„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

МНР

mucunski4-2

Се зголемува процентот на амбасадори од редот на кариерните дипломати - изменет Законот за надворешни работи

„Усвоени измените на Законот за надворешни работи – суштински чекор за професионализација на дипломатијата и подобрување на условите за македонските дипломати во странство“, вели министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.Тој додава:„Собранието вчера ги усвои измените на Законот за надворешни работи, предложени од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.По повеќе од една деценија се прават суштински измени, со кои се воспоставува јасна законска рамка за реализација на два клучни приоритети:професионализација на дипломатската служба и воспоставување на надлежностите на Министерството во областа на надворешната трговија и инвестициите.Измените предвидуваат зголемување на процентот на амбасадори од редот на кариерните дипломати, продолжување на мандатот на упатените дипломати на четири години (наместо досегашните три), како и уредување на процедурата за именување амбасадори и улогата на Собранието во таа постапка. Дополнително, воведена е можност за назначување специјален државен претставник во странство, доколку постои посебен интерес за државата.Со измените се овозможува Министерството системски да ги преземе обврските поврзани со креирање политики за надворешна трговија и инвестиции – сегмент кој досега не беше институционално прецизиран со ниту еден друг закон.Ова претставува важен чекор кон професионализација на дипломатијата, подобрување на условите за работа на македонските дипломати во странство, како и соодветно позиционирање на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во делот на надворешната трговија и инвестициите.

Македонија | пред 9 месеци

lence-ristoska

Интегритетот клучен за Стразбур, Ристоска опфатена со предметот за бонусите во СЈО, а комисијата ја предложил министерот чија сопруга е братучедка на кандидатката

Реакции покрена името на Ленче Ристоска, обвинителка за врски со Европравда, а порано дел од тимот на Специјалното јавно обвинителство, кога се најде на листата за судии во Стразбур. Покрај значајните предмети кои ги водела и позитивните критики, се фрла сомнеж на целата постапка поради нејзина далечна, но сепак роднинска врска со сопругата на министерот Тимчо Муцунски. Вклученоста на Муцунски во процесот е само како предлагач на членовите на Комисијата која ги оценува кандидатите, а што Владата ја избира на седница.Истовремено, првиот услов за предлог и избор на судиите во Стразбур е највисок морален углед, а Ристоска е опфатена во предметот за бонусите во СЈО. „Скопје1“ побара став од неа, околу овие прашања, како и тоа кога последен пат работела обвинителски предмет, со оглед на нејзиниот ангажман во Европравда – но не добивме одговор.Да станеш судија во Стразбур, за голем дел од правниците е највисоката функција која би можел да ја добиеш во кариерата. Но, во Стразбур, каде се бира еден од трите предлози кои ќе дојдат, пред сѐ се бара: „Судиите треба да уживаат висок морален углед“. Тоа, меѓу другото би значело личност против која не се водат никакви постапки, која не е инкриминирана во било какви незаконски дејанија, за која нема ниту сомнеж за корупција.За обвинителката Ристоска е познато дека е опфатена во предметот за бонусите кои биле исплаќани во СЈО. За овој случај се бараше и разрешување на републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски. „Скопје1“ инсистираше Обвинителството да даде одговор до каде е овој случај и каква одлука е донесена – но залудно. До овој момент, оттаму молк. За него се покрена и „војна“ помеѓу обвинители, откако Вишото обвинителство побара предметот да се реотвори, а републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ја сметаше ваквата одлука за незаконска. Ја прашавме и Ристоска, дали тоа што е опфатена во овој предмет, придонесува кон тоа да ѝ е нарушен моралниот углед – но до овој момент не добивме одговор.Потоа, успеавме да ја потврдиме информацијата дека Ристоска е во роднинска врска со Симона Муцунска, сопруга на Тимчо Муцунски. Ова ни го потврдија и од Министерството за надворешни работи, од каде велат дека: „не се блиски роднини“. Сепак, токму МНР предлага членови на Комисијата до Влада, а истата е составена од претставници на министерството, Врховен и Уставен суд, Судски совет, Совет на јавни обвинители, Министерство за правда, универзитети. Владата има улога на одобрувач на предложениот состав, што ѝ го сторила. Ристоска не одговори на прашањето дали Муцунски имале удел во тоа предлогот со нејзино име за судија да допатува до Влада. Истовремено, МНР велат дека нема конфликт на интереси.„Во однос на прашањето за роднинската поврзаност на сопругата на министерот со еден од кандидатите, посочуваме дека станува збор за сродство од четврти степен по странична линија – однос кој, согласно позитивната законска регулатива, пред сè во контекст на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, не се смета за правно релевантен. Таквиот степен на сродство не создава обврска за изземање, не се пријавува како близок роднински однос и не претставува основ за преземање мерки за заштита од потенцијален судир на интереси. Министерот ниту има надлежност, ниту влијание врз процесот. Во конкретниот случај не постои основ за изземање, ниту за пријава на судир на интереси, ниту пак, постои ризик од нарушување на принципите на објективност и непристрасност“, велат од МНР.Сепак, за Европскиот суд за човекови права, доволно е да постои легитимен сомнеж дека судот не е непристрасен, за да утврди повреда на правото заштитено со Конвенцијата. Таму постои т.н. објективен и субјективен тест. Во случајот, Комисијата на МНР (орган кој заседава за апликантите) не го применува објективниот тест, поради сомнеж дека на листата селектира апликант кој е роднински поврзан со блиско лице на министерот. Тука е од второстепено значење, во кој степен се тие роднини. Во еден од стандардите на Европскиот суд за човекови права се содржи и т.н. објективен и субјективен тест, при што објективниот тест педвидува,  „трибуналот“ да биде составен од независни и непристрасни судии, но се осврнува и на перцепцијата на разумен набљудувач, кој треба да создаде слика дека „трибуналот“ е независен.Од МНР не добивме одговор на прашањето во однос на тоа дали според нив, обвинителката Ристоска го исполнува условот на Стразбур да ужива висок морален интегритет.Ристоска е обвинителката која го водеше еден од најголемите и најтешки случаи во Македонија, „Таргет-тврдина“, за прислушувањето, против Сашо Мијалков. Но и „Талир“ против челници на ВМРО-ДПМНЕ за незаконско финансирање на партијата, каде им го замрзна имотот. Сегашниот премиер, а тогаш само претседател на ВМРО-ДПМНЕ рече бил и уценуван со одмрзнувањето на имотот со продолжување на мандатот на СЈО. Истовремено, од обвинителката кандидат за во Стразбур не добивме одговор, дали тој интегритет е компромитиран поради случајот „Талир“ и начинот на распит на сведоците кој се коментираше во јавност.Пред девет години, Стразбур ја врати листата и не избра ниту еден од предложените кандидати за судии – што претставува и срам за државата. Ова не е единствен ваков случај. Во 2018 година, поради родниниски односи со премиерот Еди Рама, Стразбур не прифати да го избере Даиран Павли за судија. Во 2021 година, таков случај имаше Украина, чии кандидати беа одбиени поради сомнителен морален интегритет.Предлогот со името на Ристоска, но и судијката Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски, треба да се најде на владина седница. Членовите ќе одлучуваат, по што листата ја доставуваат во Стразбур, а таму, конечната одлука ја носи Парламентарното собрание на Советот на Европа со мнозинство гласови.

Македонија | пред 9 месеци

mucunski-germ-3

Бугарија ја префрла одговроноста кај нас, а спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права не се билатерални прашања, вели МНР

Министерството за надворешни работи на Македонија даде одговор на реакцијата на бугарското министерство за надворешни работи:Во врска со вчерашната реакција од страна на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз нашата држава.Истакнуваме дека почитувањето и спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) не се билатерални прашања, туку задолжителна обврска на секоја земја-членка на Советот на Европа. Република Северна Македонија останува целосно посветена на владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи како темелни вредности на европската интеграција, и не може да прифати нивно негирање или релативизирање, вклучително и кога станува збор за правата на припадниците на македонското малцинство во Република Бугарија. Дополнително, сакаме да нагласиме дека Република Северна Македонија максимално е посветена на процесот на европска интеграција, сметајќи дека тој процес не треба да биде злоупотребен со воведување на дополнителни политички услови, кои не се дел од Копенхашките критериуми. Политиката на условувања и неосновани обвинувања е непринципиелна пречка на евроинтегративниот пат на нашата држава и не придонесува за градење добрососедски односи, туку напротив – создава непотребни тензии кои не одговараат на европскиот дух на соработка.Во оваа прилика силно се залагаме за развивање на пријателските односи меѓу двете држави и за решавање на сите отворени прашања преку рамноправен дијалог, одговорно однесување, заемна почит и разбирање. Во наведената насока очекуваме еднакво конструктивен пристап и од страна на Република Бугарија,  заснован на целосно почитување на целите и принципите на Повелбата на ОН и правилата на меѓународното право, затоа што тоа е во интерес на нашите граѓани, во интерес на двете земји и во прилог на зацврстување на регионалниот мир, стабилност, безбедност и заедничката европска перспектива.

Македонија | пред 11 месец

BKuzeska3

СДСМ: Власта лиферува имиња во јавноста за етикетирање и предвремена јавна осуда

„Секогаш кога власта ќе направи некаква глупост или нејзините погрешни политики ќе доживеат дебакл, како што деновиве се случи на меѓународен план со Резолуциите во ОН и со падот на економијата, гледаме како се поднесуваат кривични пријави и се лиферуваат имиња во јавноста за предвремена јавна осуда и политичко етикетирање“, вели Богданка Кузеска - портпаролка на партијата и додава:Правење јавен линч само со поднесување кривични пријави кои допрва треба да видиме дали се основани фрлаат дамка на сите овие процеси за кои СДСМ отворено се сомнева.Од друга страна, за огромен број скандали поврзани со високи владини функционери не се презема ништо, власта ги штити по секоја цена.Последен е скандалот со злоупотребите на вицепремиерот Меџити, со партиските листи за масовните вработувања во јавната администрација, но и куп други скандали, за бегството на Груби, за бегството на Рамадани, за сертификатот на директорот на АНБ, за инцидентот на скопаскиот аеодром, на границата со Косово, за скандалот со генералниот секретар на Владата кој добил на поклон 350 илјади евра, за фирмите на Божиновска....Сите овие аргументи покажуваат дека ова што го прави власта не е борба против криминалот и корупцијата како што се претставува туку алатка за етикетирање, предвремена јавна осуда и политички прогон.СДСМ повторува. Секој обид за политизација, политички прогон или предвремена јавна осуда за лицата опфатени во истрагите ги поткопува принципите на правдата и одговорноста и затоа СДСМ јавно ќе се спротивстави на тоа.

Македонија | пред 1 година

mnr

МНР: Девет амбасадори се известени дека им завршува мандатот

Во врска со информациите што утринава беа објавени на дел од интернет порталите, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека станува збор за неточни наводи кои воопшто не соодветствуваат со фактичката состојба.Во однос на постапката за отповикување на определен број амбасадори, Министерството информира дека е во редовна и континуирана комуникација со Кабинетот на Претседателот на државата. Преку официјалниот интерен комуникациски систем, досега девет амбасадори се известени за завршувањето на нивниот мандат. Во наредниот период се очекува Претседателот да ги потпише указите за нивно отповикување.Министерството нагласува дека целата институционална координација и комуникација, вклучително и онаа со дипломатско-конзуларните претставништва, се одвива исклучиво преку заштитен интерен систем, а не преку електронска пошта.Воедно, укажуваме дека во последниот период на социјалните мрежи и во некои медиуми зачестено се појавуваат фабрикувани и неточни фотографии од наводна е-маил комуникација меѓу вработени во Министерството. Со цел расчистување и соодветно процесуирање на овие појави, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија веќе достави пријава и побара интервенција од Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи.„Во оваа прилика ги повикуваме медиумите пред објавување на било каква информација поврзана со надлежностите и работата на Министерството, претходно да ја проверат нејзината автентичност и веродостојност”, велат од МНР.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

Министерството за надворешни работи со осуда: Ваквата недолична изјава на Костадинов, очекуваме од официјална Софија да биде отфрлена како непримерна

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, на социјалната мрежа Facebook, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава.„Таквите злонамерни изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава, и истовремено се во директна спротивност со правилата и принципите на меѓународното право, немешањето на државите во нивните внатрешни работи и политиката на градење на добри меѓусоседски односи.Ваквата недолична изјава на Костадинов, очекуваме од официјална Софија да биде отфрлена како непримерна на духот и времето во кое живееме, европските стандарди кои силно ги почитуваме и спротивно на нашите залагања за обезбедување на траен мир, безбедност и просперитет во Европа и пошироко“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Македонија | пред 1 година

mucunski-bolat-1

Министерот Муцунски домаќин на министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат.На средбата, двајцата министри истакнаа дека посетата претставува уште една потврда за пријателските и добри односи меѓу двете земји. Тие ја потенцираа подготвеноста за натамошно продлабочување на севкупниот дијалог во функција на унапредување на билатералната соработка во областите од заеднички интерес.Во фокусот на нивниот разговор беше искористувањето на потенцијалите за интензивирање на економската соработка, како на државно ниво, така и меѓу бизнис заедниците. Воедно, стана збор и за важноста од ажурирање на сегашниот Договор за слободна трговија преку проширување на неговата содржина, вклучувајќи повеќе земјоделски производи, како и потребата од забрзување на техничките разговори за оваа цел.Во рамки на посетата се одржа и Бизнис Форум, на кој министрите ја истакнаа подготвеноста за целосна поддршка на бизнис секторот и ги охрабрија да соработуваат поинтензивно во насока на унапредување на трговската и инвестициската соработка.За време на посетата, турскиот министер Болат оствари и средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на која присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. На средбата беа разгледани можностите за билатерална трговија и инвестиции со цел да се утврдат нови области за заедничка соработка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-02-at-08.55.47

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, МНР ги повикува сите да ја напуштат државата

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава.Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија.Како и секогаш, министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389 75 268 736 (меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk ).

Македонија | пред 1 година

4-1

Средба на министерот Муцунски со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григоријан.На средбата министерот Муцунски ја потврди посветеноста на Владата на Република Северна Македонија како партнер на Обединетите нации, истакнувајќи дека напорите се насочени кон целосно исполнување на Целите за одржлив развој и реализација на Агендата 2030. Притоа, тој изрази благодарност за досегашната и идната соработка на УНДП со националните институции, со акцент на почетокот на подготовката на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030).Соговорниците се осврнаа на клучните иницијативи и активности на УНДП, вклучително и идните проекти што ќе произлезат од новата Рамка. Во фокусот на дискусијата беа теми како што се зајакнувањето на институциите, децентрализацијата, локалниот развој, поддршката за младите, социјалната инклузија, родовата еднаквост и животната средина, кои остануваат високо на агендата на соработката.

Македонија | пред 1 година

mucunski-3

Учество на министерот Муцунски на Состанок на министрите за надворешни работи на Централно Европска Иницијатива

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе земе учество на состанокот на Министри на надворешни работи на Централно европска иницијатива (ЦЕИ) кој во рамки на албанското претседавање со иницијативата се одржува денес во Тирана.Фокусот на темите на состанокот ќе биде ставен на ЕУ проширувањето во новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици се рефлектираат како на регионалната, така и на меѓународната безбедност и стабилност.За време на министерскиот состанок се очекува да биде усвоена Заедничка изјва од страна на сите министри на земјите членки на ЦЕИ, потврда за изборот на нов Генерален секретар на ЦЕИ и утврдување на следната земја претседавач со иницијативата - Република Србија.

Македонија | пред 1 година

mucunski-4

Потпишување Партнерството за безбедност и одбрана помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија – Министерот Муцунски во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што, заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, ќе го потпишат Партнерството за безбедност и одбрана помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Потпишувањето и работната средба ќе се одржат на маргините на состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи.Склучувањето на Партнерството за безбедност и одбрана претставува значаен чекор во продлабочувањето на практичната соработка меѓу Северна Македонија и Европската Унија. Ова партнерство ќе овозможи заедничко справување со хибридните закани, унапредување на сајбер безбедноста, борба против тероризмот, спроведување на мисии и операции, како и соработка во други области од доменот на одбраната и безбедноста.Северна Македонија, заедно со Албанија, се првите земји од регионот на Западен Балкан со кои ЕУ ќе воспостави ваков вид на партнерство. Овој значаен чекор следува по слични договори склучени со Канада, Норвешка и Молдавија, кои дополнително ја истакнуваат посветеноста на Унијата на јакнење на европската безбедносна архитектура.По, потпишувањето, предвидено е во 16 часот министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел да одржат заедничка прес конференција.

Македонија | пред 1 година

mucunski-1-1

Одвоени средби на министерот Муцунски со амбасадорката на Грција, Филипиду, и амбасадорот на Ирска со седиште во Букурешт, Вард

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на одвоени средби ги прими амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, и вонредниот и ополномоштен амбасадор на Ирска за Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт, Брендан Вард.На средбата со амбасадорката Филипиду уште еднаш беше потврден заемниот интерес за негување на добрососедските односи, со акцент на важноста од одржување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот преку негово целосно интегрирање во Европската Унија. Дополнително, беа реафирмирани заложбите што двајцата министри ги истакнаа на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, особено во делот на унапредување на соработката во одбраната, инфраструктурното поврзување, енергетиката, културата и туризмот, со посебен акцент на економската соработка.На средбата со амбасадорот Вард, беа поздравени пријателските односи и взаемните заложби за интензивирање на политичкиот дијалог, како и на економската и секторската соработка. Во оваа прилика, министерот Муцунски изрази благодарност до ирската страна за безрезервната поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, и ја изрази својата надеж дека земјата наскоро ќе ги започне пристапните преговори за членство во Унијата.

Македонија | пред 1 година

mucunski-fr-1

Средба меѓу Муцунски и францускиот амбасадор: акцентот во разговорите ставен на европската интеграција на Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес го прими амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.Оваа средба следува по неодамнешната средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, која ја оствари делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, извести МНР.Во разговорите со амбасадорот Ле Риголер, акцентот беше ставен на европската интеграција на Северна Македонија, при што министерот Муцунски ја истакна потребата за засилен ангажман и поддршка од Франција како една од водечките членки на ЕУ. Дополнително, министерот ја нагласи посветеноста на Владата на спроведување на клучните реформи за членството во Унијата.Двете страни разменија мислења за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните предизвици во областа на регионалната безбедност, соопшти МНР.

Македонија | пред 1 година

mucunski-praga-2

Работна посета на министерот Муцунски во Прага: Средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес е во работна посета на Прага, Чешка. Во рамките на посетата, тој утрово заедно со министерката за енергетика, Сања Божиновска, оствари средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек, а по средбата имаа свое обраќање на македонско-чешкиот бизнис форум.Средбата со министерот Влчек се фокусираше на одличната економска соработка и интересот за нејзино понатамошно унапредување. Притоа, беше истакната важноста на досегашните состаноци на Мешовитиот комитет по Договорот за економска и индустриска соработка меѓу двете земји, како и размена на мислења за конкретни иницијативи и активности кои ќе придонесат за зајакнување на економските врски.Во рамките на македонско-чешкиот бизнис форум, министрите Муцунски и Божиновска, заедно со чешкиот министер Влчек, ги претставија можностите за инвестирање во двете држави.Презентирани беа иницијативите на македонската влада за подобрување на бизнис-климата, привлекување странски инвестиции и поттикнување на извозот. Дополнително, беа истакнати можностите за економска соработка и инвестициски проекти со цел земјава да стане следна дестинација за странски директни инвестиции, што ќе придонесе за засилено економско партнерство меѓу двете земји.

Македонија | пред 1 година

1

Муцунски од Монтреал: Неопходно е да се изградат механизми за безбедно враќање на украинските цивили и депортираните деца и да се потврдат заеднички вредности на сочувство, солидарност и издржливост

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изминатите два дена учествуваше на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на претседателот Зеленски од Украина, што се одржа во Монтреал, Канада. Во фокусот на конференцијата беше третманот кон политичките и воените заробеници, незаконски притворените цивили и присилно депортираните деца.Покрај обраќањето на воведната сесија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија говореше на сесијата на тема : „Механизми за безбедно враќање дома на заробените украински цивили и депортираните деца.“Во говорот пред присутните тој ja нагласи неопходноста од почитување на принципите на безбедност, соработка и, пред сè, човечко достоинство, потенцирајќи ја итната потреба да се обезбедат безбедни, достоинствени и одржливи патишта за враќање на Украинците раселени од конфликтот, притоа нагласувајќи дека одговорот не смее да биде рамнодушен или со двоумење, туку јасна посветеност на акција.Муцунски додаде и дека со заедничка работа и посветеност може да се изградат механизми кои не само што ќе го олеснат безбедното враќање, туку и ќе ги потврдат нашите заеднички вредности на сочувство, солидарност и издржливост.„Нашето учество и посветеност денеска ќе испратат силна порака за тоа како можеме да работиме заедно не само за заштита на човековите права, туку и за да се осигураме дека секое патување кон безбедност и достоинство е почитувано и олеснето“, додаде Муцунски.На маргините на конференцијата, министерот Муцунски оствари билатерални средби сo косовската министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала, српската министерка за евроинтеграции, Тања Мишевиќ, и потпретседателот на Европскиот парламент, Николае Штефанута. Фокусот на средбите беше ставен на актуелните меѓународни прашања, процесот на евроинтеграција и регионалните теми, вклучително и надворешно-политичките приоритети и состојбите во непосредното опкружување.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања