Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Муцунски на министерска конференција: Силно ја осудуваме агресивната војна на Русија против Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
t1

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на претседателот Зеленски од Украина, која се одржува во Монтреал, Канада. Конференцијата е организирана во ко-партнерство од министерствата за надворешни работи на Канада, Норвешка и Украина. Фокусот е ставен на третманот на политичките и воените заробеници, незаконски притворените цивили и присилно депортираните деца.

Во рамките на обраќањето на пленарната сесија која се одржа при отворањето на конференцијата, министерот Муцунски се заблагодари за поканата и истакна дека суштината на конференцијата допира не само до рамката на меѓународното хуманитарно право, туку и до суштината на нашата заедничка човечност.

— реклама —

„Ние силно ја осудуваме агресивната војна на Русија против Украина, која досега предизвика непоправливи загуби на човечки животи и разурнување. Целосната инвазија на Украина од страна на Русија претставува напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и флагрантно прекршување на основните начела на меѓународното право и, пред сè, вредностите на човештвото,“ истакна Муцунски во своето обраќање.

— реклама —

Тој потенцираше дека нашата држава силно ја осудува и континуираната повреда на меѓународното хуманитарно право и човековите права од страна на Русија во Украина, што истовремено претставува директно кршење на меѓународното право и Женевските конвенции.

„Сите прекршувања и злоупотреби на човековите права и на меѓународното хуманитарно право мора да бидат истражени, а сторителите изведени пред правдата, во согласност со меѓународното право,“ подвлече министерот Муцунски во обраќањето.

— реклама —

Тој додаде и дека почитувањето на демократските принципи, човековите права и достоинството, како и владеењето на правото, се единствените универзални вредности што треба да бидат почитувани од сите.

— реклама —

„Секој миг што го поминуваме во оваа просторија нè потсетува дека зад секоја статистика стои човечка приказна – дете разделено од семејството, мајка која го бара своето блиско, постаро лице принудено да го напушти својот дом,“ додаде министерот Муцунски во обраќањето.

На крајот од својот говор, министерот Муцунски ја повтори поддршката за напорите на Украина да воспостави праведен и траен мир врз основа на клучните принципи и цели преку Формулата за мир на Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7s47kr1rhv9ucaLUPnK

Надворешната, безбедносната и одбранбената политика на Македонија добија високи оценки во Извештајот на ЕК, тврди Министерството за надворешни работи

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги осуди нападите на Хутите врз аеродромите во Саудиска Арабија

Македонија | пред 1 месец

media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

МНР: Претставник на македонската делегација бил присутен на говорот на Нетанјаху

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-42-7110PM

МНР ги отфрли тврдењата на СДСМ: Нема таен договор за францускиот предлог

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања