„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

МНР

IMG_4668

Македонката која загина има 29-години, повредени се и две 24-годишни девојчиња - детали од МНР

“Информираме дека во текот на денешниот ден, во 12 часот (локално време), на Автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот.Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата.Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што две се хоспитализирани.Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома”, велат од МНР.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

Важна информација за сите што планираат да патуваат за Израел

Почнувајќи од 1 август 2024 година, државјаните на Република Северна Македонија, кои планираат патување во Државата Израел, задолжително ќе треба да пополнат формулар преку Системот за електронска авторизација (Electronic Authorization System – ETA https://www.gov.il/en/departments/topics/eta-il/govil-landing-page ). Системот ќе биде отворен за аплицирање, почнувајќи од 1 јули и нема да биде овозможен влез во Израел од 1 август, без претходно одобрение од ЕТА.На патниците без пополнета апликација и добиена авторизација нема да им биде дозволено качување на авиони кои летаат за Израел. Апликацијата ќе чини 25 израелски шекели (ок. 6.25 ЕУР) а авторизацијата ќе има важност меѓу 90 дена и 2 години. Самата авторизација не подразбира дека се овозможува престој во Израел подолго од 90 дена.Во случај на евентуални технички проблеми при аплицирање, отворена е електронска меил адреса, на која може директно да се упати молба за појаснување: eta@piba.gov.ilНа следниот линк може да се најдат практични информации за самиот систем и аплицирањето: https://israel-entry.piba.gov.il/get-help/

Македонија | пред 1 година

thr

Од Европскиот Фронт на Бујар го издвојуваме неговиот конзул во "Njujork" кој во слободно време не резили пред светот и векот, реагира граѓанин

Велешанецот Игор Смилев објави патен лист, за кој посочува дека го добиле во Њујорк од македонски конзул, поставен од министерот Бујар Османи. Посочува дека конзулот нема елементарна писменост.„Од Европскиот Фронт на Бујар го издвојуваме неговиот неписмен конзул Мухаби Синани во " Njujork" кој во слободно време не резили пред светот и векот. Конзулот на Али во јануари 2014 немаше ни дипломатско звање пред да замине во Њујорк, па мораше набрзина да полага испити. Еве го резултатот од испитот кај Бујар. Ова е времена патна исправа издадена на македонски државјанин во март 2024 и служи само за враќање од Америка во Македонија!“, пишува Смилев па додава:„ДА ЖИВЕЕ ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ !ДА ЖИВЕЕ NJUJORK !Да живее Америка !Да живее Бујар!#ЕлементарнаНеписменост“.

Коментари | пред 1 година

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Има начин да се убедат сите земји да нѐ пуштаат со пасоши без „северна“, но Османи нема таква намера

Без конкретен одговор остана прашањето - дали секоја земја сама си одлучува околу прашањето дали ќе пропушти граѓани на Македонија со важечки пасош без „северна“. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, прашан за коментар, како секаде Македонците можат да одат со пасош без „северна“, ама не можат да излезат од Македонија, тој топката ја префрли кај МВР.„Тие закони се донесени од МВР дека на 12 февруари 2024 година, пасошите со старото име, стануваат невалидни. Тоа било во функција на имплементација на Уставот“, рече Османи.И самиот посочува дека постои начин да се убедат земјите да нѐ пуштаат со старите пасоши, но сепак, смета дека тоа не треба да се прави.„Црна Гора имаше одлука да не ги признае, ама се видов со амбасадорот, па се договоривме Црна Гора да го следи примериот на другите земји од ЕУ. Црна Гора веќе нѐ извести дека ќе ги признаат, односно прифаќаат валидните пасоши. Швајцарија исто така донесе одлука. МНР не треба да се води по тоа да најде алиби, односно решение, за да се одложи примената. Дајте да се фокусираме на подобра организација за повеќе пасоши за граѓаните“.

Македонија | пред 1 година

Skopje_-_Ministry_of_Foreign_Affairs_of_Macedonia

МНР апелира за воздржаност од предвремени квалификации за нападот врз претседателот на бугарското здружение во Струга

Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот со вчерашниот напад врз претседателот на бугарското здружение во Струга.„Во врска со вчерашниот напад врз државјанин на Република Северна Македонија, Б.К. од Лабуниште, во текот на вечерните часови, е извршен службен разговор со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, по што е известен јавниот обвинител.Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и Бугарската заедница.Ја повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно процесуираат, согласно законската регулатива“ соопшти МНР.Бугарското министерство за надворешни работи синоќа објави дека добиле информација за напад извршен вчера врз претседателот на бугарското здужение „Шемето“ од Струга.

Македонија | пред 2 години

ustav

МНР го одби барањето на Бугарија за учество во уставните измени, тоа е внатрешно прашање

Министерството за надворешни работи(MНР) информира дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Република Северна Македонија, која како обврска е поврзана со пристапните преговори за членство во Европската унија.„Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Северна Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија. Такво барање ниту е пристигнато, ниту е разговарано меѓу министрите Османи и Милков. Северна Македонија останува посветена на продолжување на политичкиот дијалог со Бугарија, во духот на добрососедството и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, за што се надева на што поскоро формирање на новата бугарска Влада“, велат од МНР.

Македонија | пред 2 години

327125900_1329342787639427_1346724895439605488_n

Деветте македонски државјани во Турција се на безбедно

Според последните информации кои доаѓаат од состојбите во подрачјето на југоисточниот дел до Турција, бројот на загинати граѓани, потврдени од турските надлежни институции, надмина 1.500, додека бројот на повредени засега е околу 10 илјади. Како последица на земјотресот уништени се над 3.700 објекти, информира МНР.„Најтешко се погодени десет града, меѓу кои: Газиентеп, Кахраманмарас, Хатаи, Османије, Адијаман, Малатија, Санлиурфа, Адана, Дијарбакир и Килис. Во овој регион нарушена е нормалната комуникација, а сложените временски услови проследени со исклучително ниска температура, снежни врнежи и намалена видливост, дополнително го отежнуваат справувањето со последиците.Деветте државјани на Република Северна Македонија, кои беа затекнати во загрозеното подрачје (осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција), според последните информации се на безбедно и не се во животно – загрозувачка состојба. Се работи за ученици во средно училиште од Гостивар, при што учениците доаѓаат од поширокото соседство – Маврово, Тетово итн.По инструкција на МНР, Амбасадата во Анкара испрати дипломат заедно со дополнително возило – комби – со кое загрозените граѓани ќе бидат упатени на безбедна локација од каде ќе го продолжат патот кон земјава.Последните информации говорат дека за едно од децата кое има скршеница, направена е првична медицинска санација, и истото е подготвено за патување и заедно со групата ќе биде упатено назад кон земјава, штом дипломатот од Амбасадата во Анкара пристигне на лице место.И последните информации од Амбасадата во Анкара, и Генералниот конзулат во Истанбул добиени во 18:30 часот (16:30 МКД време) нема други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, а нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба.Ја користиме приликата уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

329522649_909659323362239_2334333959318318744_n

МНР: Двајца ученици од Македонија кои престојуваат во Турција повредени од земјотресот

Министерството за надворешни работи преку своите Амбасадата во Анкара и генералниот конзулат во Истанбул внимателно ја следи ситуацијата во југоисточна Турција по силниот земјотрес рано изутринава, и во континуитет известува за состојбата во загрозените подрачја.„Информациите од теренот упатуваат за исклучително силен земјотрес со големи последици по животите на луѓето затекнати во погодениот регион; голем број жртви кои надминуваат неколку стотици граѓани, голем број повредени лица како и сериозна материјална штета која ја отежнува состојбата на терен.Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и Менторот не е во животна опасност.Досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, но нашите претставништва остануваат континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција, така и со наши граѓани кои се информираат и кои информираат за состојбите на терен. По инструкција на МНР, дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш, како и да обезбеди информација и присуство директно на терен во најзагрозените делови за евентуални дополнителни интервенции.Ја користиме приликата уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732. “, велат од МНР.

Македонија | пред 3 години

mnr-5

МНР ќе реагира до ЕП за навредите на Јорданов

Од македонското Министерство за надворешни работи (МНР) велат дека Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир.Ќе испратат писмо до ЕП за навредите на бугарскиот европратеник Александар Јорданов, кој Македонците ги нарече „црвени ѓубриња“, „титоисти“, „србомански измет“ и „одродени Бугари“.„Сепак, со жалење, констатираме дека во пресрет и по одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев во Северна Македонија, радикални поединци, претставници на организации и политички партии во Бугарија продолжуваат да изразуваат територијални претензии кон Република Северна Македонија и континуирано го нарушуваат достоинството на македонските граѓани, македонскиот народ и нашата држава. Укажуваме дека во согласност со Уставот на Република Северна Македонија и законите, како и на меѓународното право, надлежните институции на Северна Македонија се должни и ги превземаа сите неопходни мерки да се спречат провокации, тензии и инциденти кои можат да ја загрозат националната безбедност, јавниот ред, здравјето на луѓето и меѓународните односи на државата. И покрај искажаната волја, Република Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир, овозможувајќи на тој начин, дел нив да се однесуваат агресивно, да ги навредуваат и да применат насилство кон претставниците на гранична полиција на Северна Македонија. Согласно со утврдените протоколи за работа, и стандардите на ЕУ за безбедно управување со границите, дел од овие лица кои го нарушија јавниот ред и мир од поголем обем, беа приведени и изведени пред надлежен суд кој изрече соодветни мерки“, велат од МНР.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-05-at-13.16.21

МНР со први информации за инфлуенсерката од Охрид пронајдена мртва во Јужна Африка

Министерството за надворешни работи соопшти дека по добиените информации за почината државјанка на Македонија, инфлуенсерката Маја Јанеска во Јужноафриканската Република, преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапило во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан.„Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава“, соопшти МНР.Јанеска позната како Маја Миа беше пронајдена почината во Јужна Африка. Тамошните медиуми, повкувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до мртвото тело на инфлуенсерката имало оружје.Од јужно-африканската полиција велат дека засега смртта нема да ја третираат како сомнителна.„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Жената била заверена почина од болничарите“, изјавил портпаролот на полицијата, потполковник Мавела Масондо.Порталот „24њуз“ повикувајќи се на изјави од роднини, посочува дека семејството е во шок.Инфлуенсерката Јанеска е родум од Охрид. Таа Јужна Африка ја нарекуваше нејзин втор дом.

Македонија | пред 3 години

kostadin-kostadinov-prerodba-bugarija-750x430-1

МНР ги осуди изјавите на бугарскиот пратеник Костадинов: Тоа се обиди за минирање на силните напори на двете Влади за унапредување на соработката

Министерството за надворешни работи, исто како што и претходно реагираше, и овој пат ги осудува иредентистичките изјави кои содржат и територијални претензии кон Република Северна Македонија изкажани јавно и повеќе пати од страна на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија, Преродба, Костадин Костадинов.„Фактот што овие изјави се повторуваат, овојпат и во Скопје и тоа на значаен и за двете страни симболичен повод, отворање на нови канцеларии на Културно-информативниот центар како и во пресрет на Бизнис форумот меѓу Северна Македонија и Бугарија, не можеме, а да не ги толкуваме како обиди за минирање на силните напори на двете Влади за унапредување на соработката и како организирана провокација, која треба да биде осудена од сите проевропски политички структури и институции во двете држави.Во исто време, сакаме да упатиме апел до граѓаните на двете земји да не им подлегнуваат на ваквите провокации кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги спречат двете држави во спроведувањето на искрените намери, реафирмирани од двете страни, за продлабочување на односите меѓу нашите држави и народи во духот на европските вредности“, се вели во реакцијата на МНР.

Македонија | пред 3 години

jVyEehjkHu-sefot-na-protokolot-na-mnr-si-podnel-ostavka-za-greskata-so-sloveneckoto-zname

Шефот на протокол во МНР си поднесе оставка поради грешката со знамето

Лицето одговорно за протокол во МНР си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме.Ова вчера го потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.„Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда, се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква дректна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година“ рече Османи.Потсетуваме, словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон на 18 октомври во кабинетот на Османи во Скопје беше пречекана со највиски почести, но и со згрешено знаме од нејзината држава.Наместо знаметонаСловенија, на масата стоеше знамето на Словачка

Македонија | пред 3 години

bugarija-MNR

МНР повторно испрати вербална нота до Бугарија: Релевантните политички и институционални фактори да се оградат и да ги осудат ваквите провокации

По повод изјавите на пратеникот и лидерот на политичката партија „Вазражадане“, г-дин Костадин Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата на Република Бугарија во Скопје, упати вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија, во која изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија.„Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата на двете држави го почитуваа и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка. Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи“, велат од МНР.

Македонија | пред 3 години

osmani

Османи одби да каже дали Македонија била окупирана од фашистичка Бугарија, вели Левица

„Министерот Бујар Османи во вчерашна емисија на домашните медиуми одби искрено да одговори за тоа што сите го знаеме, за да не ги налути бугарските власти на чии интереси служи“, вели Левица.По низата на скандали со т.н. "историска комисија" на која и претстои "толкување" на историјата од минатите два века, сега, Министерот дозволи да увидиме во која насока се движат работите.Јасно е дека властите имаат за цел да ја рехабилитираат фашистичката историја на штета на партизанската и македонската - во целост. За Владата, синтагмата "бугарската фашистичка окупација" е недозволива, додека спомените за фашистичкиот државник како причинител на несреќите на Македонците и македонските Евреи, вредни за бришење од колективната меморија.Како што вели Османи, политичарите од Владата нема да ја интерпретираат историјата - тоа е оставено на т.н. "историска комисија", за чии резултати сме веќе запознаени. Целта на тие политичари, сепак, е да ја спроведат анти-македонската, антисемтска и ревизионистичка агенда.Прашањето кое го налути Османи и кое одби да го одговори, гласеше:"Дали Македонија во Втората светска војна била окупирана од бугарската фашистичка држава, под Цар Борис Трети, по кој е именувано ново контроверзно здружение во Охрид - сојузник на оската Рим-Берлин-Токио, еден од актерите во "конечното решение" за "еврејското прашање" на Хитлер, и дали најголемиот дел од Западна Македонија, под окупација на фашистичка Италија, подоцна беше окупациско подрачје препуштено на анектирање од квислиншка Албанија на чело со балистичкото движење?"

Македонија | пред 3 години

zoran-dabikj

Амбасадорот кој се спротистави на МНР е гонет од Османи, бара поддршка и објави детали

„Барам ЈАВНА ПОДДРШКА од сите вас, без разлика на национална и верска припадност, заедно да се избориме да не ни го одземаат правото на гласно зборување“, вели амбасадорот Зоран Дабиќ во писмото до јавноста. Во писмото тој вели:МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што како Претседател на МДС јавно зборував за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување.Насилието, ароганцијата и заплашувањето продолжуваат кон мене и членовите на Синдикатот, но залудно.Барам ЈАВНА ПОДДРШКА од сите вас, без разлика на национална и верска припадност, заедно да се избориме да не ни го одземаат правото на гласно зборување.Јас цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи!Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов!Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија!Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца! Моите пензионерски денови ќе ги уживам во прекрасните македонски места со убава македонска храна и прекрасни пријатели кои не познаваат вера и нација, туку само убаво поминати денови.Останете ми живи и здрави, секое раководство доаѓа и си заминува.Амбасадор Зоран Дабиќ

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања