„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

мицкоски

mickoski-stevce-jakimovski

Јакимовски открива: Мицкоски го бетонира Бугарско-Францускиот договор

За мене власта фарса не прави, власта е јасна како ден - она е спремна да предаде и власта си кажува: "Ние сме за прифаќање за договорот со Бугарија; ние сме за уставни промени; за внесување на бугарите во уставот.“, вели градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски„Значи СДСМ ни е јасен како ден, фарсата е кај опозицијата, кај Христијан Мицкоски, не е фарсата во СДСМ. СДСМ ни е јасен, зошто СДСМ прави фарса?Значи нивната цел е јасна, они се спремни сите предавства да ги направат, е сега проблемот е што овој им асистира во правењето на предавствата, а ваму изиграва пред народот дека он е тој што ја штити Македонија.⁉️Ќе одговори ли на прашањето зошто месец ипол однапред направи протест кој беше десет дена пред објавување на Бугарскиот предлог, за да кулминацијата да се достигне десет дена пред тоа и после тоа тие протести беа само фарса. Мојот предлог беше да направиме еден голем протест на којшто ќе имаме најмалку шест – седумдесет илјади луѓе, да донесеме 700 – 800 автобуси.‼️Скопјани сакаат да излезат; и замислете ја глетката вие од фонтаната во парк до Стоковна куќа мост, спрема Тифани – народ да има према црквата. Возможно е тоа? Возможно беше тоа? Овој пат како никогаш досега имаше тензии, народот беше спремен, ама еве тој го угуши тој набој кај народот што го имаше, јас сум сигурен дека ако одеше толку народ они ќе се повлечеа, ама очигледно дека ова е дадено ветување пред меѓународната јавност.⁉️Беше ли Мицкоски во Брисел крајот на април, почетокот на мај? Таму е договорена целата работа. И сега што се случува, сега сака да се испере и пред народот и пред народната заедница, а во исто време партијата да ја дигне во кондиција со тоа што ќе прави кампања за референдум.Што значи тоа? Јасно како ден, еве 102,6% дека мнозинство да поништување на ова ќе нема, со тоа го бетонира Бугарско-Францускиот договор, значи нема бришење и со тоа тој добива пас, утре неговите луѓе од неговата партија, во парламентот да ги гласаат уставните промени за да влезат бугарите во Уставот со тоа македонскиот народ е изигран, а ќе ја префрла вината кај народот, а не кај себе. Мојот предлог е следен.‼️Излегуваме јас, тој, Апасиев, другите партии, потпишуваме договор, или декларација со која народот ако ни даде доверба со 61 пратеник, ние гарантираме дека ќе го поништиме овој договор и ништо повеќе. Нема што да се криеме позади народот; нема што да го мачиме народот; нема зошто да го лажеме; оваа е чесна понуда.‼️Имаме 61? Поништуваме‼️Немаме 61? Тоа е тоа, и овој е полесниот начин како да се дојде до оваа работа, а сето друго е фарса.Потполно истата фарса каква што беше за референдумот за промена на Уставот и промена на името, потполно иста фарса.Потполно иста игра се игра денеска“, вели Јакимовски.

Македонија | пред 3 години

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: ДУИ влезе во пакт со Бугарија и го предаде македонскиот народ

Заклучоците за францускиот предлог поминаа во Собрание, изгласани со 68 за и ниту еден глас против. Вие бевте предводници на граѓанските протести кои се одржуваа повеќе денови наназад, а кои беа поддржани не само од опозицијата туку и од голем број независни граѓани. Зошто на крајот, наместо да го дадете гласот против, одлучивте да ја напуштите седницата?–Заклучоците не се однесуваа на францускиот предлог бидејќи францускиот, или последниот, или модифицираниот предлог или не знам веќе кој предлог не беше пред пратениците за да може врз основа на него да може да се произнесат и да може да кажат дали е тоа во ред, бидејќи тој не беше комплетен, затоа што го немавме во тој момент сè уште протоколот на маса. Имаше шпекулации, имаше претпоставки, но ниту во еден момент го немавме протоколот на маса, што самото по себе претставува скандал, бидејќи избраниците на народот ги терате да се произнесат по некаков си документ. Предлог-заклучоците се еден лист, лист и половина хартија каде што Собранието им вели на министрите во владата да носат кошули… какви ќе бидат тие кошули, дали ќе бидат со копчиња, со кратки или со долги ракави – тоа не е дел од тоа што го предлагаат.Така што првата брутална измама што е направена од нашата влада, после мега измамата што ја направија кога кажаа НЕ, а подоцна го прифатија истото за кое што стигна потврда и од бугарска страна дека се работи за истиот предлог, следуваше оваа втора измама каде што на пратениците од власта и оние поддржувачи кои кренаа 68 гласа ЗА им беше на маса ставено нешто коешто немаше никаква врска со нешто што се нарекува последен предлог. Но, од друга страна, не можам до ден-денес да поверувам дека опозициските пратеници, кои себеси се декларираат како опозиција во парламентот и тука, пред сè, мислам на онаа опозиција што е против владините политики, што ги гласаше овие заклучоци. Затоа што се поставува прашањето, ова не го отвора патот кон Европската Унија, бидејќи Владата е таа која што носи одлуки. Владата тогаш само ги злоупотреби пратениците во парламентот и во јавноста претстави дека еве тие гласале за некаков предлог кои тие претходно го прифатиле. Се гласаше за нешто коешто нема суштина, а суштината е тоа што дека владата прифатила асимилаторски договор со Бугарија, којшто потоа беше преточен во последен предлог што дел од јавноста го нарече модифициран.Ние не учествувавме во гласањето, иако учествувавме во дебатата за да може јавноста да го слушне нашиот став поврзан со тој последен предлог кој нема врска со заклучоците и со овој памфлет што го изгласаа 68 пратеници, и тоа е јасно дека е не и неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа што не бевме во моментот на гласање е само заради тоа што не сакавме да дадеме легитимитет со нашето присуство на нешто коешто го гласаа пратениците. И тоа е јасно дека е НЕ и дека е неприфатлив за ВМРО. Имаме парламентарно мнозинство, кое кога требаше довербата на владата, кукавички ја напушти дебатата и да елаборира зошто треба оваа влада да остане, и сега овие 68, во којшто има дел од пратеници од опозицијата, велат зошто ВМРО-ДПМНЕ не било, ВМРО-ДПМНЕ нема да легитимира неправеден и ненароден чин.Со потпишувањето на Протоколот, фактички притисокот се зголемува на македонско-бугарската историска комисија. Какви се Вашите очекувања, ќе има ли капацитет комисијата без политички притисок да договара значајни теми, како што се потеклото на Гоце Делчев, средновековието … ?–Очекувам притисоци, како што беше и претходно, да – очекувам од Бујар Османи притисок врз работата на комисијата, иако тоа веќе сега не е никако поврзано со европскиот пат на Македонија, затоа што европскиот пат во моментов зависи само од една работа, а тоа е промената на Уставот, не зависи сега само од работата на комисијата и тука е овој момент каде што јас само велам не е ништо изгубено, затоа што промената на Уставот е последниот браник на македонскиот идентитет.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи и оние кои не се сложуваат со овој француски или последен модифициран предлог се чувари на македонскиот идентитет. Сега веќе работата апсолутно нема никакво значење. А дека ќе имаат од Бујар Османи и од тие негови соработници притисок, ќе имаат, и комисијата треба да знае дека ќе имаат, немам никаква дилема. Водството на ДУИ прави историска грешка, тие практично гледајќи го интересот на Албанија, влегоа во коалиција и пакт со Бугарија и Бугарите, и ги продадоа интересите на македонскиот народ и нивните сограѓани во Македонија, и на тој начин оставија трајна рана во нашата колективна меморија и тоа нема да го заборавиме.После Преспанскиот договор и промената на името, сега сме под силен притисок за менување историја, учебници итн…. Дали цената за влез во ЕУ не е превисока и од овој аспект денес, може ли нешто да вратиме назад?-Па и самиот Бујар Османи кажа, а и Стево Пендаровски претходно дека подобро било да се на масата заедно со останатите 26 земји членки и да преговараат демек имале помош, отколку да се надвор од масата. Притоа заборавија да кажат дека ние и сега сме на масата, само сега сме наспроти изолираната Бугарија, е сега ќе бидеме на масата на којашто Бугарија ќе биде заедно со тие 26 останати земји членки. И самите тие кажаа дека ако нема брза измена на учебниците по теркот на Бугарија, тогаш можеме да очекуваме вето. За Бугарија е важно средновековието затоа што тоа е темелот на тезата дека ние практично сме биле Бугари пред да бидеме создадени како вештачки народ од страна на коминтерната и Тито. Средновековието почнува од Второто бугарско царство, и тоа е суштината на кои тие ги темелат тие тези и тврдења, и тука е грешката на овие наши политичари корумпирани и по власт аздисани, не се свесни и затоа намерно ги прават овие грешки. Дел се и од незнаење, а дел се и од кариеристички причини и од аздисаност за власт, привилегии и народни пари. Ниту еден државник кој има елементарно познавање за антропологијата на македонскиот ген и идентитет нема на крај на памет да му падне да преговара на оваа тема, а камоли да седи таму на маса, да се смее и да потпишува договори. Сега не се свесни, имаат обезбедувања привилегии и така натаму, но кога ќе ја изгубат власта и ќе ги напуштат кабинетите, ќе се соочат со гневот на народот на улица, ако останат тука, ако не избегаат, и ќе бидат свесни и ќе речат -ах да можам да го вратам времето назад, не би ја направил таа грешка , но ќе биде доцна.За каков реципроцитет во протоколот зборуваме кога Бугарија и вечерта пред меѓувладината седница ни испрати документ со кој не го признава македонскиот јазик?–Никаков реципроцитет, Бугарија сама кажува дека не го признава јазикот, а ние го признаваме бугарскиот јазик. Бугарија дава изјави дека за нив македонскиот јазик е некаков дијалект на бугарскиот и тоа го оправдуваат на некој хегемонистички начин но би рекол, но тоа е нивната политика и тоа не треба да нè изненадува, тие си имаат стратегија, си имаат план и гледаме дека тоа си го исполнуваат.Проблемот е што кај нас има отсуство на државотворен капацитет, кај нашите политичари. Па дури и Бујар Османи си го исполнува тоа што си го има зацртано, а тоа е Албанија да ги почне преговорите и да оди напред. Јас се чудам на Димитар Ковачевски и на останатите министри во Влада, за кои повторно ќе кажам, аздисаноста по пари, тендерите, криминалот им се заеднички именител и подготвени се преку сè да поминат за тоа да го сочуваат. Национално тотално исплакнати ликови, тие не може да бидат државници и не може да ја водат државата напред и можат само дополнително да го компликуваат процесот и да стагнира државата како што стагнира, бидејќи ние не ги почнуваме преговорите, па дури и на нив.Ние преговорите ќе ги почнеме и ќе ја усвоиме преговарачката рамка тогаш кога ќе го смениме Уставот.Во тек се консултации дали може да се распише референдум, имате ли план Б ако не се спроведе оваа инцијатива?-Консултациите траат и ќе траат дали референдумот ќе биде консултативен, задолжителен, кога да се одржи, дали со оваа влада или со некоја друга демократска влада, ќе треба да ја анализираме оваа идеја за да ја бетонираме заедно со граѓаните нашата позиција околу сево ова што ни се случува. Но да бидам уште попрецизен, сите овие процеси, билатералниот договор и протоколот, промената на Уставот, усвојувањето на преговарачката рамка се сами по себе некако различни но поврзани. Преговарачката рамка не може да биде усвоена без да се случат уставните измени, а ако не се случат уставните измени, тогаш Бугарија нема ништо, ние не преговараме, не отвораме кластери, но и Бугарија нема ништо, и затоа браникот на Уставот се пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и останатите опозициски пратеници. И тука граѓаните треба да се сигурни.Кога зборуваме за референдум, ние зборуваме за преговарачката рамка, односно за спорниот дел, а тоа е членот 5, алинеја 4 , којшто се повикува на билатералниот договор со Бугарија, членот 12 од истиот којшто, пак, е поврзан со протоколите што се потпишуваат еднаш годишно. Тоа е спорно за нас и тоа претставува потенцијална опасност дека ние во иднина повторно ќе имаме вето од Бугарија, доколку не промениме учебници под диктат на Бугарија. Тука се фокусираме во делот на референдумското изјаснување на граѓаните: Дали да се прифаќа или да не се прифаќа оваа содржина на преговарачката рамка, инаку за Уставот никој не спомнува опција за референдум. Уставот – браникот се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, затоа што во јавноста има инструирани провладини гласноговорници кои имаат различен став од нас за референдумот, па викаат еве сега се бара алиби за промена на Устав. Но не е тоа идејата, чувари на Уставот се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.Ова е сосема нешто друго, ова е дали заедно со граѓаните, ние овој текст на преговарачката рамка ќе го прифатиме. Ако не го прифатиме, тогаш на Брисел ќе му кажеме – извинете на референдум излегоа толку и толку граѓани – овој текст не го прифаќаме ќе мора членот 5, алинеја 4, да го тргнете и да останат членовите кои се повикуваат на копенхашките критериуми и критериумите за процесот на стабилизација и асоцијација. А за билатералните спорови да биде исто како и за останатите 26 земји членки, сега плус Албанија, да си биде исто и за нас.Зошто власта и опозицијата функционираат како најлути непријатели и не успеваат да изградат позиција на конструктивни политички опоненти, барем за националните прашања?-Јас понудив и работни тимови и се повлеков од барањето за предвремени избори, само за да кажат НЕ, бевме проактивни, имавме иницијатива, од другата страна имаше или молк или брутално одбивање. Затоа мислам дека е подобро власта да одговори на ова прашање.Го обвинувате ДУИ за предизвикување трајна штета во односите меѓу Македонците и Албанците. Доколку утре победите на избори, а во албанскиот блок ДУИ освои најмногу пратеници, ќе коалицирате ли со Ахмети по принципот победник со победник?-Ние сега зборуваме дали ќе го имаме условот Бадинтер или нема да го имаме. Доколку условно, ДУИ е политичката партија, којашто убедливо ќе победи, и нема никакви поинакви можности да се надомести условот Бадинтер, тогаш ќе седнеме и ќе разговараме и тука немаме никаква дилема, и на тој начин ќе го сочуваме идентитетот, но ќе побараме од ДУИ да се коригира во своите постапки затоа што јас сум убеден дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ, ќе има повеќе од 61 пратеник, односно ќе имаме самите мнозинство. Но ако имаме друга можност, сценарио кое јас го посакувам, со албанските опозициски партии и други политички партии, тогаш ДУИ редно време е после повеќе години на власт да замине во опозиција.Освен струјата и бензинот, деновиве се најавуваат повисоки цени и на комуналиите… граѓаните живеат во страв како ќе се живее од есен, и со колкави сметки за струја ќе ја презимат зимата. Каков Ви е Вашиот план за борба против сиромаштијата што го најавивте?-Цената на електричната енергија на берзите драматично расте, а бидејќи Македонија е увозно зависна земја од електрична енергија, не произведува доволно, а не произведува доволно затоа што овие кои треба да произведуваат крадат. Пред неколку месеци понудив Македонија да разговара под итно со Унгарија или со Австрија и да влезе во некое внатрешно портфолио за произведување на гас и на струја и на топлина, и тој гас да се складира без разлика дали во Австрија, дали во Унгарија. Тогаш не знам дали не ме разбраа, бидејќи немаше одговор на тој предлог, а гледам денеска тоа го прави соседна Србија. Ако тоа тогаш го направеа, колку-толку ќе ја амортизиравме состојбата со електричната енергија. Исто така, предложив да се закупат капацитети, уште пред неколку месеци за производство на електрична енергија, нуклеарката ПАКОС можеше 10-15 % од таму да закупиме – ние сме енергетски супер поврзани со соседна Србија, а тие се поврзани со Унгарија и можевме на многу поедноставен начин да добиеме енергенс. Можеше да се закупат капацитети на пченка, пченица, но и тоа не се направи бидејќи сега гледаме дека ни се потребни за да презимиме зимата. Јас предлагав тогаш, но пак ќе кажам или не разбраа или ме игнорираа, и сега доаѓа август, а после август-септември и не знам кога ќе се подготвуваат за есента и зимата. Ако се носат одлуки во 5 до 12, тие одлуки ќе чинат многу пари, а тие пари ги немаме, бидејќи ќе треба да ги позајмиме или ќе треба да трошиме државни резерви, така што ја доведоа државата во некоја прилично хаотична ситуација со неодговорното однесување, и да бидам до крај искрен, не гледам капацитет во овој министерски кабинет на Ковачевски. Ние понудивме – ако тоа го направевме во март или во април, ние немаше сега да се секираме како ќе ја дочекаме грејната сезона во октомври, ноември, декември и цела зима, но сега треба да сме загрижени затоа што јас ве уверувам дека цената на берзите од декември ќе биде околу 1000 евра, а од 1 јануари ќе имаме нова регулирана цена за домаќинствата која што ќе биде коригирана нагоре, и ковид-пандемијата си го прави своето, и сè на сè влегуваме во еден тотален државен хаос. И не сум оптимист, ние понудивме излез, неколку варијанти и бевме одбиени.Помина и првата меѓувладина седница, за која велите дека беше само фотосесија. Беше ли тоа само наша жртва за Албанија да ги почне преговорите, а ние и натаму да останеме во предворјето на Брисел сè до отворање на Уставот?Точно е, зошто еве не отворија кластер, зошто не ја усвоивме преговарачката рамка, па да речеме еве ќе преговараме под овие услови. Тоа беше обична фотосесија во Брисел, и, за жал, после таа фотосесија, единствен губитник ќе биде Македонија, македонскиот народ и граѓаните во Македонија. Дури и Албанците во Македонија нема да одат напред, ќе одат Албанците во Албанија затоа што тие ќе си преговараат, ќе си ги отворат кластерите, и зависи сега од нив со која брзина ќе напредуваат. Но Албанците во Македонија, македонскиот народ, повторно ќе бидеме во ходник и ќе седиме на магарешка клупа и ќе чекаме некој нов услов да се исполни, а тоа е условот промена на Устав, а дури потоа да ни биде поставена преговарачката рамка.Министерот Османи е речиси уверен дека по првата конференција во Брисел, во предвидениот рок ќе се премине и на втората седница, за што услов е да се случат уставните измени. Тој е убеден дека измените во Преамбулата ќе се случат, а во исто време Вие сте сигурни дека нема да се соберат потребните 81 пратеник, со оглед дека сте децидни дека вашите пратеници нема да гласаат. Како нотарските изјави ќе бидат гарант дека некој нема да го смени мислењето, да речеме да биде уценет и да гласа за?Едноставно сум сигурен, имам полна доверба во тие луѓе дека нема да се случи промената на Уставот, затоа што помина времето на притисоци и на уцени, и убеден сум во капацитетот на овие луѓе дека ќе истраат и ќе опстојат на својот став да не гласаат за промена на Уставот бидејќи тоа е последниот браник на македонскиот идентитет. Затоа што падне ли Уставот, помине ли преговарачката рамка, завршува македонскиот идентитет.

Македонија | пред 3 години

291028310_404672748293371_1075403596231413860_n

Што се случуваше по средбата: Мицкоски со изненадувачки потег, Ковачевски се сврте и замина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како ретко кога демонстрираше почит, а премиерот Димитар Ковачевски тотална непочит кон новинарите и јавноста во Клубот на пратеници. Нивната средба траеше околу два часа сосе паузи, а сите останати медиумски работници чекаа во холот на Клубот. Поради големиот интерес на јавноста, новинарите имаа низа на прашања, а тогаш се случи пресврт.Христијан Мицкоски на говорницата беше прилично јасен во ставовите. Кажа кои се позициите на ВМРО-ДПМНЕ, објасни и што се случувало зад затворените врати на средбата, посочи кои се условите. Единствено што не објасни е кои се наредните чекори на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше целосно отворен за одговори кон новинарите, што во суштина покажува негов променет принцип на функционирање, со оглед дека немаше расправии, ниту високи тонови, туку умерен пристап. Интересен момент од прес-конференција е што Мицкоски се тргна, па се врати на говорницата.„Господине Мицкоски имате ли друг начин на протест“, прашуваше новинарката, Тамара Грнчарова додека Мицкоски заминуваше.„Господине Мицкоски не е фер вака, да кажете вие што сакате и да не и одговорите на колешката“, реагираше новинарот Кристијан Ландов.Мицкоски, не се двоумеше и како никогаш претходно се врати на говорницата.„Ајде, повелете. Не ве слушнав, не ве слушнав“, кажа Мицкоски враќајќи се на говорницата и почитувајќи ги медиумите.За разлика од него, Ковачевски не го ценеше чекањето на новинарите. Протоколот имаше „непротоколарно“ однесување. Премиерот не даде конкретен одговор на ниту едно прашање. Постојано го повторуваше текстот напишан на листот пред него. На прашање дали ги прифаќа условите поставени од Мицкоски, не одговори дури двапати, а протоколот гестикулираше забранувајќи прашања.Првпат прашањето го постави Тамара Грнчарова, а вторпат, истото го праша и Кристијан Ландов. Двапати, премиерот си го раскажа тоа што сакаше тој, без да одговори конкретно.„Не одговоривте конкретно на прашањето, кои од трите услови на Мицкоски и дали некој од тие три услови е прифатлив за вас?“, праша новинарот Ландов.„Првин, јас веќе одговорив на прашањето. Сите тие прашања не задираат во чистиот македонски јазик во преговарачката рамка и во сите документи на ЕУ, не задираат во идентитетот на македонскиот народ и во самобитноста. Ова е мултилатерален документ.....“, си раскажа Ковачевски без одговор.Со ваквото однесување на Ковачевски може да се толкува како непочит кон новинарите. Исто така, однесувањето на протоколот со гестикулирање како што е кревањето со очи и остри погледи, мавтањето со раце, тенденциозното прекинување на новинари, може да се истолкува како недолично.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-01-at-15.37.11

„Ако Ковачевски го одбие овој предлог, јас ќе се повлечам од барањето за предвремени избори“, вели Мицкоски

„Му понудив на Ковачевски да го одбие овој предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени избори“, ова го изјви лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.„Ќе ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ за да и помогнеме на владата во сите предизвици, енергетски, предизвици со храна, безбедносни, и на пролет да седнеме и да направиме репроценка. Ова е преговарачка рамка со која или се асимилираме и бугаризираме како ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ“, вели Мицкоски.Христијан Мицкоски изјави дека понудил три решенија за францускиот предлог. Тој не добил никаков одговор на барањата од премиерот Димитар Ковачевски. Според Мицкоски, барањата се разумни. Останува на ставот кој го дели со партијата дека предлогот во ваква форма треба да се одбие.

Македонија | пред 3 години

Capture

„Францускиот предлог е нокаут“, Мицкоски ги кажа индициите за македонското предавство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предупредува дека францускиот предлог е ист како претходниот, нема ништо различно, освен два зборови. Мицкоски посочи дека тим преговарал за македонскиот јазик, идентитет, традиција, култура и за Македонецот. Според него, има три индиции дека ова е нокаут за македонската дипломатија.„Францускиот предлог не е ништо повеќе од два збора различни од претходниот предлог. Односно да сум прецизен ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Сето ова е врз основа на информации со кои ВМРО-ДПМНЕ во овој момент располага. И на што го темелам сето ова дека е точно.. Ќе споделам со вас три индиции: првата е што овој модифициран таканаречен предлог беше прифатен веднаш од Петков и Радев. Во државата има распуштено Собрание, а за нив е одлично решение и го прифаќаат. Ако тогаш е така, што е различно за нашиот државен врв веднаш да го одбие со големо „не“ како што го направи тоа во Брисел. Второ, од каде Еди Рама знае дека овој предлог е добар за македонскиот народ, за чиј идентитет се преговара, а ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена иако ние како најголема партија, пратеничка група, поддршка, ја немаме? Третата причина е бидејќи Владата на СДСМ и ДУИ има слаб карактер и традиција на предавство. Затоа предлогот го крие“, кажа Мицкоски.Тој бара: „Ако навистина е добар предлогот, Владата веднаш да го објави“.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-mickoski

Ковачевски денес на средба со Мицкоски

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска ќе одржи средба со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.„Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во текот на утрешниот ден ќе ја одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство“, соопшти Владата.

Македонија | пред 3 години

MickoskiSkopjeinfo

Пред нас е предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата, вели СДСМ

Предлогот на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се, вели СДСМ„Она што е клучно е тоа што се вградени нашите ставови и забелешки, имаме чист македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.Потонаа во вода и сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација.Во меѓувреме, започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.И тоа го гледаат сите, освен Христијан Мицкоски кој сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести.Вчера, Мицкоски отворено пред целата јавност призна дека е против интеграција во Европската унија.Со таквото негово признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ.Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега.Заедничкото делување со проруската инсталација Левица покажува дека ова е делување на анти НАТО и ани ЕУ коалиција.Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но тие секогаш биле препознавани и поразувани од граѓаните и така ќе биде и сега“, се вели во соопштението

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

„Народот да биде буден, нема време за одмори и седење дома, се подготвува асимилација“, порача Мицкоски

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ повика на будност. Тој порача дека иднината на Македонецот не може да биде во рацете на Бојан Маричиќ и Бујар Османи. Според него, нема време ниту за одење на одмор ниту за седење дома.„Го повикувам народот на будност. Ова е нов Илинден. Овде нема партија, ова е за македонскиот индентет, кој со векови е создаван. Го предупредувам секој граѓнион во државава, да биде буден, се подготвува асимилација. Или еден ден членка на ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ. Ете тоа ни се подготвува со одбивањето. Знам дека притисокот ќе биде голем, но на народот треба да му биде јасно, дека ова се историски моменти, дека нема моменти за седење дома ниту за одење на одмор. Сега се одлучувачките моменти: да кажеме громогласно „не“ и наредните години да се избориме.... Нема простор веќе да гледаме... Не верувајте на тоа што ви го кажуваат, туку на тоа што ќе го прочитате и видите“, додаде Мицкоски.Францускиот предлог е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Договорот за добрососедство е содржан во францускиот предлог за преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за ЕУ. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, објасни дека вклучување на овој Договор во преговарачката рамка за нив е неприфатливо.

Македонија | пред 3 години

MickoskiSkopjeinfo

За ВМРО-ДПМНЕ веќе е неприфатлив францускиот предлог

Францускиот предлог е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Договорот за добрососедство е содржан во францускиот предлог за преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за ЕУ. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, објасни дека вклучување на овој Договор во преговарачката рамка за нив е неприфатливо.„Нема да прифатиме македонскиот јазик, освен македонски, да не биде ништо друго. Без фуснота, дополнувања, одземања, наддавања. Сето останато, вклучително и некакви протоколи и Договор за добрососедство не може да биде дел од преговарачка рамка. Членот 12 од Договорот за добрососедство ако биде цитиран, тоа директно имплицира не само историја, туку образование и се останато“, кажа Мицкоски.Според Мицкоски, ниту кабинетот на Ковачевски, ниту министрите го немаат видено францускиот предлог.„Зар тоа не е доволно да веруваме дека имаме дипломатски нокаут и капутилација?“, праша Мицкоски.Мицкоски е дециден во барањето веднаш предлогот од Франција да биде објавен на владината веб страница.„Бугарските барања се дел од предлогот. Какви корекции, какви бакрачи. Зарем вие мислите дека Радев кој победи 2-1 со неговиот противник, ќе си дозволи лускуз кој за него ќе значи дипломатски пораз? Ако е така како што кажува Ковачевски, предлогот ќе требаше да биде закачен на веб страницата на Владата“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

289430754_582909726524291_7009175504643671108_n

По протестот, Мицкоски утринава на врв на Галичица: Од тука најубаво и најшироко се гледа татковината

По вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски се искачи на Галичица.„После историскиот митинг на кој се случи народ, утринава на врв на Галичица - Магаро 2255 мнв. од каде најубаво и најшироко се гледа татковината.Нашата Македонија која бара промени, народот кој ја делегитимираше Владата и Македонија која е на нозе!Одиме до крај затоа што е премногу!Промени“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Мицкоски објави снимка од дрон од протестот пред Владата: Благодарам Македонијо

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави снимка од дрон, направена за време на вчерашниот протест пред Владата.„Благодарам Македонијо! Величествена ноќ, енергија и сила за промени“, напиша Мицкоски.ВМРО-ДПМНЕ бара избори, а ако власта не се согласи најавија блокади. Мицкоски зборуваше за инфлацијата, францускиот предлог за кревање на бугарското вето, и ред други проблеми со кои се соочува државата. Најави дека нема да поддржи промена на Уставот, со цел бугарските барања да влезат во него.Благодарам Македонијо!Величествена ноќ, енергија и сила за промени!Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, June 18, 2022

Македонија | пред 3 години

Untitled-1

Да си ја вратиме земјата во наши раце, а не во овие кои што ја украдоа, ја предадоа, ја понижија, ја осиромашија, вели Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија! И за Македонците! И за Албанците! И за Турците! И за Србите, Власите и Бошњаците, Ромите, Египќаните и сите останати! Тука сме за сите ограбени, понижени и обесчестени граѓани на Македонија! Им подаваме рака на сите! Придружете ни се во нашата борба за нашата мајка Македонија, кажа претседателот проф.др. Христијан Мицкоски на вчерашниот протест пред владата по мотото - Премногу е, изјави Христијан Мицскоски на вчерашниот митинг пред владата.Тој потенцира дека ни е потребно е обединување и општествена поддршка. Кажа дека нема инстант победи, но дека ВМРО-ДПМНЕ почнува и од сега па натаму продолжува низ градовите и улиците да се бори. До конечен пад на оваа корумпирана и криминална власт.„Ми велат - има ли светло на крајот од тунелот. Јас велам има! И јас не само што го гледам тоа светло, туку ве повикувам заедно да чекориме до тоа светло! Светлото на крајот од тунелот значи да ја промениме власта и да обезбедиме сите наша заедничка перспектива и иднина.Да ја вратиме надежта и еланот во нашите срца како тој 8 септември 1991 година. Овие избори да не бидат избори за власт, туку референдум за Македонија. Да дојде нова генерација способни луѓе која ќе направи нов пресврт, нова страница и нова епоха за Македонија“, потенцира тој.Претседателот кажа и дека мора да обезбедиме повеќе работни места, повеќе пари за граѓаните. Напредок во културата, здравството и образованието. Буквално да се постават темелите на новиот патриотизам.Да си ја вратиме земјата во наши раце, во рацете на народот, а не во овие кои што ја украдоа, ја предадоа, ја понижија, ја осиромашија, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

288103689_447056200579642_7643394383389616517_n

Мицкоски: Ако Ковачевски не прави гафови, народот ќе мислеше дека Заев е уште премиер

Преку протестот, премиерот Димитар Ковачевски доби порака од Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека го разбира бидејќи бил како што кажа помеѓу чеканот и наковалната бидејќи коалициониот партнер го уценувал и неговиот ментор го терал да го прифати. Мицкоски по ова објаснување, побара да го отфрли предлогот и кажа дека тој заедно со народот ќе застане зад него.За Бугарија, посочи: „Ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати понижувачки договор на штета на нашите национални интереси. Ако Владата реши да го носи надвор од Собранието или на сила во Собранието, тогаш идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да почитува ниту една точка од овој договор. Порака до Софија, наместо вие да не поддржувате вие не блокирате и оддалечувате како народи. Наместо да не поддржувате вие не сопирате. Тоа ли се добрососедски односи? Место да дојдете да седнете, клекнете и извините за злосторствата направени на овој народ по втората светска војна, вие сакате да ја ретуширате историјата! Тоа не се европски вредности и нема никаква врска со тоа!“.„Цели пет години чекаме датум за преговори со ЕУ кој никако да дојде, а беше главното ветување за СДСМ. Нѐ понижија, засрамија, предадоа и се уште сме заглавени во чекалницата на ЕУ. 22 години чекаме. Некои држави тогаш не ни зборуваа за ЕУ, а денеска преговараат или се веќе членки на таа ЕУ. Овој народ и Македонија дадоа многу, а не добија ништо поради погрешната политичка стратегија. Им се одзема иднината на тие генерации млади луѓе кои денеска се тука пред нас и како продолжение на таа политичка агресија која се врши врз Македонија, пристигна последниот предлог кој е актуелен овие 2-3 дена. Тој предлог за кој овие од владата се прават дека не го виделе и слушнале, а тие го договарале. Да бидеме на чисто, тоа е ништо друго, освен капитулација без одлагање. Што би се рекло: Бугаризација на Македонија на рати или дипломатски нокаут“, кажа Мицкоски.Тој рече: „Во предлогот нема датум за почеток на преговори, туку услов ако сакате да почнете отворете го Уставот и исполнете ги барањата на Софија. Тоа е првото. Второ: нѐ лажеа дека не преговараат за јазикот и идентитетот. А денеска, оние платени владени пера, преку мали колумнички нѐ убедуваат дека го заштитиле јазикот. Трето: тоа што до вчера беше наш проблем со Софија, со овој предлог, станува проблем со Брисел и ЕУ. Или да бидам попрецизен, асимилација, бугаризација па потоа европизација. Постојано неразумни притисоци“.Тој за смеењето на Ковачевски кога Рама го претстави како премер на идната западна Бугарија, рече: „Си велам, доброто е што барем го препознаа кој е и како се вика, бидејќи во државава е непрепознатлив, што ако не се овие гафови, народот ќе мисли уште Заев е премиер. Што за волја на вистината и така е.. Тој требаше да му каже на Рама: Не разбирате географија, ниту историја. Ова е мојата Македонија“.

Македонија | пред 3 години

Untitled-1

Што порача Мицкоски: Зборува за луксуз, подава рака и копнее за поддршка од граѓаните за победа на избори

Народот води борба за опстанок, а Владата јаде од златни лажици и се вози со скапи лимузини. Ова е ставот на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ преку кој вети дека нема да разочара никого кој ќе му даде поддршка да дојде на власт. Пред присутните на протестот кажа дека тој го има народот, а власта има институции. Се заблагодари на сите кои дошле да дадат поддршка за протестот.„Како громогласно ехо тргнуваме да ја освоиме победата која ни припаѓа. Нека се чуе на сите страни дека во Македонија се случува – народ. Одлучноста за промени е толку голема бидејќи народот нема што да загуби. Власта удри по стандардот, земјоделието, перспективата, економијата. Булеварите, раскрсниците и плоштадите се полнат секојдневно со луѓе што просат. Контејнерите се пребарувани од луѓе од различни нации бидејќи гладот не знае за вера или нација“, рече Мицкоски.Според него, имало закани и притисоци од власта за да не се присуствува на протестот.„Подавам рака за овој договор, заедно да ги менуваме работите на подобро. Го имате мојот чесен збор и на илјадниците други наши сограѓани кои останаа дома пред екраните, а не се чувствуваат комотно, ама во срцата знаат дека промени мора да има. Оваа битка ја борам за вас и за вашата поддршка секојдневно копнеам. Поддршката од секој е неопходна за пораз на СДСМ и казна на оваа криминална и предавничка власт“, додаде Мицкоски.Тој посочи: „За премиерот кој се смее дека оваа преубава земја била западна Бугарија и тој нека знае дека ова парче земја, за нас, била и ќе биде нашата мајка Македонија. Тоа е таа љубов која ја сакаме до болка, која ја сакаме, мечтаеме“.

Македонија | пред 3 години

456.jpg

Борба до последна капка пот вети Мицкоски и посочи: Владата не може да си замине преку ноќ

Лидерот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски бара избори. Тој им порача на граѓаните заедно со него да се борат против СДСМ. За него, состојбата во Македонија е неподнослива, а државата е рекордер по криминал, со најслаб економски раст и земја со најнизок стандард на граѓаните со најголема стапка на инфлација.„Многумина блиски до власта, ми велат „Ќе падне ли веднаш владата по митингот?“, а одговорот е дека никогаш не ветив дека тоа ќе се случи брзо. Меѓутоа, гледајќи колку народ е излеан на улиците пред зградата на Владата, повеќе од сигурен сум, знам дека тоа многу скоро од денес ќе се случи. Влада што го ограбила народот толку брутално како оваа и врз кој извршила толку брутални предавства, не може да си замине преку ноќ со само еден народен собир. Но јас ветувам триумф, борба до последна капка пот, до последниот атом“, кажа Мицкоски.Тој посочува дека инфлацијата е најстрашна.„Или ќе се бориме или нема да ја има Македонија. На сите мора да не биде јасно дека нѐ има, и уште повеќе ќе не гледаат секаде. Борба во институциите, борба против тонењето, криминалот, корупцијата, борба да ја вратиме надежта како на тој 8 септември 1991 година. Во оваа нашата борба ни се потребни сите. Тешките времиња создаваат силни луѓе. Силните луѓе пак, носат подобри времиња. Ова не е само моја битка, туку наша борба за победа за нашата Македонија“, кажа Мицкоски.Мицкоски додаде дека Македонија е рекордер во Европа по три работи, криминал, најслаб раст на економијата, и најнизок стандард со најголема стапка на инфлација.„Најголемиот проблем е инфлацијата. Пола милион наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден. Сиромаштијата го разјадува здравјето на луѓето и на Македонија“, вели тој.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања