МИЦКОСКИ

media-library3r08te71nhftclSMcYi

(Видео) Оваа генерација ја има последната шанса, после кој нема поправен, ќе победиме за сите идни генерации, вели Мицкоски на „11 Октомври“

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на свеченоста по повод Денот на народното востание – 11 Октомври, испрати порака за единство, отпор и обновување на вредностите врз кои е изградена современата македонска држава.„Поробени, но никогаш покорени — тоа е реченицата што го симболизира духот на генерациите кои ја почнале борбата за слобода. Во таа мисла е содржан пркосот и упорноста што ја водеше Македонија низ сите историски предизвици“, рече Мицкоски.Тој истакна дека денешната генерација ја има „последната шанса за исправка на неправдите“, додавајќи дека државата мора да изгради функционален систем ослободен од политички влијанија и корупција.„Судството и обвинителството мора да се ослободат од канџите на политиката. Или има правда – или нас нема. Не станува збор за реваншизам, туку за почеток на нов систем во кој законот ќе важи подеднакво за сите,“ порача премиерот.Говорејќи за надворешната политика, Мицкоски повтори дека Владата ќе продолжи со европската агенда, но „без нови отстапки на штета на македонскиот народ“.„Да за Европската Унија, но не по цена на уцени и билатерални услови. Очекуваме ЕУ јасно да гарантира дека македонскиот јазик, култура и идентитет се неприкосновени,“ истакна тој, додавајќи дека од источниот сосед очекува „европска зрелост и почитување на меѓународното право“.Во обраќањето, Мицкоски повика на општествена мобилизација и „суштински дијалог“ со сите општествени чинители – академици, млади, професори и работници.„Не зборувам за лидерски средби со фотографии и празни изјави. Зборувам за искрен дијалог за иднината на државата, во кој ќе учествуваат сите – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, христијани и муслимани. Македонија е една и мора да остане наша заедничка татковина,“ нагласи тој.Премиерот најави и нови инвестиции и економски проекти, нагласувајќи дека „најважната борба е борбата за стандардот и животот на луѓето“.Говорот го заврши со порака за обединување:„Ова е генерацијата што ја продолжува борбата започната на 11 октомври – борбата за достоинство, правда и слобода. Чекориме по вистинската патека – патеката на работа, знаење и љубов кон татковината. Нека ни е честит празникот, Бог да ја благослови Македонија!“

Македонија | пред 3 месеци

media-library5lgnmsg5ovm31MzUef5

Филипче: Мицкоски нема резултати, мисли дека може да ги лаже луѓето дека добро живеат

„Мицкоски година и пол мисли дека може да ги изманипулира луѓето дека живеат добро. Тоа е инстинктот на измамниците и манипулаторите, да лажат за сè, па дури и за она за кое не може да се лаже: дали некој живее подобро или полошо“, порача вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче од трибината во општина Гази Баба.Тој истакна дека реалноста е дека на оваа неспособна власт ни уште две децении нема да ѝ бидат доволни, затоа што немаат ниту план, ниту капацитет.„Но, најважно од сè, немаат чесна намера. Не сакаат да им помогнат на граѓаните, не сакаат да ја видат реалноста која е тешка, едноставно, не ги интересираат граѓаните. Ги интересира само олигархијата и личните бизниси“, порача Филипче.Тој се осврна и на лагите со кои власта манипулира во јавноста.„Кога Мицкоски ќе каже дека сме петти, трети или четврти во економија, тоа не само што е огромна лага, туку е тешка навреда за секој кој живее и работи во оваа држава“, рече Филипче, укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ги осиромаши и изманипулира граѓаните.Филипче изнесе и конкретни податоци, потенцирајќи дека бројките се погубни, а економската перспектива е уште полоша. За само една година, индустријата падна за 3,5%. Странските директни инвестиции се преполовени , а инфлацијата е 4%, меѓу највисоките во Европа.„Цените растат без контрола. Веќе се откажаа од лажните кошнички. Не ни пробуваат да кажат дека нешто прават, ги оставија луѓето да живеат со скапотијата. Платите тапкаат во место, просечната плата паѓа три месеци по ред. И ова е вистинската дијагноза: овие луѓе за година и пол, опиени од успехот на изборите, заборавија дека економијата и економските политики, пред сè, треба да им служат на граѓаните“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysdeohmsgep5cb3MTpMv

Филипче: Мицкоски сака негово судство, СДСМ нема да дозволи нови тефтерчиња од Белата палата

Претседателот на СДСМ, д-р  Венко Филипче, вечерва од Гази Баба каде се одржа граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“ го обвини Христијан Мицкоски дека не сака реформи во правосудството туку го сака скроено по свој терк како во времето на Груевски и порача дека СДСМ нема да дозволи нови тефтеричња од белата палата.„Тоа е нивната намера, да закочат сè за да го вратат судството како во времето на Груевски. Не знае ВМРО-ДПМНЕ да владее ако има независни институции. Па кој ќе ја покрива нивната неспособност? Кој ќе нарачува пресуди кога ќе бидат во густо? Тоа е проблемот, на Мицкоски му треба судството под контрола за да може да сее страв, да се заканува, да уценува, исто како што беше во времето на неговиот ментор Груевски. Затоа избега од подадената рака на СДСМ за реформи. Му реков, ајде да ги донесеме реформите тоа го бараат граѓаните. Бараат независно судство, европски реформирано судство. Ајде да ја вратиме довербата во институциите. Јас не се плашам од независно судство, ама изгледа се плаши тој. Пола влада со кривични пријави, пола партија со матни бизниси. Затоа не сака“, порача Филипче.Филипче во Гази Баба исто така рече дека наместо правда и реформи, наместо судска фела и експерти, граѓаните добија само неправди по што испрати порака дека СДСМ нема да молчи ниту ќе дозволи партизација во судството.„Сега јасно му порачувам да престане да се заканува што ќе правел по изборите. Да не мисли дека ќе му молчиме ако решил да го партизира судството. Тоа нема да се дозволи. Или ќе има темелни реформи па нека одговараат сите што грешеле или нови судии од тефтерчињата од Белата палата нема да дозволиме“, потенцираше претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од Гази Баба.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4qc7o3tv3dvo5r7lhUp

Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во Гевгелија, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“.Мицкоски кажа дека овие локални избори за противниците значат спас за нивните политички кариери и спас на нивните бизниси, но сепак ќе доживеат огромен дебакл.“Јасно е дека ова не се само локални избори, туку од вашиот глас зависи и тоа како ќе се развива државата и во кој правец ќе се движи. За нашите противници ова се избори каде тие сакаат да си ги спасат политичките кариери, но зад тоа стои намерата на човекот кој си ја приватизираше партијата и си управува час од Дубаи, час од Струмица, да си ги штити бизнисите и слободата. А за да се случи тоа, си најми изведувач, и клучот за ова нивно сценарио се состои во контролираното судство и обвинителство, чии резултати ги видовме вчера. За сомнеж за криминал од 100 милиони во РЕК, за Марковски одлучуваат куќен притвор. И затоа СДСМ и ДУИ не гласа за смена на Љупчо Коцевски, затоа што тоа е последниот бастион на длабоката држава со која ќе расчистиме после овие избори“ нагласи Мицкоски.Мицкоски истакна дека противниците се нервозни бидејќи повторно ќе доживеат дебакл на локалните избори, бидејќи немаат програма и проекти, а единствено што нудат се демагогија и навреди.„Токму за ова судство и обвинителство Филипче вчера кажа дека е професионално, иако досега видовме сè, само не професионализам. И знаат дека ова е последниот нивен крик и затоа се нервозни. На овие избори одат со гола демагогија и грст навреди и квалификации, наместо со програма и со проекти. И кажуваат дека се борат за нивниот дом, а нивниот дом не се вашите домови, туку се борат за заштита и спас на нивните украдени пари. И за да го направат тоа, знајте дека нема црвена линија која нема да ја распродадат и нема отстапка која нема да ја направат само за да стигнат до фотелја. Кога Филипче говори за црвени линии, тој говори за нов поклон и топка нафрлена кон Бугарија и ново газење на нашите македонски црвени линии. Тие добро знаат дека најголемата пречка за нивното лудило и отстапки сум јас, и оваа Влада во којашто се моите колеги, и затоа се фрустрирани и нервозни и затоа нивните апологети, како баби пред чешма, повикуваат на моја ликвидација, а тие од штабот на СДСМ не најдоа ни сила да се оградат од таквите нивни повици, што јасно ги покажува нивните мотиви. Но, од друга страна, барем народот гледа дека повиците за убиство, поклоните кон Бугарија и тезата дека судството со 2 проценти доверба се професионалци е понудата на оваа партија на овие избори е катаклизмична и затоа уверен сум дека на 19 октомври ги чека уште еден нов историски нов дебакл“ кажа Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за број 9 за подобра иднина.„Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство, за секое дете што сака подобро училиште, за секој млад човек што сака работа и останува тука, дома, во Македонија. Нашата борба е за достоинството на секој еден граѓанин. И затоа, оваа вечер ви велам  изборот е наш, и тој избор ќе ја одреди иднината. Не се плашете од предизвиците, не се двоумете пред лагите, затоа што нашата сила е во тоа што сме исправени, чесни и што знаеме за што се бориме. Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина! Ајде да изградиме иднина за која ќе бидеме горди! Ајде да покажеме дека кога сме обединети, никој не може да нè запре“ истакна Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydlq02f2prmt9ewKbnmT

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никакви резултати зад себе, па затоа се служат со лаги, спинови и напади врз опозицијата.„Го гледам Мицкоски, од уста не ме вади во оваа кампања. Човекот изгледа не може да сфати дека е на власт и дека треба да промовира што направил, а не да се занимава со опозицијата. Секој ден нова измислена афера по стариот терк, но сега веќе никој не му верува.  Кога немаш ниту едно дело, останува само да плукаш. На Мицкоски треба да му биде едно јасно: граѓаните не живеат од неговата пропаганда“, порача д-р Филипче.Претседателот на СДСМ истакна дека граѓаните веќе ја препознаваат неспособноста на актуелната власт и дека секојдневно се чувствуваат последиците од погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

media-library265bilv302btbIzqgC8

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мицкоски зборуваше на темата за судството и обвинителството во земјава. Според него, луѓето кои ги направија предавствата на државата, кои менуваа име и Устав, и кои изнесуваа милиони надовр од неа, повторно се обидуваат да го лажат народот, а нивната лагодност е во тоа што знаат дека имаат чувари во судството и обвинителството, и притоа лидерот на СДСМ се изјаснува во јавноста дека 2% доверба на граѓаните во судството за него е професионално. Тој додаде дека после локалните избори, потребен е ресет на системот.,,И кога ќе ме запрашаат од каде почнавте да работите овие 15 месеци како Влада, одговорот е тежок, затоа што велиме дека започнавме од самите темели. Толку тие беа разрушени, разјадени и ослабени што, по три децении независност и седум години катастрофално владеење, моравме повторно да почнеме од темелите на Македонија“, рече Мицкоски.Мицкоски нагласи дека кај истите луѓе кои ја распродаваа историјата на државата, менуваа Устав и изнесуваа милиони надвор од неа, има отсуство на срам и според него, покажува дека го потценуваат народот, а и повторно се обидуваат да го излажат.,,Навистина гледам дека тие исти луѓе кои седум години уриваа, кои менуваа име, Устав, распродаваа историја, крадеа, купуваа трговски центри, изнесуваа милиони, правеа дилови на грбот на народот, истите тие ги има фатено една колективна амнезија и без мува да ги лази излегуваат и коментираат, обвинуваат и лажат. Кај сите до еден кај нив има огромно отсуство на срам, и тоа отсуство на срам, говори дека не само што не научиле ниту една лекција, туку ја потценуваат интелигенцијата на народот и повторно сакаат да го излажат со истите фрази, со истите зборови“, кажа Мицкоски и додаде:,,Заев ветуваше живот, а овој сега неговиов наследник, Филипче, ветува среќа. Првиот ветуваше дека ќе ја заштити македонската жица од гитарата, вториот имал црвени линии со Бугарија. Првиот му ја води кампањата, а пак овој вториов слепо го следи. И нивната комоција се должи, освен на отсуството на срам, и на нивната желба за моќ, пари и богатење на грбот на народот. Просто е прашањетом, како со државна, докторска или градоначалничка, па и премиерска плата се стигнува до згради и златна виза во Дубаи? Милионски имот кој вртоглаво расте во годините кога тие се влада. Одговорот е преку криминал и неказнета корупција“.Според него, нивната лагодност се должи на тоа што тие знаат дека имаат чувари во правосудството, и за кое лидерот на опозициска СДСМ изјавува дека ова судство кое ужива само 2% доверба било професионално.,,Нивната лагодност се должи и на фактот што имаат чувар во обвинителството и судството, кои се пак последниот бастион на оваа наша длабока држава. Го слушав внимателно, вчера Венко Филипче како говори дека тоа судство и обвинителство е професионално. Замислете, ова судство и обвинителство со два процента рејтинг било професионално. Тоа што повеќе од 100 пријави ги држат во фиока, тоа што ќутат и тоа молчат за плацовите, вилите, за бизнисите со државни тендери, за вакцините од Кина, не ги прави професионални, туку напротив, ги прави криминални“, вели Мицкоски.Мицкоски додаде дека, сопственикот на омилената фирма на СДСМ и ДУИ, Марковски, на кој за сомнеж за криминал од сто милиони му е доделен куќен притвор, според него ова не е професионално туку криминално.,,И додека ова Филипче го говори, во истиот момент, во исто време судот на сопственикот на омилената фирма на СДСМ и ДУИ, Марковски, кој парче по парче направи во РЕК, за сомнеж за криминал од сто милиони, му доделија куќен притвор. Да го прашам Венко, професионално ли е што за сто милиони неговиот суд му дава само куќен притвор, а за некој што украл 10  ќебапи има притвор со месеци? Во ништо од ова нема професионално, туку само криминално“, посочи Мицкоски.Мицкоски нагласи дека после локалните избори годинава, на државата и е потребен целосен ресет, и само на тој начин ќе обезбеди иднина.,,И од тоа бегате упорно затоа што знаете дека после овие избори, лично ќе се позанимавам со правдата која за сите оние што се огрешиле е недостижна. И тоа мора да се смени, затоа што на Македонија повеќе од сè досега ѝ треба ресет на системот и не само во судството и обвинителството, туку ресет и во секоја пора од општеството. Ресет на вредностите кои ги газат и на сфаќањата кои мораат да ги променат. И само така сите ние, заедно, ќе обезбедиме иднина каква заслужуваме, целосно свесни дека ова е најважната битка на нашата генерација, која мораме да ја победиме“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library9ptsooa8kv3t2f8np81

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаше свое обраќање од народниот митинг одржан во општина Дојран, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Тој зборуваше за како што вели, полуформалната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица за претстојните локални избори, тоа е истата таа коалиција од претходната власт која не остави никаков печат, освен грабеж и опустошување на државата.,,На овие избори имаме две опции. Трета опција нема. Едната опција е една, полуформална, на моменти неформална, а по својата длабока суштина, многу формална  коалиција, во која што членуваат политички партии кои што се здружиле поради две основни цели“, рече Мицкоски.Мицкоски истакна дека она што ја обединува желбата за власт кај оваа коалиција за претстојните локални избори е желбата за власт, по секоја цена, па дури и по цена на погазување на сопствените принципи, а како што вели тој, ја обединува и заедничката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ.,,Првата е власта и желбата за власт. А, втората  е патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата СДСМ-ДУИ и политичката партија Левица. Се осојузиле Венко, Али и Димче затоа што власта им е помила од се во животот, па дури и од сопствените принципи, но и патолошката омраза која што ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ е толку силна што успеа да ги премости сите нивни разлики, и политички и лични, само за да се обединат и да се обидат на овие избори да направат некаков резултат. Тоа е првата опција“, истакна Мицкоски.Како што вели Мицкоски, претходната власт, која коалицира повторно за овие локални избори, освен што ја опустоши и ограби државата, ја распродаде и потпишуваше секакви договори, не оставија никаков друг печат.,,Втората опција е коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе ги анализирате овие две опции, тогаш ќе дојдете до неколку заклучоци. Првиот заклучок е дека, оваа прва опција, оваа коалиција помеѓу Венко, Али и Димче, покрај тоа што се обединиле со една цел, а тоа е власт. Тие практично со својата порака на овие избори, а тоа е, ,,Се бориме за нашиот дом“, јасно не потсетуваат дека имаа 7 години влада во Македонија, 7 години можност, да се борат за нашиот  заеднички дом, нашата татковина Македонија. А, освен тоа што направија голем пустош, ја ограбија практично Македонија, ги опљачкаа граѓаните во Македонија, ја распродадоа Македонија, потпишуваа секакви договори, друг спомен, друга меморија од тие 7 години буквално никој не може да се сети“, вели Мицкоски.Мицкоски потсети и на говорот на еден од претходните претседатели на СДСМ од собраниската говорница, што посочува како СДСМ коалицира  со Левица одамна, и ова нема да им биде прв пат. Според него, ова е коалиција што државата ја враќа назад во времето.,,Ќе ве потсетам на она излагање на тогашниот претседател на СДСМ, и тогашен претседател на владата, Зоран Заев, во македонското Собрание, кога му се обраќаше на тогаш пратеникот и претседател на Левица, Димче Апасиев и кога му рече: ,,Нели се договоривме јас и ти пред изборите, јас да ти обезбедам ресурси, а ти да работиш против ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, и ако освоиш пратеник, после изборите да коалицираме, и на тој начин да ја спасиме Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?“. тоа го кажуваше тогашниот претседател на Владата, кон својот сокриен коалиционен партнер, Димче Апасиев, пратеник во македонското Собрание и претседател на политичката партија Левица“, кажа Мицкоски и додаде:,,Затоа денес, било кој, ако има било каква дилема, дали оваа тројна оска функционира, не треба да има. Делата сами говорат, делата сами ни го оцртуваат патот по кој што тие би не воделе. Со еден збор, тоа е коалиција која што не враќа назад во времето. Времето на грабежот, времето на националните понижувања, времето на предавствата, времето кога граѓаните чувствуваа длабока болка, затоа што сите одеа напред, а ние не само што стагниравме, туку на моменти и се враќавме назад“.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygs6f97ie7njv6JjPN0x

(ВО ЖИВО) Јанчев: Мицковски е добар лидер и демократ, мојата изјава во 2020 сите да бидеме како Заев беше лицемерна

Сонувај будно а не кога спиеш. Верувај во господ а не во чуда, по овие правила се води актуелниот и кандидат за нов градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ.Јанчев во Претрес со Ландов сега го менува неговиот став да се излезе и да се гласа против Референдумот за името. Сега од оваа временска дистанца смета дека тогашниот партиски став да се седи дома и да не се гласа можеби било разумно решение. Јанчев тогаш беше разрешен од функцијата потпретседател на партијата но сепак во 2021 како предлог на ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Кавадарци.„Мицковски е доблесен човек, ги надминавме разликите и ми ја даде довербата во 2021 години да станам градоначалник на Кавадарци.За разлика од СДСМ која е недемократска партија,ВМРО-ДПМНЕ покажа демократски капацитет. Мицковски добро ја води партијата и треба да биде реизбран за лидер.”, рече Јанчев.Себеси не се гледа како лидер на ВМРО-ДПМНЕ.За изјавата од 2020 дека сите треба да бидеме како Заев, сега вели дека е лицемерна, тогаш добил и пари од два проекти .Следете не на:

Скопје | пред 3 месеци

media-library40an4elh0sn0abxLbud

Мицкоски: Заокружете го бројот 9 на 19 октомври за Шуто Оризари да стане пристојно место за живеење

На денешниот народен митинг во Шуто Оризари во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека Шуто Оризари ќе стане пристојно место за живеење, ќе се решаваат инфраструктурни проекти каде граѓаните ќе имаат квалитетен живот.„Многу ми е драго што сум тука, во Шуто Оризари – место со многу проблеми, но со големо срце и душа. Долго време оваа општина беше ставана на маргините. Предолго време беше поттурнувана на страна, беше газено достоинството и честа на луѓето. А оваа општина е на само неколку километри од центарот на градот, но со супстандардни услови. Тоа што политичарите тука доаѓаа само пред избори, ветуваа и не остваруваа ништо, само покажува колку го потценуваа народот на Шутка. Тоа не смее повеќе да се повторува, а и вие добро ги знаете тие луѓе кои на Шуто Оризари гледаа само како на гласачка машинерија. Јас ве гледам во очи, стојам пред вас и ви велам дека Шуто Оризари мора да оди напред, да прави крупни чекори и да ги решава крупните проблеми. Времето кога на општината се гледаше како на место за богатење на неколкумина, а тие ја третираа како своја приватна фирма завршува. Бидете мудри, овој пат вие, граѓаните, одлучувате. Секој ваш глас овде се брои и е важен. Знам дека сега доаѓаат и ви нудат разноразни непринципиелни понуди, пари и поткупи. Слушам дека има и такви кои нема да жалат да го одврзат ќесето само за да добијат глас повеќе. Но овој пат постапете мудро за иднината на вашите деца. Запрашајте се: кој може да направи повеќе? Тие што ви нудат поткуп, или ние што ви нудиме работа, проекти и подобри услови за живот? Јас нема да ветувам непринципиелни работи, ниту пак да ветувам нешта што не можам да ги исполнам. Но ви ветувам работа и решавање на проблемите со кои секојдневно се соочувате. Длабоко ве почитувам и ве гледам како мои соседи, пријатели и искрени луѓе“ кажа Мицкоски.Мицкоски освен останатите проекти потенцираше дека во план е амбуланта во Шуто Оризари.„Амбуланта во Шуто Оризари која знам колку е потребна и заедно со поликлиниката која ќе почне да се гради во соседна општина Бутел, мислам дека со ова здравјето на жителите во Шуто Оризари ќе добие едно повисоко ниво на третман, а ние како Влада тоа ќе го направиме,“ кажа Мицкоски.Понатаму, Мицкоски ги повика граѓаните да гласаат за број 9 за подобра иднина и развој на државата.„Затоа излезете и гласајте за себе и за вашите семејства. За иднината на вашето маало, за вашата улица и за местото во кое сте родени и живеете. Ерџан Демири е нашиот кандидат за Шуто Оризари. Многумина ме убедуваа да поддржиме други кандидати и други коалиции. Но единствената коалиција што овде ја признавам е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Ерџан е нашиот избор,  вистинскиот избор за развојот на Шуто Оризари. Со изборот на Ерџан, вие гласате за одличен тандем. Ерџан ќе работи заедно со Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје. Тоа што ќе гласате за Ерџан значи дека Шуто Оризари ќе ја има поддршката и од Градот Скопје, со кој ќе соработуваат одлично, а и Владата ќе работи силно за Шуто Оризари да стане пристојно место за живеење“ кажа Мицкоски.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarysfelq7h945cndN21ZSk

На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, порача Мицкоски од митингот во Кичево

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на синоќешниот народен митинг во Кичево, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!,,Сега мора да застанеме еден до друг, сите заедно еден до друг, без разлика на нашата етничка, партиска или верска припадност. Сложно, затоа што кичевчани, без разлика дали се тоа Македонци, Албанци или останати  се иселуваат.  И едните, и другите и третите. Сите  имаат тежок живот, сите сакаат  иднина“, истакна Мицкоски.,,Има луѓе кои изградија кариери на етнички теми, цели партии се одржуваат на бранот на едно вештачко непријателство и нетрпеливост, која се гради помеѓу кичевчани. И знам дека кога вака ќе ги соочите со вистината во очи, многу тешко е да ве погледаат во очи, но и сите ние и сите вие не треба да наседнуваме на стапицата на дневните партиски препукувања, на романтичарските идеи кои не носат храна на трпезата и подобар живот. И тие кои постојано го прават ова, нема да имаат среќа ако нивниот народ е несреќен“, кажа Мицкоски.Мицкоски истакна дека додека Али Ахмети и неговите соработници се богателе, народот страдаше и се раселуваше. Според него, Ахмети не успеал да обезбеди просперитет за сите.,,Што ќе му е Зајас на Али ако тоа е празно? Нема радост ниту во палатите, ниту во дворците, ако преку оградата народот и соседите ти се гладни и раселени“, рече Мицкоски и додаде:,,Тоа го направи тој за Албанците. Ги испразни нивните места, села, градови, ги расели после 20 години владеење тука. Додека тој и неговите блиски се богатеа, народот страдаше и тонеше во сиромаштија.  Затоа, слушнавте дека докторот Александар има проекти за сите. И за Албанците, и за Македонците, и за Турците, и за Македонците муслимани, и за Ромите, и за Власите, и за Бошњаците и за сите останати. Буквално за секој еден кичевчанец. За сите ќе правиме и планираме проекти“.Мицкоски повикa на заеднички одговор од сите против нечесноста и поделбите, нагласувајќи итност за резултати, дела и единство.,,На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, сите кичевчани.  Утре, ако некој и од нашите редови постапи погрешно, исто ќе ве повикам да се обединиме против тоа. Немаме време веќе за грешки, пропусти и губење време. Мора резултати. Мора дела. Мора заедништво. Само така победите се можни и тие се на дофат. Поделбите одат во прилог на тие што не ѝ сакаат добро на земјата, на граѓаните, и на тие што ја злоупотребуваат нивната доверба“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarym4fg7d7bg45tcKxE2pG

„Ќе се скинат и куферчињата пари од источниот сосед, а ниту во зградите и визите од Дубаи има среќа, правдата ќе ве стигне“, Мицкоски со порака до СДСМ

Го слушам Венко Филипче како зборува дека сум штител на олигархија. Целиот мој живот го посветив на книгата и пенкалото, и така се градев себеси. И јас во политиката влегов чесно и со искрени намери, и мојата имотна состојба од тогаш до денес е непроменета. А тој, седнат во скутот на неговиот гуру, со хациенда на Водно направена додека е министер, со партнерски зделки со неговиот гуру, кој со чиновничка плата – што како премиер, што како градоначалник – има империја тешка стотици милиони евра, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Струмица.Мицкоски посочи дека тука следува логичното прашање, како од едно просечно семејство се стигнува до милиони какви што тие имаат и располагаат.„Одговорот го знаете, а резултатот го плаќаме сите ние – се вика разрушена држава и систем кој пропаѓа и кој сега мораме да го градиме од неговите темели. И нека создаваат лажна слика на душегрижништво, затоа што темелите на овој дом се составени од надежите, мотивите и жртвата на илјадници луѓе кои се вградија во тие темели. И целото мое време го посветувам за да ја кренеме Македонија, ама не се залажувајте ниту помислувајте дека заборавив за мигот што ѝ го направивте на државата“, кажа Мицкоски.Мицкоски се осврна на кампањата и спотовите со кои се претставува СДСМ на овие избори.„Колку и да лажете на спотовите и бледата кампања што ја имате, не можете да го излажете народот. Таму, во тие спотови и изјави, се скриени сите ваши стравови и потсвести, сите ваши сеништа и скриени пораки. Па така, некни, кога патував на еден од митинзите, гледам спот на СДСМ каде тегнат, влечат еден црвен кабел низ Скопје. Кабелот ги заокружува луѓето од СДС, ги поврзува сите од раководството на СДСМ, и вика – точно, во право се, сите нив ги поврзува еден кабел. И со право – кабелот е неизоставен дел од потсвеста на Венко. Човекот при здрав разум излезе и нè убедуваше дека кабелот бил виновен што модуларната болница изгорела. А не системот во распаѓање кој тие со години, а претходно со децении, го уништуваат“, изјави Мицкоски.Мицкоски со порака до Филипче: „Венко, кабелот не може да биде никаква иднина, туку само добар слуга на неговите политички господари на кои им служи со гордост и чест, и не се ни труди да смени нешто“.Мицкоски укажа на фактот дека од СДСМ ниту демантираат, ниту потврдуваат за врските и парите од Бугарија.„Ниту пак се во состојба да кажат поинаку од она што сите знаеме дека е вистината. Ќе ви се скинат и куферчињата пари од источниот сосед, а ниту во зградите и визите од Дубаи има среќа. И сакам една порака до сите нив: тоа што година и три месеци сè уште не стигнала правдата до вас, тоа што година и три месеци секој ден, час во денот и неделата го минувам на градење на темелите што ги рушеа, не значи дека заборавив и не работам правдата да ве стигне“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymf6vrjfeh3m43JcZzid

Филипче : Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не е само локална ниту само политичка туку е економска и борба за достоинство.„Се бориме за 500 евра минимална плата на работниците. За правото на човекот да живее чесно од сопствената плата да може да оди во маркет, да ги обезбеди децата, да го обезбеди семејството. Се бориме за правда, за достоинство и за надеж“, рече Филипче.500 евра минимална плата на работниците за правото на човекот живее чесно од сопствената плата да може да доверба значи да му дадете семејство се бориме за правда за достоинство.Тој исто така оттаму испрати порака дека Пехчево е уште еден град од многуте каде нема инвестиции, нема горди граѓани. Пред граѓаните на Пехчево, Филипче зборуваше за лажното лице на власта и нивната двојна страна како власт и опозиција.„Го слушам премиерот Мицкоски оди по митинзи и зборува како да сме лани, како да е сеуште во опозиција. Не обвинуваа лани за криминални тендери за перење пари, за несоодветни теми кога пред неколку недели неговата влада, неговите луѓе потпишуваат договори со истите тие фирми за коишто не обвинуваа. Се што сега очекував е пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ да излезе на прес-конференција во Белата палата и да го нарече неговиот премиер криминалец. Ете тоа е нивното лицемерие“, рече Филипче.„Ароганцијата на ВМРО-ДПМНЕ мора да запре, затоа што нема светла иднина со лаги“, рече тој.  Ние на овие избори пред граѓаните истапуваме со чесни луѓе, со луѓе што имаат знаење, резултати, желба да се борат и да се изборат за подобри општини и подобар живот. Таков е и Златко Николовски кој сите вие добро го знаете. Такви се и нашите кандидати за советници.Притоа, Филипче ги повика граѓаните на 19 октомври да одлучат дали ќе ги одберат лагите и неисполнетите ветувања на власта или ќе одберат борба за правичен дом и подобар живот за сите.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryj7tq1sgdph505vsqlmj

Мицкоски: СДСМ имаа седум години можност да мислат за нашиот заеднички дом, а наместо тоа мислеа на сопствениот џеб

На денешниот народен митинг во Босилово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток испрати порака до СДС со цел, како што рече, да извлечат поука од погрешните политики во минатото.„Да испратиме порака и до нашиот политички противник за да извлече поука за погрешните политики коишто ги водеше во минатото, а гледам дека и во оваа кампања од првиот ден тие континуирано од грешка во грешка влегуваат, тие од првиот ден почнаа брутална црна кампања, полна со ниски страсти најчесто напаѓајќи ме мене, преку конструкции, да дефокусираат со невистини. Што имаат тие да кажат ако не водат црна кампања, што направија по што ќе останат запаметени? Треба да им простиме, и да ги оставиме во нивното политичко мочуриште да тонат“, нагласи Мицкоски.Мицкоски во своето обраќање посочи дел од дилемите на граѓаните кои ги имаат во однос на слоганот на СДС, и дали под дом се подразбираат хациендите на Халкидики и во Дубаи.„Би сакал неколку реченици да кажам и за слоганот на нашиот политички противник, којшто вели дека ќе се бореле за нивниот дом, често ми го поставуваат прашањето: Претседателе за кој дом мислат? Дали мислат за домот во Дубаи, дали мислат за хациендата на Халкидики, фирмите во Петрич и Сандански или пак можеби за онаа јахта коишто сите можевме да ја видиме, имаат луѓето дилема. Мојот одговор е секогаш дека тие имаа седум години можност да мислат за нашиот заеднички дом, а нашиот заеднички дом е нашата татковина Македонија, тие мислеа за својот џеб, и затоа денеска некогаш големата СДСМ се наоѓа под психолошкиот и биолошки минимум, и на овие избори нивен главен предизвик ќе биде дали ќе освојат 110, 120, или 130 илјади гласа“, истакна претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4iqoeve67knv76F1jQT

Мистериозен „хакирачки напад“ без последици? МВР истражува кој праќа пораки за хакирање на Мицкоски и Тошковски

Помина една недела откако од електронска пошта именувана како „Косова Приштина“ до медиумите беше испратен мејл со наводи за хакерски напад врз мејловите на највисоките државни функционери, меѓу кои премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Во пораката, испратена и до „Скопје1“, се тврдеше дека ќе има „специјално хакирање во живо“ за време на Дигиталниот самит што се одржа на 1 и 2 октомври во Скопје. Дополнително, во јавноста почнаа да кружат и листи со наводни кориснички сметки и лозинки на државни институции – меѓу нив Министерството за надворешни работи, Министерството за образование, Министерството за транспорт и врски и Општина Гостивар.Во мејлот до медиумите беа доставени и наводни лозинки и кориснички податоци за е-поштата на премиерот Мицкоски и министерот Тошковски.Сепак, ниту една институција досега не пријавила конкретни последици од ваков напад.Од МВР за „Скопје1“ изјавија дека секторот за компјутерски криминал презема активности за утврдување на вистината.„До овој момент во секторот за компјутерски криминал при МВР нема поднесена пријава за таков случај. Секторот по допрен глас презема мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот,“ соопштија од Министерството.Не е познато дали наведените податоци претставуваат вистински безбедносен пробив или пак станува збор за обид за спин во пресрет на ИТ-самитот во Скопје.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycrvr2ctu4khmchhSXDb

Филипче: За Владата на Мицкоски поважни се олигарсите, отколку работниците

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Велес, ја обвини  Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека наместо да ги заштити работниците, работи за големите олигарси.Филипче посочи дека власта ги одби сите добри законски решенија на СДСМ за покачување на платите и справување со високите цени на храната затоа што поважни им се газдите на маркетите.„Ги одби, затоа што за нив поважни се газдите и крупниот капитал, отколку работникот кој секој ден се мачи да стигне до крај на месецот. ВМРО-ДПМНЕ, заради интересите на неколку компании блиски до нив, ги остава работниците по страна. ВМРО-ДПМНЕ се плаши да им каже на големите компании: Време е да го почитувате трудот на работникот. За нив, 400 евра биле доволни. За пуленот на Мицкоски, Трајко Славески, и тие биле многу. Додека тие трошат за ПР кампањи народни пари, луѓето се оставени на страна“, рече Филипче.На трибината тој појасни дека граѓаните поради лошите политики на власта се оставени да не можат да врзат крај со крај во месецот.„Што има обичниот човек? Празна кеса од маркет, сметки што пораснаа и до 30% и тие секојдневно чувствуваат дека живот е сè потежок. Речиси три минимални плати денес не можат да стигнат за една потрошувчка кошничка, а камоли за сметките. Луѓето не се борат за подобар живот, тие се борат за преживување. И токму затоа оваа власт мора да се соочи со прашањето: за кого работат, за народот, или за олигарсите?“, нагласи Филипче.Во обраќањето тој потсети дека СДСМ и во најголемите кризи, Ковид кризата и енергетската криза, покажа што значи вистинска грижа за граѓаните.„Го воведовме првиот механизам што предвидуваше раст на платите согласно растот на трошоците за живот. Бевме првата Влада што вистински со конкретни дела покажа што значи социјална држава. Во нашето време, минималната плата стана достоинствена, пензиите растеа, а работниците беа заштитени. Имавме девет пакети на антикризни мерки во најголемите кризи, 2,6 милијарди евра отидоа директно во компаниите и кај граѓаните. Се заштитија 80.000 работни места, се заштитија 20.000 компании од пропаѓање. Сега нема ништо. Има молк, има лажен ПР, има манипулации и има само слики од митинзи“, рече Филипче, и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ наместо „балкански економски тигар“, како што ветуваа, ја претворија Македонија во економска пустина.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања