МИЦКОСКИ

Screenshot-2024-06-23-at-22.17.10

(Видео) Македонија доби нова Влада, чиј премиер е Христијан Мицкоски

Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани е изгласана новата Влада, чиј премиер ќе биде Христијан Мицкоски.Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека ова е последна шанса за Македонија да биде повторно горда. Во говорот кажа дека нема да се откаже од враќање на старото име на државата, без придавката „северна“. Говорот му беше поздравен со аплауз.Европскиот фронт предмалку донесе одлука да ја напушти седницата и да не учествува во гласањето за избор на нова Влада предвбодена од мандатарот Христијан Мицкоски.Досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски е предложен за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија - Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Кочоска Димитриеска. Функцијата на заменик претседател на Владата и министер за транспорт треба да ја добие Александар Николоски, во ресоротот одбрана се предлага Владо Мисајловски, а за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински.Со новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини ќе раководи Сања Божиновска, Цветан Трипуновски ќе го добие Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Весна Јаневска ќе биде прв човек во образование и наука, кандидат за во Министерството за култура и туризам е актерот Зоран Љутков, а со Министерството за спорт ќе раководи ракометарот Борко Ристовски.Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ - вицепремиер задолжен за односи со заедниците. Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.На министерската функција во правда треба да дојде Игор Филков, додека за министер за јавна администрација е предложен Горан Минчев од Движењето ЗНАМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-23-at-22.08.08

(Видео) Ќе ја кажам срамната придавка, немоќен сум во овој момент, ама ќе правам се да го исправам тој срам, порача Мицкоски до СДСМ

Ви благодарам, ќе ги имам на ум во натамошното делување, повеќе како пример како не треба“, вака мандатарот Христијан Мицкоски одговори на критиките од опозицијата на седницата за избор на нова Влада. Тој кажа дека на народот му е доста од препирки помеѓу политичари, па смета дека треба да се посвети само на проблемите кои ги имаат граѓаните. За критиките смета дека се обид за дефокус.„Нападите кои ги слушам овие два дена, се сведуваат на две тези: првата е Преспанскиот договор и вратете го името и второто е Францускиот предлог. Поради клевети СДСМ е двапати осудена, а тоа што не се извинивте е друга работа. Вие не ја научивте лекцијата од граѓаните. Еве ќе ви дадам два совети: првиот е дека со лаги нема да ја вратите довербата од граѓаните бидејќи тие знаат што правевте и зошто ја изгубивте, за да ја вратите треба време, а ние во ВМРО-ДПМНЕ бевме свесни дека треба да му дадеме време на времето. Јас во политичка пензија испратив еден ваш претседател, а вториот е тука се уште политички активен, а следната година по локалните избори ќе треба да бирате и четврти. Изборите ги изгубивте бидејќи играа фудбалчиња вашите коалициони партнери, понижувајќи ве вас, ви се случи Ласкарци, Беса Транс..“, рече Мицкоски.Тој додаде дека неговата рака била подадена и ќе биде за националните интереси.„Втората теза дека за Преспанскиот договор сме викале една работа, сме правеле друга – не само што е страмна, еве уште еднаш да ви појаснам, ваков бугарски договор под ваков диктат, нема да донесе уставни измени додека јас сум премиер. Таа работа како што вие или некој друг ја замислил, не врви. И да ќе ја кажам срамната придавка во заклетвата, бидејќи таа ме потсетува на срамот кој го нанесовте на мојата татковина, моето семејство, децата, и тие по нив. Јас ќе правам се што можам тој срам да го исправам, а во овој момент сум немоќен“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4624

Мицкоски: До Собранието поднесена е програмата и составот на новата Влада

,,Штотуку во Архивата на македонското Собрание ја поднесов Предлог програмата за работа на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ како мандатар на истиот, исто така заедно со Програмата на работа на идната Влада е поднесен и списокот на членовите на идната Влада. Како придружен дел на тој список се и нивните биографии.Очекувам истото да биде ставено на Дневен ред пред пратениците за време на викендот односно 22 и 23-ти колку што би требало максимално да трае дебатата во рамките на македонското Собрание, 22 и 23-ти јуни.Граѓаните очекуваат брзи резултати. Јасно е дека оваа Влада како и очекувањата на граѓаните се да испорачува она кое што го ветуваше. Не ветувавме многу за време на кампањата, ветувавме дека Македонија ќе биде повторно на граѓаните односно државата која што изминативе седум години беше заробена од страна на една мала група властодршци кои што доаѓаа од досега владејачките партии конечно е слободна и ќе биде вратена назад на граѓаните.Имаме група на луѓе која што ќе биде дел од идната влада која што е исклучително мотивирана да веднаш постигне резултатите. И јас очекувам дека секој еден од нив максимално ќе се заложи, ќе даде и повеќе од својот личен капацитет да направиме нешто за нашите граѓани. Тие тоа го заслужуваат, бидејќи тие своето го направија, сега е на ред ние да направиме нешто за нашите граѓани. Очекувам бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата од секаков вид, не само политички, за политичкиот нејќам ни да зборувам. Нема да има толерирање без разлика од која политичка партија доаѓа било каква злоупотреба и овластување на било кое именувано лице, доколку истото биде дел од било какви криминални или коруптивни скандали за кој што постојат докази, се разбира.Истовремено озбилно планираме да расчистиме со сомневањата, информациите кои што посебно изминатиов период и доказите стигаат до нас за многу злоупотреби кои што се случувале изминативе 7 години, тоа им го должиме на граѓаните и лично тука ќе се заложам.Исто така очекувам брзи резултати на полето на економијата, бизнисот може да се чувствува сигурен, имаме цврста влада, стабилна влада која што ќе испорача реформи, влада која што го охрабрува бизнисот да вложува во проширувањето на своите капацитети, да вработува што е можно повеќе наши сограѓани, а ние како влада се разбира ќе продолжиме односно ќе бидеме нивен сервис за остварување на нивните права и зголемување на нивното бизнис портфолио.Младите ќе бидат наш главен акцент исто така сведоци сме дека имаме класичен егзодус на млади луѓе кои што ја напуштаат Македонија и својата иднина ја бараат некаде далеку од овде за жал 8 од 10 мои студенти кои ќе ги прашате после дипломирањето каде понатаму велат одлучивме да ја напуштиме Македонија бидејќи овде нема перспектива, нема иднина, тоа треба да се промени, таа состојба и перцепција треба да се промени, како, само со напорна работа, да го оставиме срцето на терен, да немаме поделба на граѓани од прв ред и граѓани од втор и трет ред, односно сите да се чувствуваат подеднакво, да нема политичка каста која што ќе биде привилегирана а сите останати да бидат граѓани од втор, трет ред па и понизок ред, тоа јас го гарантирам лично, дека нема да се случува.Зборував и вчера за време на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ дека привилегиите кои што ги носат позициите, костумите и вратоврските не треба да ги направат различни луѓе сите оние кои што ќе ја добијат привилегијата да му служат на народот и да бидат дел од институциите од идната влада. Тоа треба да е мотив и инспирација да работат за истите. Верувам во секој еден од оние кои што се предложени дека ќе ги следи овие насоки и дека нема да излезе надвор од овие принципи.Доаѓаат подобри времиња за нашите сограѓани, за земјоделците, за пензионерите. Тоа кое што е ветено, а тоа е уште во првата година дека ќе имаме линеарно зголемување на пензиите од пет илјади денари, дека ќе се случи. И понатаму планираме на иновативен начин да ги зголемуваме пензиите. Бизнис околината да генерира додадена вредност и поголеми приходи во буџетот, а со тоа и со поголеми и робусни капитални инвестиции.Општините, од оние општини од кои што имаме информација, можам да кажам дека се подготвени за оној дел од програмата кога реков дека ќе реалоцираме средства за реализација на многу капитални проекти. Нешто кое што е многу значајно за секој еден обичен граѓанин, за секој еден од нас да не гази кал во 21 век, да има вода за пиење, да има организиран систем за одведување на отпадните води. Да нема повеќе листи за чекање во градинките, учениците да бидат во пристојни услови, да бидат во затоплени училници.Да не се прашуваат земјоделците дали и кога ќе ги добијат своите субвенции, да не се грижат за својот род дали ќе има откуп и по која цена. За пензионерите веќе кажав. Да немаме егзодус на медицински персонал и доктори и да не ги полниме клиниките по западна Европа, Америка, Канада и светот, туку да овозможиме пристојни услови да останата тука и да творат и работат. И уште многу, многу убави работи кои што ќе следат.Почнуваме офанзивно и мислам дека, да бидам по прецизен, сигурен сум дека нема да ја изневериме довербата која што оваа коалиција ја доби од повеќе од 600 илјади граѓани кои што гласаа за истата, но истовремено сигурен сум дека нема да ги изневериме и очекувањата на сите граѓани кои што, без разлика дали гласале за нас или не гласале за нас и за оваа коалиција. Знам дека тие сега имаат големи очекувања и убеден сум дека тие очекувања ќе ги испорачаме, односно ќе го испорачаме сето она кое што го ветувавме.На крај ќе ми дозволите да ги уште еднашка соопштам имињата на соодветните предлози за членови на идната Влада:Министер за внатрешни работи, Панче Тошковски;Министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, согласно новиот закон за организација на државната управа кој што помина со мнозинство од 88 пратеника пред неколку дена;Министер за транспорт, Александар Николоски и заменик претседател на Владата;Министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска;Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски;Министер за одбрана, Владо Мисајловски;Министер за спорт, Борко Ристовски;Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски;Министер за култура и туризам, Зоран Љутков;Министер за образование и наука, Весна Јаневска;Министер за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска;Министер за локална самоуправа, Златко Перински;Заменик претседател на Владата и задолжен за политичкиот систем, Љупчо Димовски;Министер за односи со заедниците и заменик претседател на Владата, Иван Стоиљковиќ;Министер без ресор, Шабан Салиу, задолжен за интеграции и имплементација на декада на Ромите;Министер за животна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата, Изет Меџити;Министер за здравство, Арбен Таравари;Министер за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани;Министер за европски прашања, тоа е сега новото министерство практично не е веќе Секратаријат туку министерство, Орхан Муртезани;Министер за економија и труд, Бесар Дурмиши;Министер без ресор и заменик претседател на владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи;Министер за јавна администрација Горан Минчев;И Министер за правда Игор Филков;Тоа е она кое што ќе биде доставено вкупно 24 члена на Владата, претседател на Влада и 23 члена.Благодарам уште еднаш на вас медиумите што внимателно го следите целиот овој процес, ве повикувам внимателно и критички да ја следите работата на идната влада а ние сме тука да даваме одговор на вашите критики да ги слушните и нашите аргументи се разбира и се надевам дека ќе имаме успешна и искрена соработка во годините кои што следат.”, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4621

Лично ќе се залагам сомневањата за злоупотреби да се расчистат, младите да останат дома, да немаме егзодус на доктори, најави Мицкоски

Мандатарот Христијан Мицкоски даде изјава откако го достави својот предлог за состав на Владата. Најави дека озбилно планира да се расчисти со сомневањата за злоупотреби кои се случувале изминатите седум години. Тој кажа дека за ова лично ќе се залага.„Очекувам дека секој од нив максимално ќе се заложи и ќе даде повеќе од својот капацитет за своите граѓани. Граѓаните своето го направија, сега е ред ние да направиме нешто за нашите граѓани“, рече Мицкоски.Според него, бизнисот треба да се чувствува сигурно. Рече дека Владата ќе биде сервис за остварување на нивните права.„Владата е цврста и стабилна“, додаде Мицкоски.Се осврна и на младите кои рече дека ќе бидат нивни акцент.„Имаме класичен егзодус, младите ја напуштаат Македонија и ја бараат иднината надвор од тука. Осум од десет студенти кај мене ми велат дека планираат по студирањето да ја напуштат Македонија. Перцепцијата треба да ја променат“, додаде Мицкоски.Најави дека целта ќе биде да нема граѓани од втор или трет ред.„Тоа нема да се случува, лично го гарантирам“, посочи Мицкоски.Посочи дека верува во секој еден од предложените министри. И на пензионерите им вети зголемување на пензиите, уште во првата година за 5.000 денари.

Македонија | пред 1 година

mkd-eu-makedonija-eu-nato

Тој што нема да има промакедонски позиции, нема да биде дел од Владата, отворено најави Мицкоски

Христијан Мицкоски, мандатар за состав на Владата, очекува секој член на Владата да има промакедонски и татковински пристап.„Секој ќе излезе од промакедонски наратив, кој ќе излезе од тоа, ќе биде надвор од Владата. Очекувам сите да имаат промакедонски позиции и да се борат за нивната татковина Македонија“, рече Мицкоски.Тој објасни: „Промакедонската позиција значи стратешкото ориентирање на Македонија кон Европа“.

Македонија | пред 1 година

IMG_3590

(Фото) Сите предложени министри на Мицкоски се огласија: благодарности, ветувања, најави

Секој од потенцијалните министри на ВМРО-ДПМНЕ предложени од мандатарот Христијан Мицкоски, упати благодарност и порака до јавноста.Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт и врски: „Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Hristijan Mickoski за укажаната доверба и чест да бидам Заменик Претседател на Владата и Министер за транспорт и врски. Да се биде дел од неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата. Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија! Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи. За Македонија!“.Владо Мисајловски – министер за одбрана: „Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за да направиме историска победа и шансата да работиме за нашата Татковина. Сега доаѓа време за напорна работа, посветеност и реформи за Македонија да биде повторно горда. Сакам да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и идниот Претседател на Владата Hristijan Mickoski за укажаната доверба и чест да бидам министер за одбрана во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, благодарност за поддршката и на извршниот и централниот комитет, но и на сите активисти на партијата и граѓани што секогаш се до мене и се мојата енергија. Силно ќе се заложам за подобрување на условите во македонската армија и подобрувањето на одбранбениот стандард, одбранбената готовност и модернизацијата на армијата, како и подобрување на условите за униформираниот и цивилниот кадар во Министерството за одбрана. Односите со нашите стратешки партнери да бидат уште позасилени, а армијата да биде лицето на државата која ќе сведочи за нејзината организираност. Можам да ветам дека ќе го дадам и последниот атом за нашата татковина со чесна и макотрпна работа за достоинствена Македонија.Гордана Димитриеска-Кочоска – министерка за финансии: „Ја изразувам мојата благодарност за сета доверба, но и одговорност, кои ми ги укажаa претседателот Hristijan Mickoski, Извршниот Комитет и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предложувајќи ме за министер за финансии во идната Влада на Република Македонија. Знам колку големи се очекувањата на сите граѓани на Македонија во овие тешки времиња, добро се сеќавам на сите разговори во изминатите години со секој еден граѓанин со кој се сретнав и знам на што се обврзав. Свесна сум за одговорноста која нѐ очекува по преземањето на функциите, но исто така знам дека со посветена работа секоја препрека ќе ја надминеме. Програмата по која ќе работи идната Влада на Република Македонија има голема задача, а таа е враќање на Македонија на народот. Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет кој е лошо планиран и што уште не. Но, ќе работиме, тоа е единственото што го знаеме, затоа што секој од нас е посветен работник. Успеавме Македонијо, за подобри и поубави денови во иднина!“.Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и трговија: „Дозволете ми најпрво да изразам голема благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ и мандатар на владата Hristijan Mickoski, членовите на Извршниот и Централниот Комитет за довербата и за можноста да бидам Министер за надворешни работи и надворешна трговија во новата влада. Искрено ја ценам честa која ми е доделена и сум длабоко свесен за одговорноста која доаѓа со оваа позиција. На оваа функција пристапувам со цврста решеност и посветеност да работам исклучиво за интересите на нашата драга држава и сите нејзини граѓани. Ќе направам сè за да придонесам за развојот и напредокот на нашата земја, преку транспарентно, одговорно и ефикасно работење. Во период на сериозни глобални предизвици и можности, нашата посветеност на дипломатијата, дијалогот и меѓународната соработка се поважни од било кога. Во таа насока, ќе се залагам за градење и одржување на силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери, со цел да ја зацврстиме нашата позиција и да создадеме можности за економски раст и развој. Верувам дека со заеднички напори и посветеност можеме да создадеме подобра иднина за Македонија“.Златко Перински – министер за локална самоуправа: „Честа да се биде дел од владата која произлегува од огромната поддршка на народот, за мене е голема и неповторлива задача. Благодарност до Претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба да го предводам ресорот Локална Самоуправа, особено што реалноста говори дека во претходните влади многу малку се посветуваше внимание на ова министерство, каде постојат широки и огромни можности за развој и создавање. Очекувањата од граѓаните се големи, затоа и нашите напори за брзи резултати ќе бидат постојани и со огромна вложена енергија да се помогне на општините, а на тој начин да се помогне на граѓаните. Следи ново поглавје каде примат има одговорноста кон граѓаните, многу работа и нови проекти. Време е општините да добијат поддршка од Централната власт и да се инвестира во локалниот економски развој. Македонија мора да ја вратиме на народот, затоа што таа е наша, заедничка, единствена“.Стефан Андоновски – министер за информатичко општество и дигитална трансформација: „Од сѐ срце му благодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Премиер Hristijan Mickoski и на органите на партијата за честа и можноста да се води еден многу потребен, подзаборавен и предизвикувачки сектор како што е дигиталната трансформација. По поддршката од Собранието на Македонија, знам дека сите тимски ќе донесеме успеси за граѓаните на Македонија.Смарт Македонија ќе биде еден од темелите на тие успеси“.Борко Ристовски – министер за спорт: „Благодарност за безусловната поддршка и доверба добиена од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.др Христијан Мицкоски да бидам прв Министер за спорт во Република Македонија. Ветувам многу работа , посветеност, многу проекти и нивна реализација и одговорност.Се обврзувам како прв Министер за спорт дека Македонија повторно ќе живее во духот на спортот. Македонија повторно горда!“.Цветан Трипуновски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство: „Огромна е честа, одговорноста и задоволството да се биде предложен за министер во Владата на Hristijan Mickoski. Од утре па натака времето ќе се дели пред и по Владата на Мицкоски. Ќе поставиме стандарди и систем за работа кои не се видени до сега во Македонија. Граѓанинот доаѓа на прво место. Ја враќаме Македонија на народот. Македонија се става на брза трака за напредок и развој. Земјоделството од упропастена гранка, ќе прерасне во еден од неколкуте двигатели на економијата. Ќе се свртиме кон модерните и успешни земји, и земји со слична површина колку нашата, а гиганти во земјоделското производство. Моја цел ќе биде земјоделството кое ќе генерира стотици милиони евра девизен прилив, земјоделство на среќни земјоделци, богати и достоинствени. Знаеме како треба! За Македонија се работи!“.Зоран Љутков – министер за култура и туризам: „Вечерва по предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за култура и туризам! Голема чест за мене,голема одговорност и предизвик! Благодарам на Претседателот Христијан Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката! Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија! Ветувам напорна работа и брзи резултати!“.Панче Тошковски – министер за внатрешни работи: „Вечерва по предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за внатрешни работи во новата Влада. Со огромна чест ја прифаќам оваа одлука, која за мене претставува голема одговорност и обврска кон сите вас. Искрено благодарам на претседателот Христијан Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката која ми ја укажаа. Ветувам дека ќе работам неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани и за обезбедување на безбедна, просперитетна и праведна Македонија“.Весна Јаневска – министерка за образование: „Вечерва Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го подржа предлогот на претседателот проф. Др. Христијан Мицкоски и ИК на партијата јас да бидам номинирана за министер за образование и наука во Владата на Македонија. Тоа е огромна чест, но и огромна одговорност. Наследуваме распаднати институции и празен буџет. Сепак, ние во Македонија донесовме надеж и слобода. Тоа не' обврзува да испорачаме подобра иднина.Ќе дадам се' од себе да ја оправдам довербата на партијата, но првенствено на над 500 000 гласачи кои веруваа во нас“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-12-at-12.24.49

(Видео) ДУИ оди во опозиција, во вторник имињата на новата Влада ќе бидат пред пратениците, најави Мицкоски

Мандатарот Христијан Мицкоски очекува во вторник да го достави комплетниот список на министри кои ќе ја сочинуваат Владата до Собранието. Тој не соопшти имиња кои ќе ја сочинуваат новата Влада.„Јас не би зборувал во името на другите партии, во името на коалиционите партнери. Што се однесува за ВМРО-ДПМНЕ, ние сме структура која има организациска поставеност, вертикална, функционира врз основа на статут и во согласност со законите и Уставот. Во недела ќе има седница на Извршниот и Централнот комитет, ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар, со нивната биографија. Очекувам да се произнесат, а ако тоа е позитивно и успешно, да бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната Влада и програмата, на 18-јуни, во вторник, ќе бидат доставени до Собранието“, кажа Мицкоски.Мицкоски кажа дека нема да има место во новата Влада за ДУИ, Левица и СДСМ.„Гласаа пратеници на ДУИ, точно, но од Коалицијата Европски фронт гласаа и од Турската партија, од Демократската партија на Албанците. Очекувавме да гласаат и пратениците од коалицијата на СДСМ и од Левица. Бидејќи тоа што не го кажува СДСМ, а треба да се знае, е дека јас лично остварував со нив контакти цело време. И вратата за сите пратеници да го поддржат овој закон, беше отворена. Тоа што дел од идните опозиционери гласаа и препознаа квалитет, нив треба да ги прашате.. Што се однесува до составот на идната Влада, таа ќе биде составена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ВЛЕН, и политичката партија ЗНАМ“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски не го повлекол законот за реорганизација на Владата

Со соопштение имформираат од ВМРО-ДПМНЕ дека Мицкоски останува на тоа законот да се донесе во Собрание според собраниската процедура, ова доаѓа откако неколку портали објавија дека Мицкоски го повлекол законот.,,Законот е повлечен за исправање на номотехничка грешка, по корегирање на истата законот беше веднаш поднесен и истиот денес ќе се најде на седница на Собранието.Потенцираме дека не станува збор за никакво повлекување на законот, туку за негова номотехничка корекција која е во насока на подобрување на предлог законското решение.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

mickoski-micotakis

Нема да бидеме подлизурковци, порача Мицкоски по новите изјави на Мицотакис

Нема да бидеме подлизурковци и да се однесуваме како деспоти, за да ве ограбуваме вас, порача Христијан Мицкоски, во однос на кавгата помеѓу него и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Според него, Македонија го исполнила во целост и го исполнува Преспанскиот договор.„Кога ќе бидеме внатре во институциите, ќе имаме дипломатска активност. Нема да водиме провокативна офанзивна политика, нема да градиме споменици и да пеименуваме автопати, туку сакаме да градиме соработка. Тука сме, соседите мора да се почитуваат и ќе ги анализираме сите чекори, а внимателно ќе влечеме чекори“, рече Мицкоски.Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш му испрати порака на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога и официјално ќе стане премиер, да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа, а во спротивно, единственото што тој може да се постигне е „непријатно прво искуство“ на самитот на НАТО на почетокот на јули.„Во однос на Скопје мојата порака до кандидатот за премиер е многу јасна. Заврши предизборниот период. Договорот од Преспа, кој за нас имаше многу проблеми, но главното достигнување е име за секого, ерга омнес, мора да се почитува. И дајте категорична изјава, кога и официјално ќе ја преземе премиерската функција, дека го почитува Договорот од Преспа“, рече Мицотакис.

Македонија | пред 1 година

20230208213949

Мицкоски бара Гаши да се извини ако кажал дека негова татковина е Косово, а не Македонија

Собранискиот претседател, Африм Гаши, треба да се извини веднаш ако кажал дека негова татковина е Косово, порача мандатарот Христијан Мицкоски.„Изјавата на Гаши не сум ја слушнал. Мислам дека неговата татковина е Македонија, а од тоа што сум разговарал и од него сум слушнал е дека наша заедничка татковина е Макеоднија. Ако има таква изјава, треба да им се извини на граѓаните на Македонија, бидејќи од тука тој зема плата, и од страна на Македонците, Албанците, Турците е избран за претседател на Собрание“, рече Мицкоски.Новиот претседател на Собранието Африм Гаши во интервју за „РТК“ зборувал за историјата на неговото семејство кое во 50-тите години на минатиот век се преселило од Качаник во Скопје.„Во 50-тите години на минатиот век дедо ми работеше во Скопје, а поради техничките причини на тогашниот отежнат превоз купил мал дом во центарот на Скопје и семејството го однел овде, но по земјотресот се вратиле во родниот град. ЗА кратко време, потоа се вратија во Скопје и оттогаш дедо ми, вујковците и тетките живеат во Скопје. Јас сум роден во Скопје, а моите двајца братучеди продолжија да живеат во Качаник“, рекол Гаши.Според неговите зборови, „луѓето родени по деведесеттите не можат да го разберат ова, но за мене Косово е мојата татковина, местото каде се родени моите родители и сочувствувам со се што се случува во Косово“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-06-at-12.39.17

(Видео) Владата ќе биде составена набргу од денеска, кажа Мицкоски

Мандатарот Христијан Мицкоски, кажа дека уште денеска ќе биде составена новата Влада.„Набргу денеска ќе биде составена новата Влада, реформска Влада, која основа цел ќе и бидат реформи, за да не тонеме како држава во политичко мочуриште на меѓуполитички препирки, туку да ја развиваме државата“, рече Мицкоски.Тој кажа дека не може да ги открие предлозите за членовите на Владата, поради тоа што, почнуваат внатре-партиски консултации. Посочи дека целта е мнозинство од 2/3 во парламентот, па посочи дека Владата реално може да се избере уште утре.

Македонија | пред 1 година

IMG_4350

Сиљановска-Давкова му го додели мандатот на Мицкоски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, му го додели мандатот за составување на Влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Денеска истакува десетиот ден од конституирањето на Собранието. Претседателот на Собранието беше избран со 76 гласа „за“, овој резултат и преговорите кои се во тек, ми даваат за право основано да сметам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има сериозна можност да формира Влада“, рече Сиљановска.Од сега течат роковите за формирање Влада.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-05-at-12.28.23

Хистеријата кај јужниот сосед е поради изборите, татковината ми е Македонија, Преспанскиот ќе го почитувам, вели Мицкоски

Христијан Мицкоски рече дека во изјавите ќе продолжи да користи Македонија, бидејќи тоа му е татковина, а на Самитот на НАТО ако се отвори тоа прашање, ќе порача дека сака да гради мостови со сите соседи. Ова доаѓа откако грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави иницијатива поради некористењето на новото уставно име.„Претпоставувам хистеријата кај јужниот сосед е поради изборите, не очекувам талибански однос. Се што е дел од Преспанскиот договор, Владата ќе го почитува. Вклучително и решенијата за пратеници, ги добивме со придавката. И предлог законот е со придавката вклучена во него. Но мое човеково право загарантирано со многу конвенции е правото на слобода и изразување и говор“, рече Мицкоски.Тој кажа дека не им се лути на политичарите кога не го кажуваат целото име туку само крајот или дел.„Мојата татковина е Македонија и ќе остане Македонија. Комуникацијата која е дел од Уставот и законите, ќе остане додека тие се во сила“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-05-at-12.05.39

(Видео) Се формираат нови министерства, Мицкоски ги презентираше и поднесе закон до Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Христијан Мицкоски поднесе закон со кој се формираат нови министерства, дел се реорганизираат, а дел преземаат надлежности од веќе постоечки. Според него, Законот ќе помогне за подобро функционирање на државната управа. Тој очекува во петок да се најде на седница на Собранието, а до 11-ти јуни да биде изгласан.„Поднесувам предлог на Закон за измена на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Ја барам поддршката на сите пратеници, без разлика на партиите. А легитимитетот го темелам врз основа на изборните резултати на ВМРО-ДПМНЕ и професорката Сиљановска-Давкова. Легитимитетот е јасен, кредибилитетот и легалитетот исто. Ова беше изборно ветување, идентично на она дека идната Влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прави со опозициските партии, а денес се дел од владиното мнозинство“, рече Мицкоски.Тој објасни што опфаќа законот.„Со овој закон се предвидува да бидат формирани или реорганизирани определен број на министерства во Владата и тоа со Министерството за економија и труд кое ќе биде министерство кое ќе ги опфаќа дел од ингеренциите на старото Министерство за економија и ќе му се додаде „труд“ за работодавачите да можат на едно место да ги реализираат своите обврски, дијалог итн. Агенцијата за млади и спорт нема да постои туку ќе има Министерство за труд. Надлежностите за рударството и енергетиката ќе бидат во надлежност на Министерството за рударство, енергетика и минерални суровини. Министерството за култура ќе стане Министерство за култура и туризам. Новоформирано Министерството за дигитализација ќе ги наследи надлежностите на досегашното Министерство за информатика, а ќе има и ново Министерство за администрација“, рече Мицкоски.Тој смета дека вака ќе се добие подобрување на животот и стандардот на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

mickoski-i-siljanovska-1170x658-1

Завршуваат преговорите за Влада, Мицкоски во четврток го добива мандатот од Сиљановска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во четврток ќе му го даде мандатот на мандатарот Христијан Мицкоски. Тој кажа дека состаноците за формирање Влада се при крај. Тој кажа дека очекува многу брзо да го поднесе составот на новата Влада.„Преговорите привршуваат, тие се веќе завршени во одредена мера, во делот на владините ресори. Завршени се и во третиот ешалон, денеска треба да бидат потврдени. Очекувам утре претседателот Сиљановска да го даде мандатот. Очекувам час поскоро да го поднесам составот на членови на идната Влада, малку се размислуваме поради одредени верски празници кои се пред нас Задушница и Рамазан, ќе треба да се води сметка и за тоа, така што ќе треба да нивелираме некои работи. Очекувам идната Влада да биде изгласана пред крајниот рок, дефиниран со Закон и Устав“, рече Мицкоски.Прашан за распределба на ресорите, кажа дека не сака да зборува за имиња, а наскоро денеска ќе се знаат.Кажа дека меѓу првите закони кои ќе бидат поднесени се во однос на изборот на членови на судски и обвинителски совет, за судството и обвинителството да бидат ослободени од политика.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања