МИЦКОСКИ

mickoski27022024

Мицкоски: Во програмата 1198 планирани се 250 милиони евра за општините

При денешната посета на општина Гевгелија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на платформа 1198 и дали се предвидени пари за општините истакна дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ планирани се 250 милиони евра за општините и 1 милијарда евра во рамките на четиригодишен мандат за развој на општините и решавање на потребите на граѓаните.„Планирани се до 250 милиони евра, средства кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата планира да ги реалоцира кон општините за проекти на општините кои што се од големо значење за граѓаните. Целта на овој проекти е да практично допреме до секое едно домаќинство, да ги задоволиме основните потреби со кој ќе обезбедиме поквалитетен живот на македонските граѓани во смисла на подземна инфраструктура, канализација водоводи, атмосферска и фекална асфалт, нови улици исто така онаму каде што е потребно нови градинки нови училишта како дел од проектот да нема веќе листи на чекање за дечињата во градинките во пред школската возраст и цениме дека на тој начин ќе ги решаваме основните потреби на граѓаните. Тоа е вкупно 1 милијарда евра во рамките на еден четиригодишен мандат и цениме дека на овој начин ќе покажеме дека сето она кое што е можеби испуштено повеќе од три децении ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат сериозна намера да го решат а на тој начин да дојдеме што е можно поблиску до граѓаните. Од овде од Гевгелија апелирам до сите градоначалници без разлика дали се тоа од ВМРО-ДПМНЕ или од другите политички партии да подготват проекти и таму некаде наесен кога очекуваме да биде јавниот повик да аплицираат и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ да практично одобри средства за реализирање на тие проекти во општините, ние не сме како владата на СДСМ и ДУИ ние сакаме да ја развиваме Македонија на целата територија на 26 илјади квадратни километри, секоја педа секој метар ни е важен, без разлика дали градоначалникот е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и во име на тоа ги повикувам сите градоначалници да подготват проекти, да аплицираат и заедно со тие градоначалници да ги реализираме тие проекти што се од интерес на граѓаните во цела Македонија“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски и Силјановска на средба со Делегацијата на Ад-хок Комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Денес 27.03.2024 година претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, како и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Никола Мицевски остваријa работна средба со Делегацијата на Ад-хок Комисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Македонија.На средбата се дискутираше за подготовката на изборните процеси, претседателски и парламентарни, како и запознавање на делегацијата на Ад-хок Комисијата на парламентарното собрание со моменталната политичка состојба во предизборниот процес во државата.Исто така на средбата беше посочено дека на државата и се потребни целосни реформи, како и зајакнување на демократските вредности и перспективи на Македонија.Од страна на претседателот Христијан Мицкоски беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ будно ги следи сите настани и состојби во предизборниот процес, како и спроведувањето на изборите од страна на сите засегнати институции во државата.На средбата беше констатирана добрата соработка со предизборната мисија на Делегацијата, како и ставањето во функција на сите потребни капацитети од страна на ВМРО-ДПМНЕ за фер и демократски претседателски и парламентарни избори во Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна Влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз основа на тој договор, да функционираме како идна влада, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан од новинарите за коментар за тоа што многу коалициони партнери ја напуштаат владината коалиција и преминуваат во опозицискиот блок.Во однос на нивниот мотив за ваквите потези, Мицкоски истакна дека не може во нивно име да даде одговор и дека за тоа треба се прашаат тие самите, посочувајќи дека би сакал тоа да е поради фактот дека тие препознале добри работи во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.„Околу мотивот и причината, можеби тие ќе треба да ви дадат одговор. Јас би сакал тоа да е фактот што тие препознале во нашата програма добри работи и поради тоа одлучиле да ја прифатат. Имаше и такви кои што преговараа со нас, не успеавме да постигнеме договор, или ќе настапат самостојно или ќе останат заедно со актуелните владејачки партии, дали се тоа СДСМ или ДУИ без разлика“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-2-Konvencija-2-02032024

Мицкоски: Наша цел е еден универзитет од Македонија да биде во првите 1000 на Шангајската листа

Тоа што го зборувавме вчера е само мал дел од образовната политика која што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи образованието е фундамент, од образованието се потекнува, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски осврнувајќи се на вчерашната трибина за образование, запрашан од новинарите дали има план за подобрување на состојбите во образованието, како што се немањето учебни и тоа што македонските универзитетите ги нема на шангајската листа.Мицкоски посочи дека како идна влада, планираат сериозни реформи во рамките на министерството за образованието, каде што за универзитетските професори кои што ќе објават научни трудови со фактор на влијание од базата „Томсон Ројтерс“ предвидени се финансиски стимулации, односно зголемување од 50% на нивниот личен доход.„Во делот на високото образование, планираме реформа со која што ќе бидат наградени оние наставно образовни лица кои што ќе објавуваат трудови со фактор на влијание во часописи кои што се дел од базата на „Томсон Ројтерс Сајнс“. Следната година, од годината кога ќе објават, ќе имаат зголемување од 50% во нивниот личен доход и ќе биде целосно платена котизацијата за тој труд, на тој часопис со фактор на влијание кој што е дел од базата на индексирани часописи на „Томсон Ројтерс“, наречена „Веб оф Сајнс“. Многу е ова важно за да можеме да напредуваме на Шангајската листа, затоа што во моментот, за жал, Универзитетот Св. Кирил и Методиј се бори околу двеилјадито место да остане, во првите две илјади универзитети во светот. Додека, пак, во регионот соседна Србија има два универзитети во првите илјада, Белград е во првите 300, во првите 800 е Нови Сад. Загреб е таму, Љубљана е таму во првите илјада“, рече Мицкоски.Така што, истакна Мицкоски, наша цел како влада е да направиме се еден од универзитетите да биде во првите илјада на Шангајската листа на универзитети и со тоа ќе се зголеми квалитетот на високото образование, а со тоа ќе се зголеми и конкуренцијата на пазарот на труд.„Нема само да се посветиме на високото, ќе се посветиме на основното и на средното образование, кариерното унапредување, колективниот договор. Учениците и родителите исто така ни се фокус иако знаеме дека во моментов хаос владее во министерството за образование и со сила ќе биде оставена состојба во која што, можеби во учебната 24-25 ќе има проблеми околу печатењето, не затоа што имаме конфликт на концепти, туку имаме конфликт на тоа кој ќе земе и колкава провизија. Но, со сигурност од учебната 25-26 секое дете пред себе на први септември ќе има учебник по секој предмет“, рече Мицкоски.Додаде дека во образованието планираат многу работи, а при тоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го зголеми вниманието и за учениците со попреченост.„Кај учениците со попреченост ќе биде зголемено вниманието на идната влада. Не само во основното образование, асистентите ќе продолжат да работат и во средното образование. Потоа, за истите тие ученици со попреченост, ќе имаме бесплатен спорт финансиран од државата, тренери, лица кои што ќе работат со тие ученици, со тие дечиња“, истакна Мицкоски.Мицкоски посочи дека се ова ќе биде иновативно и ќе биде нешто кое што до сега не било застапено, додавајќи дека планираат многу да инвестираат во науката, да го зголемат буџетот за науката, затоа што образованието е основа на се.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Со СДС и ДУИ дојдовме до ситуација да не работат сите три блока во РЕК Битола

При денешната посета на општина Аеродром претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека наследството од криминалната влада на ДУИ и СДС е катастрофално и државата е во катаклизмична состојба а „шампионите“ во енергетиката го оставија РЕК Битола без трите блока да не работи додека директорот се забавува и брои провизии.„Она што го имаме како информација, што ќе го наследиме од оваа криминална влада на СДС и ДУИ е навистина алармантно и би рекол катастрофално и државата е пред една катаклизмична состојба. Еве денес претпоставувам знаете дека овие што беа шампиони во енергетиката го оставија на пролет, што до сега не се случило во март, РЕК Битола да не работи со трите блока додека директорот хармоникаш се забавува и пее песни на 8-ми март со вработените за жал неговиот комбинат каде што тој е директор и треба да го управува наместо да го управува тој за жал имаме информации, основано сомневање дека се занимава со броење провизии и го остави комбинатот без 3-те блока да работи што не знам кога последен пат се случило“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-51325123

Мицкоски: Предупредувавме дека фабриката за електрични возила е шарена лага

Навистина не знам како не е до власта која во август 2022 година ветуваше дека за неколку недели ќе почне производството, а за неколку месеци потоа лаже дека ги групирале парцелите па тоа било пречка за да отпочне, за да повеќе од година дена сведочиме на банкрот на компанијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од општина Аеродром одговарајќи на новинарско прашање за пропаднатата фабрика за електрични возила во Тетово.Треба да видиме дали е исплатена државна помош, ги охрабрувам медиумите да ја прашаат владата, а доколку не одговори, за неколку месеци од денеска идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде одговор на ова прашање, додаде Мицкоски.Мицкоски посочи дека ако е исплатена државна помош, тоа што тој го направил сторил огромно кривично дело и злоупотреба на народни пари и ќе одговара за сето тоа.Ние од самиот почеток предупредувавме дека ова е уште една шарена лага во очи на тогаш вонредните локални избори во општина Тетово кога имаше повторени избори за советот и во предизборна еуфорија се сликаше целиот државен врв на чело со Ковачевски, Ахмети и останатата група. Сега истите ги нема да излезат во јавност и да кажат зошто компанијата која така помпезно ја најавуваа банкротираше и дали е исплатена државна помош, а ако е исплатена колкава е таа државна помош за да знаеме колку долго некој ќе одговара затоа што ги злоупотребува народните пари, потенцираше Мицкоски.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Општина Аеродром стана првата смарт општина во Македонија

,,За мене претставува големо задоволство денешниот ден бидејќи Општина Аеродром покажа и докажа дека кога напорно се работи и посветено се работи може да се постигнат и на локално ниво европски успеси. Како што е почетокот на овој проект.Жителите на општина Аеродром ќе имаат навистина едно би рекол посебно решение кое што ќе одговара на нивните потреби. И она што е важно како што и самиот проект вели ќе се зголеми транспарентноста, ќе се зголеми отчетноста во однос на тоа каква е навистина животната средина, квалитетот на воздухот, но и истовремено ќе се намалат трошоците кои што во моментот Општина Аеродром и граѓаните на општина Аеродром практично ги плаќаат. И ќе останат повеќе пари и средства за капитални инвестиции.Така што уште еднашка му честитам на градоначалникот Тимчо, на советниците на Советот, на администрацијата за сето она кое што го направија.Претпоставувам или да бидам попрецизен сигурен сум веќе и градоначалникот и гостинот денеска направија презентација за каква компанија станува збор, дека котира на белгиската берза, дека ќе инвестира девет милиони евра. Практично дека локални партнери се А1 и Ассеко. Така што навистина претставува еден фантастичен проект кој што очекувам да се прошири и во другите општини во Македонија, но од Македонија да го прошириме и во другите држави во регионот.Така што уште еднашка честитам и нека ни се множат ваков тип на проекти", изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Бугарски фашисти и германски нацисти депортирале Евреи во Треблинка, овој ужас да не се повтори

„На денешен ден навршува 81 година од холокаустот на 7.144 македонски Евреи кои бугарските фашисти и германските нацисти ги депортирале во логорот Треблинка на 11 март 1943 година.Оваа човечка трагедија и ужас никогаш да не се повтори.Да ја менуваме реалноста, да ја браниме слободата и мирот, и со дела да покажеме хуманост и почит кон сите луѓе. Заштита и признавањето на човековите права е фундаментот за взаемно почитување и напредок кое како општество мораме да го имаме”, изјави Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-h-393

Мицкоски: Ќе направиме се да имаме универзитет на Шангајска листа меѓу првите илјада, како и секое дете да има учебник во претстојната 2024/25 учебна година иако сакаат да ни остават хаос

Многумина добиваат звање редовен професор и до пензија забораваат да напишат труд да напишал. И ние сакаме во една таква ситуација да имаме универзитет на Шангајската листа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“.„За да се биде на Шангајската листа има два столба. Едниот столб е обврска на државата и со тоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ треба да се позанимава сериозно. Тоа значи државата да обезбеди околина, услови за научно функционирање, опрема и слично. Тоа е дел и обврска на државата, но обврската за наставниот кадар е да објавуваат трудови индексирани со висок фактор на влијание. Нашиот највисок рангиран е Универзитетот Кирил и Методиј и тој е нешто под двеилјадитото место и ние сакаме да имаме наука, тоа не е можно. Наука не може во вакви услови“, рече Мицкоски.Оттука рече претседателот Мицкоски, одлучивме да предложиме повисоки плати за сите наставници кои ќе имаат трудови со импакт фактор.„Сега се префрлам на основците. Сето ова е залудно ако основците на време не добијат книги. А немаат книги и тоа ни се случува не затоа што се натпреваруваат концепти, туку се натпреваруваат кој поголема провизија да земе, па една партија има една омилена печатница, друга има друга печатница. На крај од ова учениците се тие кои се негативно изненадени и немаат книги“, кажа Мицкоски.Мицкоски укажа дека новата влада која би се формирала некаде втора половина на јуни месец ќе гледа да направи се сите ученици да имаат книги.„Учебната година стaртува на први септември и информациите велат дека власта знаат дека ќе биде поразена и се обидуваат да остават тотален хаос. Но, ние ќе дадеме се од себе тоа да не се случи, како што и во техничката влада даваме се од себе да се среди хаосот кој го оставија со личните документи“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski02032024

Мицкоски: Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги награди сите наставно образовни лица кои се занимаваат со наука сo дополнителни 50% секој месец во неговата плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“ која се одржа во Куманово спомена дека основниот фундамент е враќање на претшколското образование во рамките на министерството за образование.„Потребно е образованиот процес да биде комплетен. Сега имаме чувство дека образовниот процес не е комплетен. Кога зборувам дека не е комплетен, мислам во рамките на министерството за образование. Имаме основно, имаме средно и високо образование. Но, ни недостасува еден фундамент односно базата, а тоа претшколското образование, односно популарно наречените градинки. Тие се сега под одговорноста на министерството за труд и социјална политика. Во оној процес на реорганизирање и реструктуирање на Владата каде што планираме фундаментални реформи бидејќи цениме дека Владата вака како што е составена некако како да не одговара на современите текови кои што се потреба на граѓаните“, рече Мицкоски.Мицкоски додаде дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ планира реорганизација во Владата, во самите ресори.„Претшколската едукација односно предосновното образование треба да го вратиме онаму каде што припаѓа, а тоа е во рамките на министерството за образование и наука“, нагласи тој.Тој рече дека е потребно и мотивација на наставно образованиот кадар.„Потребно е да се поработи и на мотивација на наставно образованиот кадар. Како ќе се мотивираме? Ќе се мотивираме како што се мотивираат во најголем дел од случаите, многу помалку луѓето денеска се мотивираат на поинаков начин освен материјално и финансиски. ние се обидовме во нашата програма да најдеме еден вид синергија помеѓу науката и финансиското мотивирање. И што направивме? Дадовме предлог во кој што секој оној наставно образовен кадар на високо образовните институции кој што ќе објави труд во списание со фактор на влијание, а тоа списание е дел од индексираната база „Томсон Ројтерс“ позната во науката како „web of science“ тогаш следната година државата ќе одвои дополнителни 50% секој месец за неговата плата“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски укажа дека ако за наставното образовно лице одвојува државата за неговата месечна плата нето 60.000 денари, а тој во претходната година објавил труд во списание на влијание, тогаш следната година 12 месеци државата ќе одвојува 90.000 денари за тоа образовно лице секој месец. Секој кој што ќе се занимава со наука ќе биде награден.

Македонија | пред 1 година

mickoski

Мицкоски: Жените во Македонија се хероини кои се борат за себе и за својата татковина - ја заслужуваат сета почит на светот

„Жените се столбот на едно семејство и на секое општество. Нивната истрајност и сила се симболот на животот. Затоа ја заслужуваат сета почит на светот, не само на овој ден, туку секој час и секој миг од годината.Тие се рамни на мажите, а во некои случаи покажале многу поголема храброст и мудрост. Вредноста на едно општество се мери во тоа колку тоа општество е еднакво и дава еднаква можност на сите без разлика на полот, верата и било која припадност. Нашата цел е токму таква Македонија да изградиме, Македонија во која мажите и жените ќе бидат рамноправни и рамноправно ќе се борат за своето место под сонцето, за себе и за својата татковина.Жената е пример за тоа како се сака и се жртвува една личност за своите животни цели. Жената во Македонија е хероината на денешното време која знае да се бори и таа борба е безрезервна. Пред тоа човек може само да симне капа и да го следи нивниот пример.Нека е честит 8-ми Март, нека ви е исполнет со радост, успеси и сила секој ден во вашиот живот“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-Konvencija-1-02032024

Мицкоски: Откако ги понижија македонските интереси СДС во очај и немајќи што да понудат водат лажна и валкана кампања

СДС практично во очај, немајќи што да понуди на граѓаните, мислејќи дека на ваков начин со лажна и валкана кампања ќе нанесат штета и врз мене и врз идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Виена, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со лажните вести кои СДС ги пласира за средби со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.Откако практично се прифатија, откако практично зададоа жесток удар врз македонскиот идентитет неколку пати во изминативе години, откако не само што ја понижија и ограбија Македонија тие направија нешто кое следните генерации ќе треба да го исправат и сега наместо да бидат свесни за сето тоа што го направија и да направат чекор назад и да се обидат преку некаква позитивна кампања да привлечат глас повеќе, ако може, тие се обидуваат со една ваква ниска лажлива кампања да добијат некој поен повеќе, но нема да добијат, потенцираше Мицкоски.Мицкоски истакна дека се разбира дека тоа се лажни извештаи од луѓе кои за неколку недели од сега нема да бидат таму каде што се, но им порача нека продолжат со таа лажна кампања, со ниско ниво, а ВМРО-ДПМНЕ се разбира ќе продолжи достоинствено и секаде особено надвор да се бори за Македонија.- Ние на онаков начин како што му доликува на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме да се бориме надвор од Македонија, ќе продолжиме да се бориме и во рамките на ЕПП и овде во Австрија и претходно во Франција, Швајцарија и насекаде во светот ќе продолжиме да се бориме за македонските национални интереси. Ќе продолжиме да се бориме да обезбедиме подобар живот за македонските граѓани, за иднината на Македонија како држава, затоа што ние сме ВМРО-ДПМНЕ и ние сме различни од СДС, а граѓаните може да направат разлика и да донесат заклучок, нагласи Мицкоски.Мицкоски потенцира дека од едната страна е понудата која ја нудат Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби, Миле Зечевиќ, Бојан Маричиќ, Димитар Ковачевски а од другата страна е понудата која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ борејќи се за македонскиот идентитет, подобра иднина, стандард, проекти насекаде.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски во посета на Виена

Денеска 08.03.2024 година претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со делегација предводена од потпретседателите Тимчо Муцунски и Александар Николоски како и стратешкиот соработник за меѓународна политика, Викторија Трајков се во посета на Виена, Република Австрија.Во текот на денот тие ќе остварат средба со Каролина Едстадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија, потоа со Мајкл Отер, претседател на Стопанска Комора на Австрија и Александер Шаленберг, министер за надворешни работи на Република Австрија.Исто така претседателот Мицкоски со делегацијата денес ќе остварат и средба со македонските иселеници кои живеат во Австрија.

Македонија | пред 1 година

Konvencija-10-02032024

Мицкоски: Државата е во хаос и му ја одземаа на народот, време е за промени и за Македонија која ќе ја вратиме на народот

„Државата е во потполн хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност која е насекаде. Изгубена е вербата во политичарите, затоа што волјата на народот многупати е изигрувана. Ништо не функционира, граѓаните имаат чувство дека државата е киднапирана од мала група на корумпирани политичари и затоа се скептични дека тоа може да се промени. Државата е одземена од рацете на народот, и ако најкусо може да се опише тоа чувство на народот со зборовите -немаме веќе држава“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната конвенција за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија.Претседателот Мицкоски истакна дека нема лични карти, ниту најобични документи за кои со години претходно знаеле дека треба да се обезбедат.„За пасоши се чека. Ќе не носеа во Европа, а заробија два милиони граѓани, и порано во короната беше карантинот, а сега создадоа државен затвор. Системот не функционира. Нема лични карти, нема ниту најобични документи за кои со години претходно знаеа дека треба да се обезбедат. Пациентите не се сигурни каква терапија добиваат, се заработува бескрупулозно на грбот на најранливите, непотизам насекаде, правда никаде. Не само младите туку и се повозрасните размислуваат да ја напуштат државата негледајќи систем и ред. Македонската партија во власта СДСМ е сведена на измеќар и соучесник во сите скандали. Нема човек кој не се срами од нивните настапи каде и да не преставуваат низ светот“, кажа Мицкоски.Претседателот Мицкоски посочи дека овие избори се за Македонија.„Да не се лажеме дека ова се избори за тоа дали ќе влеземе или нема да влеземе во Европската унија. Туку пред се ова се избори за Македонија. Каде изборот треба да биде Македонија средена, со закони кои важат за сите, со немање граѓани од прв и втор ред. И јас верувам дека граѓаните го знаат и ќе го направат вистинскиот избор, за себе, за своите семејства, за своите деца“, вели Мицкоски.Претседателот Мицкоски истакна дека на 8 мај народот ќе каже доста е. Ќе каже доста е од кражби, доста е од непостоење на систем, доста е од потценување.„Затоа ви велам дека она во што верувам пред овие избори е шансата во која сите можете и морате да учествувате. Ова не е Македонија која ја знаете, која ја сакате и која ја заслужувате. Очајот не е решение. Да не се делиме според политичките погледи, секоја наша разлика е помалку важна од Македонија која ни ја земаа. Време е да си ја вратиме. За одење напред. За развивање на концептот Македонија за сите луѓе. Да ја вратиме државата на народот. Да кажеме ова е твоја Македонија“, истакна Мицкоски.Претседателот Мицкоски потенцираше дека дојдено е времето е за промени.„Време е за промени и тоа време доаѓа. Ова нема да биде, моја, и само наша победа. Туку победа на секој еден човек на Македонија против естаблишментот кој не влече надоле. Доаѓа тоа време. Следуваат подобри времиња“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski27022024

Мицкоски: Диктати од ДУИ како она за претседател избран во Собрание не ми паѓа на памет да прифатиме

„Барањето на ДУИ претставува фолклор како што веќе го коментирав во јавноста. Обид за дефокус на јавноста од криминалот во кој озбилно се фатени од страна на јавноста. Обид да се наметне порака, обид да се наметне тема во јавноста, нешто слично на кампањата за парламентарните избори во 2020 година кога нели требаше премиер Албанец, сега потпретседател нели Албанец, да се бира претседателот во рамките на Собранието итн., и тоа го уценуваат со учество во вториот круг“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во телевизија Сител во „Тема на денот“.Претседателот Мицкоски продолжи и додаде дека тој и ВМРО-ДПМНЕ диктати не прифаќаат.„Прво треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ диктати не прифаќа и тоа е барем многу јасно. Ниту јас како личност, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Треба да им е јасно од политиките досега кои сега ги водиме дека тоа за нас е неприфатливо по ниедна цена“, кажа Мицкоски.Претседателот Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не само што нема намера таков диктат да прифати, туку ни на памет не паѓа да седнат и да разговараат врз основа на вакви пораки.„Второ со ваквиот тип на политики и пораки во јавноста и кон меѓународната заедница тие јасно кажуваат дека се се’ само не се европска партија. Покрај фактот што не членуваат во ниту едно европско семејство, со ваквиот тип на уцени и пораки тие практично докажуваат уште еднашка дека го имаат изгубено својот идентитет од пред 20 и повеќе години. Ако пледирате да бидете државотворна партија треба така и да се однесувате“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања