„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

муцунски

1-6

Средба Муцунски- Дрекслер: изразено задоволство од развојот на одличните билатерални односи меѓу двете земји

Денес, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ја прими на средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер.На средбата беше изразено заемно задоволство од развојот на одличните билатерални односи меѓу двете земји, кои се одликуваат со редовен политички дијалог и интензивна размена на посети на високо ниво во изминатиот период. На таа линија, беше изразено задоволство од неодамна одржаната средба на министерот Муцунски со германската сојузна министерка за надворешни работи, Аналена Бербок во Берлин, на која беа поздравени одличните билатерални релации и реафирмирана германската поддршка за нашиот европски процес.Посебно беше нагласена важноста од натамошно унапредување на меѓусебната соработка во рамки на евро-интегративниот процес на нашата земја и продолжување на цврстата поддршка на Германија на тој пат. Во овој контекст, министерот Муцунски додаде дека земјата останува силно посветена на исполнување на неопходниот реформски процес за членството во Европската унија.

Македонија | пред 1 година

1-4

Средба Муцунски – Линдквист: нагласен интересот за подобрување на економската соработка и трговската размена со Финска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари прва средба со амбасадорот на Финска со седиште во Белград, Никлас Линдквист.Министерот Муцунски изрази задоволство што над 30 години, двете земји градат партнерски односи и активен политички дијалог, споделувајќи заеднички стратешки интереси за траен мир, стабилност и просперитет. Воедно, тој упати благодарност за доследната и принципиелна поддршка на Финска за македонската интеграција во ЕУ и финската стратешка визија за европската иднина на земјите од Западен Балкан.Министерот Муцунски го нагласи интересот за подобрување на економската соработка и трговската размена со Финска, како и за продлабочување на соработката во други области од интерес на двете страни.

Македонија | пред 1 година

mucunski1-1

Муцунски се сретна со францускиот амбасадор: министерот ја истакна важноста на поддршката на Франција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер. Соговорниците разговараа за актуелните прашања поврзани со европската интеграција на нашата земја, улогата на Франција и можностите за понатамошно унапредување на билатералната соработка.Министерот Муцунски ја истакна важноста на засилениот ангажман и поддршката на Франција, како водечка земја членка на ЕУ, за продолжување на процесот на пристапување на нашата земја и регионот. Тој ја реафирмираше посветеноста на земјата за забрзување на евроинтегративниот пат и спроведување на реформите во клучните области, како што се владеењето на правото, правосудството и економското управување.Дополнително, беа дискутирани и перспективите за натамошно зајакнување на политичката и економската соработка, како и заедничките напори за справување со регионалните и глобалните предизвици, со особен акцент на безбедносните прашања.

Македонија | пред 1 година

MUCUNSKI

Учество на министерот Муцунски на 19-тиот Самит на Франкофонијата во Франција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес и утре ќе учествува на 19-тиот Самит на Меѓународната Организација на Франкофонијата, кој по 33 години се одржува во Франција.Самитот ќе започне со работа на 4 октомври 2024 година во Villers-Cotterêts, гратче во северна Франција, целосно посветено на францускиот јазик и франкофонската културна разновидност, инаугурирано на 30 октомври минатата година од страна на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Самитот ќе продолжи со работа во Париз на 5 октомври 2024 година.Темата на дискусиите на самитот ќе биде: „Создавај, иновирај и преземај на француски јазик“.На маргините на Самитот, Министерот Муцунски ќе оствари повеќе билатерални средби.

Македонија | пред 1 година

timco-mucunski

Министерот Муцунски ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува и ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое се одржува од 30 септември до 4 октомври 2024 година во Стразбур.Во годината кога Советот на Европа ја одбележува 75-годишнината од своето основање, министерот Муцунски, на покана на претседателот на Парламентарното собрание, Теодорос Русопулос, ќе се обрати пред парламентарните делегации на земјите членки на организацијата.Во своето обраќање, министерот Муцунски ќе се осврне на актуелните кризи и предизвици со кои се соочува европскиот континент, од руската воена агресија врз Украина, последиците од пандемијата, економската криза, демократското назадување и порастот на екстремизмот и дезинформациите, трговијата со мигранти, па сè до влијанието на климатските промени и новите технологии.Во рамки на посетата на Стразбур министерот Муцунски ќе оствари средба и со претседателот на Парламентарното собрание Теодорос Русопулос, со новиот генерален секретар на Совет на Европа, Ален Берсе, како и со претседателот на Европскиот суд за човекови права, Марко Бошњак.

Македонија | пред 1 година

j

Средба Муцунски – Јодер во Вашингтон: реафирмирана силната поддршка од САД за македонското членство во ЕУ

На маргините на Конференцијата на глобалната коалиција за борба против ИСИС, Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со заменик помошникот секретар на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот при американскиот Стејт Департмент, Брандон Јодер.На средбата стана збор за борбата против корупцијата и поддршката на САД во делот на владеењето на правото, што е меѓу приоритетите во рамките на Стратешкиот дијалог. Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната поддршка за демократски процеси во земјава.„Високо ја цениме одлука на американската Влада за зголемување на фондовите за меѓународна контрола на наркотици и спроведување на законот, со посебен фокус на развојните програми за Граѓанска безбедност и спроведување на законот, како и за владеење на правото“, истакна министерот Муцунски на средбата.Воедно, соговорниците ја истакнаа потребата од забрзување на евроинтегративниот процес на земјава. Во таа смисла, беше реафирмирана силната поддршка од САД за нашето членство во ЕУ. Поздравено беше и силното сојузништво во рамки на НАТО, поддршката за Украина, како и континуираните заеднички заложби за справување со глобалниот тероризам и современите безбедносни предизвици.

Македонија | пред 1 година

IMG_6794

Средба на министерот Муцунски со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, О’Брајан во Њујорк

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк.Дискусиите се фокусираа на продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, со посебен акцент на клучните области како што се регионалната безбедност, економскиот развој, доброто владеење и демократијата.Министерот Муцунски ја истакна посветеноста на земјава за забрзан напредок во евроинтегративните процеси и ја истакна важноста од континуираната поддршка на САД за аспирациите на земјата.“САД се наш значаен стратешки партнер и НАТО сојузник, што во континуитет го помага нашиот демократски развој и севкупен напредок. Во услови на променет геополитички контекст, посветено и заеднички работиме на зачувувањето на регионалната стабилност и безбедност. Во тој контекст, особено значајно е земјава што поскоро да стане членка на Европската унија, за што имаме безрезервна американска поддршка”, истакна Муцунски.На средбата беше реафирмирана и поддршката за Украина, како и заедничките заложби за зајакнување на сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата, што ќе придонесе за понатамошно унапредување на целокупната трансатлантска стабилност.

Македонија | пред 1 година

Mucunski_23.9.2024

Муцунски на Самитот на ОН: Иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, а злото од војна и конфликти мора да остане во минатото

„Иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, а злото од војна и конфликти мора да остане во минатото“На маргините на 79-то Генерално собрание на Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се обрати на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“.Во своето обраќање, министeрот Муцунски нагласи дека во денешно време се соочуваме со многу закани, вклучувајќи нови конфликти, тероризам, насилен екстремизам, ризици од нови технологии, кршење на човековите права и климатски промени. Тој истакна дека ниту една земја сама не може да се справи со овие предизвици и дека е неопходен ефикасен мултилатерализам за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност.„Самитот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Пактот ни нуди траекторија за глобални акции и отвора пат за засилување на мултилатерализмот“, истакна министерот Муцунски во обраќањето.Воедно, тој нагласи дека иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, нагласувајќи дека злото од војна и конфликти мора да остане во минатото.„Денес имаме уникатна шанса да ја зајакнеме нашата мултилатерална агенда и глобалните системи, прилагодувајќи ги на предизвиците со кои се соочуваме во областа на меѓународниот мир и безбедност. Утре веќе е наша сегашност“, додаде тој, истакнувајќи ја подготвеноста активно да учествуваме во напорите за зајакнување на мултилатерализмот.На крајот, Муцунски ја подвлече потребата за промовирање на мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, како клучни дипломатски алатки.

Македонија | пред 1 година

IMG_6604

Министерот Муцунски на средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со амбасадорката на САД, Ангела Агелер. На средбата се разговараше за претстојното Генерално собрание на ООН, евроинтеграциите на Северна Македонија и важноста од забрзување на процесот, што би придонело за економски развој, подобрување на владеењето на правото и борба против корупцијата.Министерот Муцунски ја изрази благодарноста за континуираната поддршка од САД во реформските процеси и демократскиот развој на државата. Разменети беа мислења за билатералните односи и можностите за нивно зајакнување во рамки на Стратешкиот дијалог.На средбата беше реафирмирано силното сојузништво во НАТО и заедничката определба за одбрана на демократските вредности, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

Македонија | пред 1 година

MUCUNSKI

Муцунски: Разочаран сум што гледам научник платен од државата да врши научна работа, како се обидува себеси политички да се профилира

Тимчо Муцунски бил разочаран што еден научник, кој бил доста платен да врши научна работа а се обидува политички да се профирила и покај тоа што се уште не му бил истечен мандатот. Во следните неколку недели, промени ќе има и во комисијата со Грција.Уште на почетокот на мандатот, разбирајќи го значењето на двете комисии, се сретнав со амбасадорот Габер и професорот Ѓеоргиев. Да добиеме слика што работеле, што постигнале. Сметам дека заради специфичноста на нивната работа, не можеме се да објавиме, но прилично сум изненаден, што деновиве гледам еден научник, кој е доста платен да врши научна работа а се обидува политички да се профирила, и покрај тоа што е се уште во мандат. Со тоа се поткопуваат надворешните политички позиции на државата. Ние политичарите имаме легитимитет за политичка работа, а научниците научна работа. Разочаран сум од таквиот пристап. Според разговорите со Мицкоски, факт е дека треба да има промени. Имаме свои забелешки но ќе ги задржам за нас. Би дал еден совет, за да бидеме успешна држава, сите да го работиме она за кое сме поставени бидејќи ова е специфична работа и мора да бидеме максимално внимателни. Ние имаме обврска да креираме надворешна политика, а тие што доаѓаат од научната фела да работат само во нивната област а интересот на државата да биде пред се и над се. Ќе има е промени во следниве недели а ќе има и одреден континуитет и во двете комисии, изјави Муцунски.Промените во експертската комисија со Бугарија премиерот Мицкоски ги најави минатиот месец, со образложение дека актуелниот состав не ги исполнил очекувањата бидејќи не ги штител националните интереси. За конкретизирање на имињата на новите членови на Комисијата Мицкоски рече дека ќе се консултира со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Македонија | пред 1 година

Timco-Mucunski-19.06.2023

Муцунски: Разликата помеѓу Силјановска и Пендаровски во првиот круг ќе биде огромна

Во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, тој истакна дека на граѓаните доста им беа 7 години негативна енергија и преку глава им е од ситни манипулации, злоупотреби и криминал.„Колку што пониско тие удираат ние толку повисоко се качуваме бидејќи преку глава им е на граѓаните од негативна енергија. Доста ни беше 7 години негативна енергија, преку глава им е од ситни манипулации, злоупотреби, криминал и корупција“, истакна Муцунски.Тој продолжи и додаде дека најлесен начин да се бори против лагата е со позитивна енергија.„Најлесен начин да се борите со лагата е со позитивна енергија, проекти, увид да се врати надежта да Македонија биде подобро место за живеење ние тоа ќе го правиме“, истакна Муцунски.Тој истакна дека според анкетите ВМРО-ДПМНЕ се движи околу 54-55 пратеника, како и дека разликата помеѓу Силјановска и Пендаровски на 24 април ќе биде огромна.„Објективно разликата е преголема да било каква лажна информација влијае на крајниот исход. По анкетите кои ги гледам ВМРО-ДПМНЕ се движи околу 54-55 пратеници. Со добар резултат кој ќе го има професорката Гордана Силјановска Давкова на првиот круг претседателски избори ќе се создаде дополнителен бран кој ќе ги демотивира гласачите на СДСМ а дополнително ќе ги мотивира тие кои ја гледаат ВМРО-ДПМНЕ како единствена алтернатива и надеж за враќање на македонската држава“, потенцираше Муцунски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Нов спортски терен во Аеродром - инвестиција вредна 23 милиони денари

Со вкупна инвестиција од 23 милиони денари кои треба да се инвестираат во следните шест месеци, на местото на старото спортско игралиште во Реонски центар, Аеродром ќе добие нов и модерен фудбалски терен. Проектот се реализира како дел од јавно – приватно партнерство помеѓу Општина Аеродром и приватна компанија. Станува збор за соработка која ќе резултира со целосно нов репрезентативен спортски објект, направен по сите стандарди, каде ќе може да се одржуваат спортски натпревар од сите домашни натпреварувања.Градоначалникот Муцунски во видео објавено на неговата Фејсбук страна истакна дека проектот се реализира со поддршка на приватна компанија која треба да направи реконструкција на спортскиот терен кој подолг временски период беше запоставен, со цел да се обезбедат подобри услови за фудбалските школи во Аеродром и нова локација каде ќе одржуваат спортските натпревари.Во рамки на инвестицијата предвидено е спортското игралиште да добие нова повеќеслојна подлога погодна за терен со вештачка трева, а истовремено да биде извршена и целосна санација на металната конструкција, трибините и заштитната мрежа. Дополнително, ќе бидат поставени нови клупи за резервни играчи со кабини од плексиглас, како и целосна реконструкција на соблекувалните.

Скопје | пред 1 година

MUCUNSKI

Таму каде државата е нефункционална, тука сме ние - граѓаните, објави Муцунски и апелира да се донира за Леонид

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на својот Фејсбук профил објави апел до граѓаните и ги повика да дадат свој придонес во лекувањето на Леонид Индов, кој во моментов се наоѓа во Виена, Австрија.Муцунски на својот Фејсбук профил напиша дека Општина Аеродром, граѓаните, локалните институции, училиштата и детските градинки, во изминатиот период покажаа високо ниво на емпатија и солидарност, додавајќи дека и во наредниот период ќе се организираат настани од хуманитарен карактер за поддршка на Леонид.„Таму каде државата е нефункционална, тука сме ние - општината и граѓаните! На моја иницијатива, во текот на следната недела ќе се организираат хуманитарни настани во училиштата и детските градинки, на кои дечињата и родителите ќе можат да дадат свој придонес и поддршка за лекувањето на Леонид. Апелирам до сите граѓани да ја дадат својата поддршка со повик на еден од телефонските броеви 143118 за Телеком и 143500 за А1, или пак банкарската жиро сметка - 210-7000006805-91.“, истакна Муцунски.

Македонија | пред 1 година

aerodrom3

Беќаровски до Арсовска и Муцунски: Уште колку месеци ќе голтаме прашина, паркираните булдожери и валјак и во следните шест месеци ќе стојат како декор

Доктор Нико Беќаровски повторно реагира на социјалните мрежи во врска со раскопаниот дел од улицата „Васко Каранѓелевски“ во општина Аеродром.„Почитувани мои ФБ пријатели од медиумите, ќе Ве замолам ЈАВНО да ги прашате градоначалникот на Општина Аеродром, г-динот Тимчо Муцунски и градоначалничката на Скопје г-ѓа Данела Арсовска:• Уште колку месеци ќе треба секојдневно да ја голтаме прашината и да ги кршиме автомобилите по раскопаниот дел од улицата "Васко Каранѓелевски" на потегот од базенот "Бисер" до поликлиниката "Јане Сандански"???• Дали паркираните два булдожери и еден валјак и во следните шест месеци, како и во изминативе, ќе стојат како декор???Однапред Ви благодарам во името на илјадниците граѓани на Аеродром кои секојдневно барем два пати поминуваат низ оваа улица и одат со извалкани чевли или извалкани и амортизирани автомобили до своите работни места, иако живеат само на 3.5 км од центарот на 'метрополата'“,вели Беќаровски.

Коментари | пред 2 години

apasiev

Муцунски се фали дека секојдневно се чисти, Апасиев реагира: Аеродром никад не бил попрљав у живот

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски на социјалните мрежи објави видео дека општинските служби се секојдневно на терен и работат на одржување на хигиената.„Одржувањето на хигиената на јавните површини останува наш приоритет и во периодот на летните одмори. Општинските служби секојдневно се на терен и со расположливата механизација се работи на собирање на отпадот, чистење и миење на паркинзите, улиците и јавните површини низ општината“, стои во описот на видеото.Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го сподели видеото и кусо искоментира дека општината никогаш не била попрљава.„Овој, па, овој .. Општина АЕРОДРОМ никад не била попрљава у живот, ама важно пи-арот си шиба со спотчиња.#Тендераши“, напиша Апасиев.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања