Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

СДСМ: Власта лиферува имиња во јавноста за етикетирање и предвремена јавна осуда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
BKuzeska3

„Секогаш кога власта ќе направи некаква глупост или нејзините погрешни политики ќе доживеат дебакл, како што деновиве се случи на меѓународен план со Резолуциите во ОН и со падот на економијата, гледаме како се поднесуваат кривични пријави и се лиферуваат имиња во јавноста за предвремена јавна осуда и политичко етикетирање“, вели Богданка Кузеска - портпаролка на партијата и додава:

Правење јавен линч само со поднесување кривични пријави кои допрва треба да видиме дали се основани фрлаат дамка на сите овие процеси за кои СДСМ отворено се сомнева.

— реклама —

Од друга страна, за огромен број скандали поврзани со високи владини функционери не се презема ништо, власта ги штити по секоја цена.

Последен е скандалот со злоупотребите на вицепремиерот Меџити, со партиските листи за масовните вработувања во јавната администрација, но и куп други скандали, за бегството на Груби, за бегството на Рамадани, за сертификатот на директорот на АНБ, за инцидентот на скопаскиот аеодром, на границата со Косово, за скандалот со генералниот секретар на Владата кој добил на поклон 350 илјади евра, за фирмите на Божиновска....

— реклама —

Сите овие аргументи покажуваат дека ова што го прави власта не е борба против криминалот и корупцијата како што се претставува туку алатка за етикетирање, предвремена јавна осуда и политички прогон.

— реклама —

СДСМ повторува. Секој обид за политизација, политички прогон или предвремена јавна осуда за лицата опфатени во истрагите ги поткопува принципите на правдата и одговорноста и затоа СДСМ јавно ќе се спротивстави на тоа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги отфрли наводите на ЦГК: Евакуацијата од Блискиот Исток беше законска и во интерес на граѓаните

Македонија | пред 1 месец

media-library1vq09bb3o72l0JAWy66

Муцунски со европски дипломати: Фокус на реформи, безбедност и интеграции

Македонија | пред 3 месеци

media-library3637m1sijgsncolKhv8

Муцунски од Анталија: Коридорите 8 и 10 се клуч за развој и стабилност

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl5r8ekvdotj1cSZCEQ4

Завршена евакуацијата: 605 македонски државјани извлечени од Блискиот Исток

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања