МИЦКОСКИ

IMG_0469

Мицкоски: Свети Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење, пред 1100 години ја испратија универзалната порака на единство, посветеност и образование кое има моќ да ја менува реалноста

Претседстелот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод празникот изјави:Светите браќа Кирил и Методиј не се само словенски просветители, тие се рамноапостоли и прогласени за заштитници на Европа. Тоа само го покажува големото дело кое го оставиле зад себе, дело кое после повеќе од еден милениум сеуште е живо како никогаш до сега. И дело врз чии темели се родија и Светите Климент и Наум, зборот на Мисирков, Пулевски, Прличев, Коневски. Таа македонска низа на безвременото дело низ чии корени се изнедри македонскиот збор и писмо. Заслуга на работата на Св. Кирил и Методиј е секој денешен изговорен или напишан збори, стих или текст на македонски или полски, српски или руски, украински или словенечки, чешки, хрватски, бугарски или било кој друг словенски јазик.Тоа е нашиот придонес за културната и јазична ризница на Европа. Браќата Кирил и Методиј со нивната просветителска дејност, преводот на литургиските книги на старословенски, словенската азбука глаголица и ревносната борба против тријазичната ерес ги издигна на пијадесталот меѓу словенскиот род и ги запиша со златни букви не само во македонската историја, туку и во европската и светската.Браќата Кирил и Методиј покажаа пред еден милениум дека нема инфериорни култури и народи, дека нема нееднакви пред божјото слово и божјата правда, дека секоја неправда може да се порази со силната волја и посветеност, работа и труд. Нивниот аманет кој го оставиле е голем, исто како што е големо и нивното име. Тие се денес европски светители и заштитници и секој може да го слави нивното дело, но факт е дека пред повеќе од 1100 години нивните мисионерски чекори почнале од македонската земја и токму од македонската земја го земаат сето свое јазично, културно и идентитетско семе и го шират низ целиот словенски свет.И ако не беше нивната духовна сила, и школа немаше да биде ниту Св. Климент и Св. Наум, кои се најсилната греда врз која се потпира и нашата света православна црква, но и нашата писменост. Затоа Св. Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење, над 1100 години потоа содржејќи ја универзалната порака на единство, посветеност и образование кое има моќ да ја менува реалноста.Денес во Македонија десетици илјади деца се надвор од образовниот процес, над 80 илјади живеат во тешка сиромаштија обременети со голата борба за живот. Одбивам да говорам за образованието на ниво на зборови и флоскули, туку тоа мора да се заоснова на дела. Поразително е што многу деца, многу луѓе не само што не се вклучени во обраовниот процес, туку им се одзема шансата да бидат како другите свои врсници и да ги имаат истите услови за образование. Многу од младите луѓе се приморани да работат, од мали нозе, откажувајќи се од својот сон за шанса преку образованието. Уште позагрижувачки е моралната дисторзија во општеството каде неморалното се преставува за морално, а неморалното за принцип кој треба да се следи.Да не се залажуваме со хартии, планови, извештаи, анализи. Корупцијата ја јаде секоја слободна пора во општеството. Таа ги руши сите стандарди, создава декаденција и станува дел од една би рекол култура на владеење, каде да се даде мито, да се даде поткуп е сосема нормална и неизбежна работа. Од друга страна чесниот народ, мнозинството од народот, кој чесен, трудољубив, и кој премногу долго само сонуваше без да го оствари тој реален сон е веќе изморен од чекање. Го знам копнежот на секој еден вас тука, но и копнежот на илјадници други низ нашата Македонија кои велат ова е последната шанса за нашата држава. Премногу добри луѓе веќе ја напуштија државата или пак живеат живот на постојано патување од родната грутка до својата нова држава каде работат и се борат. Никогаш не смееме да ги обвиниме овие луѓе, туку вината треба да се бара безмалку во сите тие кои над 3 години велеа дека го следат сонот, но реално потфрлија за градба на слободна, просперитетна и успешна Македонија.Некој ќе прашања, како дојдовме до овде? Со многу компромиси на штета на вредностите во кои колнеа дека веруваат. Со многу поделби кои редовно се завесата зад кои се кријат поединечни и најчесто лукративни интереси. Со многу посеана омраза едни кон други и вештачки ѕидови кои се подигнати меѓу реалните луѓе на кое им се сервира тоа семе на злото. До тука дојдовме преку окупирањето на колективната сопственост врз државата и нејзино злоуотребување од стотина луѓе кои ако не се власт, сигурно ќе се заканат со некои подруми, со некои поделби, конфликти или оружје. Тоа семе на зло, роди затруени плодови. И тоа го прават затоа што се уплашени, затоа што знаат дека ако не се власт, не се достојни за привилегии, и немаат додадена вредност во општеството. Народот премногу губеше, премногу е сериозна работата за да мислат тие кои се закануваат дека има нешто повеќе да се загуби во ситуација кога сите ние сме доведени до работ, до линијата преку која не можеме да поминеме, и која се сведува на тоа или ќе не биде, или не, како и тоа дека го немаме изборот, ниту луксузот овој пат да не успееме.Мојата цел е да ги надминиме сите поделби, да ја победиме секоја омраза и да ги сооиме изворите на тоа зло со одговорноста која мора да биде неодминлива, апсолутна и неселективна.Наспроти ова, народот знае дека за сите нас постои едно исто небо под кое живееме, тагуваме и се радуваме. Позади мене е Охридското езеро чиј брег илјадници години обединува луѓе од различни етнички и верски припадности. Не постои лева или десна, на власта или на опозицијата, не постои нешто како лош или добар народ, постои само една, Македонија, со пристојни луѓе кои заслужуваат среќа. Постои само една наша Македонија. Со историја пред која се поклонуваме, и иднина која мораме да ја создаваме сами и за која сме подготвени да се бориме. Немаме време да трошиме за жалење над неправдите врз нас, ниту пак за промашените шанси на тие пред нас. Ние самите мораме да ги создадеме наредните шанси и да ги издвојуваме заедничките победи.Интересно е како една заклетва на Претседателот на Републиката може да го сврти вниманието на целата грчка и европска јавност, а нашето непринципиелно чекање во чекалницата пред Европската Унија повеќе од две и половина децении, со платени високи цени за влез, никако не се коментира ниту е предмет на интерес. Јас сум свесен и за објективните слабости во потенцијалот на институциите, во присуството на корупцијата и акутната неспособност за резултати на власта во заминување, но Македонија плаќање скапа цена поради блокадите на соседите, иако го делиме и заслужуваме заедничкиот европски сон кој е нашата заедничка цел.Во тоа постојано чекање се губи нашето достоинство. Се удира и по нашата самодоверба и колективно самоопределување. Ако гоговорам ова не значи дека се откажувам од тој сон, затоа што и Македонија е Европа и го полага правото за членство во Унијата. Затоа што мал, но многу значаен дел од колективата крепост на Европа и припаѓа и на Македонија, татковината на Св. Климент и Наум, на Света Лидија Македонката, Свети Еразмо Охридски, Горги Кратовски, Злата Мегленска и многу други светители. Врз овие грамадни имиња се потпира и нашата света Македонска Православна Црква, Охридска Архиеископија. Која ја има и ќе продолжи да ја има мојата поддршка во борбата за соувување и идентитско самоопределување, согласно заложбите и апелите на г.г Стефан.Од друга страна она на што првенствено ќе се посветам е она што најмногу, убедливо најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот и изградба на заедничка иднина. Големата поддршка која ја добивме од граѓаните, значи огромна одговорност да излеземе со чист образ пред граѓаните и да кажеме како стојат работите реално, и без разубавувања, но и да направиме брзи резултати.Следува ново поглавје, каде државата се враќа на народот, и Македонија мора да има резултати и сила за големи победи. Новото поглавје се темели на одговорност, на морал и вредности кои се обврзувачкото кредо кое мора да се почитува. За брзо од сега ќе имаме нова влада. Тоа го посакувавме од првиот ден на оваа наша напорна и голема битка. Но, формирањето на владата е лесниот чекор, затоа што крупните чекори мора да бидат резултатите кои мораме да ги испорачаме. Многумина од вас овде се гледаат на различни позиции, функции и места, но никогаш тоа за мене не преставувало билет за добар живот, туку обврска за голема одговорност на тој кој ја дава оваа власт, а тоа е народот. Бидете свесни дека секое ваше потрфлање ќе биде разочарување на народот и луѓето чии дланки ги стиснавме во нашата повеќегодишна битка за ставање на крај на ова владеење.Секоја стисната дланка беше рака на подадена надеж. Секој разменет збор беше ново очекување и добиена поддршка која мора да се заслужи и одработи. Мора да се покаже задолжителна доблест и пример во владеењето и да се покаже одговорност. Работете беспоштедно од првиот ден, решавајте што е можно повеќе проблеми и бидете промената која може и мора да се види од првиот час.Секој ќе добие шанса, секој од вас, но таа шанса е обврска која морате да ја исполните. Не планирам да го задржувам потенцијалот на луѓето околу мене, затоа што доколку тоа би го правел би бил себичен, тој мора да се разлее низ институциите кои предолго беа заспани и уништувани и способните да добијат вистинска шанса. Знајте дека ја имате мојата доверба, но и ќе ја имате мојата апсолутна жестокост без пардон доколку било кој од вас влезе во коруптивни или задкулисни игри.Драги пријатели,браќа и сестри,На овој светол ден нема да навлегувам во математики, бројки за министерства, туку само ќе кажам дека новата влада ќе промовира и застапува единство и обединување на креативниот и прогресивен потенцијал.Ќе се навратам на зборовите кажани овде.„Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво? - мораме да сеобединиме под исто знаме, по исто небо и да работиме за заедничката иднина.Кога ќе кажат Македонија е земја без историја или незнаат ништо или намерно и свесно се прават неми пред вистинските паметници на нашата историја која е и длабока, и голема и вкоренета во кодот на секој наш човек. Погледнете го овој манастирски комплекс пред нас, кој вековно опстојува и памети бури и искушенија. Недалеку овде е и Плаошник, подоле Св. Наум и стотина други храмови кои говора зошто нашата историја е скапа и посакувана. Ќе ја сочуваме само ако го продолжиме делото на Св. Кирил и Методиј, само доколку самите создаваме шанси и се бориме за нескршливо единство, да делуваме како едно, сите обединиети како еден. Болката на нашиот пријател е и наша болка. Проблемот на нашиот сосед е и мој проблем. Искушенијата низ кои минуваат нашите деца се и наши искушенија. Само така ќе го постигнеме прогресот во кој веруваме и иднина каква што сакаме да ја имаме.Македонија ќе биде повторно твоја, наша заедничка. Нека е за многу години празникот. Бог да ја благослови нашата Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Своето не го даваме, туѓо не сакаме, ќе водиме принципиелна политика со соседите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави принципиелна политика со соседите.,,Како идна Влада, коалицијата „Твоја Македонија“ ќе се залага за принципот-своето не го даваме, туѓото не го сакаме. Нема да се прават избрзани чекори, кои можат многу да ја чинат државата.Мора да сме трпеливи, мора да сме попаметни, тројно попаметни од сите и помудри, затоа што само така можеме да опстанеме во круг на многу предатори кои што верувајте не сакаат да ја видат Македонија успешна, не сакаат да ја видат Македонија просперитетна, среќна, Македонија полна со граѓани кои што се задоволни. Тоа го видовте уште во првите денови кога ние не бевме се уште разбудени од оној историски резултат на 8 мај, а веќе почнаа страстите да се вжештуваат, но не само наоколу туку и дома”, рече Мицкоски.Мицкоски отфрли какво било беспотребно иритирање кон соседите, напоменувајќи дека сепак треба да се почитува елементарното човеково право кое е загарантирано.,,Што се однесува до меѓународната политика нема никогаш да не видите како коленичиме, како се вовлекуваме или како се понижуваме самите себе. Имав можност изминативе години да среќавам светски авторитети од Вашингтон преку Брисел и Берлин и останатите светски важни главни градови. Ништо повеќе за мене не е инспиративно отколку овој преубав македонски народ и ова преубава наша македонска држава, така што ќе имаме и кон нив една политика која што ќе се темели на аргументи, бидејќи никогаш не се плашиме да ги вкрстиме нашите аргументи со аргументите на нашите соговорници””, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

demir-hisar-3-28042024

Мицкоски: По прегласувањето ќе имаме 62 пратеници

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека по прегласувањето во Изборната единица 5, тој ќе може да соопшто дека имаат не 61 пратеник, туку 62 пратеници.,,Треба да ја довршиме задачата, на 22 мај ќе има прегласување во Изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање верувам дека нема да зборувам за 61 пратеник, туку за 62 пратеници. Следната цел е две третини во Парламентот.Верувам дека кон крајот на следната недела ќе можеме и тоа да го оствариме. Тоа ќе ни овозможи да го промениме Законот за организација на ресорите во самата Влада за да добиеме нова структура на модерна Влада којашто ќе одговара на потребите на граѓаните во Македонија“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.35.11

Составот на идниот кабинет на Владата наскоро ќе биде познат, без одговор дали ВЛЕН ќе добие спикерско место во Собрание

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има 2/3 во Собранието, најави претседателот и иден мандатар, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека течат преговорите со политички партии, меѓу кои е и ВЛЕН. Немаше конкретен одговор дали спикерот на Собрание ќе припадне на човек предложен од ВЛЕН.„Можам да кажам дека со нашите потенцијални коалициони партнери да имаме партнерски однос. Никој не треба да биде понижен од другиот. Очекуваме договорите да бидат на задоволство на двете страни. Ценам дека во тој дух се одвиваат разговорите. Убеден сум дека многу бргу од денеска ќе можеме да објавиме состав на идниот кабинет и коалиција со повеќе од 2/3 во македонскиот кабинет кој не се случил досега“, рече Мицкоски.Истовремено, Мицкоски објави дека пратеници од други партии се приклонуваат кон ВМРО-ДПМНЕ, со што, нивната коалиција треба да има 61 пратеник и без другите партии со кои разговараат.

Македонија | пред 1 година

mickoski26012024

Мицкоски најави дека ќе ја каже земјата: Земаме заем од Влада со Влада, за да ги финансираме лошите проекти од оваа Влада

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, не откри која е државата од која Македонија ќе повлече заем, но кажа дека ќе се земат до една милијарда евра, за да се крпат дупки, кои според него, ги правеле СДСМ и ДУИ. Спроед Миццкоски, условите се поволни. За тоа која е државата - рече ќе открие наскоро.„Влада со Влада да повлечеме заем, до една милијарда евра, средства кои ќе ни бидат потребни за да ги финансираме лошите проекти на оваа Влада. Можам да кажам само дека државите кои ги споменуваа не се тие, дека станува збор за европска држава, наскоро ќе ја дознаат и медиумите и државата. Станува збор за поволни услови, многу поповолни од задолжувањето на Валдата и на неродените поколенија“, рече Мицкоски.Кажа дека ќе бидат посветени на економските политики.„Јас кажав дека станува збор за инвестиција во енергетиката, од приватен капитал, од исклучително голем играч, каде има големи финансиски институции во акционерската структура. Од оправдани причини не можам да кажам за што станува збор, договорот е завршен, станува збор за проект кој е од обновлива енергија. Проект во кој нема потреба од стратешки договори како што на шверцерски се носеа во Собранието“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

424591896_122148605402197509_6074630493607130995_n

(Видео) Јужниот сосед покажа мускули, наместо да честитаат, мое човеково право е како ќе ја нарекувам државата, рече Мицкоски за реакциите од Грција

Прашан за заклетвата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и свечената изјава без придавката „северна“ и користењето на старото државно име, Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христија Мицкоски рече дека реакцијата на Грција е покажување мускули.„Беше достоинствена, можам да кажам дека очекував честитка од нашиот јужен сосед, наместо тоа добивме политички мускули. Не очекувам односите помеѓу двете држави да се темелат на политички мускули. Очекувам добри, одлични меѓусоседски односи. Ниту на едните ниту на другите не ни се допаѓа Преспанскиот договор, многупати сме кажале дека е реалност, комуникацијата во институциите остануваат согласно законите и Уставот, но моето основно човеково право е како ќе ја нарекувам државата. Додека давам изјави пред вас новинарите, изјавите ќе бидат Макеоднија и македонски. Очекувам тоа да биде и од Силјановска“, рече Мицкоски.Тој испрати и порака до Грција: „Да престанеме со закани. Ако мислат дека сме го прекршиле Преспанскиот договор, го има Меѓународниот суд за правда, таму може да ги вкрстиме аргументите. Ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ да ги повтори грешките од минатото, тоа нема да го направиме. Ние на нивните политички мускули нема да ги преименуваме автопатите, да градиме споменици. Ние сакаме да видиме добра соработка, добрососедство. Можам да ги повикам грчките компании да инвестираат. Ваков тип на соработка сакам да видам. Нема втора можност за прв впечаток, а од јужниот сосед, наместо честитка за убедливиот тиумф, видовме политички мускули“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-16-at-16.01.37

(Видео) Пратеници се приклонуваат кон ВМРО-ДПМНЕ и ќе има 61 пратеник без потенцијалните коалициони партнери, кажа Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека ги завршуваат разговорите со пратеници кои не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“, па додаде: „Можам да кажам дека во моментов успешно консолидиравме 61 пратеник“.Прашан од каде се тие пратеници, кажа дека не може да ги каже деталите.„Имајќи впредвид дека состојбата е чувствителна, не можам да ги кажам деталите. Ќе ги дознаете денеска. Покрај 58 пратеници кои ги има самата колаиција, а ја чекаме одлуката Уставниот суд за изборната еднициа 5 и 6, можам да кажам дека имаме консолидирано 61 пратеник. Тоа нема да не повлече од идните потенцијални коалициони партнери“, рече Мицкоски.Тој додаде дека нема за запрат ниту преговорите со другите партии за уште поголемо владејачко мнозинство.

Македонија | пред 1 година

Hristijan-Mickoski-09.05.2024

Мицкоски: Ќе разговараме со повеќе партии за владина коалиција

Разговорите за коалиција ќе се водат во два правци, ние сакаме да разговараме со сите кои се дел од опозицијата за политиките и визијата која треба да се реализира, и ќе дадеме шанса на сите кои биле опозиција, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само интервју што се емитува на телевизија Канал 5.Мицкоски укажа дека од ова раководство на ДУИ не очекува промена на нивните ставови.„Јас од ова раководство на ДУИ не очекувам промени во позициите и дека би ги поддржале овие политики кои ние ги промовираме. Но, секому ќе му дадеме шанса. Нема да се однесуваме игнорантски како владата до сега“, вели Мицкоски.Мицкоски укажа дека мора да се има разбирање и за опозицијата и да се излезе во пресрет и на некои барања на опозицијата.„Не може односот да биде имаме 61 пратеник, мнозинство и на останатите да им се лепат етикети“, кажа Мицкоски.Според него мора да се ослободат граѓаните од притисокот во кој живеат.„Видете какви вести има, се сѐ кои од кои полоши. Тоа мора да се смени“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3913

ВРЕДИ има кредибилитет да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, кажа Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 по вчерашните претседателски и парламентарни избори и убедливата двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека резултатот е историски, но и обврзувачки за новата влада на ВМРО-ДПМНЕ за реформирање и исполнување на ветените проекти.Истовремено очекувам до 28 мај да консолидирам како претседател на партијата 61 пратеник. Вие споменавте 58 пратеници или нешто повеќе од 436.000 гласови нешто што до сега е не запаметено на толкава излезеност и на толкав процент на освоени гласови од позиција на опозиција. И ценам дека овој историски резултат можеби многу тешко понатаму би се повторил, рече тој.На прашањето дали Изет Меџити ќе биде новиот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека со освојување на 107.000 гласа, коалицијата ВРЕДИ го потврдила својот кредибилитет за да бидат кредибилен партнер на идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.Со резултатот кој што го направија од ВРЕДИ со 107.000 гласа ценам дека тие го потврдија својот кредибилитет и тие можат да бидат кредибилен партнер во идната влада која што ќе ја предводи коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и јас како мандатар, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3590

Мицкоски: Нема социјалдемократски планини, и вмровски реки, градови и села на ДУИ, или на Алијанса и Беса, или Алтернатива, нема езера на Левица или на ЗНАМ, тоа е една единствена Македонија, затоа да...

Нема социјалдемократски планини, и вмровски реки, нема градови и села на ДУИ, или на Алијанса и Беса, или Алтернатива, нема езера на Левица или на Знам, тоа е една единствена наша преубава татковина Македонија. Нема социјалдемократска или вмровска Македонија. Има само една Македонија. И ова е говорено многупати претходно но никој за жал ништо не преземал, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Прилеп.„И се додека тоа не го разбереме сите, и одговорно се однесуваме кон тоа, затоа што е крајно време, и ова е ми се чини е нашата последна шанса, се до тогаш за жал, не е можен просперитет. Мора да разбереме дека има само една Македонија и сите сме нејзин составен дел и дека таа не е ништо без нас и ние без неа, и дека од тоа каква е и каква ќе биде, зависат нашите животи и животите на идните генерации“, додаде Мицкоски.Тој исто така додаде дека шансата за да се промени лошата реалност е на дофат со овие избори и треба само да веруваме дека можеме заедно.„Сето тоа зависи од нас. Имаме шанса и таа е на дофат, со овие избори. Мора само да веруваме дека можеме заедно. Да веруваме во Македонија и во нас самите. Но сакам да истакнам пред овие парламентарни избори и втор круг на претседателски избори, додека стоиме на работ од овој историски момент, јас сум благодарен и со надеж“, потенцираше Мицкоски и додаде:„Во текот на целата кампања патувавме заедно водени од заедничката визија за посилна, попросперитетна иднина за нашата нација. Ја презентиравме нашата програма Платформа 1198, која е сериозна програма со многу проекти кои треба да ја променат лошата реалност и да донесат ред и развој, и да ја вратат државата во рацете на граѓаните“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-06-at-15.51.49

Таравари на маса со Ванхоуте, па со Мицкоски: ја доби ли ВМРО-ДПМНЕ поддршката од албанската опозиција?

Средба со европскиот емисар, Питер Ванхоуте со кандидатот за претседтел на ВЛЕН Арбен Таравари, па вест дека албанската опозиција ќе ја поддржи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на изборите. Вака изгледаше од прилика обзнанувањето на соработката помеѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.„Денеска имавме добра и продуктивна средба со европскиот емисар г. Питер Ванхоут. Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце!“, напиша Таравари.Дел од медиумите на албански јазик објавија и дека во седиштето на ВЛЕН имало средба на ниво Арбен Таравари-Хрисстијан Мицкоски.На социјалните мрежи и нова објава од Таравари: „Дојде време за Промена, дури и ние доцниме!“.Соработката помеѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ е важна за овие две партии поради можен бојкот на претседателските избори. Според информациите кои ги пласира опозицијата, ДУИ има план да бојкотира, за да нема цензус. Тоа пак, ќе доведе до нови претседателски избори.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-05-at-11.07.28

(Видео) Мицкоски нема да се изненади ако ВМРО-ДПМНЕ освои и 61 пратеник

ВМРО-ДПМНЕ е блиску до мнозинство во Парламентот, а не би се изненадил ако имаме и 61 пратеник во Парламентот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Според него, Гордана Силјановска-Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија.Посочи дека во среда, на 8 мај, тие ќе слават двојна победа - на претседателските, но и парламентарните избори.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-03-at-13.03.13

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда каде јасно се гледа дека волјата на граѓаните не е таа која е соодветна на резултатот, рече претседателот на ВМРО-ДПММЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел.Мицкоски укажа „ние тоа го зборуваме цело време, затоа апелираме цело време бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други такви места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила“.Оттука, додаде Мицкоски, предупредувам на будност, на внимание.„Тоа што сведочи од теренот е огромен притисок, обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ“, кажа Мицкоски.Мицкоски вели дека е убеден и верува во граѓаните на Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми или останати дека нема да го дозволат тоа.„Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект“, изјави Мицкоски.Мицкоски заклучи дека волјата на народот не е резултатот за Бујар Османи, туку дека таа е многу помала и ќе биде уште помала во периодот кој следи.

Македонија | пред 1 година

Slika-1

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена

Овој резултат од 24 април е и одговорност. Се што зборуваме треба и да примениме. Народот очекува и убеден сум дека во овие нешто повеќе од 10 дена народот ќе се приклучи, народот е обединет и сака промени и брзи резултати, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Росоман.Мицкоски информираше дека како коалиција внимателно е пристапено во креирање на програмата.„Внимаваме што ќе ветуваме, не сакаме да ветуваме нешто што не може да се реализира, не сакаме народот да ја губи надежта. Си дадовме збор дека програмата ќе ја ревидираме за две години. Нема скандал за повеќе од две години во работата на градоначалниците. Затоа можам да кажам дека поучени од ова искуство имајќи во предвид дека најголем дел од проектите се веќе реализирани одлучивме по две години да направиме ревизија и на оваа програма. Сметаме дека можеме повеќе, ама не сакаме да ве разочараме“, кажа Мицкоски.Мицкоски порача дека сега треба максимална мобилизација бидејќи како што рече „нема да остават да биде едноставно, мора да добиеме мнозинство во парламентот, да имаме наш претседател и заедно со градоначалниците да направиме трансформација на Македонија“, изјави Мицкоски.Според него за ова треба масовност.„Има центри на моќ кои не сакаат да ја видат успешна Македонија, имаме такви и тие беа клучен фактор до сега беа и во Владата, и тука мислам на ДУИ и Али Ахмети, тој сака да ја види осиромашена Македонија и слично. Тие не сакаат да ја видат успешна Македонија“, рече Мицкоски.Мицкоски укажа дека овие избори се шанса криминалците да ги пратиме во опозиција.„И ова го зборам само поради криминалот, не го зборам за ДУИ затоа што се Албанци, не, туку поради криминалот. Јас ја повикав опозицијата кај Албанците да се бориме заедно. Јас се борам против ДУИ кои ја ограбуваат и на колена ја ставаат Македонија“, заклучи Мицкоски.

пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Работата на владата ќе ја доближиме до секој дом, да нема повеќе општини без елементарни услови за живот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во подкастот „Каде се парите“ говорејќи за проектот со 250 милиони евра годишно, односно 1 милијарда евра во 4 годишен манда, за проекти за општините изјави дека целта е работата на владата да стигне до секој дом и да нема повеќе општини без елементарни услови за живот.Мицкоски посочи дека многу често во Македонија се запоставени граѓаните со сите нивни потреби коишто се од дневен карактер појаснувајќи дека многу луѓе бегаат од метежот во други општини, а таму нема основна комунална инфраструктура, нема атмосферска, нема фекална канализација, нема асфалтирани патишта, нема вода, односно нема елементарни услови за живот.- Ние велиме, добро дајте луѓе општината нека направи проект, проектот има проектантска цена, како држава ќе објавиме јавен повик, општината ќе конкурира со тој проект и државата директно ќе го финансира проектот. Сакаме да ја доближиме работата на владата до секој дом, истакна тој.Мицкоски посочи дека целта е работата на идната влада од ВМРО-ДПМНЕ да стигне до секој дом.- Еве конкретно проект еден ќе дадам. Затоа што нема капацитет општината да го направи тоа затоа што фискалната децентрализација не е завршена. Не може општината да си дозволи многу такви проекти. Секогаш го зборувам село Трпејца во Охрид надвор од колекторскиот систем, многу познато туристичко место и напати го нарекуваат и го споредуваат со македонското Сен Тропе. Таму нема канализационен систем, се снаоѓаат кој како знае и умее и ветувано е тоа со години и со години дека ќе се направи. Јас отидов при една од акциите теренски на ВМРО-ДПМНЕ, ветивме, општината го сработи тој проект заедно со високообразовна институција, сега го имаме тој проект којшто чини многу пари, три милиони евра можеби чини. Ако гледаме од интересот на државата можеби не е толку голем проектот бидејќи станува збор за 150-200 куќи, ако гледаме од тој аспект, но за нас тоа многу ќе значи затоа што прво го чуваме езерото, македонскиот бисер, рече Мицкоски.Мицкоски потенцира дека покрај жителите од тоа корист ќе има и туризмот- Тоа е суштината. И такви проекти во моментов во општините каде што се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи таму можеме подиректно да комуницираме, коишто се составен дел од програмата „Платформа 1198“ се повеќе од 700, нагласи Мицкоски.Мицкоски воедно додаде дека од сегашната генерација на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ има примери каде што ги одблокирале тие општини, а истовремено и општини каде што се наследени долгови, но се вратени делумно и работат.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања