„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

муцунски

Leap-Izrabotka-2

Општина Аеродром започна постапка за изработка на нов Локален еколошки акциски план

Општина Аеродром ја почна отворената и транспарентна постапка за изработка на „ЛЕАП 3“, новиот Локален еколошки акционен план кој претставува стратешки насочен кон имплементација на идеи за заштита на животната средина.Во салата на Советот на општината се одржа првата информативна средба, на која присуствуваше градоначалникот Тимчо Муцунски, претставници на институции, приватни компании, како и невладини организации кои работат со прашања поврзани со екологијата и животната средина.Состанокот го отвори градоначалникот Муцунски, кој им се заблагодари на присутните што земаат активно учество во носење на овој важен стратешки документ за иднината на општината, истакнувајќи дека имплементацијата на мерки и проекти кои се однесуваат на здравата и чиста животна средина останува приоритет за оваа општинска администрација.На настанот кој беше од отворен карактер, беа преставени целите и активностите за изработка на Локалниот еколошки акционен план и методологијата за негова изработка. По неговото завршување, со овој стратешки документ ќе продолжат нашите досегашни напори за воспоставување добра соработка со невладините организации кои работат во делот на животната средина, тој ќе биде одлична основа заедукација на младите и стратешки документ кој ќе биде поттикне идната соработка со бизнис секторот и со тоа ќе го придонесе за забрзан локален економски развој.Граѓаните може да ги дадат своето, мислење, предлози и ставови за изработка на документот преку следниот линк: https://bit.ly/3O5XXK7

Скопје | пред 2 години

aerodrom3

Беќаровски до Муцунски: Уште колку месеци ќе треба да ги "кршиме и валкаме" колите по неасфалтираната раскрсница кај базенот во Аеродром ???

Доктор Нико Беќаровски со посебен пост на Фејсбук му се обрати на градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, укажувајќи му дека раскопаните улици низ општината се голем терет за граѓаните.Тој нагласува дека раскрсницата кај Воената академија во општината е хорор за граѓаните, особено за оние кои живеат таму и мораат секојдневно да поминуваат по неа.- Почитуван г-дине Тимчо Муцунски,Уште колку месеци ќе треба да ги "кршиме и валкаме" колите по НЕАСФАЛТИРАНАТА раскрсница кај базенот во Општина Аеродром ???Кој ќе ни ја плати оштетата за уништените амортизери и раштелуваните предници на автомобилите ???Избран сте од граѓаните на Општината за да бидете татко на Аеродром. Ставете ја во мирување Вашата партиска функција и посветете се на решавањето на проблемите на Вашите сограѓани - напиша Беќаровски.

Коментари | пред 2 години

MUCUNSKI

Уставни измени под диктат не смее да има, вели ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Пред лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, заседаваше и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој излезе со став дека го овластил Мицкоски да ги одбрани нивните позиции.„Поаѓајќи од националните и државните интереси и запазувајќи го мислењето на огромното мнозинство на граѓани во државата, уставни измени под диктат и под околности кои се поразителни за Македонија не смее да има. Носењето на уставни измени во состојба кога е нападнат националниот и државен идентитет на македонскиот народ, кога се оспорува јазикот, историјата и културата не е никаков чекор напред, туку отворање на вратата за нови поразителни условувања и себеодрекување“, рече Тимчо Муцунски.Според него, Македонија токму поради лесните отстапки и штетните политики на власта, веќе е во изолација.„Измама е тезата дека на оваа лидерска средба се одлучува за интеграција или за изолација. На оваа лидерска средба се одлучува или за уставни измени и национални порази или за одбрана на националното достоинство и националните интереси“, додаде Муцунски.

Македонија | пред 2 години

Mucunski-15.04.2022

Дали и Муцунски е фатен со рацете во мед при обезбедување на тендер за храна во училиштата во Аеродром, прашува СДСМ

По нашите јавни обвинувања дека учениците во училиштата на Општина Аеродром останаа без топол оброк и ужинка, градоначалникот Муцунски и директорите на училиштата кои тој ги именуваше, во паника да изнајдат поскоро решение на проблемот, дали можеби се заплеткаа во можни сомнителни тендерски постапки, прашува СДСМ.„Имаме неколку прашања кои бараат одговор околу склучените договори за набавка на храна.Очигледна е недоволната транспарентност во потпишувањето на договорите и спроведувањето на тендерските постапки, односно можните договори во четири очи.Во име на транспарентноста ги повикуваме директорите на училиштата во Општина Аеродром и градоначалникот Муцунски да ги објават потпишаните договори и спроведените тендери за набавка на топол оброк и ужина во основните училишта.Муцунски има обврска да одговори, дали постапката е водена според сите регуларности и пропишани законски обвски? Според кои цени и согласно која јавна постапка, родотелите ја плаќаат месечната сума за храна? Тоа треба да одговорат Муцунски и директорите кои тој ги именуваше!Дали и тука некој е фатен со рацете во медот? Јавноста очекува одговори на поставените прашања и отворените сомнежи“, се вели во соопштнеието.

Скопје | пред 3 години

Mucunski18062022

Во Македонија има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее, вели Муцунски

Тоа што примарно го очекуваме вечерва е десетици илјади граѓани пред Владата да кажат премногу е, време е за промени, вели потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вклучување во дневникот на телевизија 24 пред почетокот на Протестот за промени - Премногу е!Муцунски нагласи дека во државата има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее, како и дека вечерва од протестот ќе се испратат голем број на пораки, а како причина зошто граѓаните ќе порачаат премногу е и време е за промени, е токму лошата економска политика, но и попусливоста на владата во однос на прашањето со бугарскиот сосед.Шест години влада предводена од СДСМ, ДУИ и други помали коалициони партнери каде што имаме постојани порази, дали е во делот на економската политика, каде што Македонија едно време беше лидер во делот на странските директни инвестиции, за сега да слушаме дека секој трет инвеститор сака да ја напушти земјата. Македонија своевремено беше на европски врв во делот на раст на БДП, а сега се наоѓаме на друг врв по најголема стапка на инфлација, рече тој.Во делот на националните политики, меѓународните односи, влади од десницата, но и од левицата знаеле да го штитат националниот интерес, но сега имаме попуслива надворешна политика. Надворешна политика единствено на концесии спрема други странки кои што немаат коректен и европски интерес спрема Македонија, а од друга страна попусливост кој што само создава штета и ќорсокак во делот на европските интеграции. Тоа се само дел од причините зошто десетици илјади граѓани ќе кажат премногу е, време е за промени, истакна Муцунски.Во Македонија има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее. Тоа почна со локалните избори, со масовната поддршка која граѓаните ја дадода на ВМРО-ДПМНЕ, а ние бараме поддршка за рушење на оваа власт, бидејќи има и план и стратегија како Македонија повторно ќе ги достигнува тие врвови кои што може да ги достигне, како повторно ќе ја вратиме пристојноста на македонскиот граѓанин и како ќе водиме политики насочени кон заштитата на македонските национални интереси, кажа Муцунски.Муцунски е дециден и смета дека имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити македонските национални интереси, како и дека е премногу од порази на секое поле.За жал имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити нашите национални интереси. Не верувам дека од утре магично ова владејачко мнозинство ќе одлучи да даде предвремени парламентарни избори. Зошто е тоа така? Затоа што истото тоа мнозинство ја има тезата дека за четири месеци направиле повеќе од некои влади што направиле за четири години. Но, ние ги гледаме поразите на сите полиња, економијата, надворешната политика, образованието, здравството, нема област во кој што Македонија може да бележи напредок, а истовремено не гледаме и некој концепт дека ќе ни даде надеж дека во некоја следна година, две нешто позитивно ќе се случи. Но, верувам дека кога ќе видат масовност на граѓаните, со следните чекори кои што ќе ги преземе ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија наскоро ќе имаме предвремени парламентарни избори. И ќе дојде влада која што нема да сака да владее само заради власта, туку влада која што има план и во делот на економијата, социјалната политика, надворешната политика. Влада која што ќе знае да работи во интересите и за приоритетите примарно на граѓаните на Република Македонија, изјави Муцунски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања