„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

муцунски

Screenshot-2025-03-22-at-11.40.47

(Видео) Хотели, карти, тековни трошоци - државата целосно ги покрива трошоците за повредените, вели Муцунски

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, рече дека Владата ги покрива сите трошоци на лицата кои се лекуваат во странство или во Скопје. Тој вели дека државата нема да остави било кој трошок, да остане непокриен.„Однапред ние резервираме хотел, купуваме авионски карти, информираме дека ние ќе ги платиме трошоците за телефон, добиваат дневница/средства за тековни трошоци. Скоро сите граѓани се опфатени во директна комуникација со нашите Амбасади. Обезбедуваат логистичка поддршка, превод, комуникација со болницата. Не е лошо што граѓаните помагаат, но треба да знаат дека државата мисли на секој трошок што може да настане“, рече Муцунски.Тој посочи дека цела логистика и трошоци за враќањето - ќе биде исто на трошок на државата.

Македонија | пред 9 месеци

ageler-mucunski

Муцунски со Агелер: Во фокусот на разговорите беа и безбедносните предизвици

„Денеска остварив средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер“, објави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и додаде:„На средбата го потврдивме силното и стратешко партнерство меѓу нашите две земји, со фокус на зајакнување на демократските вредности, економскиот раст и регионалната безбедност. Партнерство за кое сведочат и билатералните посети на високо ниво, реализирани во изминатиот период.Истовремено, ја истакнавме важноста од поттикнување на економската соработка, привлекување инвестиции и поддршка на иницијативи за унапредување на трговијата и претприемништвото.Во фокусот на разговорите беа и безбедносните предизвици, при што ја потврдивме посветеноста на заедничките демократски вредности и стабилноста на Западен Балкан. Заеднички изразивме определба за продолжување на соработката во унапредување на заедничките цели и продлабочување на односите меѓу двете земји“.

Македонија | пред 10 месеци

mucunski-c

Муцунски отповика амбасадори назначени од Пендаровски

Со известување преку e-mail, Тимчо Муцунски синоќа отповика 9 амбасадори кои ги одобри поранешниот претседател Стево Пендаровски.Одлуката на министерот е донесена во исто време додека се чекаше на пратеникот Антонио Милошески, да свика комисиска седница во собранието за нивно претставување.Со одлука на МНР, отповикани се : Мето Белески (Брисел, Кралство Белгија), Катерина Ставревска (Лондон, Велика Британија), Зеќир Рамчиловиќ (Подгорица, Црна гора), Пајо Авировиќ (ОБСЕ), Емил Крстевски (Прага, Чешка Република), Јакуп Реџепи (Сараево, БиХ), Агнеза Руси (Софија, Бугарија), Џенк Сејфула (Стокхолм, Кралство Шведска), Андреј Жерновски (Букурешт, Романија).Во образложението од МНР е наведено дека „неисполнет е членот 39 од Законот за надворешни работи, бидејќи не ги претставиле дипломатските тези пред Комисијата за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени амбасадори“.

Македонија | пред 10 месеци

mucunski-bolat-1

Министерот Муцунски домаќин на министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат.На средбата, двајцата министри истакнаа дека посетата претставува уште една потврда за пријателските и добри односи меѓу двете земји. Тие ја потенцираа подготвеноста за натамошно продлабочување на севкупниот дијалог во функција на унапредување на билатералната соработка во областите од заеднички интерес.Во фокусот на нивниот разговор беше искористувањето на потенцијалите за интензивирање на економската соработка, како на државно ниво, така и меѓу бизнис заедниците. Воедно, стана збор и за важноста од ажурирање на сегашниот Договор за слободна трговија преку проширување на неговата содржина, вклучувајќи повеќе земјоделски производи, како и потребата од забрзување на техничките разговори за оваа цел.Во рамки на посетата се одржа и Бизнис Форум, на кој министрите ја истакнаа подготвеноста за целосна поддршка на бизнис секторот и ги охрабрија да соработуваат поинтензивно во насока на унапредување на трговската и инвестициската соработка.За време на посетата, турскиот министер Болат оствари и средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на која присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. На средбата беа разгледани можностите за билатерална трговија и инвестиции со цел да се утврдат нови области за заедничка соработка.

Македонија | пред 1 година

mucunski-c

Муцунски: Поранешни амбасадори ја направија дипломатијата најслаба карика на државата – мора да работиме одговорно и да не дозволиме повторување на такви постапки

„За жал, недостатокот на знаење кај поранешните амбасадори и генерални конзули ја доведе дипломатијата во состојба да биде најслабата карика на државата. Мора да работиме одговорно и нема да дозволиме вакви постапувања во иднина,“ истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во вечерашното гостување во Дневникот на Сител телевизија, говорејќи за индициите за потенцијални злоупотреби.Муцунски зборуваше за работењето на дел од дипломатите, нагласувајќи дека имало сериозни постапки спротивно на законите, за кои ќе следи соодветна законска одговорност. Говорејќи за поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски, министерот информираше дека министерството е во завршна фаза од ревизијата, при што првичните наоди од финансиско-материјална точка се застрашувачки.„Имаме амбасадори кои заборавиле кого претставуваат и дека имаат обврска да го штитат јавниот интерес. Тоа е тенденција која траела подолг период, за што мора да има институционална одговорност. Ние, како раководство на министерството, нема да дозволиме вакво нешто да се случува во иднина,“ нагласи Муцунски.За работењето на амбасадорот и поранашен заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, министерот изрази жалење што, според него, Жерновски не прави разлика помеѓу копии од акредитивни писма и акредитивни писма. „Со дејствувањето на Жерновски, државата беше доведена во подредена положба, а нашите интереси беа нарушени. Разочаран сум што поранешен заменик министер не прави суштинска разлика помеѓу копија од акредитивни писма и акредитивни писма,“ изјави Муцунски.Тој спомена и случај каде генерален конзул бил именуван спротивно на законот, кој експлицитно бара високо дипломатско звање за вакво именување. „Ова покажува дека правилата и процедурите не се почитувале, и за тоа ќе има одговорност во рамките на МНР, како и кривична одговорност во други институции. Ние ветуваме дека законите ќе се почитуваат, а отчетноста и одговорноста ќе бидат приоритет,“ додаде тој.Во однос на пополнувањето на амбасадорските места во земјите од стратешки интерес, Муцунски изрази очекување дека до крајот на годината ќе бидат познати дел од потенцијалните имиња за овие позиции.Говорејќи за предложените измени на Законот за надворешни работи, Муцунски изјави дека денес е историски ден за државата, подвлекувајќи дека предложените измени се насочени кон подигнување на квалитетот и професионалноста на дипломатијата.

Македонија | пред 1 година

mucunski-c

Муцунски: Фрчкоски направил штета од шестцифрена сума во евра

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, информира дека се спроведува постапка за наводна злоупотреба на јавни буџетски средства од страна на поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски.„Имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства. Индициите укажуваат дека штетата е шест цифри во евра. Не би можел конкретно да кажам колкава е во моментов, давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата. Спроведена е внатрешна постапка во МНР, информациите кои стигнаа до мене се навистина многу загрижувачки. Ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки, а понатаму ќе имаме обврска да ги информираме релевантни институции од правосудството, но што ќе преземат тие излегува од наша надлежност и преминува во нивна надлежност,“ изјави Муцунски на прес-конференција.На новинарско прашање за можни тужби од засегнатите лица, Муцунски истакна дека тоа е нивно право.„Јас тука ништо не можам да спорам, но сум убеден дека откако МНР е раководено од моја страна внимаваме секогаш максимално да се почитуваат законите и процедурите, што, за жал, морам да констатирам, не било пракса додека ова Министерство било раководено од мојот претходник. Најеклатантен пример е последното отповикување на генералниот конзул во Њу Џерси каде лицето било именувано на таа позиција спротивно од одредбите на Законот. Таква пракса не смееме да дозволиме, треба да бидеме репер за почитување на законите,“ додаде министерот.

Македонија | пред 1 година

mucunski-germ-3

Муцунски: Доколку го ставиме фокусот на реални реформи, ќе бидеме една од земјите која најбрзо ќе се движи кон полноправно членство во Унијата

Во интервју за политичкиот магазин „360 степени“, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, од Брисел говореше за членството на државата во Европската Унија, уставните измени и нивната одложена примена, како и расположението кај земјите членки за забрзување на процесот на нашата интеграција во европското семејство.На прашањето за одложената примена на уставните измени, Муцунски изјави дека претставувањето на оваа позиција не подразбирало дека ќе се изнајде решение преку ноќ, туку дека станува збор за принципиелна позиција која ги штити националните интереси.„При претставувањето на позицијата за ‘одложена примена на уставните измени‘ не ветивме дека преку ноќ ќе се изнајде решение, но велиме дека имаме принципиелна позиција и тоа го аргументираме пред меѓународната заедница, земјите членки и европските институции. Со овој пристап го штитиме националниот интерес, односно да не бидеме во ситуација, како што сме биле во минатото, со неочекувано вето, а воедно го штитиме и среднорочниот и долгорочниот кредибилитет на Европската Унија“, изјави Муцунски.Тој додаде дека ставот за одложената примена е презентиран на многу средби и ја покажува подготвеноста на Владата за компромис, но компромис кој носи извесност.„Многу од соговорниците од Европската Унија сметаат дека нашиот пристап е логичен, коректен и соодветен, но тоа е пристап што бара прифаќање од Бугарија како наш сосед“, додаде Муцунски, нагласувајќи дека Европската Унија е базирана на култура на компромиси.„Од брзоплети односи базирани на апстрактни рокови сме тука каде што сме, со нови блокади и ветo. Затоа не е логично да работиме со рокови, туку со принципи и јасен став, како што работиме во моментов.“Во однос на можноста за изнаоѓање решение за продолжување на евроинтеграцискиот пат, министерот Муцунски истакна дека Европската Унија не може да си дозволи дополнително одолговлекување на проширувањето со Западен Балкан.„Гледано од геостратешки аспект, Европа не може да си дозволи политичко-безбедносен вакуум во нашиот регион. Ние сме земја која е целосно усогласена со заедничката безбедносна политика на ЕУ и која усвои реформска агенда. Ќе продолжиме со реформите во сите области, следејќи ги препораките на Европската Унија.“Министерот го истакна и личното уверување дека, доколку се стави фокус на реални реформи, ќе бидеме една од земјите која најбрзо ќе се движи кон полноправно членство.„Доколку навистина се насочиме кон европските реформи, проактивно и со конкретни мерки, ќе биде тешко за било која земја на подолг рок да нè блокира. Кога имате земја што е целосно усогласена со ЗНП и која на дело спроведува реформи, товарот за тоа припаѓа на Владата, на министрите, но и на невладиниот сектор и медиумите. Треба заеднички да се движиме низ тој процес, да ја реформираме државата, и немам сомнеж дека ќе бидеме една од земјите која најбрзо ќе се движи кон полноправно членство во моментот кога Унијата ќе се отвори за нови членови“, заклучи министерот Муцунски.

Македонија | пред 1 година

mucunski4-1

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со оствари средба со Крис Бартон, Комесар за трговија на Обединетото Кралство.За време на средбата беа разменети мислења и предлози за натамошно зајакнување на трговската соработка меѓу двете земји, како и за можностите за поголема интеграција на Република Северна Македонија во регионалните и глобалните трговски мрежи.Министерот Муцунски го запозна соговорникот со економските приоритети на Владата на Република Северна Македонија и изрази задоволство од континуираниот раст на трговската размена со Обединетото Кралство. Укажа дека постојат цврсти основи за нејзино зголемување во иднина и го подвлече значењето на јакнењето на меѓусебната соработка на полето на инвестициите.Комесарот Бартон го истакна интересот на Обединетото Кралство за поддршка на британските инвестиции во нашата земја и продолжување на развојот на економските односи преку подобрување на деловната клима.Двајцата соговорници разговараа и за продлабочување и проширување на соработката согласно Договорот за партнерство, трговија и соработка помеѓу двете земји, како и за потенцијалните области на соработка, особено развојот нановите технологии, обновливите извори на енергија, инфраструктурата, размена на добри практики во полето на дигиталната и еколошката трансформација.

Македонија | пред 1 година

2-3

Средба на министерот Муцунски со претставници од Комисијата за надворешни работи во парламентот на Република Чешка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари средба со делегација од Комисијата за надворешни работи во чешкиот Парламент, предводена од заменик претседателот на Комисијата, Радек Водрачек.На средбата, беше изразено задоволство од напредокот на македонско-чешките односи и уверување дека заедничкиот ангажман ќе придонесе кон нивно натамошно унапредување и искористување на потенцијалот за соработка во сите области. Двете страни се согласија дека парламентарната дипломатија е значајна димензија во зајакнување на севкупните билатерални односи на двете држави, извести МНР.Министерот Муцунски се заблагодари за недвосмислената поддршка на Чешка за евроинтегративниот процес на нашата земја, која беше потврдена и на бројните средби во рамки на неговата неодамнешна работна посета на Прага.Заменик претседателот на Комисијата, Радек Водрачек потенцира дека Комисијата за надворешна работи на чешкиот Парламент, ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во нејзиното доближување кон Европската Унија, истовремено зајакнувајќи ја парламентарната соработка на сите нивоа, соопшти МНР.

Македонија | пред 1 година

mucunski-germ-1

Средба на министерот Муцунски со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.На средбата беше дискутирано за евроинтегративните процеси на нашата држава, актуелните внатрешно-политички случувања и постигнувањата во реформските области. Посебно внимание беше посветено на очекувањата од новото раководство на европските институции и нивната улога во засилување на политиката на проширување на Европската Унија во претстојниот период, извести МНР.Министерот Муцунски изрази благодарност за личниот ангажман на специјалниот претставник Сарацин во динамизирањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан. Тој исто така ја нагласи континуираната и силна поддршка на Германија за европската иднина на државата и на земјите од регионот, посебно преку активностите во рамките на Берлинскиот процес, соопшти МНР.

Македонија | пред 1 година

mucunski-med-3

Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“: Геополитичките реалности, како војната во Украина и ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, ја нагласуваат потребата од колективни решенија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес, на покана на својот италијански колега Антонио Тајани, е во работна посета на Рим, Италија, каде учествуваше на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог“ и се обрати на панелот насловен „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.„Медитерански дијалог“ е годишна конференција на високо ниво за медитеранска геополитика, организирана од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и ISPI (Италијански институт за меѓународни политички студии). Нејзината цел е да се преиспитаат традиционалните пристапи кон медитеранската област и да се адресираат заедничките предизвици на регионално и меѓународно ниво.Во своето обраќање, министерот Муцунски ја потенцираше посветеноста на Владата за исполнување на реформската агенда и финализирање на европското досие. Тој нагласи дека е потребно поблиско вмрежување и интеграција на нашата држава во европските структури што го покриваат медитеранскиот басен, како и зголемена интеракција со земјите од Европската Унија. Муцунски, меѓу другото, истакна дека Република Северна Македонија, преку својата традиција на меѓуетнички дијалог, кохезија и мирно решавање на билатерални спорови, придонесува за стабилноста на Југоисточна Европа, промовирајќи европски вредности, добрососедски односи и регионална соработка.Тој исто така нагласи дека геополитичките реалности, како војната во Украина и ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, ја нагласуваат потребата од колективни решенија кои ги надминуваат индивидуални напори на поединечни држави. Муцунски ја истакна важноста на поврзаноста на Северна Македонија со Европа и поширокиот Медитеран, особено преку Коридорите VIII и X, дел од новиот Европски транспортен коридор за поврзување на Југоисточна и Централна Европа. Дополнително, тој го посочи потенцијалот за обновливи извори на енергија, кој ја позиционира нашата држава како лидер во зелена транзиција во регионот.

Македонија | пред 1 година

mucunski-egipet-3

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Арапската Република Египет, Бадр Абделати

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Арапската Република Египет, Бадр Абделати, на маргините на годишната конференција „Медитерански дијалог“ што се одржува во Рим.Во година кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, денешната средба ги потврдува одличните билатерални односи и ја истакнува заедничката подготвеност за нивно натамошно зајакнување. Двајцата министри разговараа за унапредување на политичкиот дијалог на високо ниво и за продлабочување на економската и меѓусекторската соработка, во оваа насока за 2025 година беше најавено организирање бизнис форум со компании од двете држави.Министерот Муцунски изрази благодарност за поддршката од Египет за кандидатурата на државата за членство во Советот за човекови права на Обединетите нации, притоа беше истакната одличната досегашна соработка во рамки на мултилатералните организации.

Македонија | пред 1 година

Mucunski_7112024_2

Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.

Македонија | пред 1 година

4-1

Средба на министерот Муцунски со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григоријан.На средбата министерот Муцунски ја потврди посветеноста на Владата на Република Северна Македонија како партнер на Обединетите нации, истакнувајќи дека напорите се насочени кон целосно исполнување на Целите за одржлив развој и реализација на Агендата 2030. Притоа, тој изрази благодарност за досегашната и идната соработка на УНДП со националните институции, со акцент на почетокот на подготовката на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030).Соговорниците се осврнаа на клучните иницијативи и активности на УНДП, вклучително и идните проекти што ќе произлезат од новата Рамка. Во фокусот на дискусијата беа теми како што се зајакнувањето на институциите, децентрализацијата, локалниот развој, поддршката за младите, социјалната инклузија, родовата еднаквост и животната средина, кои остануваат високо на агендата на соработката.

Македонија | пред 1 година

mucunski-cei-3

Министерот Муцунски на состанокот на ЦЕИ: Фокус на ЕУ проширувањето, регионалната соработка и поддршката за Украина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Тирана, кој се одржа во рамките на албанското претседавање со иницијативата.Фокусот на состанокот беше ставен на проширувањето на Европската Унија во светло на новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици се рефлектираат како на регионалната, така и на глобалната безбедност и стабилност. Министрите ја потврдија улогата на ЦЕИ како важна платформа за ефективно решавање на регионалните предизвици и зајакнување на соработката во областите од заемен интерес.Во своето обраќање, министерот Муцунски нагласи дека регионалната соработка е клучен модел за поттикнување на процесот на европска интеграција, кој е од суштинско значење за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој истакна дека одложувањето на процесот на проширување може сериозно да го наруши кредибилитетот на Европската Унија во регионот.„Стравот од уште еден потенцијално долг и непредвидлив процес само дополнително ја зголемува фрустрацијата кај нашите граѓани. Со многу непознати околу обемот и времето на претстојните пристапувања, секое понатамошно одложување би имало катастрофално влијание врз кредибилитетот на ЕУ во регионот,“ потенцираше министерот Муцунски.Министерот се осврна и на улогата на ЦЕИ, важноста на регионалната соработка, силното партнерство во рамките на НАТО Алијансата и поддршката за Украина.„Целосно сме посветени на интензивирање на соработката, не само на меѓувладино и парламентарно ниво, туку и помеѓу нашите невладини организации, младите, научните институции, деловните заедници и локалните власти,“ додаде министерот, акцентирајќи ја потребата од заеднички напори за натамошно зајакнување на соработката во рамките на ЦЕИ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања