МИЦКОСКИ

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија

„Цениме дека тоа што таму е содржано е практично нешто кое што ќе биде испорачано“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во подкатост „Каде се парите“ во однос на „Платформа 1198“.Во своето гостување се осврна на дигитализацијата и ИКТ секторот.„Мора да имаме дигитална трансформација во Македонија ако сакаме да постигнеме 2 работи. А, тоа е зголемена економска активност со сите атрибути коишто таа ги содржи со себе задоволни клиенти задоволни инвеститори, добра економска и инвестициска средина итн. Значи зголемена економска активност кажано во неколку збора“, појасни тој.„И второто е да владее правото затоа што ќе едното со другото се надополнуваат. Нема да имате вие доверба кај потенцијалните инвеститори, без разлика дали се домашни или надворешни ако во државата не владее правото. Односно ако имаме еден зголемен транспарентен начин на комуникација со граѓаните на институциите. Од каде појдовме? Појдовме од проблемот со издавањето на патни исправи“, рече тој.Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија. Комуникацијата помеѓу институциите во Македонија не е само помеѓу државните институции, вертикалната комуникација. Туку и помеѓу државните институции, општините. Помеѓу државните институции, општините и граѓаните, помеѓу државните институции, општините, граѓаните и бизнисот.„Целта на дигиталната трансформација на Македонија е сето ова да биде во еден систем кој што меѓу себе ќе комуницира“, посочи Мицкоски.Тој додаде дека кога се зборува за дигитална трансформација се подразбира и политичка алатка, а тоа е дигитален попис. Дигиталниот попис е и политичка и социолошка алатка, но таа пак е потребна за да се има импут во економијата со што се располага како ресурс, човечки, интелектуален итн. Така што дигиталната трансформација во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебно место и ќе има посебно министерство за дигитална трансформација кое би требало да биде некакво продолжение на министерството за информатичка технологија и администрација, со тоа што администрацијата се уште се размислува, но најверојатно ќе конвегира кон решение да биде составен дел на министерството за локална самоуправа.Околу темата за ИКТ сектор Мицкоски истакна – „Што се однесува до ова што го зборуваме ИКТ индустријата мислам дека тука треба и покрај тоа што тие велат не бараме ништо, државата како држава да стимулира и да најде начин како да ги стимулира бидејќи тука додадената вредност е огромна, нема трошок. Паметот е тука.„Ќе треба време, нашиот план е дека до 8 години целосно ќе ја дигитализираме Македонија, до 8 години од почетокот, а првите две години ќе има значителен прогрес и ќе биде забележливо сето тоа. Сега јас го разбирам вашето прашање има предизвици со кои се соочуваме, а тоа е дека прво сите оние кои се дел од ИКТ индустријата многу малку сакаат да бидат дел од администрацијата бидејќи примањата се лимитирани, не се предизвик нели, не можете сега во администрација затоа што е инженер компјутерски да му дадете два пати, три пати повеќе плата од неговиот колега теоретски кажано правник. Има правила на игра и тој вели јас не сакам тогаш тука да работам во ова министерство, ќе одам во некоја компанија која може да ме плати ќе ми даде 2 – 3 илјади евра. И тоа е факт затоа ние треба да размислиме дали и веќе конвергираме кон една комбинација со тие две работи министерствата и генерално државната управа мора да имаат еден централизиран систем кој практично ќе служи како алатка и кои тие ќе го користат за да ги завршуваат овие работи, а тој централизиран систем ќе комуницира со аутсорсинг компанија која што пак ќе го заокружи целиот овој проект и тие треба да работат во синергија“, појасни тој.

Македонија | пред 1 година

IMG_5792

Мицкоски му одговори на Али Ахмети: Заканите ме засмејуваат, многу брзо од денес и млекото ќе ти преседне

,,Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека веднаш по изборите, уште првиот ден ќе остварам контакт со нив за заедничка соработка која ќе се темели на принципи околу кои ќе се обединиме.Уште истиот ден се јави Али Ахмети, нервозно одговарајќи, прозивајќи ме со навреди и доза на закани, но треба да знае дека неговите закани не само што не ме заплашуваат, туку и добро ме засмејуваат.Заканите доаѓаат од човек пред политичка пензија, помалку и заборавен, но сепак со добро грло, кое го вежба пеејќи по државни институции, и партиски прослави.Важен му бил на Али мојот оброк од детството, хммм…, чудно па се обидува заканите преку вицови да ги испрати. Ќе му одговорам! Мојот оброк Али во детството го печалеа моите родители со многу љубов и жртва да ме израснат и воспитаат во личност која ќе почитува и ќе се бори за својата Македонија. Но што е важно? Важно е Али да дадеш одговор со што ги хранеше твоите, па денес голобради момчиња печалат милиони, ја купуваат Соравија, или пак како го спечали тој дворец во Зајас кој е како на некој блискоисточен шеик, а не политичар од сиромашната Македонија.Ја разбирам нервозата и паниката бидејќи за прв пат сте прочитани и пред пораз. Доаѓа времето за одговори на многу прашања. Ова не е 2001ва, туку 2024та, 23 години потоа, а ДУИ го претвори во криминална организација од која страдаат и Албанците и Македонците. Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат…", напиша Христијан Мицковски на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање на национално единство

ВМРО-ДПМНЕ - ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО и континуитетот на кој се повикуваме како идеја и организација која ја славиме и која е нераскинлив дел од македонското национално движење и можеби најзначајна за македонскиот национален идентитет, туку истовремено и поради обврската и одговорноста која и вториот дел од името ја носи со себе. Долго време таа обврска и одговорност како да се одбегнуваше, некогаш занемаруваше, некогаш впрочем и попусти беа обидите да се оствари, но обиди иако неуспешни имало, кажа претседателот Мицкоски на вчерашниот митинг во Охрид.Тој нотираше дека тој сака да успее во тоа, да создаде македонско национално единство.Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум и запирање на сите напади кон партите Левица и ЗНАМ. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ, но и како моја обврска да пробам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога тоа и е најпотребно на државата, во моменти кога државата е одземена од народот и во рацете на неколкумина корумпирани политичари од ДУИ со неколкумина корумпирани политичари од СДСМ кои се седнати во скут кај овие од ДУИ, рече претседателот.Претседателот истакна дека Македонија мора да се обединува по сите основи, за тоа да се случи мора да се почне од некаде, и нема подобар период од тоа тој процес да започне токму сега.Ќе има во иднина моменти кога националното единство ќе е неопходно исто како што ќе има моменти кога ќе се прејде на едно граѓанско единство без разлика на етничката припадност, затоа што ова е земја на сите граѓани кои живеат во нејзе и сите ние граѓаните од различни етнички заедници сме нераскинлив дел и столб на ова држава и на нејзината иднина, заклучи претседателот.Неговата порака е дека нема откажување од граѓаните, нема откажување од единството помеѓу сите нас, затоа што само така заедно сложни со силата и капацитетот на сите, сме иднината на ова земја.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Во програмата „Платформа 1198“ предвидени се повеќе од 2 милијарди евра да се инвестираат во инфраструктурата

„Повеќе од 2 милијарди евра се планирани да се инвестираат во инфраструктурата. Тука е оној проект кој е многу значаен, а тоа се реалоцирање средства од буџетот кон општините во вредност од 250 милиони евра годишно или за еден четиригодишен мандат тоа би било точно 1 милијарда евра“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешниот увид на градежни активности во поранешната касарна во Охрид.Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:„Ги повикувам општините, не само онаму каде имаме градоначалници кои доаѓаат од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата туку и оние општини каде има градоначалници од СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, но и независни градоначалници да прават проекти бидејќи првиот оглас откако ребалансот на буџетот ќе се случи во јули месец првиот оглас ќе биде објавен некаде есента септември, за да може да аплицираат за проекти кои ќе бидат важни за граѓаните“, порача Мицкоски.Претседателот Мицкоски истакна дека нема да бидат влада само онаму каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, туку влада за сите граѓани.„Амбицијата ни е во еден момент да се работи на минимум 500 точки, 500 локации на територијата на цела Македонија со што ќе бидат задоволени потребите на граѓаните. Ние нема да бидеме влада само онаму каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, туку сакаме да бидеме влада за сите граѓани и да покажеме дека не се сите политичари исти, да покажеме дека немаме намера да ги делиме граѓаните како тоа што правеше сегашната влада“, вели Мицкоски.Претседателот Мицкоски истакна дека еден од приоритетите е конечното завршување на автопатот Кичево – Охрид.„Исто така тука се еден од приоритетите и конечно завршување на автопатот Кичево – Охрид. Рековме според нашата анализа тоа би било некаде околу 2026 година, втората половина на 2026 година. Реализација на тековните автопати Тетово – Гостивар, Прилеп – Битола. Многу други проекти поврзани со локалната инфраструктура, железничката инфраструктура, возови, вагони итн., нешто што е дел од програмата „Платформа 1198“, посочи Мицкоски.Претседателот Мицкоски истакна граѓаните детално да ја прочитаат „Платформа 1198“ бидејќи има детално за секого по нешто.„Цениме дека сето тоа што е таму содржано е возможно да се реализира и ќе го реализираме. Чуда не ветувавме, ние не сме чудотворци, чуда се невозможни, сите оние кои ветуваат чуда не ја говорат вистината. Ве молам прочитајте ја програмата „Платформа 1198“ и ќе го најдете патот како Македонија ќе се развива и ќе биде повторно горда и Македонија ќе биде повторно твоја“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3496

Мицкоски: Ние водиме позитивна кампања, сакаме да им ја вратиме надежта на граѓаните

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест и половина години многу криминал грабеж на институциите на Македонија, рече претседателот Христијан Мицкоски кој денеска е во Охрид, а коментирајќи каква кампања ќе води партијата и каква кампања очекува воопшто.Мицкоски рече дека идејата е да се води кампања со која ќе им се врати надежта на граѓаните.„Малкумина се граѓани од прв ред, тука пред се мислам на неколкумина од ДУИ и малкумина измеќари од раководството СДСМ, сите други имаат чувство дека се граѓани од втор ред“, вели Мицкоски.Според Мицкоски тоа е работа која мора да се смени во наредниот период.„Тоа мора да се смени и по 8 мај да има и одговорност. Желни сме да го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

Тоа е едно исто тело, бидејќи СДСМ во изминативе 2 недели од претседателската кампања не кажа ниту еден лош збор ниту пак ниту една критика за работењето на Демократската унија за интеграција што не е случај обратно, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Охрид одговори на новинарско прашање околу реакцијата на СДСМ за наводната жестока реторика и нивно поистоветување со ДУИ.Мицкоски исто така додаде дека фактот што ДУИ во кампањата ја критикува работата на СДСМ, а СДСМ нема кажано збор против ДУИ покажува дека СДСМ се само измеќари на ДУИ.“ДУИ ја критикува работата на СДСМ. Така што, како можам да судам и што можам друго да кажам освен тоа дека тие практично се ништо повеќе од едни обични измеќари на ДУИ?“ потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: по формирање на влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализираат уште поголем број проекти

Градежните активности и реализацијата на проектите во општина Охрид продолжуваат со несмалена динамика.Градоначалникот Пецаков заедно со тимот, администрацијата, советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот Пецаков по оној историски момент кога ја одблокира општина од децениски долгови и неколку јавни претпријатија продолжува со несмалена динамика да ги реализира ветувањата кон граѓаните, ги подобрува условите во општина Охрид и ја збогатува туристичката понуда нешто што му е важно на Охрид.Она кое е денес предмет на нашата посета е увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сака, училиште и авантуристички парк.Јас само можам да посакам на овој прв ден од кампањата за парламентарните избори да посакам уште многу вакви проекти.Знам дека амбицијата на градоначалникот Пецаков е огромна, знам дека неговата желба да направи проект повеќе за охриѓани е огромна и таа желба ќе биде уште поинтензивна откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада и ќе се реализираат уште поголем број проекти, дури и проекти кои се за доброто на охриѓани, а истовремено можеби не биле дел од ветувањата во кампањата за локалните избори во 2021.Уште еднаш му честитам на Кире, честитам на администрацијата на советниците кои ја поддржуваат работата на досегашните пратеници во македонскиот парламент, но и идните пратеници во македонскиот парламент кои несебично до сега, а и во иднина ќе ја поддржуваат развојот на Охрид и ќе соработуваме со градоначалникот Пецаков и администрацијата овде.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицоски: Ова се избори на кои народот ќе си ја врати државата

Ова се избори во кои народот треба да си ја врати државата која е киднапирана од страна на неколкумина од ДУИ и малкумина нивни измеќари од редот на СДС. Ова е избор помеѓу Македонија горда и достоинствена со пристоен живот и втора опција која ја нудат другите тоа е ограбена и понижена и Македонија. Немаме можност за втора шанса и ако овие продолжат како до сега државата се помалку ќе ја има, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во Кривогаштани.Мицкоски посочи дека дури и членството од СДС е разочарано од нивното раководство и одбива да биде измеќар на ДУИ и бара промени во државата.Јасно им е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победуваат на овие избори и дека Гордана Силјановска Давкова е победник на овие избори затоа сакаат да помогнат да не биде таа влада уценувана од страна на Али Ахмети и останатите. Ова не се избори во кои одлучуваат нијанси, туку јасен е победникот, туку прашањето е на чест и достоинство, дали ќе застанеме позади интересот на Македонија и ќе се бориме за национално единство или ова ќе бидат избори во кои тие како членови и симпатизери на СДС ќе останат слепи послушници на раководството на СДС кои за жал е претворена во измеќар на ДУИ, рече Мицкоски.Мицкоски нагласи дека криминалот нема етничка димензија, а овие луѓе повеќе од 20 години ја ограбија Македонија, и после 8 мај нема да биде „како до сега“, туку ќе има одговорност.Пред 20 години влегоа во политика со романтични идеи, а денеска гледаме како членови на семејството на Ахмети купуваат мултимилионски имоти во големите градови во Македонија, како сватовите возат Ролс Ројс и најскапи марки возила, како другите роднини имаат фирми кои вртат мултимилиони. Затоа повикувам масовно да излеземе на 24 април, а потоа и на 8 мај да гласаме за бројот 2 затоа што сиот криминал кој се случуваше изминативе години има име и презиме и ќе одговараат после 8 мај, потенцираше Мицкоски.Мицкоски зборувајќи за Пендаровски посочи дека нема извештај за сработеното, но од него имаме слушнато неколку работи по кои ќе биде препознаен и дека едната работа е дека сите кои нема да гласат за него не сака очи да им види, а потоа се расфрла со навреди.Пендаровски прво е вознемирен, па исплашен, знае дека довербата која ја има ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Твоја Македонија и Гордана Силјановска Давкова е најмалку 3 пати поголема од сите оние кои го поддржуваат него. Знае дека после 8 мај ќе има одговорност за сето она што и го направија на Македонија и народот, а тој е нем набљудувач и не спречи некои од процесите да се случат, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-Konvencija-1-02032024

Мицкоски: Ме шокираше изјавата на Пендаровски дека очи немало да им види на граѓаните ако не го гласаат

Од тоа што можам да следам во кампањата, тоа се пораки кои се вообичаени и во делот на преткампањата, гледам дека во албанскиот условно кажано блок кампањата се води со испраќање на пораки со прес конференции, многу малку теренска кампања, можеби тоа беше поради празникот Рамазан Бајрам. Очекувам сега поголема динамика. Во останатите кандидати гледаме вообичаени пораки, нема нешто ново, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со МАСИТ одговарајќи на новинарски прашања.Мицкоски истакна дека клучни се пораките кои се презентираат на настаните за време на кампањата за Гордана Силјановска Давкова која ќе е идниот претседатеел на Македонија.И очекувам дека довербата која ќе ја добијат Силјановска Давкова и коалицијата ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата твоја Македонија да направат нешто ново за Македонија и поразлично од тоа што се гледаше сега, рече Мицкоски.Мицкоски додаде дека во кампањата не го коментира Ковачевски бидејќи човекот исчезна, го нема.Пендаровски се срами од Ковачевски како претседател на партијата која го поддржа или е нешто друго како причина, но човекот исчезна. Што се однесува до Пендаровски и начинот на кој води кампања веќе кажав дека човекот најмалку што треба да направи е да и се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова, но тој тоа не го прави, продолжува со навреди. Ако оценил дека така треба да ја води кампањата и тоа му носи политички поени тоа е негова пресметка, јас би го советувал та да не го прави, туку да се извини, изјави Мицкоски.Мицкоски посочи дека веројатно Пендаровски така се обраќа на оние на кои мисли дека ќе го гласаат, но тие пораки се шокирачки.Неговата порака „очи нема да ви видам во вториот круг ако во првиот нема да ме гласате“ е навистина шокантна и е порака до граѓаните и е порака до граѓаните бидејќи 5 години го немаше, излезе во кампања и сега го гледаме како повторно бара поддршка а се заканува на граѓаните. Шокиран сум што овие луѓе после 30 годишна политичка кариера испраќаат во јавност вакви пораки, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски: Го повикуваам на дуел Мицкоски, очигледно тој е кандидат за претседател

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа го повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на јавно телевизиско соочување:„Јас бев првиот од седумте кандидати кој уште пред 20 дена предложи таканаречена мастер дебата. Сите седуммина, пред сите телевизии да имаме најмалку две соочувања пред првиот круг и тие што ќе поминат во вториот круг, уште една потоа. Меѓутоа од страна на најголемата опозициона партија прво бевме одбиени бидејќи побараа двајца од кандидатите да не учествуваат. Меѓутоа, јас сакам вечерва да предложам да имаме вистински дуел, да има реален дуел, не фингиран дуел. Јас предлагам вечерва да излезам на дуел со Христијан Мицкоски, бидејќи очигледно тој е кандидат за претседател. Госпоѓата Силјановска не ја гледаме каде е“ порача Пендаровски.Пендаровски посочи и дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека таму се истите луѓе на Никола Груевски.„Ако се на власт ќе владеат исто, затоа што станува збор за истите луѓе. Генералниот секретар на Груевски е денешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ треба да каже кои јаки меѓународни пријатели ги имаат за да сменат нешто со Бугарија. А ние знаеме кои се нивни пријатели“ посочи Пендаровски.Кандидатот за претседател Пендаровски ги повика граѓаните на 24 април да гласаат за бројот еден, опција која за разлика од опозицијата не го дели народот по ниту една основа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Честит Рамазан Бајрам до муслиманските верници со желби за среќа, бериќет и промени во Македонија

По завршувањето на вчерашниот митинг во Куманово, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им посака на сите муслимански верници среќен Рамазан Бајрам и им посака здравје, среќа и бериќет.„Штотуку завршивме со последниот настан денеска, а тоа беше еден спектакуларен, фантастичен, полн со емоции митинг во Куманово. Град во кој што има различни етнички заедници, но сите тие без разлика на својата различност се обединети околу една цел, а тоа е желбата за промени“, истакна Мицкоски.Во своеото обраќање Мицкоски порача – „Ја користам оваа прилика на муслиманските верници да им го честитам големиот празник, Рамазан Бајрам. Да им посакам здравје, среќа и бериќет ним и на нивните семејства. Истото тоа го посакувам и на сите граѓани во Македонија“.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посака да е вечна, бериќетна и просперитетна Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Македонија повторно твоја значи крај на сиромаштијата, инфлацијата, криминалното судство и заробената држава

Вашиот глас одлучува и само вие можете да ја испорачате одлуката која значи крај на најлошото владеење во историјата на Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во општина Битола во рамки на претседателски избори.Мицкоски додаде дека е време да се врати надежта и повторно да се обнови Македонија.Време е да ја вратиме надежта и повторно обновиме Македонија. Можеме и мораме Македонија да ја направиме повторно гордо. Тоа е она чувство кога се чувствувате посебно задоволни од колективните успеси, се радувате на развиореното знаме, заедничките победи во спортот, науката. Поединците кои не учат дека имаме што да му подариме на светот, порача тој.Претседателот Мицкоски изјави дека Македонија повторно твоја е за да се победи сиромаштијата, за зауздување и топење на инфлацијата која овде е најголема во Европа, како и крај на заробената држава и криминалното судство и правда.Македонија повторно твоја е да ја победиме и сиромаштијата. 600 илјади луѓе живеат со само 160 денари на ден, а над 80 илјади луѓе живеат во екстремна сиромаштија со само 60 денари на ден. Македонија повторно твоја значи и зауздување и топење на инфлацијата која овде е најголема во Европа. Инфлацијата го изеде секое покачување на платите, рече Мицкоски.Македонија повторно твоја значи да дојде крај на заробената држава, на криминалното судство и правда.Мицкоски нагласи дека Македонија повторно твоја значи и одговорност , укажувајќи дека овие избори се последната шанса за спас на Македонија, како и дека од сите граѓани зависи иднината.Македонија повторно твоја значи и одговорност, и ви велам таа ќе дојде. Заедно морам да победиме и оваа е последната шанса за спас на државата. Од Вашата одлука зависи каква иднина ќе има Македонија, вели Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Како идна влада со Платформа 1198 ќе ја обновиме државата и ќе ја преобликуваме иднината, за Македонија повторно да биде на народот

Визијата „Македонија повторно твоја“ е Македонија во која веруваш, и која ја сакаш и ја заслужуваш. Македонија на успеси, Македонија за која навиваш и со која се гордееш. Македонија на реформи, проекти, на работа, Македонија во која има ред, систем, поголеми плати и пензии, работа за сите, потенцираше во својот говор на митингот во Кавадарци претседателот Христијан Мицкоски.Тој кажа дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ претставува светилник на надежта, и сека има сериозна, најдобра изборна програма досега, наречена „Платформа 1198“.Во програмата има конкретни проекти што ќе ја обноват и ќе ја преобликуваат вашата иднина, но и кои ќе утврдат јасна траекторија за нашите граѓани. Од здравство до образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред. Нашата „Платформа 1198“ е отисок на позитивна промена, која допира до суштината на твоето секојдневие и те става тебе на прво место. Тоа е нашата заклетва дека граѓаните на Македонија секогаш ќе бидат на прво место.Иднината не е апстрактен концепт, таа е опиплива реалност која може да се обликува со твоите раце. Со оваа Платформа, промените во кои можеш да веруваш, се во твоите раце. Кај тебе е палката, која ти дава сила да ја направиш Македонија да биде повторно твоја, заклучи претседателот.

Македонија | пред 1 година

Untitled-1

Грција со внимание ја следи изборната дебата во Македонија

Грчкиот весник „Катимерини“ ги пренесува пораките на лидерите на власта и на опозицијата околу Преспанскиот договор.Весникот „Катимерини“ во четвртокот (4.04) објави текст под наслов: „Договорот од Преспа оспорен во предизборната дебата во Северна Македонија“, во кој се пренесуваат пораките на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и на првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски, изнесени во телевизиска дебата на Канал 5, која што што се одржа деновиве во рамките на изборната кампања за претседателските и парламентарните избори во земјата.,,Лидерот на најголемата опозициска партија во Северна Македонија изјави дека доколку биде избран за премиер, ќе ја нарекува земјата единствено како „Македонија“, без оглед на Договорот од Преспа од 2018 година со кој се реши спорот со Грција за името на земјата.”, вели весникот Катимерини.„Ковачевски рече дека ова одбивање може да предизвика проблеми со Договорот од Преспа од 2018 година, со кој, со поддршка на ОН, се смени името на Поранешна Југословенска Република Македонија во Северна Македонија“, додава весникот Катимерини.Како што оценува грчкиот весник, последните анкети покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори, кои се совпаѓаат со вториот круг од претседателските избори во земјата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Новото време доаѓа! - Ќе овозможиме младите да ги оставарат своите соништа, достоинство за пензионерите, повисоки плати за работниците, и поволна бизнис клима за фирмите

Порака до младите, не се откажувајте од Македонија, сметаме на вас, без вас и без вашата енергија нема промени. Потребни сте за новото време кое доаѓа. Ќе овозможиме заедно да ги остварите вашите соништа, тука да ја градите вашата иднина и среќа. Вклучете се во промните и дајте го вашиот глас. Одберете сила која може да го порази и промени системот во распаѓање. Верувајте во луѓето кои вистински можат да го подобрат вашиот живот и да донесат повеќе среќа за сите, кажа претседателот Мицкоски во својот говор на вчерашниот митинг во Скопје.Потоа претседателот упати порака и до највозрасните, до пензионерите. Тој потенцира дека секогаш ќе се грижи за нив. Дека тие се притиснати со проблеми, и наместо на нивната возраст да ги минувате најубавите времиња и да уживаат во плодовите од нивната децениска работа, тие се принудени да протестираат за правата кои ги следуваат. Претседателот вети покачување на пензиите за 5 илјади денари.Потоа тој упати порака и до работниците, за кои рече дека знае дека инфлцијата им ги јаде платите, дека се незадоволни и бараат, но и заслужуваат повеќе, но и дека за тоа мора заедно да се избориме. За подобри услови за работа, повисоки плати, за почит и достоинство, тоа се работите за кој вети борба и посветеност.До стопанствениците, поточно бизнисмените, од вас зависи дали 5 мина од ДУИ ќе ја водат државата и слугите од СДСМ ќе ги добиваат тендерите, или на правилен начин, согласно закон ќе се работи и вистинскиот квалитет ќе биде награден. Таа промена ја правите вие. Или ќе го одобрите рекетот на ДУИ и СДСМ или ќе се приклучите на бранот на промените и ќе не поддржите за конечно да има ред во бизнсот и се награди квалитетот, заклучи претседателот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања