„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

МНР

mnr-5-1

МНР: Формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата на Блискиот Исток и е достапен 24 часа

Согласно последниот развој на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека во рамки на институцијата е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција на македонските државјани.Министерството апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја внимателно да ги следат официјалните известувања на надлежните институции и строго да постапуваат согласно безбедносните протоколи. Воедно, се препорачува одложување на сите ненeопходни патувања кон земјите од овој регион сè до подобрување на безбедносната состојба.Министерството, со сите свои капацитети и преку дипломатско-конзуларните претставништва, останува целосно на располагање на македонските државјани и ќе продолжи навремено да ја информира јавноста за сите релевантни информации и понатамошни насоки.Ги потсетуваме нашите државјани дека во случај на потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат на следните контакти:Министерство за надворешни работи и надворешна трговијаТел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Македонија | пред 5 часа

mnr-5-1

МНР апелира: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека поради влошената безбедносна состојба во Израел, упатува апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.Истовремено, Министерството препорачува сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба.Според информациите добиени од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување. Сите комерцијални влезни и излезни летови се суспендирани, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.Од Министерството ги потсетуваат државјаните дека во случај на потреба од помош можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив на телефонските броеви +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546, како и на електронската адреса telaviv@mfa.gov.mk.Дополнително, на располагање е и дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија: +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk.Министерството соопштува дека преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив континуирано ја следи состојбата и дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни случувања.

Македонија | пред 13 часа

media-library69qcn2j2upiqfgUIlYm

МНР апелира: Македонските државјани да го напуштат Мексико поради влошена безбедносна состојба

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. „Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: globalsos@mfa.gov.mk, како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: washington@mfa.gov.mk. Министерството континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 дена

media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Муцунски од Минхен: За 20 месеци склучивме клучни стратешки договори, геополитичката ера е променета, мора јасно да се позиционираме

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Минхенската безбедносна конференција изјави дека во изминатите дваесет месеци државата донела одлуки и склучила договори од исклучително значење за нејзиното стратешко позиционирање, оценувајќи дека надворешната политика веќе дава конкретни резултати за граѓаните и економијата.Муцунски посочи дека меѓу клучните исчекори е Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, нагласувајќи дека државата била прва во регионот што склучила ваков договор. Потоа следело новото стратешко партнерство со Обединетото Кралство, како и завршувањето на постмониторингот од Советот на Европа.Како четврти значаен документ, министерот ја издвои Заедничката изјава за реципрочна трговија со Соединетите Американски Држави, која, според него, обезбедува јасен пат кон договор за реципрочна трговија. Тој појасни дека изјавата предвидува задржување на тарифата од 15 проценти, што е пониска во споредба со голем број држави, но и отвора можност за намалување на тарифите до нула проценти за одредени гранки и производи значајни за извозот кон САД.Според Муцунски, целта е создавање подобри услови за домашната деловна заедница, како и продлабочување на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави во областа на енергетиката и дигиталната трансформација.Министерот оцени дека надворешнополитичката траекторија на државата е јасна и дека во релативно краток период се направени конкретни исчекори во повеќе клучни области. Тој нагласи дека овие чекори носат директни придобивки за граѓаните, стопанството и за целокупната позиција на државата на меѓународната сцена.Осврнувајќи се на пораките од Минхенската безбедносна конференција, Муцунски истакна дека од европските и американските претставници доаѓа јасен сигнал дека Европа треба да се врати кон своите основни вредности, не само во безбедносен, туку и во поширок цивилизациски контекст. Според него, неопходно е зајакнување на безбедносната архитектура, но и преиспитување на одредени политики што придонеле за намалување на економската моќ на континентот.Тој додаде дека Соединетите Американски Држави испраќаат порака за партнерство и заедничка соработка во рамки на трансатлантските односи, што е значајно од аспект на колективната безбедност и иднината на НАТО како алијанса. Муцунски заклучи дека геополитичката ера на која светот беше навикнат во изминатите децении е променета и дека државата мора јасно да се позиционира во согласност со новите глобални трендови.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh7vu6v5hhldf6K6TAnh

Осуда од МНР за инцидентот со Амбасадата на Бугарија: Се преземаат мерки за целосно расветлување

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија го осуди инцидентот што се случи денеска, при кој непознато лице скрши стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.„МНР за кршењето на стаклото на бугарската амбасада: Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува инцидентот што се случи денес, во кој непознато лице скрши стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје“, велат од МНР.Претходно од Министерството за внатрешни работи информираа дека инцидентот бил забележан преку видео-надзорот на амбасадата, при што службеник за безбедност пријавил дека едно лице оштетило стакло на влезната врата на објектот. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на сторителот и за целосно документирање на настанот.Во меѓувреме, бугарското Министерство за надворешни работи реагираше остро, оценувајќи го инцидентот како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на меѓународните норми. Од Софија побараа брза и ефикасна истрага, како и гаранции за безбедноста на нивното дипломатско претставништво во Скопје, најавувајќи дека внимателно ќе го следат развојот на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-librarygfr51l0lud7p26M1rOU

Бугарското МНР тврди дека била нападната амбасадата во Скопје

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека на денеска непознато лице извршило напад врз објектот на Бугарската амбасада во Скопје, оценувајќи го настанот како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи, пренесува агенцијата БГНЕС. Тие не посочуваат за каков напад станува збор, а амкедонските медиуми објавија дека било пукнато стакло на влезната врата. Според бугарскот амбасадор, камерите регистрирале како лице се доближило и потоа го пукнало стаклото.Во реакцијата се наведува дека станува збор за напад врз објект кој, како што посочуваат од Софија, претставува симбол на државноста и официјалното присуство на Република Бугарија во Република Северна Македонија. Бугарското МНР изрази длабока загриженост дека ваквиот инцидент е резултат на, како што наведуваат, недоволна и навремена реакција на надлежните институции во земјава при претходни случаи на вандализам и инциденти поврзани со објекти и лица кои Софија ги поврзува со бугарската заедница.Во соопштението се истакнува дека институционалната неактивност, во комбинација со говор на омраза, според нив, создава атмосфера во која ваквите дејствија се повторуваат и ескалираат. Бугарската дипломатија побара од надлежните органи во Северна Македонија итно да преземат мерки за идентификување на сторителот, негово соодветно санкционирање и обезбедување целосна безбедност на дипломатските и конзуларните претставништва, нивниот персонал и имот.Од Министерството за надворешни работи на Бугарија очекуваат јасно и недвосмислено дистанцирање на институциите во Македонија од сите форми на омраза, поефикасна борба против ваквите инциденти и доследно почитување на меѓународните обврски. Воедно, најавуваат дека внимателно ќе го следат развојот на случајот и дека го задржуваат правото на дополнителни дипломатски чекори во заштита на, како што наведуваат, бугарските интереси.

Македонија | пред 1 месец

mnr-5-1

МНР до Софија: Наместо политички оценки, очекуваме европски однос и почит кон македонскиот јазик

Министерството за надворешни работи реагираше на изјавите од официјална Софија во врска со Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на заедниците. Од МНР порачаа дека Северна Македонија останува доследна на европските принципи и на меѓусебната почит меѓу соседите и очекуваат истиот пристап да биде применет и од бугарска страна — особено кога станува збор за признавање и уважување на македонскиот јазик.Оттаму посочуваат дека документот не е резултат на кратка постапка, туку на повеќегодишна работа што започнала уште во 2023 година, а интензивирана во последните шест месеци од 2025. Во процесот биле вклучени домашни и странски експерти од областа на меѓународното право и човековите права, а финалната верзија била усогласена и со европските стандарди.МНР нагласува дека сите забелешки од засегнатите страни биле земени предвид и дека целта на акцискиот план е да обезбеди заштита и унапредување на правата на заедниците, во согласност со Уставот и со европската рамка. Дополнително, институцијата ја отфрла тезата за наводно еднострано или затскриено носење на документот.Во реакцијата се истакнува дека Северна Македонија се обидува да биде позитивен пример во регионот кога станува збор за почитување на правата на заедниците, а дека отворените и добронамерни односи со соседите се клучни за стабилност и напредок.„Очекуваме и од Бугарија европски пристап — со взаемна почит, со воздржување од неосновани коментари и со почитување на македонскиот јазик“, наведуваат од МНР.Во заклучок, Министерството порачува дека приоритет остануваат владеењето на правото, дијалогот и практичната имплементација на политиките во интерес на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Атина го потсети Мицкоски за Преспа: „Државата се вика Северна Македонија“!

Од официјална Атина пристигна јасна и недвосмислена порака во врска со почитувањето на Преспанскиот договор, откако грчкото Министерство за надворешни работи објави реакција во која го нагласува меѓународно-правниот карактер на договорот и обврската за неговата целосна примена.Грција истакнува дека уставното име „Северна Македонија“ е прецизно дефинирано во член 1 од Преспанскиот договор и дека за двете држави е обврзувачко на сите нивоа – домашни и меѓународни. „Нема место за искривување или менување на содржината на договорот“, порачаа од МНР на Грција, додавајќи дека почитувањето на договорите е темел за стабилни односи и мирен соживот меѓу државите.Оваа реакција следи по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во програма на ТВ Сител, каде, одговарајќи на критики од СДСМ, рече дека „го вратил името“.Во соопштението од Атина дополнително се нагласува дека Преспанскиот договор не е политичка декларација, туку дел од меѓународното право чија примена мора да биде „униформна и универзална“.Грција потсетува и дека развојот на билатералните односи, како и непреченото продолжување на европскиот пат на Северна Македонија, се условени од доследното почитување на договореното и од принципите на добрососедство.

Македонија | пред 2 месеци

mucunski-c

Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски категорично ги отфрли шпекулациите дека Владата или Министерството воделе разговори со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти.„Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти. Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера,“ напиша Муцунски.Тој оцени дека ваквите тврдења се „неосновани, штетни и исклучиво насочени кон дневнополитички поени“, повикувајќи ги сите политички субјекти да се држат до фактите и да покажат „минимум одговорност“.„Ваквите изјави, за жал, се израз на целосно непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата. Со Обединетото Кралство имаме стратешко партнерство засновано на заемна доверба, политичка, економска и безбедносна соработка, а не на шпекулации и сензационализам,“ порача министерот.Реакцијата на Муцунски следи по изјавата на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој праша дали Владата разговара за евентуално прифаќање мигранти по примерот на договорите што Лондон ги склучува со трети земји.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarymev8shpo3mm932tTBEB

(Фото) Младиот човек кој беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев

Младиот човек, кој во петокот беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци.МНР денеска потврди дека станува збор за македонски државјанин роден 1986 година во Кочани.Неофицијално, како што претходно соопштија словенечките власти, тој бил претепан до смрт.Истрагата е во тек, заради што и не соопштуваат други детали.

Македонија | пред 4 месеци

mucunski4-2

Муцунски: Градиме нови пријателства, но остануваме верни на НАТО, ЕУ и партнерството со САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за NewsMax Balkans зборуваше за европската интеграција на државата, регионалните прашања, НАТО-членството, партнерството со ЕУ во областа на безбедноста и одбраната, како и за странските инвестиции.Тој нагласи дека Владата активно работи на проширување на меѓународните пријателства, без да ги запостави темелните стратешки приоритети – членството во НАТО, патот кон ЕУ и сојузништвото со САД.Муцунски потсети дека неодамна ја потпишал Заедничката декларација за стратешко партнерство со Велика Британија, како и билатерален договор меѓу двете влади, кој според него има историско значење поради обемот и содржината.„Благодарение на овој договор ќе се реализираат клучни инвестиции во неколку значајни сектори – меѓу кои Коридорот 10, здравствениот систем и дигиталната инфраструктура,“ истакна министерот.Како посебен пример на пријателство, Муцунски го наведе партнерството со Унгарија, кое, како што рече, веќе носи конкретни резултати – инфраструктурни проекти во повеќе општини, значителна финансиска помош за државата и директна поддршка за македонските компании.Министерот потсети дека Владата го потпишала и Договорот за партнерство со Европската Унија во сферата на безбедноста и одбраната. „Веќе е реализирана првата поддршка – Министерството за одбрана доби 20 милиони евра за набавка на опрема значајна за одбраната и безбедноста на државата,“ додаде тој.На крајот од интервјуто, Муцунски ја потенцираше конзистентноста на Владата во однос на меѓународната политика:„Активно работиме на проширување на пријателствата, но без да ги запоставиме нашите приоритети: НАТО-членството, европската интеграција и стратешкото партнерство со САД, кое е клучна гаранција за стабилноста на регионот.“

Македонија | пред 6 месеци

reka-Italija

МНР: Деветгодишно девојче од Македонија трагично загина во Италија

Македонското Министерство за надворешни работи информира дека на 29 јуни, во местото Сан Џакомо ди Педероба во близина на Тревизо, трагично загинало деветгодишно девојче со потекло од Македонија.Несреќата се случила покрај брегот на реката Пјаве. Конзулатот во Венеција е известен за настанот и, како што велат од МНР, е во редовна комуникација со семејството на починатото дете, со цел завршување на сите потребни постапки за транспорт на посмртните останки во Македонија.Ask ChatGPT

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2024-09-29-at-09.17.46

МНР апелира: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји.,, Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.Покрај претходниот повик до сите граѓани на Република Северна Македонија кои престојуваат во Израел да ја контактираат Амбасадата во Тел Авив, ги повикуваме и македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби”, велат од МНР.За итни случаи, граѓаните можат да ги користат следните контакти:Амбасада во Тел Авив: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546 – telaviv@mfa.gov.mkАмбасада во Абу Даби: +971 56 441 7532 – abudabi@mfa.gov.mkАмбасада во Доха: +974 50 173 111 – doha@mfa.gov.mkМНР дежурни броеви: +389 75 273 732 / +389 75 268 736 – globalsos@mfa.gov.mk

Свет | пред 8 месеци

foto

Четири деца и четири возрасни евакуирани од Израел и вратени во Скопје

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром.Станува збор за осум лица – четири деца и четири возрасни – кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде со авион во сопственост на Владата беа транспортирани до Скопје.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, преку социјалните мрежи информираше за успешно завршениот процес на евакуација, нагласувајќи дека со оваа операција нашата земја се вбројува меѓу првите во Европа кои организираа и реализираа безбедно враќање на свои државјани од зоната на конфликт на Блискиот Исток.Министерството, преку дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, останува во континуирана комуникација со останатите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел. За сите прашања и конзуларна поддршка, на располагање се дежурните телефонски броеви.

Македонија | пред 8 месеци

mucunski-c

Македонци заглавени во Израел – државата активира кризен штаб за евакуација

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево на прес-конференција информираше за преземените активности поврзани со евакуацијата на македонските државјани од Израел.Министерот нагласи дека веднаш по добиените информации за ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството преку дипломатско-конзуларното претставништво во Израел започнало активности за евакуација на македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на таа земја. Формиран е кризен штаб со примарна надлежност за организација на безбедно извлекување на нашите државјани, а Амбасадата во Тел Авив од самиот почеток на кризата е во редовна и директна комуникација со нив.„Согласно најновите информации, заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација. Првата фаза од процесот ќе се реализира преку трета земја – Египет. Очекуваме осум наши државјани (четири возрасни лица и четири деца) до крајот на денешниот ден, или најдоцна утре, да бидат префрлени на безбедна територија, од каде што по воздушен пат ќе се изврши нивно враќање во земјата“, изјави Муцунски.Тој додаде дека македонската амбасада во Тел Авив активно ги финализира подготовките за првата група – вклучително и обезбедувањето на потребната документација, логистиката и организацијата на безбеден конвој за трансфер кон Египет.„Како што беше побарано од самите државјани, втората група се очекува да ја напушти територијата на Израел и да замине кон нашата држава веднаш по воспоставувањето на редовен авионски сообраќај од аеродромот во Тел Авив“, додаде министерот.Со оглед на прекинот на редовниот воздушен сообраќај со Израел, оваа фаза од евакуацијата ќе се реализира со авион во сопственост на Владата, кој ќе обезбеди транспорт за првата група државјани кои изразија подготвеност веднаш да ја напуштат територијата на Израел.Муцунски посочи дека персоналот на нашата амбасада се наоѓа на безбедна локација и останува постојано на располагање на македонските граѓани. Воедно, потсети дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до сите наши државјани да се воздржат од патувања во Израел и Иран, освен во случаи на апсолутна неопходност.„Повторно нагласуваме дека 24-часовно се достапни дежурните телефонски броеви на Министерството и на нашата амбасада во Тел Авив за сите прашања, поддршка и конзуларна помош“, подвлече министерот.На крајот на прес-конференцијата, Муцунски упати апел до сите страни да го почитуваат меѓународното право и да покажат воздржаност.„Внимателно ја следиме состојбата на Блискиот Исток и ја изразуваме нашата најдлабока загриженост за опасната ескалација. Ја повторуваме нашата силна посветеност на регионалната и глобалната безбедност и апелираме до сите страни да го почитуваат меѓународното право, да покажат воздржаност и да се воздржат од понатамошни дејствија кои би можеле да доведат до сериозни последици“, заклучи министерот Муцунски.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања