Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Муцунски: Градиме нови пријателства, но остануваме верни на НАТО, ЕУ и партнерството со САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
mucunski4-2

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за NewsMax Balkans зборуваше за европската интеграција на државата, регионалните прашања, НАТО-членството, партнерството со ЕУ во областа на безбедноста и одбраната, како и за странските инвестиции.

— реклама —

Тој нагласи дека Владата активно работи на проширување на меѓународните пријателства, без да ги запостави темелните стратешки приоритети – членството во НАТО, патот кон ЕУ и сојузништвото со САД.

— реклама —

Муцунски потсети дека неодамна ја потпишал Заедничката декларација за стратешко партнерство со Велика Британија, како и билатерален договор меѓу двете влади, кој според него има историско значење поради обемот и содржината.

— реклама —

„Благодарение на овој договор ќе се реализираат клучни инвестиции во неколку значајни сектори – меѓу кои Коридорот 10, здравствениот систем и дигиталната инфраструктура,“ истакна министерот.

Како посебен пример на пријателство, Муцунски го наведе партнерството со Унгарија, кое, како што рече, веќе носи конкретни резултати – инфраструктурни проекти во повеќе општини, значителна финансиска помош за државата и директна поддршка за македонските компании.

Министерот потсети дека Владата го потпишала и Договорот за партнерство со Европската Унија во сферата на безбедноста и одбраната. „Веќе е реализирана првата поддршка – Министерството за одбрана доби 20 милиони евра за набавка на опрема значајна за одбраната и безбедноста на државата,“ додаде тој.

На крајот од интервјуто, Муцунски ја потенцираше конзистентноста на Владата во однос на меѓународната политика:

„Активно работиме на проширување на пријателствата, но без да ги запоставиме нашите приоритети: НАТО-членството, европската интеграција и стратешкото партнерство со САД, кое е клучна гаранција за стабилноста на регионот.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl5r8ekvdotj1cSZCEQ4

Завршена евакуацијата: 605 македонски државјани извлечени од Блискиот Исток

Македонија | пред 3 дена

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Македонските граѓани во Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија ќе се вратат во земјава со специјален лет на 11 март

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Евакуацијата е бесплатна, приоритет имаат мајки со деца: има лице кое бара да не биде извлекувано преку Египет

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh68h47mn5uandMzFoBP

14 лица не се појавиле на летот за евакуација од Дубаи, планирани се уште два летови, 89 лица чекаат да бидат извлечени

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања