„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

мигранти

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ по договорот во ЕУ за депортации на мигранти во „трети безбедни земји“: Македонија меѓу потенцијалните дестинации?

СДСМ соопшти дека Европската унија постигнала политички договор за нови правила со кои барателите на азил и нелегалните мигранти би можеле да се пренасочуваат или депортираат во т.н. „трети безбедни земји“ надвор од ЕУ, повикувајќи се на информации објавени во европските медиуми. Според партијата, договорот бил постигнат меѓу претставници на земјите-членки и Европскиот парламент и претставува дел од реформата на европската миграциска политика.Во својата реакција, СДСМ поставува прашање кои држави ќе бидат дефинирани како „трети безбедни земји“, посочувајќи дека во таа категорија би можеле да се најдат земјите од Балканот, кандидатите за членство во ЕУ и други држави надвор од Унијата – меѓу кои, како што наведуваат, и Македонија.Партијата потсетува дека Албанија веќе прифати дел од мигрантите во рамки на договор со Италија, како и дека Косово, исто така, воспостави модел на прифаќање. Во соопштението се поставува дилема дали Македонија би можела да биде следната земја што би прифатила мигранти за финансиска надомест.СДСМ дополнително ја критикува актуелната власт, за која како што тврдат, се обидува да ја ограничи јавната дебата за миграциите, оставајќи, според партијата, граѓаните сами да проценат што би значело евентуалното вклучување на Македонија во новиот европски модел.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynr0q552gfc4p36s7zuW

(Видео) СДСМ со граѓаните ќе стави крај на предавствата на ДПМНЕ-ЗНАМ

СДСМ со граѓаните ќе стави крај на предавствата на ДПМНЕ-ЗНАМ, порача Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, нагласувајќи дека заедно ќе ги одбранат интересите на државата и ќе ги спречат криминалните и предавничките политики на актуелната власт со мигранти и корупциски тендери.„Ние заедно со граѓаните ќе ставиме крај на овие предавнички и криминални политики на ДПМНЕ-ЗНАМ. Македонија мора да се ослободи од корупцијата и криминалот што ја закопуваат државата и иднината на граѓаните. Крај на предавството на Македонија. Крај на корупцијата и криминалот. Крај на тендерите за пумпање пари од граѓаните. Крај на катастрофалните економски политики. Крај на изолацијата!“, порача Кузеска.Таа нагласи дека борбата за Македонија не застанува и одговорност мора да има.„Доаѓа вашиот крај. Тоа граѓаните ќе ви го испорачаат! Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!“, потенцираше Кузеска.

Македонија | пред 1 седмица

media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

СДСМ со реакција на предлог-Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за мигрантите

СДСМ реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и поднесената предлог-Резолуција за мигрантите, обвинувајќи ја владејачката партија дека „не ставила крај на ништо“, туку, како што наведуваат, „отворила врата за мигранти во Македонија“.Во реакцијата се наведува дека крај на прашањето со мигрантите, според СДСМ, може да се стави единствено со потпишување на нивната Резолуција, „во која експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти“. Од партијата велат дека цела недела ја повикуваат власта да ја поддржи оваа Резолуција, но дека „ДПМНЕ-ЗНАМ не сакаат“ и „бегаат од одговори и од потпишување“.СДСМ тврди дека причината е „јасна“ и дека, како што наведуваат, „има договор, мигранти за пари“, поради што власта поднесува контра резолуции.Во реакцијата се упатува порака до власта дека, според СДСМ, „граѓаните заедно со партијата ќе стават крај на предавничките и криминални политики“ на ДПМНЕ-ЗНАМ. Притоа истакнуваат дека нема да дозволат носење мигранти, продолжување на криминал и корупција или меѓународна изолација.Реакцијата завршува со порака дека „борбата за Македонија почнува и нема да застане“ и дека „сите ќе одговараат“.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ поднесе Резолуција против „манипулациите за мигрантите“ и повика на јасна државна политика

ВМРО-ДПМНЕ достави предлог-Резолуција до Собранието на Република Македонија под наслов „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.Од партијата наведуваат дека со документот се става крај на, како што велат, манипулациите на СДС за мигрантите и „организираната кампања што создава несигурност и паника меѓу граѓаните“. Според нив, државата има јасна политика против нелегалната миграција и нема планови за отворање мигрантски кампови, а Резолуцијата, велат, треба да донесе стабилност и сигурност.Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ ги осудува политиките и одлуките на поранешната влада на Зоран Заев, за кои тврдат дека создале можности за отворање кампови за мигранти, спротивно на националните интереси.Резолуцијата се состои од девет точки и предвидува осуда на дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови. Во документот се потврдува дека такви политики не постојат и нема да постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на Владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен и јасен говор во интерес на безбедноста, стабилността и меѓуетничките односи.Исто така, се наведува дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата, според ВМРО-ДПМНЕ, воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш.Партијата ги повикува сите политички субјекти да ја поддржат Резолуцијата, со цел, како што наведуваат, да се стави крај на „лагите и конструкциите на СДС“.

Македонија | пред 1 седмица

media-library0fva8f94o2gbezIMzHj

ВМРО-ДПМНЕ со тешки обвинувања: Филипче глумел патриот, а туркал мигрантски камп во Бардовци

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, како што наведуваат, „пукнал меурот“ од конструкции и лаги на СДС околу темата за мигрантите и дека документи и докази целосно ја разоткриваат, според нив, хистеријата што ја создавале СДС и Венко Филипче. Од партијата оценуваат дека јавноста сега јасно може да го види лицемерието на СДС, кои, како што велат, ширеле лажни вести за непостоечки теми и истовремено глумеле патриотизам.ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за разлика од, како што ја нарекуваат, „глумата“ на Филипче и постојаното менување ставови на СДС, тие имаат јасна и конзистентна државотворна позиција против политики кои ја загрозуваат безбедноста и интересите на граѓаните, додавајќи дека партијата и во минатото и денес водела антиемигрантска политика.Според ВМРО-ДПМНЕ, фактите биле јасни и документирани и покажувале дека СДС, предводена од Зоран Заев и Венко Филипче, имала план Македонија да стане дестинација за мигрантски кампови. Во соопштението се наведува дека постоеле конкретни планови, јавни изјави и политичка волја за сместување мигранти во земјава, вклучително и во Скопје.Партијата тврди дека во 2018 година била усвоена одлука за изградба на мигрантски камп во Бардовци, за што, како што велат, постои и официјален доказ во „Службен весник“, со наведување на имотен лист број 2140 за катастарската општина Бардовци. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Филипче тогаш го поддржал и „туркал“ овој проект, додека денес, според нив, се обидува да се претстави како принципиелен противник на мигрантските политики.Во реакцијата се наведува дека Филипче, наместо да одговори на конкретни прашања, „бега од новинари и новинарски прашања“ и се обидува да ја дефокусира јавноста со, како што велат, лажни теми и спинови. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека наместо паника и манипулации, СДС треба да одговори колку мигранти биле подготвени да примат во 2018 година, кој ги договарал камповите и зошто тогаш Филипче молчел, а денес настапува како жесток критичар.На крајот, од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека СДС и Филипче треба да се фокусираат на, како што велат, „мигрантите од сопствените редови“ кои ја напуштаат партијата и да започнат сериозна внатрешна реформа, додавајќи дека на Македонија ѝ е потребна зрела и конструктивна опозиција, а не политика базирана на лаги и страв.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv8s5tehpfptl2XOTjMo

СДСМ обвинува: Молкот на ДПМНЕ околу Резолуцијата потврдува договори за мигранти

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата со која, како што наведуваат, граѓаните би добиле јасна и институционална гаранција дека во Македонија нема да има мигранти, оценувајќи дека ваквиот став укажува на постоење скриена агенда. Од партијата посочуваат дека, и покрај повеќекратните јавни повици за заедничко дејствување и донесување одлука во Собранието, од страна на ДПМНЕ следел целосен молк.Според СДСМ, ваквото однесување не е случајно, туку претставува свесна политичка одлука и дел од стратегијата на владејачката партија. Тие тврдат дека доколку не постоеле задкулисни договори и преземени обврски за кои, како што наведуваат, јавноста дознала преку британски медиуми, Резолуцијата одамна ќе била потпишана.Од СДСМ оценуваат дека одбивањето на ДПМНЕ јасно укажува на тоа дека партијата има скриена агенда поврзана со мигрантите и дека токму затоа не сака институционално да се обврзе дека таков сценарио нема да се случи. Тие порачуваат дека повеќе нема да упатуваат повици за соработка, бидејќи, според нив, одбивањето само по себе зборува за, како што велат, „предавство за пари“ и намера Македонија да прифати мигранти.„Народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува“, порачуваат од СДСМ во својата реакција.

Македонија | пред 1 седмица

ck-dpmne

СДСМ: Изјавите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека постои план за мигранти

Од СДСМ тврдат дека постоењето на план за примање мигранти во Македонија не го откриваат само британските и светските медиуми, туку дека тоа јасно може да се прочита и од јавните настапи и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две недели.Според СДСМ, првиот индикатор е одбивањето на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја потпишат предложената Резолуција. Од партијата велат дека со една јасна одлука на Собранието граѓаните би можеле да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има, но дека владејачкото мнозинство тоа го одбива. „Ако нема скриена агенда, Резолуцијата досега ќе беше потпишана“, порачуваат од СДСМ.Како втор аргумент ја наведуваат изјавата на премиерот Мицкоски дека „до пролет“ нема да има мигранти. Според СДСМ, ваквата формулација отвора прашање што ќе се случи потоа и дали по изборите се остава простор за нивно носење.Трето, од СДСМ посочуваат на изјавата дека нема да има „нелегални мигранти“, оценувајќи дека тоа, според нив, значи дека евентуално планираните лица би биле третирани како „легални“, со вклучување на пазарот на труд и сместување.Понатаму, СДСМ ја проблематизира и најавата на Мицкоски дека одлуките за ова прашање треба да се носат на локално ниво, од страна на општините, наместо во Собранието како највисок државен орган. Според нив, избегнувањето на централна одлука отвора сомнеж за постоење скриена намера.Како дополнителен аргумент, од СДСМ ја наведуваат изјавата на Антонио Милошоски дека странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат врска со азиланти и мигранти, оценувајќи дека на тој начин статусот на мигрантите би се преименувал во „економски работници“.На крај, од СДСМ реагираат и на изјавите на министерот Андоновски, кој посочил дека СДСМ и Венко Филипче немаат право да критикуваат бидејќи во минатото гласале за прифатни центри. Според СДСМ, ваквите тврдења се обид за дефокусирање од клучното прашање – одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише Резолуцијата која, како што велат, е единствено целосно решение.„Ова се сите аргументи зошто Резолуцијата не се потпишува“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 седмица

media-library2kvkqmga87nl5nCPQ3j

Милошоски откри дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преименува мигрантите во „економски работници“ за да ги сокрие договорите, вели СДСМ

СДСМ со остро соопштение реагираше на вчерашните изјави на Антонио Милошоски, тврдејќи дека со неговите зборови е „разоткриен“ планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија под изменет статус и ново име – „економски работници“. Според владејачката партија, тоа е дел од поширок проект, кој го споредуваат со моделот на претседателот Вучиќ во Србија.„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен“, се наведува во соопштението. Од СДСМ сметаат дека најавите од британските медиуми се само првиот сигнал, а дека вистинската потврда дошла лично од Милошоски, кој во интервју објаснил дека странските работници „немаат врска со мигранти и азиланти“.Според СДСМ, ова е суштината на планот:– мигранти ќе се внесат, но под нов статус,– ќе се третираат како „економски работници“,– ќе им биде овозможена работа, сместување и долгорочен престој.„Мицкоски зборува за ‘нелегални мигранти’, затоа што оние кои ги договараат ќе бидат ‘легални’. На тој начин ќе се претстават мигрантите за кои веќе се договориле“, наведуваат од СДСМ.СДСМ тврди дека во проектот се вклучени и финансиски интереси, посочувајќи дека планот содржи и „договор за кредит“, кој би бил компензиран преку прифаќање мигранти. Според нив, државата е во тешка финансиска состојба и со дупка од еден милијарда евра, а ВМРО-ДПМНЕ подготвува аранжман за мигранти после изборите во јуни.СДСМ тврди дека опозицијата одбива да ја потпише резолуцијата за недозволување мигранти во Македонија бидејќи веќе подготвува „редефиниција“ на терминот и план како тие лица да се внесат под друго име.„ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти“, се вели во реакцијата.Сите овие наводи, според СДСМ, претставуваат доказ дека ВМРО-ДПМНЕ има скриена агенда која ќе се активира по изборите. Владечката партија најавува жестока политичка битка:„Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!“

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrrhqst77su7e3oSBiBj

(Документ) СДСМ: Еве ја Резолуцијата, ќе ја потпише ли ДПМНЕ или не?

СДСМ денеска објави соопштение во кое повторно ја повика ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише Резолуцијата за, како што наведуваат, „прекинување на процесот за примање мигранти во Македонија“.„ДПМНЕ се прави глува и не одговара на нашите повици да ја потпишат Резолуцијата,“ стои во соопштението, во кое СДСМ наведува дека јавноста може да го види документот кој е приложен во ПДФ-форма.Од таму побараа од ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни „кратко и јасно — дали ќе ја потпишат Резолуцијата, со одговор ДА или НЕ“.Предлог резолуција мигранти.pdf

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryeec2igjkaprpd6pMjPt

Филипче тврди: „Мигранти во јуни, се обврзале да примат мигранти како дел од пакет-договор за кредит“

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, наласи дека молкот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за Резолуцијата на СДСМ за спречување на прием на мигранти, ги потврдува сомнежите дека нешто тајно се подготвува зад очите на јаноста.„ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја потпише Резолуцијата. Не сака да даде гаранција на граѓаните на Македонија затоа што не може. Затоа што се обврзале да примат мигранти како дел од пакет-договор за кредит, за да продолжат да распишуваат тендери и да прават договори во четири очи за да ги трошат народните пари за своите бизнис-партнери“, рече Филипче.Во обид да избегнат одговори и да дефокусираат, како што кажа Филипче, владата на Мицкоски започна со фабиркувани приказни.„По обидите фокусот да го префрлат на измислени вести, лажни обвиненија, пријави сè, само да се дефокусира јавноста од горчливиот проблем со мигрантите. По извлекувањето и избегнувањето премиерот на Мицкоски-до пролет, после пролет, ќе бидам премиер, нема да бидам премиер, на сите ни е јасно што се подготвува.Одговорот е јасен, мигранти во јуни во Македонија“, рече Филипче.На прес-конференцијата, тој предупреди дека премиерот Мицкоски го следи моделот на Вучиќ, односно прикривање на вистинските планови до по изборите.„По моделот на Вучиќ е „ќе има литиум, нема да има, сепак ќе има“ (без да каже: по изборите), Мицкоски сега со истата техника сака да го протне проектот „Мигранти за пари“.ВМРО-ДПМНЕ, поради свои лични интереси, ја издаде Македонија“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryh57kke7mmg81dqHWxoh

(Видео) Британската телевизија GBN за мигрантите: „Ќе ве стационираме во Северна Македонија, таму може да работите и да изградите живот“

Темата за мигрантите деновиве е во фокусот на македонската јавност. Во програма на британската телевизија Great Britain News беше емитувана дискусија во која новинари и гости зборуваа за можност мигранти, за кои Велика Британија нема правна основа да ги задржи или врати во нивните земји, да бидат пренасочени кон Северна Македонија како работна сила.Во студиото, новинарката Линда Доберли објасни дека Британија се соочува со ситуација во која ниту може да ги задржи овие лица, ниту да ги депортира, поради безбедносни ризици во земјите од кои доаѓаат.„Ние не можеме да ги држиме овде, велиме не можете да останете во Обединетото Кралство, но не можеме ниту да ги вратиме од каде што се дојдени. Затоа им велиме дека ќе бидат стационирани во Северна Македонија, каде што ќе можат да работат, каде што има потреба од работна сила и да изградат живот таму. Тоа не е скапо за нас, поскапо е да ги оставиме овде“, рече пратеникот, Бери ГардинерВо продолжение, пратеникот Бери Гардинер ја образложи тезата дека Македонија би можела да биде земја-домаќин за лица кои немаат право на престој во Британија, но не може да бидат вратени назад.„Шемата за Македонија е да ги праќаме луѓето за кои ќе одлучиме дека немаат правна основа да останат во Велика Британија. Но не можеме да ги вратиме, зашто таму каде што би ги вратиле е преопасно.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarya8894b8tpa6n0ad3YrS

Лефков објави документ: „Филипче планирал мигрантски центар во Бардовци“

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција изнесе низа обвинувања на адреса на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тврдејќи дека, како член на тогашната влада, учествувал во донесување одлука поврзана со подготвување документација за прифатен центар за мигранти во Бардовци.Лефков наведе дека станува збор за точка објавена во „Службен весник“ од 26 јануари 2018 година, каде што во планската документација е наведена: „Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35…“Според него, тоа покажувало дека Филипче „гласал со две раце“ и дека токму тој „работел на отворање мигрантски камп“ во периодот кога бил дел од Владата на Зоран Заев. Лефков оцени дека, како што рече, Филипче е „единствениот актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти во Македонија“.Во продолжение на прес-конференцијата, Лефков изнесе политички критики кон Филипче и СДСМ, нарекувајќи ја темата за мигранти „измислена“ и оценувајќи дека се користи, како што рече, „за покривање на криминалите на поранешната влада“. Тој повтори дека „мигранти нема да има“ и побара од Филипче да ѝ се извини на јавноста.Во говорот, Лефков даде повеќе оценски изјави кон политичките опоненти, наведувајќи дека „предавничко-криминалниот двоец ќе биде декласиран“ и дека „страхот од борбата против корупцијата не може да се сокрие со измислени теми“.Тој ја заврши прес-конференцијата со став дека, според него, „сите лаги се распрснаа како меур од сапуница“.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytutrt67tk1eqbGWyhLB

(Видео) Со документи: „Филипче гласал за камп за прифаќање на мигранти во 2018 година во Бардовци“, тврди Андоновски

Стефан Андоновски, во подкастот „Претрес кај Ландов“, соопшти дека лидерот на опозицијата, Венко Филипче, во 2018 година гласал за одлука со која се предвидува изградба на камп – прифатен центар за мигранти во скопската населба Бардовци.Андоновски истакна дека е апсурд и класична манипулација тоа што токму Филипче и СДС денес обвинуваат за наводни мигрантски договори, а постои одлука на Владата од 23.01.2018 година, објавена во „Службен весник“, со која се планира прифатен центар за странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграција при МВР, во Бардовци.Тој потсети дека по оваа одлука имало и протести на месното население во делот помеѓу Бардовци и Чучер-Сандево, каде што граѓаните јасно се спротивставиле на изградбата на ваков камп.„Апсурдно е да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ градело или прифаќало мигранти, без ниту еден единствен доказ дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преговарала на оваа тема. ВМРО-ДПМНЕ беше владата која го менаџираше најголемиот бран на мигранти со кој се соочи државата и ја бранеше Европа од Европа“, нагласи Андоновски.Според него, скандалозно е што „човекот кој три дена држи прес-конференции за мигранти, во 2018 година гласал за изградба на мигрантски камп во Македонија, конкретно во Бардовци“.ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ДОКУМЕНТИТЕ И ДЕТАЛИТЕ, НО И СУДИРОТ СО АРГУМЕНТИ ТУКА:

Македонија | пред 2 седмици

mickoski-filipce

(Видео) Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче од внатре и од надвор да си замине и сега наеднаш пи-ар тимот му вели, сега темата ќе бидат мигрантите, еве два таблоиди во Велика Британија објавија и сега ајде на оваа тема да се закачиме и да ја туркаме, мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ќе собере луѓе околу себе“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Мицкоски му порача на Венко Филипче, Фрчкоски и Жерновски дека е спремен да се повлече од политиката доколку најдат еден мигрант во Македонија, во спротивно како што рече тој да се извинат јавно.„Две тези имаше денешната прес-конференција. Првата се мигрантите, а втората недостасуваше во буџетот 1 милијарда евра, околу 60 милијарди денари и дека договорот со Велика Британија бил тие да ни ја покријат оваа дупка, а ние да прифатиме илегални мигранти. Од прилика ова беше. Но, ајде сега да видиме каква е суштината и вистината. Прво политички да му одговорам на раководството на СДСМ, бидејќи го спомна пролет, оставам простор до пролет Венко Филипче заедно со професорот Фрчкоски, со Андреј Жерновски, да бараат низ Македонија и да најадат мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија, или било каков договор и ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно они да ми се извинат мене и на граѓаните, што шират паника без потреба. Мислам дека е фер, еве ова јас го давам како понуда. И ова ќе важи бесконечно, додека сум јас претседател на Владата“, рече Мицкоски и додаде: „Додека тие зборуваат за милијарди кои недостасуваат, веќе 10 милијарди во првите пет дена од декември влегоа во буџетот. И сега не се веќе 300 милијарди, се 310 милијарди денари приходи. Но, никој од нив не ја коментира расходната страна, бидејќи и приходната и расходната страна на Буџетот одат паралелно. Тие што следат економија и економистите знаат за што зборувам. За да ви фалат во буџетот и да треба вие тој буџетски дефицит да го покриете потребно е и расходите да бидат согласно планирањата. Нас расходите ни се помали, односно штедевме и во име на тоа, се случува сето ова кое што јас денес го зборувам. И приходите и расходите се пратат едни со други и на крај кога ќе ги споредите капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит, тие горе доле ќе бидат исти. Што значи дека ние нема да се задолжиме да го зголемиме долгот. Напротив, до крајот на годината тој долг ќе биде помал, од оној кој што сме го имале. И еве втора работа ќе кажам, следната година треба да вратиме нешто повеќе од 2,2 милијарди евра. Ќе ги вратиме сите тие пари кои што тие претходно ги украдоа, и за Стабри и за марихуаните и за ред други скандали кои што ги имаа во минатото. Се надевам дека сега новиот обвинител и ослободеното обвинителство многу поефикасно и многу послободно ќе работат, отколку овој октруираниот којшто конечно заминува односно ќе замине од таму каде што е сега.“ Мицкоски посочи граѓаните да не се грижат, бидејќи нема да има мигранти. „На крај да заклучам да не се грижат граѓаните, нема мигранти, буџетот е во одлична кондиција. Македонија е позади Данска, која што има 3,9, заедно со Кипар со 3,8 проценти раст на БДП, инфлацијата е за 0,5 проценти помала на годишно ниво споредбено со минатата година и очекувам таа консолидација односно смирување да продолжи и во периодот кој што следи“, истакна Мицкоски.

Настани | пред 2 седмици

media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Ако Филипче, Фрчкоски и Жерновски најдат макар еден мигрант, ќе се повлечам од политиката, порача Мицкоски!

„Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче од внатре и од надвор да си замине и сега наеднаш пи-ар тимот му вели, сега темата ќе бидат мигрантите, еве два таблоиди во Велика Британија објавија и сега ајде на оваа тема да се закачиме и да ја туркаме, мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ќе собере луѓе околу себе“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Мицкоски им порача на Венко Филипче, Фрчкоски и Жерновски дека е спремен да се повлече од политиката доколку најдат еден мигрант во Македонија, во спротивно како што рече тој да се извинат јавно.„Две тези имаше денешната прес-конференција. Првата се мигрантите, а втората недостасуваше во буџетот 1 милијарда евра, околу 60 милијарди денари и дека договорот со Велика Британија бил тие да ни ја покријат оваа дупка, а ние да прифатиме илегални мигранти. Од прилика ова беше. Но, ајде сега да видиме каква е суштината и вистината. Прво политички да му одговорам на раководството на СДСМ, бидејќи го спомна пролет, оставам простор до пролет Венко Филипче заедно со професорот Фрчкоски, со Андреј Жерновски, да бараат низ Македонија и да најадат мигрант кој што е дел од овој договор со Велика Британија, или било каков договор и ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно они да ми се извинат мене и на граѓаните, што шират паника без потреба. Мислам дека е фер, еве ова јас го давам како понуда. И ова ќе важи бесконечно, додека сум јас претседател на Владата“, рече Мицкоски и додаде: „Додека тие зборуваат за милијарди кои недостасуваат, веќе 10 милијарди во првите пет дена од декември влегоа во буџетот. И сега не се веќе 300 милијарди, се 310 милијарди денари приходи. Но, никој од нив не ја коментира расходната страна, бидејќи и приходната и расходната страна на Буџетот одат паралелно. Тие што следат економија и економистите знаат за што зборувам. За да ви фалат во буџетот и да треба вие тој буџетски дефицит да го покриете потребно е и расходите да бидат согласно планирањата. Нас расходите ни се помали, односно штедевме и во име на тоа, се случува сето ова кое што јас денес го зборувам. И приходите и расходите се пратат едни со други и на крај кога ќе ги споредите капиталните инвестиции и буџетскиот дефицит, тие горе доле ќе бидат исти. Што значи дека ние нема да се задолжиме да го зголемиме долгот. Напротив, до крајот на годината тој долг ќе биде помал, од оној кој што сме го имале. И еве втора работа ќе кажам, следната година треба да вратиме нешто повеќе од 2,2 милијарди евра. Ќе ги вратиме сите тие пари кои што тие претходно ги украдоа, и за Стабри и за марихуаните и за ред други скандали кои што ги имаа во минатото. Се надевам дека сега новиот обвинител и ослободеното обвинителство многу поефикасно и многу послободно ќе работат, отколку овој октруираниот којшто конечно заминува односно ќе замине од таму каде што е сега.“ Мицкоски посочи граѓаните да не се грижат, бидејќи нема да има мигранти. „На крај да заклучам да не се грижат граѓаните, нема мигранти, буџетот е во одлична кондиција. Македонија е позади Данска, која што има 3,9, заедно со Кипар со 3,8 проценти раст на БДП, инфлацијата е за 0,5 проценти помала на годишно ниво споредбено со минатата година и очекувам таа консолидација односно смирување да продолжи и во периодот кој што следи“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања