Промени тема
Контакт

Средба на министерот Муцунски со Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Франческо Саверио Џусти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mucunski-1

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово го прими Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Франческо Саверио Џусти.

— реклама —

За време на разговорот беше изразено задоволство од успешниот развој на билатералните односи кои се одраз на меѓусебно разбирање и искрена почит. Министерот Муцунски изрази благодарност за досегашните реализирани донации заедно со организираните хуманитарни акции кои оставаат траен белег во зацврстувањето на меѓусебните односи, велат од МНР.

— реклама —

Во разговорите со својот соговорник, министерот Муцунски ги поздрави континуираните заложби на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта на меѓународната сцена, посебно вреднувани заради вековните заложби за воздигнување на хуманоста и меѓусебното разбирање.

— реклама —

На средбата беа разменети мислења за можностите за потпишување на рамковен договор за соработка кој би можел да овозможи зголемена соработка во повеќе области кои се во согласност со природата на работата на Редот, како здравство, социјална работа, хуманитарни активности, соопшти МНР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv1qb1uf6ma7pbOZBvBc

Од „коњопој“ до разговори без договор: Што донесе посетата на Муцунски на Софија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynm4cee8u134m8ecSuUy

Владата не може да се меша во судската постапка, бугарски лекари ќе можат да ја проценат нејзината здравствена состојба: Муцунски за Ива Михаилова

Македонија | пред 2 дена

media-librarymnvjutmn4aktanME2Rm

Случајот на Ива Михаилова меѓу темите на Петрова и Муцунски, бугарската министерка очекува брзо решение

Македонија | пред 2 дена

media-library2n531sip5imh7ZfSNTF

„Коридорот 8 е многу повеќе од транспортна рута – тој е стратешка визија што ги поврзува Јадранското и Црното Море: Муцунски од Софија

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања