Промени тема
Контакт

Министерот Муцунски на состанокот на ЦЕИ: Фокус на ЕУ проширувањето, регионалната соработка и поддршката за Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mucunski-cei-3

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Тирана, кој се одржа во рамките на албанското претседавање со иницијативата.

Фокусот на состанокот беше ставен на проширувањето на Европската Унија во светло на новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици се рефлектираат како на регионалната, така и на глобалната безбедност и стабилност. Министрите ја потврдија улогата на ЦЕИ како важна платформа за ефективно решавање на регионалните предизвици и зајакнување на соработката во областите од заемен интерес.

— реклама —

— реклама —

Во своето обраќање, министерот Муцунски нагласи дека регионалната соработка е клучен модел за поттикнување на процесот на европска интеграција, кој е од суштинско значење за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој истакна дека одложувањето на процесот на проширување може сериозно да го наруши кредибилитетот на Европската Унија во регионот.

„Стравот од уште еден потенцијално долг и непредвидлив процес само дополнително ја зголемува фрустрацијата кај нашите граѓани. Со многу непознати околу обемот и времето на претстојните пристапувања, секое понатамошно одложување би имало катастрофално влијание врз кредибилитетот на ЕУ во регионот,“ потенцираше министерот Муцунски.

— реклама —

Министерот се осврна и на улогата на ЦЕИ, важноста на регионалната соработка, силното партнерство во рамките на НАТО Алијансата и поддршката за Украина.

„Целосно сме посветени на интензивирање на соработката, не само на меѓувладино и парламентарно ниво, туку и помеѓу нашите невладини организации, младите, научните институции, деловните заедници и локалните власти,“ додаде министерот, акцентирајќи ја потребата од заеднички напори за натамошно зајакнување на соработката во рамките на ЦЕИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv1qb1uf6ma7pbOZBvBc

Од „коњопој“ до разговори без договор: Што донесе посетата на Муцунски на Софија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynm4cee8u134m8ecSuUy

Владата не може да се меша во судската постапка, бугарски лекари ќе можат да ја проценат нејзината здравствена состојба: Муцунски за Ива Михаилова

Македонија | пред 2 дена

media-librarymnvjutmn4aktanME2Rm

Случајот на Ива Михаилова меѓу темите на Петрова и Муцунски, бугарската министерка очекува брзо решение

Македонија | пред 2 дена

media-library2n531sip5imh7ZfSNTF

„Коридорот 8 е многу повеќе од транспортна рута – тој е стратешка визија што ги поврзува Јадранското и Црното Море: Муцунски од Софија

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања