МИЦКОСКИ

slika-5

Мицкоски за игралиште во Бутел: со пари кои порано градоначалниците од СДСМ ги трошеле за еден проект, сега се прават два

„Како што кажа Дарко тука во Бутел проектите еден по еден се реализираат од тоа што беше ветувано. Минатата недела едно игралиште веќе е во функција пуштено веќе се користи и тоа посебно ме радува бидејќи континуирано бутелчани го користат тоа прво игралиште“, кажа Христијан Мицкоски, претеседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Еве и второто игралиште денеска тука почнува со користење па не знам дали спомена Дарко, но овие две игралишта се направени со онолкав буџет колку што минатиот градоначалник успеал да направи едно игралиште. Значи ние, а и Дарко и неговиот тим не магионичар, туку само работи чесно, посветено и со средствата кои што во минатото биле трошени за еден проект, тој успева да сработи два проекта заедно со неговиот тим и тоа е за честитање и за пофалба.Ќе ве потсетам дека минатата недела најавивме почеток на изградбата на детската градинка во Бутел за месец и половина од денеска, во тек е изградбата на Основното училиште во Визбегово, завршен е тендерот кој што Градот Скопје ќе го инвестира овде а тоа е Бутелска, и така натаму продолжуваат проектите да се работат насекаде Скопје и видливо е тоа по мерењето на јавното мислење кај граѓаните, тие се задоволни од градоначалниците во општините и ние мора да покажеме дека не се сите исти, дека народот не треба да се разочарува, не треба да губи верба затоа што подобрите времиња допрва доаѓаат. Покажуваме што значи работа, што значи промени на локално ниво, тоа наскоро после предвремените парламентарни избори оваа политичка партија со овој тим на млади мотивирани и чесни луѓе ќе го направи на државно ниво насекаде низ Македонија.Многу проекти, многу посветеност, многу работа, мотивирани и храбри луѓе се прифаќаат во костец со проблемите да ги решаваат а јас мислам дека овој тим на ВМРО-ДПМНЕ е токму таков. Млади градоначалници, енергични, спој со искуството и мислам дека тука ќе имаме успех се разбира кој што ќе дојде без дилема.Така што уште еднаш мојата порака до граѓаните е допрва доаѓаат убавите денови, немојте да губите надеж, оваа криминална влада е на одење, наскоро од денеска ќе има предвремени парламентарни избори, ни треба општествено обединување околу ВМРО-ДПМНЕ ЗА промени, работа и проекти“.

пред 3 години

grujo-micko1

Мицкоски копнее по Груевски, тврди СДСМ

Со вчерашното изразено жалење што Никола Груевски не е присутен во државата, Христијан Мицкоски призна дека копнее по неговиот ментор и шеф, осуден криминалец во бегство, вели СДСМ„И вечерва Мицкоки не се огради за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот претходник, за кои има дузина судски пресуди со затворски казни и серија признанија од високи функционери на партијата. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е старата нереформирана партија, симбол на криминал и корупција. Самиот Мицкоски е опркужен со кадри на режимот кои се дел од судски процеси за милионски криминал, корупција и злоупотреба на парите на граѓаните.Талир, Титаник, Моќник, Плацеви на Водно и безброј други предмети пред македонските судови.Тоа е ВМРО ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

21102020_SEP_MP_MVR_3

Постои тивка коалиција и сериозна спрега помеѓу криминалот и раководството на МВР, вели Мицкоски

Обвинувањата кон МВР се темелат на катастрофата која ја имаме. Постои тивка коалиција на криминалот со раководството на МВР, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на што се темелат обвинувањата од страна на опозицијата кон МВР на Спасовски дека не работи соодветно.„Уште во 2017-та или 2018-та година на спектакуларен начин се откри дека во обвинителството и во основен суд 1 Скопје биле прислушкувани судии, обвинители каде биле откриени тајни централи за снимање на разговори“, посочи Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека дебаклот на Спасовски започна уште од тогаш каде излезе и рече дека сето тоа е на сигурно и дека сторителите многу скоро ќе бидат изведени пред лицето на правдата, но од таа работа ни трага ни глас нема за жал, па сѐ до овие последни пасоши кои се раздаваа на белосветски и балкански наркобосови итн.Тој додаде дека кулминацијата на сето ова кулминираше и со тендерот за набавка на сметачки машини од компанија која е на црната листа на САД.„Имаме една сериозна спрега помеѓу криминалот и за жал раководството на министерството за внатрешни работи. Покрај криминалот и корупцијата, парите и провизиите немаат боја a тогаш и колнењето престанува“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

„Јас во животот сум се борел да бидам прв“, Мицкоски не прифаќа дека СДСМ е успешна

„Порано или подоцна ќе има предвремени парламентарни избори. Не можат на сила да останат таму каде што се“. Ова е ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој смета дека Македонија е константно во криза. Кажа дека прво бил коронавирусот, па вакцините, па пожарите низ Македонија кој ги гаснеле странски држави, за сега, да има енергетска криза.„Покажаа некадарност, неспособност, најголема во Европа. Ако е резултат економската политика на СДСМ која не закова на дното во регионот според бруто домашен производ. Јас таков успех не прифаќам. Јас во животот сум се борел да бидам прв. А Македонија е последна според бруто домашниот производ. Истото е и според дефицититот во буџетот, рекордери сме, најголем е дефицитетот во регионот“, кажа Мицкоски.Тој рече дека за ова ќе пресудат граѓаните.„Ако не се краде, ќе има. Новото задолжување е за покривање на непродуктивните трошоци“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

mickoski-956

Мицкоски најавува избори, но не и протести, па се правдаше зошто нема да се излезе на улица

Христијан Мицкоски најавува избори, но не и протести. Тој смета дека може да има инфлтрирања кои ќе ги контаминираат, ако вака се изразува незадоволството. Побара и разбирање од јавноста, како и трпение. Убедува дека и тој живее лошо.„Не би сакале ВМРО-ДПМНЕ да влезе во состојба да му даде вештачко дишење на нашиот политички ривал. Внимателни сме со постапките кои ги превземаме. Сега за сега продолжуваме во рамките на институциите. Но, нормално ќе ја анализираме состојбата. Врз основа на тоа ќе повлекуваме потези. Нашите внатрешни анализи велат дека може да има инфлитрирања, било какви, герила акции, кои ќе ги контаминираат чистите народни изливи на негативно расположение на оваа корумпирана и неспособна и власт и на тој начин ќе се овозможи вештачко дишење на овие од власта. Јас го разбирам секој граѓанин кој е револтиран“, кажа Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава: @Ве молам за трпение, мораме да бидеме трпеливи, да не ги правиме грешките од минатото. Гледаме изминативе четири години колку не чинат грешките од минатото. Потешко се живее, нема проекти, од први во регионот станавме повторчувачи“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања