бараат нов стопан, а претходно им беше Зоран Заев.„Бидејќи нивната карактерна особина им е таква, или на социјалните медиуми каде што се присутни да лажат, да креираат материјали, да вадат од контекст, мислејќи дека на тој начин ќе добијат некаква симпатија. Или пак сега да одработуваат, во случајот за Али Ахмети и ДУИ“, додаде Мицкоски објаснувајќи дека Левица одлучила да не кандидираат кандидати за градоначалници во родниот град на претседателот на партијата, Велес и Штип, но извадија во Тетово, Гостивар и Струга.„И нивните кандидати за градоначалници, па и самото раководство на партијата, нема да го слушнете да каже ниту еден лош збор, да речеме за Рамиз Мерко. Тој е добар. Нема ниту еден статус, ниту еден лош збор нема да слушнете за на пример, кандидатот на ДУИ и Алијанса на Албанците во Струга. Нема лош збор, тој е идеален. Или пак за актуелниот градоначалник во Гостивар, којшто е наследник на Арбен Таравари и поддржан од Али Ахмети“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library05u9082dcpvteiwJbTd

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени, голтари влегоа во политика, милионери излегоа

Овие избори се, всушност, токму тоа, да се одбере вистинската страна, да се направи вистинскиот избор кој ќе донесе ред, работа и проекти. Ова се избори за вашето маало, вашата улица, на кои се избира твојот човек, но и избори со кои се праќа порака до политичарите кои како сидро премногу долго ја влечеа надолу државата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Гази Баба, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, за изборите во недела на 19 октомври.Мицкоски додаде дека на овие избори од нашите противници не видовме програма, идеи или проекти, туку само гола реторика.„Отсуството на програма говори дека тие, всушност, и немаат сериозна намера да одиме напред, туку само гола реторика за нови измами и трикови во политиката. Јас сум во политиката за да оставам трага и создадам вредности, тие другите се во политиката за да ги полнат џебовите и поради лични привилегии. Голтари влегоа во политика, милионери излегоа. Но, и ова се избори кога триковите и измамите мораат да бидат поразени“, порача Мицкоски.Додаде дека во Скопје гледаме како на дело се случува една непринципиелна коалиција, но тоа е нивна работа и со нив нема да се занимаваме.„Но, она коешто навистина мене ми пречи, не затоа што ми пречи и ме погодува, туку затоа што имаат отсуство на план, стратегија и визија, е тоа што решија да водат кампања со лаги. Како што беа лагите вчера искажани на прес-конференцијата на Венко Филипче. И кога го слушам претседателот на СДСМ, Венко како кажува невистини за буџетскиот дефицит, за инфлацијата, БДП, задолженоста, ми доаѓа да му кажам: во ред, држи се до медицината, затоа што очигледно, повторно, некој те носи во длабокото каде што немаш, навистина, основно познавање“, потенцираше Мицкоски.Мицкоски му порача на Филипче дека буџетскиот дефицит не е 1 милијарда и 400 милиони евра, како што тој вели, туку е повеќе од двојно помал, односно 600 милиони, додавајќи дека тоа е најмалку за два пати помал од тоа што СДСМ го остави.„А, инфлацијата, ќе ве потсетам 2023 година 9,4%, 2022 14,2%. Не им пречеа 9,4% и 14,2%, им пречат денешните 3 и пол 4 проценти. Таква е економската логика во СДСМ“, рече, меѓу другото, Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykkb9trp1ovgd4ADbotG

Мицкоски: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија

Според сите анкети, според јавното мислење, но и според граѓаните и перцепцијата, генерално, јасно е дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе бидат убедливи победници. Тоа сите го знаат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври.Мицкоски испрати порака за масовно излегување на избори на сите гласачи на 19 октомври и да се заокружи бројот 9 за советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и за кандидатите за градоначалници, како и за кандидатите од пошироката коалиција.„Затоа што ценам дека на тој начин ќе имаме континуитет во реформите, на тој начин ќе имаме континуитет во испораката и мислам дека на тој начин ќе продолжиме заедно да чекориме. Да не дозволиме да се вратат сите оние структури коишто седум години ја уништуваа, ја ограбуваа Македонија и ја распродаваа Македонија“, рече Мицкоски.Од Сарај, Мицкоски се осврна и на политичката партија ДУИ која 20, 22 години беше дел од различни владини структури, која сега се чувствуваат неприродно во една поинаква позиција кога се во опозиција и која цела кампања, посебно првата недела му ја посвети на него.Мицкоски додаде дека немаше митинг на ДУИ каде што не се споменуваше и извикуваше во низа неговото име, за што не можел да поверува дека толку многу го сакаат или, пак, толкава ноќна мора им бил на тие луѓе.„Немаше митинг најмалку по 15 до 20 пати да спомнат моето име. Сакав едно време да им се јавам да им кажам „аман луѓе дајте кажете што ќе правите четири години. Дај оставете или зборувате за Кристијан или како ќе се вратите на власт, или правите етнички поделби“. Тоа беше целата кампања на ДУИ“, рече Мицкоски.Мицкоски даде одговор и на повиците конкретно од ДУИ за предвремени парламентарни избори, при што порача и ако евентуално има, по убедливата победа на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои мнозинство гласови, а можеби и 61 пратеник.„Замислете да има предвремени парламентарни избори и замислете на тие предвремени парламентарни избори, еве ДУИ да има добар резултат, бидејќи од другава страна се знае дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, после големата победа на локалните избори, на парламентарни евентуални избори би освоила огромно мнозинство гласови, можеби 61 пратеник. Со кого ќе прават коалиција, како ќе ја гласаат мојата Влада? До пред 5-6 месеци не им чинев, Кристијан ваков, Кристијан таков, како ќе ја гласаат мојата Влада, како ќе бидат мои министри. Еве јас го поставувам тоа прашање, не можат да измислат друг. Еве ние имаме 61, што правиме тогаш? Или ќе заборават? Ќе речат тоа не важи, сега ќе се препакуваме како што тоа го правевме 20 и повеќе години, нашиот личен интерес ќе го ставиме пред сè и ќе си функционираме како да ништо не било. Тоа така не бива, тоа така не бива“, јасно порача претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysrjojd55krs36JnMEe5

Филипче: Со буџетска дупка од 1,4 милијарди евра, ВМРО-ДПМНЕ ја води Македонија во финансиски колапс

Додека премиерот Мицкоски зборува за некакви економски успеси, дупката во Буџетот се продлабочува, јавниот долг расте, граѓаните стануваат се посиромашни, предупреди Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа вечерва во Гостивар.„Реалноста е дека буџетот е во дупка од 1,4 милијарди евра, приходите заостануваат, а капиталните инвестиции се помалку од половина реализирани. Се задолжуваат без покритие, јавниот долг достигнува над 62 отсто од бруто домашниот производ, највисоко ниво во регионот, а странските инвестиции скоро и да ги нема. Ова е резултатот на лоши политики, на неспособност, незнаење и на небрежност. Немаат ниту план, ниту стратегија како да ја водат државата“, истакна Филипче.Тој додаде дека додека власта трупа нови долгови, народот тоне во сиромаштија, платите стагнираат, мерките за поддршка на граѓаните ги нема.„Минималната плата и натаму е една од најниските во регионот, пензионерите добија помалку од ветеното – само 1.000 денари, студентите не го добија бараното зголемување од 130 денари за студентски оброк, ваучерите од 250 евра ги нема, а над 1.000 студенти останаа без студентски оброк. Земјоделците во Полог останаа без поддршка – субвенциите се намалени, откупните цени паднати, а трудот обезвреден“, рече Филипче.На трибината, Филипче посочи дека СДСМ секогаш била на страната на граѓаните со мерки за поддршка и во најголемите кризи со кои се соочувала државата.„СДСМ отсекогаш знаел да се бори и кога биле тешки времиња не сме се откажувале. Во најголемите светски кризи, енергетска, економска, здравствена – ние стоевме со народот. Се изборивме за секое работно место, за секој бизнис, за секој човек што остана без приходи. И во такви тешки времиња платите растеа, субвенциите се покачуваа. Донесовме 9 пакет мерки за ранливите семејства, за студентите, за пензионерите. За сите, никој не оставивме сам да се справува со последиците. Тоа е државничко и одговорно водење држава“, рече Филипче.Затоа, како што кажа Филипче, овие избори се од исклучителна важност за иднината на секој граѓанин, за напредокот на државата.„Ова е моментот кога секој глас прави разлика. Затоа велам дека нема помалку важен глас. Ова не е време за молк, ова е време за исправување. Апстиненцијата не е казна за СДСМ — тоа е награда за ВМРО. Секој изгубен глас е добивка за режимот што повторно го чувствуваме. Овие денови да ги искористиме и да поразговараме со соседи, роднини, да го посетиме секое маало, да се мобилизираме и да повикаме на обединување. Сега не е време за откажување од борбата за нашиот дом. Ова е момент на враќање, на единство,на нов почеток“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhb8grqo5ojtpfs60elC

Мицкоски: СДСМ кампањата ја темели на учителот на Венко, Зоран Заев кој само знае да си ги брани инвестициите во СДСМ, меѓу кои и онаа во Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од  вечерашниот митинг одржан во општина Берово, во рамки на изборната кампања  под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври, истакнувајќи дека програмата е прецизна со јасни рокови и мерки насочени кон потребите на граѓаните, а воедно се осврна и на опозицијата која нема конкретни проекти и чија кампања се темели на нивниот учител и гуру, Зоран Заев.„Ние на овие избори излеговме со прецизна програма, со рокови, за прецизни работи неопходни за граѓаните, а од нив не слушнавме буквално ниту еден проект. Но слушнавме затоа за нови подароци кон нашиот источен сосед   слушнавме  за непринципиелни коалиции, слушнавме за соработка и ишарети со ДУИ, слушнавме дека судиите и обвинителите, оние истите со 2% рејтинг биле професионалци, но не само што слушавме туку и гледаме како кампањата им се потпира исклучиво на политичкиот гуру на нивниот претседател  Венко  Филипче, а тоа е Зоран Заев. Тој велеше дека ќе одел во политичка пензија, а гледаме како буквално грчевито се бори да си ја одбрани инвестицијата во СДСМ, исто како што ги брани инвестициите во Дубаи. За овие луѓе политиката е бизнис, а за нас  е начин како да им помогнеме на граѓаните. И она што е толку очигледно е нивното разбирање за домот. Нивниот дом никогаш не бил нашиот дом, а тоа се маалата, улиците, игралиштата, парковите, срдечноста во погледот, во ракувањето и поздравот со секој еден од вас, во искрениот напор да направиме повеќе за Берово, повеќе заедничко за нашата татковина и преубава Македонија“, вели Мицкоски.Мицкоски изјави дека СДСМ се бори само за бизниси, тендери, зделки и профитирање на нечесен начин, а не за интересите на граѓаните, како и дека се гледа нивниот политички крај и соочување со правдата.„Нивниот дом за кој се борат се бизнисите, тендерите, зделките во четири очи, фабриките за марихуана, желбата да се профитира на нечесен и криминален начин. И знаат дека со секој глас повеќе, со секоја поддршка повеќе за нас, тие се готови, а така го гледаат во очи нивниот  политички крај. А политичкиот крај значи и соочување со она од што најмногу се плашат, а тоа е правдата. Сето ова за што ви зборувам, драги мои, можевте да го видите на филмска лента во изминативе две и пол недели од оваа  кампања за првиот круг на овие локални избори. Сосема извесно е дека со еден избор одите напред, а со друг се враќаме назад. Сетете се само на оние 7 години кога влада беа СДСМ и ДУИ. Со еден избор се борите за твоето маало, за твојата општина и заедничката иднина, а со другиот се борите за нивните лични интереси. Затоа на овие избори е пресудно и клучно најпрвин да излезете да гласате“, рече Мицкоски.Мицкоски упати порака за излезеност на 19 октомври и поддршка за градоначалникот, Петар Ружински, за големи проекти и развој на општина Берово.„Затоа ве замолувам излезете на изборите на 19 октомври за неколку дена од денес, остварете го своето право, затоа направете го вистинскиот избор, а вистинскиот избор, убеден сум длабоко во себе овде во Берово е Петар Ружински. Петар е искрен и домаќин човек кој му треба на Берово – да се направат промени и големи проекти кои ќе ги решат дел од проблемите на овој преубав град на истокот“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryke7eun0gtjmablNi9xv

Урсула фон дер Лајен по средбата со Мицкоски: Уставните промени се последниот чекор, топката за во ЕУ е кај вас

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Брисел, порача дека Европската унија целосно ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членство, но и дека последниот предуслов за отворање на преговорите е усвојувањето на уставните измени.„Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен – треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е кај вас. ЕУ е подготвена“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х по средбата.Претседателката на Европската комисија истакна дека, додека се чека на политичкиот исчекор од Скопје, Унијата веќе ги приближува граѓаните на Македонија кон европскиот пазар и технологии.„Во меѓувреме, го приближуваме вашиот народ кон нас. Тоа е суштината на Планот за раст! Отвораме AI Factory антена во Скопје, ја вклучуваме земјата во Европската зона за единствени плаќања, и исплаќаме **16 милиони евра благодарение на спроведените реформи“, напиша фон дер Лајен.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhomgnbk6o1k32Fse5yy

Мицкоски: Кампањата речиси завршува, а Венко не сопре со црна кампања, свесен е дека тоне

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во Пробиштип, во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори. Мицкоски се осврна на како што вели тој, неформалната коалиција за локалните избори составена од СДСМ, ДУИ и Левица, кои се обединети од желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. Според него, на овие локални избори тие настапуваат со црна кампања, а не нудат никакви проекти, никаква визија ниту стратегија.,,Кога зборувам за нашите противници зборувам за една непринципиелна коалиција, која што е составена од во суштина три политички партии, која што се обединила поради две главни причини, првата е желбата за власт, по било која цена. И втората е, патолошката омраза која што ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата на СДСМ, на ДУИ, и политичката партија Левица. На некои места, оваа коалиција е формална, на некои полуформална, но во суштина, тоа е тој опозициски блок, кој што на овие избори излегува тотално без никаква програма“, вели Мицкоски.Мицкоски истакна дека опозициската СДСМ за претстојните локални избори не нуди ниту проекти, ниту визија, туку само се фокусира на црна кампања уште од првиот ден.,,Од првиот ден, заклучно со денеска, ние не слушнавме ниту еден проект, не слушнавме никаква визија, никаква стратегија, од нив не слушнавме како планираат и каде планираат да ја водат Македонија. Од нив слушнавме само три, условно кажани, политички пораки во оваа кампања. Првата е, црната кампања која што ја водат од првиот ден, па се до ден денес. Против мене се разбира најмногу и против ВМРО-ДПМНЕ. Втората политичка порака која што ја испратија е дека тие се политички наследници и претставуваат континуитет на тоа што претставуваше влада 7 години во Македонија, коалиција  СДСМ-ДУИ. Третата политичката порака е дека тие се грижеле и се бореле за нашиот дом“, истакна Мицкоски и додаде:,,Црната кампања наспроти целата теорија и целата пракса, започна од првиот ден во оваа кампања. Ние немаме емитувано ниту еден негативен спот. А, веќе завршува кампањата во првиот круг. Ниту еден негативен спот“.Мицкоски истакна дека, иако има многу причини да се потсетат граѓаните на неуспесите на претходната влада, ВМРО-ДПМНЕ избира позитивна кампања фокусирана на проекти и иднината.,,А верувајте, имаме таква инспирација да ги потсетиме граѓаните, за тоа што го работеа 7 години, што ако почнеме рано наутро малку ќе ни биде еден ден сето она лошо што го направија додека 7 години беа влада. Но, рековме не. Ние сакаме да бидеме Влада која што ќе се обиде да ја врати надежта кај луѓето, и сакаме да зборуваме за убави работи, за проекти, да зборуваме за иднина. Сакавме тоа да го доближиме до граѓаните. Што е тоа што ние го сработивме. И што е тоа што ќе го сработиме. А тие, со ад хоминем напади, со ниски страсти. Прво ми посакаа, ќе било штосно ако го виделе моето тело распарчено и спакувано во куфер, за да потоа претседателот на СДСМ, претпоставувам инспириран, бидејќи неговиот политички гуру седеше во првиот ред, во еден занес, кажа дека тие нас не не мразеле туку не презирале. Тоа претпоставувам треба да е степен над омраза, барем според нивната филозофија. Инаку, човекот е педагог, редовен професор на факултет, кој што пледира утре да ја води државата. Тоа е тоа што го нуди СДСМ на овие избори“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%

Овие избори се одлука за вашата иднина и за иднината на вашите деца. Вие го одбирате човекот кој ќе се грижи за вашето маало, за вашата улица, за вашата општина. Со тој избор вие сакате да имате човек кој ќе биде вашиот глас во општината, човек на кој можете да се потпрете кога ви треба помош, човек кој ќе ве сослуша кога имате што да кажете, кој ќе работи и ќе решава проблеми, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во општина Чашка во рамките на кампањата за локалните избори закажани за во недела на 19 октомври, под слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски порача дека со еден избор, кој е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на овие избори се оди напред, а со друг избор, СДСМ и нивната некаде формална, некаде неформална коалиција, граѓаните и државата се враќаат назад.„Досегашната кампања покажа дека изборот е лесно препознатлив. Но одлуката да излезете и да гласате е пресудно важна за да обезбедите иднина. Ние излегуваме со план, програма и визија зад која стојат внимателно одбрани проекти и решенија кои се одговор на вашите потреби. Не ветуваме чуда, чуда се невозможни, ние не сме чудотворци, а секој кој ветува чуда не ја говори вистината, ние ветуваме многу напорна, чесна и посветена работа“, рече Мицкоски.Од друга страна, додаде Мицкоски, нашите конкуренти ниту имаат програма, ниту имаат знаење, имаат само конструкции, фабрикувани лаги и многу омраза.„Поминавме седум тешки години кога претходната влада на СДСМ и ДУИ создаваше хаос, уривања, поделби и многу криминал и тие години на апатија и безнадежност народот не ги заборава, колку и денес да се трудат ова време да се заборави. Пред само 15 месеци истите тие луѓе беа причината за сите неправди и неуспеси. Сега истите тие не може да бидат алтернативата која ќе донесе резултати. И така безобразно продолжуваат и оваа кампања да не ја говорат вистината“, рече Мицкоски.Мицкоски ја прокоментира вчерашната изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој рече дека инфлацијата е висока, потенцирајќи дека во време на власт на СДСМ, инфлацијата изнесувала и високи над 20%.Тој зборуваше за инфлацијата, стандардот на граѓаните и за тешкиот живот. Во прво време не го сфаќав сериозно и мислев дека тоа што го говори е практично нешто коешто му е кажано да го каже, па потоа ќе каже дека ја научиле грешката од минатото, дека еве сега врз основа ан таа грешка нема повеќе да грешеле, ако ја добијат довербата. Но во суштина сфатив дека тоа е нивната стратегија на овие избори да кажуваат нешто коешто воопшто и не го разбрале. Сфатив дека тие на оваа кампања, во овие избори, не само што не ја научиле лекцијата од минатото, туку продолжуваат истата грешка да ја прават. И кога не води црна кампања, тогаш не ја говори вистината и како што вели народот, лаже, па ќе зборува дека имало сега рекордно високо ниво на инфлација. До само пред година и половина, две години, Македонија беше рекордер во стапката на инфлација во Европа, којашто на моменти изнесуваше и повеќе од 20%“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvvfp4ad838011LLHgw6

Мицкоски: Перјаницата, чии колумни ги споделува целото раководство на СДСМ, порачаа дека било штос моето распарчено тело да го спакувале во куфер

Во кампањата треба да направиме и еден рекапитулар на се она што е сработено во изминатиот период и да се нацртаат контурите на тоа што треба да се работи во периодот којшто следи и како владата ќе ја води државата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од народниот митинг во Росоман во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски повтори дека на овие избори има две опции и тоа едната е да се вратиме назад и да се поддржи опцијата којашто ја поддржува коалицијата, некаде формална, некаде неформална, некаде полуформална, којашто се обединила поради две причини, а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто значи развој за државата.„Првата е жедта и непромислената желба за власт и втората е патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Сега, последно коешто го слушнавме од претседателот на СДСМ е тоа дека тие не не мразеле или, да бидам попрецизен, не ме мразеле, туку ме презирале. Што не се изнаслушав на оваа кампања, од тоа што ми испраќаа пораки преку нивните новинари и перјаници дека ќе ме спакувале во куфер, ќе го распарчеле моето тело и ќе го спакувале во куфер, па до тоа дека ме презирале“, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека на оваа изборна кампања не изнесе ниту една навреда за никого, за разлика од СДСМ и Венко Филипче, само кажувам дека изминатите седум години кога беа тие во владата имаа можност да покажат како се борат за својот дом.„А, ние видовме само грабеж, понижување, распродажба и омаловажување на својот народ, на својата држава и на своите граѓани. Тоа ако го чувствуваат тие како навреда, тогаш не знам навистина што да кажам. Вистината понекогаш боли. А толку внимавам, прво не личи на мојот карактер да навредувам, а второ ние ниту еден негативен спот не објавивме оваа кампања, цело време зборуваме за проекти, за план и за визија. Тие ја почнаа кампањата со црна кампања, со напади и ниски страсти како ќе ме спакувале распарчен во куфер и тоа би било штос во оваа кампања, така порача еден од нивните гуруа, чиишто колумни ги објавуваа и ги цитираат од раководството на СДСМ. Па се до последното што слушнав од човек којшто во суштина треба да е мој колега, редовен универзитетски професор, дека активистите на СДСМ мене ме презирале, не ме мразеле. Тоа е ниво повеќе, претпоставувам тука требаше да покаже мускули. Но во ред, нека му служи на чест“, порача Мицкоски.Од Росоман, претседателот Мицкоски порача дека граѓаните на 19 октомври ќе го кажат своето мислење, за што е сигурен дека тоа ќе биде референдумско заокружување на бројот 9 и огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhn2ccit1u7on0JkQO92

До тоа дереџе дојде СДСМ, да прави пактови со лица на црни листи, да се сојузува со Левица, да сe надева на ДУИ, вели Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаше свое обраќање, од народниот митинг одржан во Свети Николе, во рамки на изборната кампања 2025 година, која е под слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, за претстојните локални избори. Мицкоски се осврна на правосудниот систем во земјата, поконкретно тоа што лидерот на опозициската СДСМ смета дека 2% доверба во правосудниот систем значи дека судиите и обвинителите се професионалци. Според Мицкоски, 2% доверба се последица на неказнет криминал, и сознание дека повеќе од 100 пријави се во фиоките на судиите и обвинителите кои пак, им служат на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Тој зборуваше и на темата за трката за градоначалник на Град Скопје, и истакна дека кандидатот на СДСМ, е во трка со независните кандидати, а не со кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.,,Секој од вас, длабоко во себе знае дека луѓето од опозицијата кои се нудат за алтернатива се луѓе кои Македонија со години ја упропастуваа и ја држеа силно закована на дното. Луѓе кои не изградија ништо за народот, а за себе си обезбедија привилегии, удобства, дворци, хациенди и замоци. Она што сега ги мачи е чувството и сознанието дека се ближи времето на одговорност и се стега обрачот и околу нив и околу оние кои упорно ги штитат. За тие што ги штитат, пак, претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, ќе каже дека биле големи професионалци, а тие кои што ги штитат и се нивниот последен бастион, се малкумина обвинители и судии, и поради нив денеска довербата на народот  во обвинителите  и судиите е скромни  2 проценти. Тие два проценти доверба се последица на секој неказнет криминал, на сознанието дека повеќе од 100-тина пријави држат во фиоки и ја штитат својата политичка олигархија по секоја цена. Тие малкумина се нивните лакеи и измеќари, кои што се уште и служат на претходната влада на СДСМ и ДУИ “ вели Мицкоски.Мицкоски истакна дека СДСМ не се бори за Македонија, туку за нивните лични кариери. Тој се осврна и на трката за градоначалник на Град Скопје, при што истакна дека кандидатот од СДСМ не е во трка со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, туку со независните кандидати.,,Ова за СДСМ не се избори за спас на Македонија, туку избори за спас на нивните лични кариери. Тие се уплашени од одговорност и затоа ова тесна мала група која што ја има киднапирано СДСМ  ја држи цела држава Македонија во грч. И како такво, јас ова го разбирам како потценување на гласачите и директна уцена врз цела држава. Јас ја кажувам вистината во очи, без оглед на тоа дали Филипче ме мразел или презирал, како што тоа го кажа на еден од последните митинзи. И тоа што ме презира е помало гајле, поголемо е што таа негова политика на навреди, на ниски зборови, кои што не би требало човек интелектуалец да ги кажува, па колку и да чувствува гнев кон мене и кон ВМРО-ДПМНЕ, ја доведе СДСМ на едвај 120-130 илјади гласови, а во некои општини, оваа политичка партија е трета, во некои е и четврта опција. Во главниот град, на пример, очекувањата се дека нивниот кандидат за градоначалник на Скопје нема да ја надмине бројката од 30 илјади гласови. Што во суштина, е далеку под нивниот биолошкиот минимум, и е доволна основа да биде трка не со ВМРО-ДПМНЕ и со Орце Ѓорѓиевски во Скопје, туку со некои од независните кандидати“, рече Мицкоски.Мицкоски додаде дека СДСМ стигна да прави пактови со други опозициски партии како Левица и ДУИ, со цел да извади некаков резултат, но според него, тоа што владата на СДСМ остави 500 илјади граѓани со по 150 денари на ден, нивната двоцифрена инфлација, и празна државна каса, ќе доведе до тоа тие да изгубат на претстојните локални избори.,,До тоа дереџе дојде СДСМ, да прави пактови со лица на црни листи, да се сојузува со Левица, да се надева од Али и  ДУИ, само за да извади некаков резултат. Не е важно дали мене ме презира Венко Филипче, туку негов проблем е што него, во суштина, го неќе народот  поради сите криминали и предавства што ѝ ги сервираа на Македонија и ѝ ја одземаа иднината на државата. Тоа што оставија 500 илјади наши граѓани, половина милион со по 150 денари на ден, тоа што донесоа инфлација која во нивно време беше двоцифрена, цени кои вртоглаво растат, а празна државна каса. Е затоа, господа од СДСМ,  ќе загубите убедливо, а на овие избори, уште еднаш Македонија ќе победи“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3r08te71nhftclSMcYi

(Видео) Оваа генерација ја има последната шанса, после кој нема поправен, ќе победиме за сите идни генерации, вели Мицкоски на „11 Октомври“

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на свеченоста по повод Денот на народното востание – 11 Октомври, испрати порака за единство, отпор и обновување на вредностите врз кои е изградена современата македонска држава.„Поробени, но никогаш покорени — тоа е реченицата што го симболизира духот на генерациите кои ја почнале борбата за слобода. Во таа мисла е содржан пркосот и упорноста што ја водеше Македонија низ сите историски предизвици“, рече Мицкоски.Тој истакна дека денешната генерација ја има „последната шанса за исправка на неправдите“, додавајќи дека државата мора да изгради функционален систем ослободен од политички влијанија и корупција.„Судството и обвинителството мора да се ослободат од канџите на политиката. Или има правда – или нас нема. Не станува збор за реваншизам, туку за почеток на нов систем во кој законот ќе важи подеднакво за сите,“ порача премиерот.Говорејќи за надворешната политика, Мицкоски повтори дека Владата ќе продолжи со европската агенда, но „без нови отстапки на штета на македонскиот народ“.„Да за Европската Унија, но не по цена на уцени и билатерални услови. Очекуваме ЕУ јасно да гарантира дека македонскиот јазик, култура и идентитет се неприкосновени,“ истакна тој, додавајќи дека од источниот сосед очекува „европска зрелост и почитување на меѓународното право“.Во обраќањето, Мицкоски повика на општествена мобилизација и „суштински дијалог“ со сите општествени чинители – академици, млади, професори и работници.„Не зборувам за лидерски средби со фотографии и празни изјави. Зборувам за искрен дијалог за иднината на државата, во кој ќе учествуваат сите – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, христијани и муслимани. Македонија е една и мора да остане наша заедничка татковина,“ нагласи тој.Премиерот најави и нови инвестиции и економски проекти, нагласувајќи дека „најважната борба е борбата за стандардот и животот на луѓето“.Говорот го заврши со порака за обединување:„Ова е генерацијата што ја продолжува борбата започната на 11 октомври – борбата за достоинство, правда и слобода. Чекориме по вистинската патека – патеката на работа, знаење и љубов кон татковината. Нека ни е честит празникот, Бог да ја благослови Македонија!“

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања