Промени тема
Контакт

СДСМ: Изјавите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека постои план за мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
ck-dpmne

Од СДСМ тврдат дека постоењето на план за примање мигранти во Македонија не го откриваат само британските и светските медиуми, туку дека тоа јасно може да се прочита и од јавните настапи и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две недели.

Според СДСМ, првиот индикатор е одбивањето на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја потпишат предложената Резолуција. Од партијата велат дека со една јасна одлука на Собранието граѓаните би можеле да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има, но дека владејачкото мнозинство тоа го одбива. „Ако нема скриена агенда, Резолуцијата досега ќе беше потпишана“, порачуваат од СДСМ.

Како втор аргумент ја наведуваат изјавата на премиерот Мицкоски дека „до пролет“ нема да има мигранти. Според СДСМ, ваквата формулација отвора прашање што ќе се случи потоа и дали по изборите се остава простор за нивно носење.

— реклама —

Трето, од СДСМ посочуваат на изјавата дека нема да има „нелегални мигранти“, оценувајќи дека тоа, според нив, значи дека евентуално планираните лица би биле третирани како „легални“, со вклучување на пазарот на труд и сместување.

Понатаму, СДСМ ја проблематизира и најавата на Мицкоски дека одлуките за ова прашање треба да се носат на локално ниво, од страна на општините, наместо во Собранието како највисок државен орган. Според нив, избегнувањето на централна одлука отвора сомнеж за постоење скриена намера.

— реклама —

Како дополнителен аргумент, од СДСМ ја наведуваат изјавата на Антонио Милошоски дека странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат врска со азиланти и мигранти, оценувајќи дека на тој начин статусот на мигрантите би се преименувал во „економски работници“.

— реклама —

На крај, од СДСМ реагираат и на изјавите на министерот Андоновски, кој посочил дека СДСМ и Венко Филипче немаат право да критикуваат бидејќи во минатото гласале за прифатни центри. Според СДСМ, ваквите тврдења се обид за дефокусирање од клучното прашање – одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише Резолуцијата која, како што велат, е единствено целосно решение.

„Ова се сите аргументи зошто Резолуцијата не се потпишува“, порачуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања