„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

мигранти

mucunski-germ-3

Муцунски да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија?, праша Филипче

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање по написи во британските медиуми го повика министерот за надворешни работи Тимчо Муцински да одговори дали разговараат за носење мигранти во Македонија.„Го прочитав текстот, го видов во медиумите. тука многу сериозно владата треба да излезе и да каже разговараат или преговараат за таква работа. Со оглед на шпекулациите и написите во многу сериозни светски политички часописи. Треба министерот Тимчо Муцински да каже дали разговараат за тоа да мигранти се носат во нашата земја“, изјави Филипче.Дополнително, Филипче праша дали изградбата на споменатите мигрантски кампови во медиумите имаат некаква врска со заемот од 7 милијарди евра кои ги зема владата пред неколку месеци.„Министерт Муцунски исто така треба да каже, има ли тоа врска некаква со тој пакет со заемот 7 милијарди евра? Има ли некаква врска? Условена ли е владата за тие пари да го направи тоа? Очекувам министерот да во текот на денешниот ден, утре најкасно, да информира јавноста за тоа дали се зборува со Велика Британија за лоцирање на мигранти во нашата земја“, рече Филипче.Претседателот Филипче пред новинарите исто така рече дека СДСМ подолго време наназад  ги следи публикациите кои излегуваат во британските часописи каде веќе се укажува на тенденциите, британската влада тука во Македонија но и во регионот на Балканот и околните земји да лоцираат места за изградба на мигрански кампови но тое сега е на ниво на шпекулации и за тоа мора да им одговор од владата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

МВР: Пронајдени седум лица мигранти од Египет и од Ирак, лишени од слобода двајца криумчари

На 09.10.2025, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Б.М.(25) и В.Ч.(27), двајцата од Неготино. На 08.10.2025 околу 18:20 часот на автопатот Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, при што затекнале седум лица мигранти (шест од Египет, меѓу кои пет малолетници и едно од Ирак).По преземени мерки констатирано е дека В.Ч. со патничко возило „опел астра“ со неготински регистарски ознаки бил претходница и го известувал Б.М. за поставеноста на полициски патроли на патот.Известен е јавен обвинител, а лицата се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 месеци

grcija-migranti

Морска трагедија во Грција: Потонал чамец со 38 мигранти, четворица загинати

Четири лица, меѓу кои и едно дете, се удавија откако нивниот чамец потонал во близина на грчкиот остров Лезбос, во Егејското Море, недалеку од турскиот брег, соопшти грчката крајбрежна стража.Патролен брод извлекол од морето тела на две жени, еден маж и едно девојче, а полупотонатиот чамец бил пронајден во близина на карпестиот дел од брегот на островот.Триесет и четворица патници успеале да допливаат до брегот, каде што биле пронајдени од полицијата. Потрагата по преживеани е прекината, откако мигрантите изјавиле дека во чамецот имало вкупно 38 лица, што значи дека нема исчезнати.Грчките власти не открија од кои земји потекнуваат мигрантите. Лезбос е една од главните влезни точки во Европската унија за бегалци од Блискиот Исток, Африка и Азија. Многумина се обидуваат да ја преминат опасната морска рута од Турција до грчките острови во мали и несоодветни чамци, што често завршува со трагичен исход.

Свет | пред 2 месеци

tunis-migranti-camac-830x0

Потона брод со мигранти во Тунис: Најмалку 12 лица загинаа, а 10 се водат како исчезнати

Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои три бебиња, а 10 лица се водат како исчезнати откако утринава потона брод со мигранти во близина на брегот на Тунис, недалеку од градот Џерба.Мигрантите се обидувале да го преминат Медитеранот на пат кон Европа, соопшти крајбрежната стража, а пренесе Ројтерс.„Крајбрежната стража успеа да спаси 29 луѓе кои патуваа на преполниот брод“, изјави неименуваниот службеник.Локална група за човекови права соопшти дека сите мигранти биле од Тунис, освен двајца Мароканци.Тунис се соочува со невидена мигрантска криза и стана, наместо Либија, главна појдовна точка за сите оние кои сакаат да стигнат до Европа во потрага по подобар живот.

Свет | пред 1 година

migranti

Шверцувале кинески мигранти во Италија со скапи автомобили, поминувале и низ Хрватска

Италијанската полиција уапси банда која користела луксузни автомобили за да шверцува кинески мигранти во Италија. Шверцерите им ги земале пасошите на мигрантите и ги третирале како робови, пишува Гардијан.„Шверцерите ги натераа мигрантите да се претставуваат како азиски граѓани, добро облечени, со малку багаж, патувајќи во моќни и скапи автомобили управувани од кинески државјани кои со години живееле во Италија и зборувале италијански“, се вели во соопштението на полицијата.Инспекторите беа предупредени за можен синџир на трговија со луѓе откако кинески државјанин беше запрен на италијанско-словенечката граница во април за време на рутински проверки и беше откриено дека превезува четворица Кинези без документи.„Тие открија постоење на конзистентен, континуиран проток на нерегуларни кинески државјани кои во мали групи биле пренесени до надворешните европски граници во земјите во кои влегле без виза“, се вели во соопштението на полицијата.„Оттаму тие ги следеа со автомобил, преку Босна, Хрватска и Словенија, до италијанската државна граница“, се вели во него. Кинеските мигранти биле однесени во безбедна куќа во близина на Венеција, каде што останале ден или два пред да бидат однесени во области во Италија или други земји на ЕУ, како што се Франција и Шпанија.„Трговците со луѓе ги одзедоа пасошите на мигрантите во безбедната куќа и оттогаш тие беа изложени на тешка експлоатација додека не се исплати долгот настанат за патувањето.Мигрантите беа задржани без никаква можност за слободен живот, без медицинска помош, без ништо друго освен кревет и место за работа на неодредено време. Тоа било еден вид ропство“, соопшти италијанската полиција.За време на акцијата, полицијата уапси девет наводни членови на мрежата за трговија со луѓе и идентификуваше 77 мигранти без документи. Многу од нив се жени и тинејџери на возраст од 15 до 18 години.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Нов бран на мигранти: Само синоќа во Италија пристигнале над 300 лица

На италијанскиот остров Лампедуза синоќа со седум преполни чамци пристигнале 333 мигранти, а вчера во текот на денот со 16 чамци пристигнале 670 мигранти.Во чамците кои пристигнале синоќа имало државјани на Бангладеш, Египет и Пакистан кои тргнале од Либија, како и мигранти од Гамбија, Нигерија, Сенегал, Малезија и Брегот на Слоновата Коска, кои тргнале од Тунис, пренесува Анса. Меѓу нив има жени и деца.Поради новиот мигрантски бран, на најјужниот италијански остров во моментов има 1.263 лица.Мигрантите кои пристигнуваат во Лампедуза се префрлени во други делови на Италија.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања