„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

муцунски

mucunski-3

Учество на министерот Муцунски на Состанок на министрите за надворешни работи на Централно Европска Иницијатива

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе земе учество на состанокот на Министри на надворешни работи на Централно европска иницијатива (ЦЕИ) кој во рамки на албанското претседавање со иницијативата се одржува денес во Тирана.Фокусот на темите на состанокот ќе биде ставен на ЕУ проширувањето во новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици се рефлектираат како на регионалната, така и на меѓународната безбедност и стабилност.За време на министерскиот состанок се очекува да биде усвоена Заедничка изјва од страна на сите министри на земјите членки на ЦЕИ, потврда за изборот на нов Генерален секретар на ЦЕИ и утврдување на следната земја претседавач со иницијативата - Република Србија.

Македонија | пред 1 година

mucunski-4

Потпишување Партнерството за безбедност и одбрана помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија – Министерот Муцунски во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што, заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, ќе го потпишат Партнерството за безбедност и одбрана помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Потпишувањето и работната средба ќе се одржат на маргините на состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи.Склучувањето на Партнерството за безбедност и одбрана претставува значаен чекор во продлабочувањето на практичната соработка меѓу Северна Македонија и Европската Унија. Ова партнерство ќе овозможи заедничко справување со хибридните закани, унапредување на сајбер безбедноста, борба против тероризмот, спроведување на мисии и операции, како и соработка во други области од доменот на одбраната и безбедноста.Северна Македонија, заедно со Албанија, се првите земји од регионот на Западен Балкан со кои ЕУ ќе воспостави ваков вид на партнерство. Овој значаен чекор следува по слични договори склучени со Канада, Норвешка и Молдавија, кои дополнително ја истакнуваат посветеноста на Унијата на јакнење на европската безбедносна архитектура.По, потпишувањето, предвидено е во 16 часот министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел да одржат заедничка прес конференција.

Македонија | пред 1 година

mucunski-1-1

Одвоени средби на министерот Муцунски со амбасадорката на Грција, Филипиду, и амбасадорот на Ирска со седиште во Букурешт, Вард

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на одвоени средби ги прими амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, и вонредниот и ополномоштен амбасадор на Ирска за Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт, Брендан Вард.На средбата со амбасадорката Филипиду уште еднаш беше потврден заемниот интерес за негување на добрососедските односи, со акцент на важноста од одржување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот преку негово целосно интегрирање во Европската Унија. Дополнително, беа реафирмирани заложбите што двајцата министри ги истакнаа на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, особено во делот на унапредување на соработката во одбраната, инфраструктурното поврзување, енергетиката, културата и туризмот, со посебен акцент на економската соработка.На средбата со амбасадорот Вард, беа поздравени пријателските односи и взаемните заложби за интензивирање на политичкиот дијалог, како и на економската и секторската соработка. Во оваа прилика, министерот Муцунски изрази благодарност до ирската страна за безрезервната поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, и ја изрази својата надеж дека земјата наскоро ќе ги започне пристапните преговори за членство во Унијата.

Македонија | пред 1 година

mucunski-fr-1

Средба меѓу Муцунски и францускиот амбасадор: акцентот во разговорите ставен на европската интеграција на Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес го прими амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.Оваа средба следува по неодамнешната средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, која ја оствари делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, извести МНР.Во разговорите со амбасадорот Ле Риголер, акцентот беше ставен на европската интеграција на Северна Македонија, при што министерот Муцунски ја истакна потребата за засилен ангажман и поддршка од Франција како една од водечките членки на ЕУ. Дополнително, министерот ја нагласи посветеноста на Владата на спроведување на клучните реформи за членството во Унијата.Двете страни разменија мислења за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните предизвици во областа на регионалната безбедност, соопшти МНР.

Македонија | пред 1 година

mucunski-1

Средба на министерот Муцунски со Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Франческо Саверио Џусти

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово го прими Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Франческо Саверио Џусти.За време на разговорот беше изразено задоволство од успешниот развој на билатералните односи кои се одраз на меѓусебно разбирање и искрена почит. Министерот Муцунски изрази благодарност за досегашните реализирани донации заедно со организираните хуманитарни акции кои оставаат траен белег во зацврстувањето на меѓусебните односи, велат од МНР.Во разговорите со својот соговорник, министерот Муцунски ги поздрави континуираните заложби на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта на меѓународната сцена, посебно вреднувани заради вековните заложби за воздигнување на хуманоста и меѓусебното разбирање.На средбата беа разменети мислења за можностите за потпишување на рамковен договор за соработка кој би можел да овозможи зголемена соработка во повеќе области кои се во согласност со природата на работата на Редот, како здравство, социјална работа, хуманитарни активности, соопшти МНР.

Македонија | пред 1 година

Mucunski_7112024_1

Муцунски на работен појадок организиран од унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто

Во пресрет на состанокот на Европската политичка заедница што се одржува во Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Петер Сијарто, присуствуваше на работен појадок, каде заедно со своите колеги министри за надворешни работи разменија мислења за актуелните глобални и европски политички прашања.Фокусот на дискусијата беше ставен на динамиката на евро-атлантските интегративни процеси и специфичните предизвици на секоја од земјите. Притоа, министрите се согласија дека интеграцијата во Европската Унија останува врвен приоритет, проследен со почитување на европските вредности. Во своето обраќање, министерот Муцунски го истакна долгиот евроинтеграциски пат што државата го изоди во изминатите две децении и говореше за кредибилноста на проширувањето, кое треба да се заснова на исполнување на реформската агенда, соопшти МНР.Попладнево, како дел од делегацијата предводена од претседателот на владата, Христијан Мицкоски, министерот Муцунски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница, каде фокусот ќе биде ставен на теми како што се енергетската безбедност, економската сигурност и регионалното поврзување, се додава во соопштението на Министерството.

Македонија | пред 1 година

mucunski-mickoski

Мицкоски и Муцунски на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за европски прашања, Тимчо Муцунски денсеска учествуваа на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се оддржува во Будимпешта, Унгарија.„Европската политичка заедница е меѓувладин форум за политичка и стратешка дискусија за иднината на Европа. Основан е во 2022 година. Групата прв пат се состанува во октомври 2022 година во Прага со учесници од 44 држави, како и претставници од Европскиот совет и Европската комисија“, извести Мицкоски.Премиерот ќе има излагање на сесијата посветена на темата економска сигурност и меѓусебно поврзување.

Македонија | пред 1 година

Mucunski-Dvorzak.-6112024

Работна посета на Муцунски во Прага: Средба со министерот за европски прашања Дворжак и претставници на парламентот

Во рамки на работната посета на Прага, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера се сретна со министерот за европски прашања Мартин Дворжак и членови на парламентарните комисии, а во понеделникот се обрати и пред студентите на Универзитетот Њујорк.На средбата со министерот Дворжак беа разменети мислења за предизвиците на европскиот пат, при што беше нагласена цврстата посветеност на нашата држава кон реформската агенда, со цел отворање нова фаза во европскиот процес и постигнување целосно членство во ЕУ.Во рамки на средбата со членовите на Комисијата за надворешна политика и членовите на парламентарната група за соработка со нашето Собрание, Муцунски се осврна на значењето на парламентарната дипломатија и нејзината важна улога во зајакнување на целокупните односи. Беа споделени и заложбите за понатамошно унапредување на парламентарната соработка и интензивирање на дијалогот на сите нивоа.Во своето обраќање пред студентите на Универзитетот Њујорк во Прага, на тема „Евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан,“ министерот Муцунски говореше за важноста од што поскоро членство на земјите од регионот во ЕУ и постигнувањата на Западен Балкан во изминатиот период. Тој потенцираше дека е неопходна предвидливост на процесот на ЕУ проширување, истакнувајќи дека должината и непредвидливоста на овој процес имаат повеќеслојно негативно влијание, вклучително и врз перцепцијата на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

mucunski-praga-2

Работна посета на министерот Муцунски во Прага: Средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес е во работна посета на Прага, Чешка. Во рамките на посетата, тој утрово заедно со министерката за енергетика, Сања Божиновска, оствари средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек, а по средбата имаа свое обраќање на македонско-чешкиот бизнис форум.Средбата со министерот Влчек се фокусираше на одличната економска соработка и интересот за нејзино понатамошно унапредување. Притоа, беше истакната важноста на досегашните состаноци на Мешовитиот комитет по Договорот за економска и индустриска соработка меѓу двете земји, како и размена на мислења за конкретни иницијативи и активности кои ќе придонесат за зајакнување на економските врски.Во рамките на македонско-чешкиот бизнис форум, министрите Муцунски и Божиновска, заедно со чешкиот министер Влчек, ги претставија можностите за инвестирање во двете држави.Презентирани беа иницијативите на македонската влада за подобрување на бизнис-климата, привлекување странски инвестиции и поттикнување на извозот. Дополнително, беа истакнати можностите за економска соработка и инвестициски проекти со цел земјава да стане следна дестинација за странски директни инвестиции, што ќе придонесе за засилено економско партнерство меѓу двете земји.

Македонија | пред 1 година

mucunski-1

Министерот Муцунски во официјална посета на Република Чешка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре е во официјална посета на Република Чешка.Централно место во разговорите на двајцата министри се очекува да биде перспективата на евроинтегративниот процес на нашата земја, спроведувањето на реформската агенда и во таа насока поддршката на Република Чешка за европското досие на нашата земја. Ќе бидат разгледани и можностите за унапредување на севкупните билатерални односи, со особена заложба за зајакнување на економската соработка. Двајцата министри ќе одржат и прес-конференција, а ќе имаат и поздравни обраќања на бизнис форумот кој се организира во соработка со чешко-македонската трговска асоцијација.Покрај средбата со својот домаќин, министерот Муцунски ќе се сретне и со министерот за европски работи, Мартин Дворжак и министерот за индустрија и трговија, Лукаш Влчек, како и со претседавачот и членовите на Парламентарната група за соработка со нашето Собрание и со претседателот на Сенатот, Милош Вистрчил. Во рамки на посетата, предвидено е министерот Муцунски да одржи предавање на University of New York во Прага.

Македонија | пред 1 година

1

Муцунски од Монтреал: Неопходно е да се изградат механизми за безбедно враќање на украинските цивили и депортираните деца и да се потврдат заеднички вредности на сочувство, солидарност и издржливост

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изминатите два дена учествуваше на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на претседателот Зеленски од Украина, што се одржа во Монтреал, Канада. Во фокусот на конференцијата беше третманот кон политичките и воените заробеници, незаконски притворените цивили и присилно депортираните деца.Покрај обраќањето на воведната сесија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија говореше на сесијата на тема : „Механизми за безбедно враќање дома на заробените украински цивили и депортираните деца.“Во говорот пред присутните тој ja нагласи неопходноста од почитување на принципите на безбедност, соработка и, пред сè, човечко достоинство, потенцирајќи ја итната потреба да се обезбедат безбедни, достоинствени и одржливи патишта за враќање на Украинците раселени од конфликтот, притоа нагласувајќи дека одговорот не смее да биде рамнодушен или со двоумење, туку јасна посветеност на акција.Муцунски додаде и дека со заедничка работа и посветеност може да се изградат механизми кои не само што ќе го олеснат безбедното враќање, туку и ќе ги потврдат нашите заеднички вредности на сочувство, солидарност и издржливост.„Нашето учество и посветеност денеска ќе испратат силна порака за тоа како можеме да работиме заедно не само за заштита на човековите права, туку и за да се осигураме дека секое патување кон безбедност и достоинство е почитувано и олеснето“, додаде Муцунски.На маргините на конференцијата, министерот Муцунски оствари билатерални средби сo косовската министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала, српската министерка за евроинтеграции, Тања Мишевиќ, и потпретседателот на Европскиот парламент, Николае Штефанута. Фокусот на средбите беше ставен на актуелните меѓународни прашања, процесот на евроинтеграција и регионалните теми, вклучително и надворешно-политичките приоритети и состојбите во непосредното опкружување.

Македонија | пред 1 година

t1

Муцунски на министерска конференција: Силно ја осудуваме агресивната војна на Русија против Украина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на претседателот Зеленски од Украина, која се одржува во Монтреал, Канада. Конференцијата е организирана во ко-партнерство од министерствата за надворешни работи на Канада, Норвешка и Украина. Фокусот е ставен на третманот на политичките и воените заробеници, незаконски притворените цивили и присилно депортираните деца.Во рамките на обраќањето на пленарната сесија која се одржа при отворањето на конференцијата, министерот Муцунски се заблагодари за поканата и истакна дека суштината на конференцијата допира не само до рамката на меѓународното хуманитарно право, туку и до суштината на нашата заедничка човечност.„Ние силно ја осудуваме агресивната војна на Русија против Украина, која досега предизвика непоправливи загуби на човечки животи и разурнување. Целосната инвазија на Украина од страна на Русија претставува напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и флагрантно прекршување на основните начела на меѓународното право и, пред сè, вредностите на човештвото,“ истакна Муцунски во своето обраќање.Тој потенцираше дека нашата држава силно ја осудува и континуираната повреда на меѓународното хуманитарно право и човековите права од страна на Русија во Украина, што истовремено претставува директно кршење на меѓународното право и Женевските конвенции.„Сите прекршувања и злоупотреби на човековите права и на меѓународното хуманитарно право мора да бидат истражени, а сторителите изведени пред правдата, во согласност со меѓународното право,“ подвлече министерот Муцунски во обраќањето.Тој додаде и дека почитувањето на демократските принципи, човековите права и достоинството, како и владеењето на правото, се единствените универзални вредности што треба да бидат почитувани од сите.„Секој миг што го поминуваме во оваа просторија нè потсетува дека зад секоја статистика стои човечка приказна – дете разделено од семејството, мајка која го бара своето блиско, постаро лице принудено да го напушти својот дом,“ додаде министерот Муцунски во обраќањето.На крајот од својот говор, министерот Муцунски ја повтори поддршката за напорите на Украина да воспостави праведен и траен мир врз основа на клучните принципи и цели преку Формулата за мир на Украина.

Македонија | пред 1 година

mucunski

Министерот Муцунски учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина, која се одржува во Монтреал, Канада. Конференцијата е организирана во ко-партнерство од страна на министерствата за надворешни работи на Канада, Норвешка и Украина.На конференцијата се очекува министрите да разменат мислења и ставови околу враќањето на воените заробеници и незаконски притворените цивили како резултат на руско-украинската војна, како и за изнаоѓање најсоодветни механизми за враќање на незаконски раселените и присилно депортираните украински деца од страна на Руската Федерација. Дополнително, се очекува од конференцијата да произлезе акциски план за ослободување на притворените цивили, воени и политички заробеници, како и за враќање на депортираните деца. Планот ќе опфати и мерки за нивна рехабилитација и повторна реинтеграција со нивните семејства по враќањето во татковината.Во рамките на конференцијата, предвидено е Муцунски да оствари и неколку билатерални средби.

Македонија | пред 1 година

mucunski-t-1

Министерот Муцунски се обрати на настан по повод Денот на Обединетите Нации

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера по повод 24 октомври, Денот на Обединетите нации, учествуваше на настанот за одбележувањето на 79 години од основањето на Организацијата на обединетите нации, што се одржа во Градскиот парк во Скопје во организација на Канцеларијата на Резидентниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија.„Проблемите со кои се соочуваме како држава и можните решенија ќе ги дефинираме сите ние заедно: Владата, граѓаните, приватниот сектор, и академскиот свет, а се со една цел-остварување на Целите за одржлив развој и создавање на просперитетно и одржливо општество. Малите животни промени на дневна основа се токму тие што ќе ги донесат видливите и големи промени во нашето општество и секојдневно живеење“, истакна Муцунски.Натаму, во своето обраќање Муцунски се осврна на неодамнешниот избор државата во Советот за човекови права на ОН, што претставува престиж и обврска, потенцирајќи ги нашите заложби за заштита и промоција на човековите права кои преку активно членство во Советот ќе бидат високо на агендата и натаму ќе се унапредуваат и обезбедуваат.„Ние остануваме максимално посветени на глобалните процеси и на целите за одржлив развој и ќе продолжиме да ги промовираме суштествените вредности на ОН и да бидеме доверлив партнер во постигнувањето на универзалните цели на ОН - унапредување на човештвото, мирот, правдата, човечкото достоинство, дијалогот, толеранцијата и солидарноста“, нагласи министерот Муцунски.Тој додаде дека Обединетите нации, како една од најважните меѓународни организации, имаат незаменлива улога во градењето и подобрување на просперитетна и инклузивна иднина.

Македонија | пред 1 година

mucunski3-2

Муцунски: Наша цел е државата да биде кредибилна земја членка на НАТО, посветена на евроинтеграцијата

Говорејќи за активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Муцунски на денешната трибина „100% за тебе“ насловена „Унапредување на дипломатијата и надворешната трговија, интеграцијата во ЕУ и дигиталната трансформација“, истакна дека во првите 100 дена фокусот во ресорот со кој тој раководи бил ставен на поставување на темелите на тоа што треба да се работи во делот на меѓународната политика, но и многу поважно на градење на стратешкиот пристап за понатамошното димензионирање на меѓународната политика. Притоа тој нагласи дека во првите сто дена приоритетот бил ставен на надворешна политика заснована на одржливи и долгорочни приоритети, а воедно ги напомена и активностите насочени кон интеграција во Европската Унија, како и целосната усогласеност на државата со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, поддршката на Украина и важноста почитувањето на меѓународното право во таа насока.Муцунски говореше и на активностите во делот на мултилатералното работење, а како посебно достигнување на успешната меѓународната политика го нагласи прифаќањето на кандидатурата на Република Северна Македонија за член во Советот на човекови права на ОН и кандидатура за членство во Организацијата за забрана на хемиско оружје. Во оваа насока тој додаде дека и во иднина ќе се работи на зголемена и активна улога во меѓународните организации и одлични билатерални односи со сите меѓународни партнери и не само политички, туку и економски релации кои помеѓу другото ќе бидат во насока на заштита на деловниот интерес на домашните компании во странство.„Наша цел е Република Северна Македонија да биде кредибилна земја членка на НАТО, силен партнер во сите меѓународните организации, посветена на евроинтеграцијата во Европската Унија“, нагласи министерот за надворешни работи и надворешна трговија во своето обраќање.Муцунски се осврна и новата надлежности на МНРНТ во делот на надворешната трговија и во таа насока тој информираше дека во финална фаза е изработката на нацрт верзија на Законот за надворешни работи, кој има цел во министерството со кое тој раководи да ги интегрира сите формални надлежности поврзани со надворешната трговија, со што ќе ги направи дипломатско – конзуларни претставништва поангажирани во делот на привлекување на странски инвестиции, што пак ќе резултира со отворање на нови работни места. Муцунски информираше и за процесот на спојување на Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата за технолошки индустриски и развојни зони, а Министерството ќе остане да биде креатор на политиките во делот на надворешната трговија и странски инвестиции.Тој се осврна и на активностите во делот на привлекување странски инвестиции во чии рамки во изминатиот период се остварени средби со приватни компании и стопански комари, каде дел од приватните компании веќе пројавиле интерес за инвестирање во нашата држава.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања