„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

МНР

bujar-osmani-512

За МНР, шпекулација е дека македонскиот јазик ќе стане „јазик на С. Македонија“ во ОН

Министерството за надворешни работи (МНР) ги отфрла, како што вели, шпекулациите за употребата на македонскиот јазик во рамки на Обединетите нации, според кои наводно Секретаријатот на ООН дал наредба постепено да се исфрла од употреба придавката македонски.Го пренесуваме во целост соопштението на МНР:„По однос на пријавените шпекулации за употребата на македонскиот јазик во рамки на Обединетите нации, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека единствениот референтен документ на Организацијата на Обединетите Нации за главните обележја и податоци за земјите е UNTERM (кратко од UN Terminology).Во него се дадени основните информации за секоја земја: официјалното име, кратко име, јазик на држава, назив на валута, ISO кодовите и др. (подолу линкот на UNTERM со официјалните податоци за Северна Македонија).Секретаријатот на ООН, како и сите негови тела е обврзан да се придржува и да ги почитува податоците изнесени во истиот (UNTERM). Вработените во Секретаријатот на ОН немаат надлежност за толкување на вакви прашања. Секретаријатот на ОН раководи и има надлежност во менаџирањето на прашањата околу употребата на 6-те официјални јазици на Организацијата (англиски, француски, шпански, арапски, кинески и руски).Постојаната Мисија на Северна Македонија при ОН во Њујорк, одржува редовни средби со претставници на Секретаријатот на ОН, и во таа насока нема никакви индиции што одат во прилог на објавените шпекулации.Согласно појавениот интерес на јавноста, нашата мисија во Њујорк стапи во контакт со претставници на Секретаријатот, од каде дополнително и официјално ни беше потврдена важечката пракса и регулатива преку која категорично ги отфрлаат сите шпекулации изнесени во медиумите за наводна „внатрешна инструкција во ООН за начинот на користење на терминот – Македонски јазик“.Оттука сакаме да посочиме дека пријавените информации претставуваат злонамерни шпекулации, чии намери се да создаваат непотребно вознемирување на јавноста, и не одат во прилог на интересите на Северна Македонија.Линкот на UNTERM за личната карта на земјата е секогаш достапен он-лајн и на него може да пристапи секој.Линк: https://unterm.un.org/UNTERM/Display/Record/UNHQ/NA/1c98d616-3b6a-4d15-a7cb-f88c7f988b83

Македонија | пред 3 години

285868464_1164194590788837_6943824726583806736_n

Бугарија со протестна нота до Македонија заради пожарот во Битола

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија му врачи протестна нота на привремениот шеф на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија Владимир Крастевски по повод пожарот во раните утрински часови на влезната врата на Центарот за култура „Ванчо Михајлов“ во Битола.„На вонредната средба што се одржа денеска во МНР, заменик-министерката за надворешни работи Велислава Петрова изрази загриженост и најостро го осуди делото извршено од непознати лица, поради што е причинета материјална штета на објектот. Беше истакнато дека ваквите вандалски акти не се само израз на национална омраза и нетрпеливост кон невладините организации како важен дел од граѓанското општество, туку се во сериозен судир и со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европски систем.Знак за демонстративното и неиспровоцирано криминално дело на сторителите на подметнувањето пожар е и тоа што пред само неколку недели на отворањето на осквернавената зграда на Центарот за култура присуствуваа високи претставници на Република Бугарија. Бугарската страна е убедена дека неславниот настан во Битола не придонесува за развој на пријателството, добрососедството и соработката и е спротивен на напорите на владите на двете земји да го најдат вистинскиот пат за европска интеграција на Република Северна Македонија.Министерката Теодора Генчовска денеска и утре престојува во Република Северна Македонија на разговори за евроинтеграциите на нашиот југозападен сосед и во рамки на посетата ќе ја посети Битола за да се запознае со околностите околу инцидентот со Центарот за култура „Ванчо Михајлов“.Министерството за надворешни работи силно ги повикува властите на Република Северна Македонија да преземат решителна акција за итно откривање и гонење на сторителите на подметнувањето пожар и навремено да ја информираат бугарската страна.Бугарската страна ја поздравува брзата реакција на властите во Република Северна Македонија, кои најостро го осудуваат инцидентот и се залагаат за итна истрага и казнување на сторителите“; се вели во соопштението на бугарското МНР.

Македонија | пред 3 години

mnr-5-1

„Ова не е случајно“, МНР се огласи по палењето на клубот Ванчо Михалов

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.„Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина.Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија.Надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин“, се вели во соопштението од МНР.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani-512

Османи: Ги ценам напорите на Фрација за почеток на пристапни преговори и членство во ЕУ

Остварена средба со висока делегација од француското МНР во состав: Сирил Дикемал, заменик директор на Директорат за ЕУ во МЕНР на Франција, Леонор Гим, советничка во Директорат за ЕУ, Силвен Гиоге, заменик директор на Директорат за Континентална Европа и Никола Фај, шеф на мисијата за Западен Балкан во Директорат за Континентална Европа.„Особено ги ценам напорите кои Франција ги вложува во насока на одблокирање на евроинтегративниот процес преку одржување на првите меѓувладини седници со Северна Македонија и Албанија, уште за време на француското претседателство со Советот на ЕУ. Почетокот на пристапните преговори и членството во ЕУ е геостратешка инвестиција за стабилност и просперитет за земјите од Западниот Балкан, но и за Европа, особено во актуелниот геополитички контекст“, вели Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања