„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

МНР

t1

Муцунски на министерска конференција: Силно ја осудуваме агресивната војна на Русија против Украина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на претседателот Зеленски од Украина, која се одржува во Монтреал, Канада. Конференцијата е организирана во ко-партнерство од министерствата за надворешни работи на Канада, Норвешка и Украина. Фокусот е ставен на третманот на политичките и воените заробеници, незаконски притворените цивили и присилно депортираните деца.Во рамките на обраќањето на пленарната сесија која се одржа при отворањето на конференцијата, министерот Муцунски се заблагодари за поканата и истакна дека суштината на конференцијата допира не само до рамката на меѓународното хуманитарно право, туку и до суштината на нашата заедничка човечност.„Ние силно ја осудуваме агресивната војна на Русија против Украина, која досега предизвика непоправливи загуби на човечки животи и разурнување. Целосната инвазија на Украина од страна на Русија претставува напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и флагрантно прекршување на основните начела на меѓународното право и, пред сè, вредностите на човештвото,“ истакна Муцунски во своето обраќање.Тој потенцираше дека нашата држава силно ја осудува и континуираната повреда на меѓународното хуманитарно право и човековите права од страна на Русија во Украина, што истовремено претставува директно кршење на меѓународното право и Женевските конвенции.„Сите прекршувања и злоупотреби на човековите права и на меѓународното хуманитарно право мора да бидат истражени, а сторителите изведени пред правдата, во согласност со меѓународното право,“ подвлече министерот Муцунски во обраќањето.Тој додаде и дека почитувањето на демократските принципи, човековите права и достоинството, како и владеењето на правото, се единствените универзални вредности што треба да бидат почитувани од сите.„Секој миг што го поминуваме во оваа просторија нè потсетува дека зад секоја статистика стои човечка приказна – дете разделено од семејството, мајка која го бара своето блиско, постаро лице принудено да го напушти својот дом,“ додаде министерот Муцунски во обраќањето.На крајот од својот говор, министерот Муцунски ја повтори поддршката за напорите на Украина да воспостави праведен и траен мир врз основа на клучните принципи и цели преку Формулата за мир на Украина.

Македонија | пред 1 година

mucunski-t-1

Министерот Муцунски се обрати на настан по повод Денот на Обединетите Нации

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера по повод 24 октомври, Денот на Обединетите нации, учествуваше на настанот за одбележувањето на 79 години од основањето на Организацијата на обединетите нации, што се одржа во Градскиот парк во Скопје во организација на Канцеларијата на Резидентниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија.„Проблемите со кои се соочуваме како држава и можните решенија ќе ги дефинираме сите ние заедно: Владата, граѓаните, приватниот сектор, и академскиот свет, а се со една цел-остварување на Целите за одржлив развој и создавање на просперитетно и одржливо општество. Малите животни промени на дневна основа се токму тие што ќе ги донесат видливите и големи промени во нашето општество и секојдневно живеење“, истакна Муцунски.Натаму, во своето обраќање Муцунски се осврна на неодамнешниот избор државата во Советот за човекови права на ОН, што претставува престиж и обврска, потенцирајќи ги нашите заложби за заштита и промоција на човековите права кои преку активно членство во Советот ќе бидат високо на агендата и натаму ќе се унапредуваат и обезбедуваат.„Ние остануваме максимално посветени на глобалните процеси и на целите за одржлив развој и ќе продолжиме да ги промовираме суштествените вредности на ОН и да бидеме доверлив партнер во постигнувањето на универзалните цели на ОН - унапредување на човештвото, мирот, правдата, човечкото достоинство, дијалогот, толеранцијата и солидарноста“, нагласи министерот Муцунски.Тој додаде дека Обединетите нации, како една од најважните меѓународни организации, имаат незаменлива улога во градењето и подобрување на просперитетна и инклузивна иднина.

Македонија | пред 1 година

istoriska-komisija-2

Муцунски се сретна со новите членови на Историската комисија: Oдлуките и дискусиите треба да бидат водени врз основа на научни аргументи, без никакви политички притисоци

Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Тимчо Муцунски одржа протоколарна средба со новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.Министерот Муцунски во краткото обраќање пред членовитете на Комисијата истакна дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети им стои на располагање во процесот на одговорно и непречено понатамошно извршување на нивните редовни активности.Тој посочи дека одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода. Воедно, ја истакна и личната заложба за независност во одлучувањето на комисијата, без никакви политички влијанија и притисоци.

Македонија | пред 1 година

sejdini-m

МНР му го „скина“ дипломатскиот пасош на првиот човек на ФФМ, Сејдини

Министертството за надворешни работи одлучи да ја повлече одлуката на поранешниот министер Бујар Османи кој во неговиот мандат од непознати причини му подари дипломатски пасош на првиот човек на Федерацијата. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, веќе не поседува дипломатски македонски пасош.Ваков тип на пасоши добиваат личности кои се заслужни и кои придонеле за афирмација на Македонија насекаде низ светот.Овој потег на МНР доаѓа по низата скандали кои се случија во ФФМ и по серијата на откази на спонзорства на парнетри кои долги години беа поддржувачи на ФФМ.Во меѓувреме МНР ја остави на сила одлуката за пасош со дипломатски почести да ги имаат фудбалерите кои ги имаат ваквите патни исправи, а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.

Македонија | пред 1 година

mucunski3-2

Муцунски: Наша цел е државата да биде кредибилна земја членка на НАТО, посветена на евроинтеграцијата

Говорејќи за активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Муцунски на денешната трибина „100% за тебе“ насловена „Унапредување на дипломатијата и надворешната трговија, интеграцијата во ЕУ и дигиталната трансформација“, истакна дека во првите 100 дена фокусот во ресорот со кој тој раководи бил ставен на поставување на темелите на тоа што треба да се работи во делот на меѓународната политика, но и многу поважно на градење на стратешкиот пристап за понатамошното димензионирање на меѓународната политика. Притоа тој нагласи дека во првите сто дена приоритетот бил ставен на надворешна политика заснована на одржливи и долгорочни приоритети, а воедно ги напомена и активностите насочени кон интеграција во Европската Унија, како и целосната усогласеност на државата со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, поддршката на Украина и важноста почитувањето на меѓународното право во таа насока.Муцунски говореше и на активностите во делот на мултилатералното работење, а како посебно достигнување на успешната меѓународната политика го нагласи прифаќањето на кандидатурата на Република Северна Македонија за член во Советот на човекови права на ОН и кандидатура за членство во Организацијата за забрана на хемиско оружје. Во оваа насока тој додаде дека и во иднина ќе се работи на зголемена и активна улога во меѓународните организации и одлични билатерални односи со сите меѓународни партнери и не само политички, туку и економски релации кои помеѓу другото ќе бидат во насока на заштита на деловниот интерес на домашните компании во странство.„Наша цел е Република Северна Македонија да биде кредибилна земја членка на НАТО, силен партнер во сите меѓународните организации, посветена на евроинтеграцијата во Европската Унија“, нагласи министерот за надворешни работи и надворешна трговија во своето обраќање.Муцунски се осврна и новата надлежности на МНРНТ во делот на надворешната трговија и во таа насока тој информираше дека во финална фаза е изработката на нацрт верзија на Законот за надворешни работи, кој има цел во министерството со кое тој раководи да ги интегрира сите формални надлежности поврзани со надворешната трговија, со што ќе ги направи дипломатско – конзуларни претставништва поангажирани во делот на привлекување на странски инвестиции, што пак ќе резултира со отворање на нови работни места. Муцунски информираше и за процесот на спојување на Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата за технолошки индустриски и развојни зони, а Министерството ќе остане да биде креатор на политиките во делот на надворешната трговија и странски инвестиции.Тој се осврна и на активностите во делот на привлекување странски инвестиции во чии рамки во изминатиот период се остварени средби со приватни компании и стопански комари, каде дел од приватните компании веќе пројавиле интерес за инвестирање во нашата држава.

Македонија | пред 1 година

1-6

Средба Муцунски- Дрекслер: изразено задоволство од развојот на одличните билатерални односи меѓу двете земји

Денес, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ја прими на средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер.На средбата беше изразено заемно задоволство од развојот на одличните билатерални односи меѓу двете земји, кои се одликуваат со редовен политички дијалог и интензивна размена на посети на високо ниво во изминатиот период. На таа линија, беше изразено задоволство од неодамна одржаната средба на министерот Муцунски со германската сојузна министерка за надворешни работи, Аналена Бербок во Берлин, на која беа поздравени одличните билатерални релации и реафирмирана германската поддршка за нашиот европски процес.Посебно беше нагласена важноста од натамошно унапредување на меѓусебната соработка во рамки на евро-интегративниот процес на нашата земја и продолжување на цврстата поддршка на Германија на тој пат. Во овој контекст, министерот Муцунски додаде дека земјата останува силно посветена на исполнување на неопходниот реформски процес за членството во Европската унија.

Македонија | пред 1 година

1-4

Средба Муцунски – Линдквист: нагласен интересот за подобрување на економската соработка и трговската размена со Финска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари прва средба со амбасадорот на Финска со седиште во Белград, Никлас Линдквист.Министерот Муцунски изрази задоволство што над 30 години, двете земји градат партнерски односи и активен политички дијалог, споделувајќи заеднички стратешки интереси за траен мир, стабилност и просперитет. Воедно, тој упати благодарност за доследната и принципиелна поддршка на Финска за македонската интеграција во ЕУ и финската стратешка визија за европската иднина на земјите од Западен Балкан.Министерот Муцунски го нагласи интересот за подобрување на економската соработка и трговската размена со Финска, како и за продлабочување на соработката во други области од интерес на двете страни.

Македонија | пред 1 година

mucunski-berbok-2

Муцунски – Бербок: Нагласена силната поддршка за европската интеграција на Северна Македонија и потврдено цврстото пријателство помеѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес во Берлин оствари билатерална средба со сојузната министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок, што претставува прва официјална средба на двајцата министри по преземањето на министерската позиција на Муцунски.Фокусот на разговорите на средбата беше за одличните политички и економски односи помеѓу двете земји и цврстото партнерство во изминатите 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, за поддршката на Германија на нашиот евроинтегративен пат, како и за други актуелни теми од регионален и европски безбедносен аспект.Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната поддршка и ангажманот на Германија за досега постигнатиот напредок на нашата земја на патот кон ЕУ, како и за посветеноста на Германија за забрзување на целокупниот процес на интегрирање на земјите од Западен Балкан, особено во рамки на иницијативата на Берлинскиот процес.„Германија е предводник на европската перспектива на нашата земја и на целиот регион, а силниот фокус на спроведување на реформите останува во центарот на пристапот на новата влада“, нагласи Муцунски.Министерот Муцунски истакна и дека Германија е клучен политички и економски партнер на нашата земја и еден од најголемите трговски партнери во годините наназад, при што изрази очекување за натамошно јакнење на економското партнерство меѓу двете земји и зголемување на обемот на трговска размена преку нови форми на заемна соработка.На средбата и во рамките на прес-конференцијата, министерот Муцунски изрази убедување дека деблокадата на евроинтегративниот процес преку одржување на втората меѓувладина конференција и итен почеток на преговорите не само што ќе ја зајакне европската реформска агенда во Регионот, туку истиот ќе го направи и многу поотпорен на влијанијата од трети земји, притоа тој нагласи дека деблокирањето на нашиот евроинтеграциски процес е прашање од стратешки и безбедносен интерес, како за Регионот, така и за постојаните заложби на ЕУ.Говорејќи за евроинтеграцијата и европската перспектива на Република Северна Македонија, германската министерка за надворешни работи Ана Бербок истакна дека само обединета Европска Унија која нема да биде блокирана од поединечни земји членки, може во кризни времиња целата своја тежина да ја стави на вагата на глобалната политика.„На нас како Германија ни е посебно важно, да напредуваме во квалификуваното мнозинство, а не само во едногласното одлучување, што би значело дека во пристапниот процес би можеле да одлучуваме со мнозинско, а не едногласно одлучување“, нагласи таа во својата изјава.Потенцирајќи ја силната поддршка од Германија и фактот дека македонската влада посветено напредува во реформскиот процес, германската министерка Бербок ја спомена важноста на реформите во правосудството, борбата против корупција и зајакнување на правната држава.Бербок ја нагласи и нашата улога во регионалните иницијативи и притоа додаде дека Република Северна Македонија до сега преземала сериозна одговорност, пред се во рамки на „Берлинскиот процес“, а потоа и во мултилатералните иницијативи на меѓународната сцена, односно во Советот за човекови права на Обединетите Нации и Извршниот совет на организацијата за забрана на хемиско оружје.

Македонија | пред 1 година

1-1-4

Свечено отворена Канцеларијата на литванската амбасада во Скопје

Со заедничко сечење на лента, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски и литванскиот заменик министер за надворешни работи работи Симонас Шатунас, свечено ја отворија Канцеларијата на литванската амбасада во Скопје.Во поздравното обраќање пред присутните гости од дипломатскиот, политичкиот и општествениот живот, заменик министерот Димитровски истакна дека отворањето на оваа дипломатска канцеларија е доказ за пријателството меѓу двете земји кое се негува и развива скоро триесет години, како и за заедничката определба за натамошно продлабочување на севкупните билатерални односи. Притоа, најави дека посебен фокус во претстојниот период ќе биде ставен на натамошен развој на економската и трговската соработка меѓу двете земји.Осврнувајќи се на придобивките од 20-годишното членство на Литванија во Европската унија, заменик министерот Димитровски меѓу другото истакна: „Ова членство беше многу корисно и ѝ помогна на земјата да се развие економски, политички и социјално. И ние сакаме да ја постигнеме истата цел, а Литванија е наш близок и доверлив партнер на тој пат, за што сме длабоко благодарни“.

Македонија | пред 1 година

mucunski1-1

Муцунски се сретна со францускиот амбасадор: министерот ја истакна важноста на поддршката на Франција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер. Соговорниците разговараа за актуелните прашања поврзани со европската интеграција на нашата земја, улогата на Франција и можностите за понатамошно унапредување на билатералната соработка.Министерот Муцунски ја истакна важноста на засилениот ангажман и поддршката на Франција, како водечка земја членка на ЕУ, за продолжување на процесот на пристапување на нашата земја и регионот. Тој ја реафирмираше посветеноста на земјата за забрзување на евроинтегративниот пат и спроведување на реформите во клучните области, како што се владеењето на правото, правосудството и економското управување.Дополнително, беа дискутирани и перспективите за натамошно зајакнување на политичката и економската соработка, како и заедничките напори за справување со регионалните и глобалните предизвици, со особен акцент на безбедносните прашања.

Македонија | пред 1 година

timco-mucunski

Министерот Муцунски ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува и ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое се одржува од 30 септември до 4 октомври 2024 година во Стразбур.Во годината кога Советот на Европа ја одбележува 75-годишнината од своето основање, министерот Муцунски, на покана на претседателот на Парламентарното собрание, Теодорос Русопулос, ќе се обрати пред парламентарните делегации на земјите членки на организацијата.Во своето обраќање, министерот Муцунски ќе се осврне на актуелните кризи и предизвици со кои се соочува европскиот континент, од руската воена агресија врз Украина, последиците од пандемијата, економската криза, демократското назадување и порастот на екстремизмот и дезинформациите, трговијата со мигранти, па сè до влијанието на климатските промени и новите технологии.Во рамки на посетата на Стразбур министерот Муцунски ќе оствари средба и со претседателот на Парламентарното собрание Теодорос Русопулос, со новиот генерален секретар на Совет на Европа, Ален Берсе, како и со претседателот на Европскиот суд за човекови права, Марко Бошњак.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-02-065718

МНР: Меѓу жртвите и повредените во Израел нема наши државјани

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.Амбасадата во Тел Авив веќе стапи во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на нашата земја.Имајќи ја предвид влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум, велат од МНР.Потсетуваме на СОС дежурните телефони на Министерството +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378, која е целосно екипирана и ставена на располагање за нашите граѓани.Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел, Иран и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуални насоки за постапување, се додава во соопштението на МНР.

Македонија | пред 1 година

j

Средба Муцунски – Јодер во Вашингтон: реафирмирана силната поддршка од САД за македонското членство во ЕУ

На маргините на Конференцијата на глобалната коалиција за борба против ИСИС, Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со заменик помошникот секретар на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот при американскиот Стејт Департмент, Брандон Јодер.На средбата стана збор за борбата против корупцијата и поддршката на САД во делот на владеењето на правото, што е меѓу приоритетите во рамките на Стратешкиот дијалог. Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната поддршка за демократски процеси во земјава.„Високо ја цениме одлука на американската Влада за зголемување на фондовите за меѓународна контрола на наркотици и спроведување на законот, со посебен фокус на развојните програми за Граѓанска безбедност и спроведување на законот, како и за владеење на правото“, истакна министерот Муцунски на средбата.Воедно, соговорниците ја истакнаа потребата од забрзување на евроинтегративниот процес на земјава. Во таа смисла, беше реафирмирана силната поддршка од САД за нашето членство во ЕУ. Поздравено беше и силното сојузништво во рамки на НАТО, поддршката за Украина, како и континуираните заеднички заложби за справување со глобалниот тероризам и современите безбедносни предизвици.

Македонија | пред 1 година

zernovski

Амбасадорот Жерновски повикан на разговори, внукот на Ахмети ги пакува куферите во Брисел - одлуки на Муцунски

Андреј Жерновски, амбасадорот на Македонија во Романија, наредните денови да допатува од Букурешт во Скопје и да седне на консултации со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.Муцунски досега на консултации ги повика македонските амбасадори во Тирана и Рим, Данчо Марковски и Весел Мемеди и амбасадорот на Македонија во Обединетите нации, Љубомир Фрчкоски.Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски го прекина договорот и на Бесиан Ахмети кој е внук на контроверзниот лидер на ДУИ, Али Ахмети.Бесиан досега ја извршуваше функцијата прв секретар во македонската амбасада во Брисел. Муцунски, една година пред предвиденото го прекина неговиот договор и го враќа во Скопје. Ваквата одлука следува по откривањето на негова наводна вмешаност во злоупотребата на концесија на рудник кај Кичево.

Македонија | пред 1 година

besjan-ahmeti

Внукот на Али Ахмети да биде вратен од Брисел каде седи на државен трошок, оти не направил ништо и има кривична за злоупотреби, бара министерот за економија

Откако Министерството за внатрешни работи поднесе против браќата Дрин и Бесиан Ахмети за злоупотреба со концесија за минерални суровини – министерот за економија, Бесар Дурмиши, во чие министерство од 2022 година е вработен Бесиан кој во моментов е испратен на дипломатска мисија во Брисел, побарал од МНР внукот на Ахмети најдоцна до крајот на август да биде вратен во земјава на своето работно место.Според министерот, Бесијан Ахмети за една година во амбасадата во Брисел, каде бил задолжен за привлекување на инвестиции од Белгија, Луксембург и Холандија не направил ништо, дополнително согласно новата реорганизација на министерствата тој треба да биде преместен во министерството за енергетика, како помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесии за геолошки истражувања на минерални суровини. Во однос на кривичната, но и концесијата за експлоатација на минерални суровини, која му била дадена во 2016 година, во време на ДУИ, кога тогаш на чело на министерството бил Дритон Кучи, Дурмиши вели пријави се веќе поднесени и за тоа ќе се погрижат органите на прогон.„Тој е вработен во министерството за економија и труд, и министерството има поденсено барање кај МНР за да се врати на работно место бидејќи тоје однесен таму во мисија во дипломатска функција во амбасадата во Брисел како прв секретар за кој треба да ги надворешни инвестиции Белгија, Холандија, Луксембургние видовме дека до сеганема постигнати резулатати баравмед а биде вратен на работното место.“, изјави Бесар Дурмиши – министер за економија .

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања