Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

МИЦКОСКИ

MickoskiSkopjeinfo

Пред нас е предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата, вели СДСМ

Предлогот на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се, вели СДСМ„Она што е клучно е тоа што се вградени нашите ставови и забелешки, имаме чист македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.Потонаа во вода и сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација.Во меѓувреме, започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.И тоа го гледаат сите, освен Христијан Мицкоски кој сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести.Вчера, Мицкоски отворено пред целата јавност призна дека е против интеграција во Европската унија.Со таквото негово признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ.Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега.Заедничкото делување со проруската инсталација Левица покажува дека ова е делување на анти НАТО и ани ЕУ коалиција.Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но тие секогаш биле препознавани и поразувани од граѓаните и така ќе биде и сега“, се вели во соопштението

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

„Народот да биде буден, нема време за одмори и седење дома, се подготвува асимилација“, порача Мицкоски

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ повика на будност. Тој порача дека иднината на Македонецот не може да биде во рацете на Бојан Маричиќ и Бујар Османи. Според него, нема време ниту за одење на одмор ниту за седење дома.„Го повикувам народот на будност. Ова е нов Илинден. Овде нема партија, ова е за македонскиот индентет, кој со векови е создаван. Го предупредувам секој граѓнион во државава, да биде буден, се подготвува асимилација. Или еден ден членка на ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ. Ете тоа ни се подготвува со одбивањето. Знам дека притисокот ќе биде голем, но на народот треба да му биде јасно, дека ова се историски моменти, дека нема моменти за седење дома ниту за одење на одмор. Сега се одлучувачките моменти: да кажеме громогласно „не“ и наредните години да се избориме.... Нема простор веќе да гледаме... Не верувајте на тоа што ви го кажуваат, туку на тоа што ќе го прочитате и видите“, додаде Мицкоски.Францускиот предлог е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Договорот за добрососедство е содржан во францускиот предлог за преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за ЕУ. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, објасни дека вклучување на овој Договор во преговарачката рамка за нив е неприфатливо.

Македонија | пред 3 години

MickoskiSkopjeinfo

За ВМРО-ДПМНЕ веќе е неприфатлив францускиот предлог

Францускиот предлог е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Договорот за добрососедство е содржан во францускиот предлог за преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за ЕУ. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, објасни дека вклучување на овој Договор во преговарачката рамка за нив е неприфатливо.„Нема да прифатиме македонскиот јазик, освен македонски, да не биде ништо друго. Без фуснота, дополнувања, одземања, наддавања. Сето останато, вклучително и некакви протоколи и Договор за добрососедство не може да биде дел од преговарачка рамка. Членот 12 од Договорот за добрососедство ако биде цитиран, тоа директно имплицира не само историја, туку образование и се останато“, кажа Мицкоски.Според Мицкоски, ниту кабинетот на Ковачевски, ниту министрите го немаат видено францускиот предлог.„Зар тоа не е доволно да веруваме дека имаме дипломатски нокаут и капутилација?“, праша Мицкоски.Мицкоски е дециден во барањето веднаш предлогот од Франција да биде објавен на владината веб страница.„Бугарските барања се дел од предлогот. Какви корекции, какви бакрачи. Зарем вие мислите дека Радев кој победи 2-1 со неговиот противник, ќе си дозволи лускуз кој за него ќе значи дипломатски пораз? Ако е така како што кажува Ковачевски, предлогот ќе требаше да биде закачен на веб страницата на Владата“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

289430754_582909726524291_7009175504643671108_n

По протестот, Мицкоски утринава на врв на Галичица: Од тука најубаво и најшироко се гледа татковината

По вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски се искачи на Галичица.„После историскиот митинг на кој се случи народ, утринава на врв на Галичица - Магаро 2255 мнв. од каде најубаво и најшироко се гледа татковината.Нашата Македонија која бара промени, народот кој ја делегитимираше Владата и Македонија која е на нозе!Одиме до крај затоа што е премногу!Промени“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Мицкоски објави снимка од дрон од протестот пред Владата: Благодарам Македонијо

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави снимка од дрон, направена за време на вчерашниот протест пред Владата.„Благодарам Македонијо! Величествена ноќ, енергија и сила за промени“, напиша Мицкоски.ВМРО-ДПМНЕ бара избори, а ако власта не се согласи најавија блокади. Мицкоски зборуваше за инфлацијата, францускиот предлог за кревање на бугарското вето, и ред други проблеми со кои се соочува државата. Најави дека нема да поддржи промена на Уставот, со цел бугарските барања да влезат во него.Благодарам Македонијо!Величествена ноќ, енергија и сила за промени!Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, June 18, 2022

Македонија | пред 3 години

Untitled-1

Да си ја вратиме земјата во наши раце, а не во овие кои што ја украдоа, ја предадоа, ја понижија, ја осиромашија, вели Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија! И за Македонците! И за Албанците! И за Турците! И за Србите, Власите и Бошњаците, Ромите, Египќаните и сите останати! Тука сме за сите ограбени, понижени и обесчестени граѓани на Македонија! Им подаваме рака на сите! Придружете ни се во нашата борба за нашата мајка Македонија, кажа претседателот проф.др. Христијан Мицкоски на вчерашниот протест пред владата по мотото - Премногу е, изјави Христијан Мицскоски на вчерашниот митинг пред владата.Тој потенцира дека ни е потребно е обединување и општествена поддршка. Кажа дека нема инстант победи, но дека ВМРО-ДПМНЕ почнува и од сега па натаму продолжува низ градовите и улиците да се бори. До конечен пад на оваа корумпирана и криминална власт.„Ми велат - има ли светло на крајот од тунелот. Јас велам има! И јас не само што го гледам тоа светло, туку ве повикувам заедно да чекориме до тоа светло! Светлото на крајот од тунелот значи да ја промениме власта и да обезбедиме сите наша заедничка перспектива и иднина.Да ја вратиме надежта и еланот во нашите срца како тој 8 септември 1991 година. Овие избори да не бидат избори за власт, туку референдум за Македонија. Да дојде нова генерација способни луѓе која ќе направи нов пресврт, нова страница и нова епоха за Македонија“, потенцира тој.Претседателот кажа и дека мора да обезбедиме повеќе работни места, повеќе пари за граѓаните. Напредок во културата, здравството и образованието. Буквално да се постават темелите на новиот патриотизам.Да си ја вратиме земјата во наши раце, во рацете на народот, а не во овие кои што ја украдоа, ја предадоа, ја понижија, ја осиромашија, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

288103689_447056200579642_7643394383389616517_n

Мицкоски: Ако Ковачевски не прави гафови, народот ќе мислеше дека Заев е уште премиер

Преку протестот, премиерот Димитар Ковачевски доби порака од Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека го разбира бидејќи бил како што кажа помеѓу чеканот и наковалната бидејќи коалициониот партнер го уценувал и неговиот ментор го терал да го прифати. Мицкоски по ова објаснување, побара да го отфрли предлогот и кажа дека тој заедно со народот ќе застане зад него.За Бугарија, посочи: „Ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати понижувачки договор на штета на нашите национални интереси. Ако Владата реши да го носи надвор од Собранието или на сила во Собранието, тогаш идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да почитува ниту една точка од овој договор. Порака до Софија, наместо вие да не поддржувате вие не блокирате и оддалечувате како народи. Наместо да не поддржувате вие не сопирате. Тоа ли се добрососедски односи? Место да дојдете да седнете, клекнете и извините за злосторствата направени на овој народ по втората светска војна, вие сакате да ја ретуширате историјата! Тоа не се европски вредности и нема никаква врска со тоа!“.„Цели пет години чекаме датум за преговори со ЕУ кој никако да дојде, а беше главното ветување за СДСМ. Нѐ понижија, засрамија, предадоа и се уште сме заглавени во чекалницата на ЕУ. 22 години чекаме. Некои држави тогаш не ни зборуваа за ЕУ, а денеска преговараат или се веќе членки на таа ЕУ. Овој народ и Македонија дадоа многу, а не добија ништо поради погрешната политичка стратегија. Им се одзема иднината на тие генерации млади луѓе кои денеска се тука пред нас и како продолжение на таа политичка агресија која се врши врз Македонија, пристигна последниот предлог кој е актуелен овие 2-3 дена. Тој предлог за кој овие од владата се прават дека не го виделе и слушнале, а тие го договарале. Да бидеме на чисто, тоа е ништо друго, освен капитулација без одлагање. Што би се рекло: Бугаризација на Македонија на рати или дипломатски нокаут“, кажа Мицкоски.Тој рече: „Во предлогот нема датум за почеток на преговори, туку услов ако сакате да почнете отворете го Уставот и исполнете ги барањата на Софија. Тоа е првото. Второ: нѐ лажеа дека не преговараат за јазикот и идентитетот. А денеска, оние платени владени пера, преку мали колумнички нѐ убедуваат дека го заштитиле јазикот. Трето: тоа што до вчера беше наш проблем со Софија, со овој предлог, станува проблем со Брисел и ЕУ. Или да бидам попрецизен, асимилација, бугаризација па потоа европизација. Постојано неразумни притисоци“.Тој за смеењето на Ковачевски кога Рама го претстави како премер на идната западна Бугарија, рече: „Си велам, доброто е што барем го препознаа кој е и како се вика, бидејќи во државава е непрепознатлив, што ако не се овие гафови, народот ќе мисли уште Заев е премиер. Што за волја на вистината и така е.. Тој требаше да му каже на Рама: Не разбирате географија, ниту историја. Ова е мојата Македонија“.

Македонија | пред 3 години

Untitled-1

Што порача Мицкоски: Зборува за луксуз, подава рака и копнее за поддршка од граѓаните за победа на избори

Народот води борба за опстанок, а Владата јаде од златни лажици и се вози со скапи лимузини. Ова е ставот на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ преку кој вети дека нема да разочара никого кој ќе му даде поддршка да дојде на власт. Пред присутните на протестот кажа дека тој го има народот, а власта има институции. Се заблагодари на сите кои дошле да дадат поддршка за протестот.„Како громогласно ехо тргнуваме да ја освоиме победата која ни припаѓа. Нека се чуе на сите страни дека во Македонија се случува – народ. Одлучноста за промени е толку голема бидејќи народот нема што да загуби. Власта удри по стандардот, земјоделието, перспективата, економијата. Булеварите, раскрсниците и плоштадите се полнат секојдневно со луѓе што просат. Контејнерите се пребарувани од луѓе од различни нации бидејќи гладот не знае за вера или нација“, рече Мицкоски.Според него, имало закани и притисоци од власта за да не се присуствува на протестот.„Подавам рака за овој договор, заедно да ги менуваме работите на подобро. Го имате мојот чесен збор и на илјадниците други наши сограѓани кои останаа дома пред екраните, а не се чувствуваат комотно, ама во срцата знаат дека промени мора да има. Оваа битка ја борам за вас и за вашата поддршка секојдневно копнеам. Поддршката од секој е неопходна за пораз на СДСМ и казна на оваа криминална и предавничка власт“, додаде Мицкоски.Тој посочи: „За премиерот кој се смее дека оваа преубава земја била западна Бугарија и тој нека знае дека ова парче земја, за нас, била и ќе биде нашата мајка Македонија. Тоа е таа љубов која ја сакаме до болка, која ја сакаме, мечтаеме“.

Македонија | пред 3 години

456.jpg

Борба до последна капка пот вети Мицкоски и посочи: Владата не може да си замине преку ноќ

Лидерот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски бара избори. Тој им порача на граѓаните заедно со него да се борат против СДСМ. За него, состојбата во Македонија е неподнослива, а државата е рекордер по криминал, со најслаб економски раст и земја со најнизок стандард на граѓаните со најголема стапка на инфлација.„Многумина блиски до власта, ми велат „Ќе падне ли веднаш владата по митингот?“, а одговорот е дека никогаш не ветив дека тоа ќе се случи брзо. Меѓутоа, гледајќи колку народ е излеан на улиците пред зградата на Владата, повеќе од сигурен сум, знам дека тоа многу скоро од денес ќе се случи. Влада што го ограбила народот толку брутално како оваа и врз кој извршила толку брутални предавства, не може да си замине преку ноќ со само еден народен собир. Но јас ветувам триумф, борба до последна капка пот, до последниот атом“, кажа Мицкоски.Тој посочува дека инфлацијата е најстрашна.„Или ќе се бориме или нема да ја има Македонија. На сите мора да не биде јасно дека нѐ има, и уште повеќе ќе не гледаат секаде. Борба во институциите, борба против тонењето, криминалот, корупцијата, борба да ја вратиме надежта како на тој 8 септември 1991 година. Во оваа нашата борба ни се потребни сите. Тешките времиња создаваат силни луѓе. Силните луѓе пак, носат подобри времиња. Ова не е само моја битка, туку наша борба за победа за нашата Македонија“, кажа Мицкоски.Мицкоски додаде дека Македонија е рекордер во Европа по три работи, криминал, најслаб раст на економијата, и најнизок стандард со најголема стапка на инфлација.„Најголемиот проблем е инфлацијата. Пола милион наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден. Сиромаштијата го разјадува здравјето на луѓето и на Македонија“, вели тој.

Македонија | пред 3 години

protest-za-promeni2-18062022

Мицкоски: Дел од подготовките за протестот - Осветлено Кале, Скопје пулсира, протест за промени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дел од подготовките за вечерашниот протест.„Дел од подготовките за големиот масовен собир.Осветлено Скопското Кале. Скопје пулсира.Протест за промени!Затоа што навистина премногу е.Се гледаме Македонијо...Пред Влада, 20 часот“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

Мицкоски за црквата: Сме се соочувале со бури и ветришта и сме надминувале се

Црквата е еден од важните столбови на кои се темели нашето идентитетско распознавање, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Силна и интегрирана Црква е прилог кон стабилноста и долговечноста на нашата Македонија!Сме се соочувале со бури и ветришта, но секогаш кога сме биле обединети помеѓу себе, заедно со народот, секогаш кога сме се бореле заедно, сме победувале и сме надминувале сѐ!Така е и денес кога се идзвојува важна победа за нашата МПЦ-ОА!Нека биде за многу години и за слава на народот, граѓаните и нашата Македонија денешната заедничка историска литургија на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, во седиштето на Вселенската Партијаршија.Да бидеме обединети и силни на страна на интересите на Македонија!На многаја лета...“, додава тој

Македонија | пред 3 години

micko

„Мицкоски сам ќе си направи штаб како докажан мајстор од изборните спотови“, реакции по одлуката за конфискација

Судот донесе пресуда да се конфискува партиското седиште на ВМРО- ДПМНЕ и друг имот на партијата. Оваа вест предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Ова се дел од коментарите.https://twitter.com/papilio_21/status/1534953562064699392?s=20&t=ycf_dCwEDfzk5PEasdOTVwhttps://twitter.com/marsedonec/status/1534831442060091392?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/AcoGusaro/status/1534827417893851136?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/LOshGZE/status/1534938112677273600?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/GeorgeFromMkd/status/1534795006145347585?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/MaximOvertroll/status/1534499066717081609?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/GeorgeFromMkd/status/1534615511106985984?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/insider_corner/status/1534605381963599876?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/NorthZmic/status/1534668886968258560?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/Freddy_AFC/status/1534864204863361026?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/SendvicSoVegeta/status/1534591489451384832?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/neamtviter/status/1534769414674997249?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/Nopak_od_Varosh/status/1534600600083738627?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/Samosvesen/status/1534561657594204161?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/februar1967/status/1534532770550190081?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/februar1967/status/1534531549152043008?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/SendvicSoVegeta/status/1534516888365047808?s=20&t=9R4H9ahoMr8FjUTgdVzlLQ

Коментари | пред 3 години

MickoskiSkopjeinfo

За СДСМ, Мицкоски е очаен политичар оти блокира Собрание во време на криза

Само очајни политичари како Христијан Мицкоски блокираат Собрание во време на криза и газат државни позиции во спорот со Бугарија во клучни моменти, вели СДСМ.„Мицкоски не е само неодговорен, тој е лажен патриот кој дома зборува едно а надвор на Конгрес на ЕПП поддржива Резолуција која ги афирмира позициите на Бугарија.Со денови Мицкоски молчи и бега од одговор на прашањето зошто и го прави ова на сопствената земја, на сопствениот народ.Во време на најголема светска економска криза Мицкоски ја блокираше работата на Собранието, ги кочеше законите на сметја на граѓаните.Само во едно е константен Мицкоски, по секоја цена го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.На граѓаните им е премногу од деструкциите на Мицкоски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

FUVNf_5WQAAloQ3

Мицкоски најави инфраструктурен бум во Битола, па доби коментар: Чоек сликаш една улица, со три слики од тебе

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи се пофали дека во Битола се случува инфраструктурен бум.„Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти, се за интересот на битолчани, се за интересот на Битола. Тоа е нашето мото, промените продолжуваат, ние сме заедно со народот продолжуваме низ Македонија. Ги повикувам битолчани да ни се придружат на големиот протестен народен собир кој ќе се одржи на 18 јуни пред Владата на Република Македонија со цел да испратиме порака дека е доста, мора да заминат, доста и е на Македонија од порази, мора Македонија да почне да победува!“, напиша Мицкоски во описот на фотографите кои ги објави.Но, најголемо внимание привлече еден од коментарите под фотографиите, во кој лидерот беше искритикуван дека објавил повеќе фотографии од себе, отколку од улицата.„Чоек имаш сликано само 1 улица и 3 слики од тебе. Ало“, стои во коментарот.https://twitter.com/dzigi_migi/status/1532992145820372992?s=20&t=mZM1m4TTO0EJmFSwbK9SNghttps://twitter.com/MickoskiHM/status/1532716485449326592?s=20&t=mZM1m4TTO0EJmFSwbK9SNg 

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

(ФОТО) Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски, вели СДСМ

Криминалниот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои целата јавност беше информирана пред локалните избори конечно добива епилог, вели СДСМ.„Кривични пријави се поднесени против седум лица, меѓу кои и функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски.Сите овие лица се под сомнение дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра.Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски и Белиот дворец. Апелираме до надлежните институции докрај да се расчисти овој криминал,а одговорните да бидат соодветно санкционирани.Одамна заврши времето на недопирливите за законот.Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил какво било криминално дело мора да одговара за своите постапки“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања