Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ударот на Трамп врз мигрантите, 278.000 апсења од почетокот на мандатот – 66.000 лица во притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-library6a4o7esrff7525UIBLc
Unsplash

Бројот на притворени мигранти во американската Служба за имиграција и царина (ICE) оваа недела се искачи на 66.000, што претставува нов рекорд откако претседателот Доналд Трамп ги засили мерките против нелегалната имиграција.

— реклама —

Како што пренесува „Си-Би-Ес“ (CBS), повикувајќи се на интерни податоци од Министерството за домашна безбедност (DHS), САД досега никогаш немале толку голем број лица во притвор кои чекаат депортација.

Од почетокот на вториот мандат на Трамп во јануари, бројот на притворени мигранти е зголемен за речиси 70 отсто – од околу 39.000 на сегашните 66.000.

— реклама —

Претходниот рекорд бил забележан во 2019 година, за време на првиот мандат на Трамп, кога во притвор се наоѓале околу 56.000 лица. ICE во своите установи ги задржува странците кои престојуваат во земјата без дозвола или се соочуваат со депортација, сè додека нивните случаи не се завршат – освен ако не бидат ослободени со кауција или од хуманитарни причини.

— реклама —

Според изјава на американски функционер за CBS, ICE моментално располага со капацитет од околу 70.000 кревети, во споредба со 41.500 на почетокот на мандатот. Бројот може дополнително да порасне, бидејќи агенцијата доби 45 милијарди долари преку законот „One Big Beautiful Bill“ за проширување на притворските капацитети, со план да достигне до 100.000 места во иднина.

Интерните податоци на Министерството за домашна безбедност покажуваат дека околу половина од притворените – приближно 33.000 лица – немаат никакви кривични пријави или осуди, туку се задржани исклучиво поради имиграциски прекршоци.

— реклама —

Од почетокот на вториот мандат на Трамп, ICE спроведе околу 278.000 апсења, односно просечно по 965 дневно, додека вкупниот број на апсења, вклучувајќи ги и оние извршени од царинските и пограничните служби, надминува 520.000.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydgdlficm01r1dRIgsqV

(Видео) Трамп не ја исклучува воената интервенција на Куба: „Сакам да го решам прашањето пред да заминам“

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 20 часа

media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 22 часа

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања