„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

муцунски

mucunski-c

Западен Балкан заедно во ЕУ – никој не смее да остане на маргините, порача Муцунски од Брисел

Муцунски од Брисел порача дека Западен Балкан треба истовремено да чекори кон Европската Унија, без разлики и без држави што би останале изолирани. Неговото обраќање на настанот „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци…“, под покровителство на еврокомесарката Марта Кос, беше насочено кон заедништвото како единствено одржливо решение за регионот.Муцунски истакна дека пристапниот процес не смее да создава нови поделби, ниту да дозволи одредени земји да напредуваат, а други да заостануваат.– Тоа не мора да се случи во исто време. Знам дека системот не функционира така, но треба да бидеме таму заедно. Ниедна држава во регионот не треба да биде изолирана од полноправно членство во ЕУ и од нас зависи да работиме врз основа на стандарди, врз основа на критериуми и да гледаме кон иднината. Помалку да гледаме кон минатото, а повеќе кон иднината, бидејќи иднината е она што може да нè обедини, истакна Муцунски.Настанот во Брисел беше посветен на културното богатство и европската перспектива на регионот, со особен акцент на традицијата на виното. Во тој контекст, Муцунски посочи дека винската приказна убаво го отсликува духот на соработката на Балканот.– Ние сме исклучително горди што многу од земјите во регионот го нарекуваат виното свое, а барем дел од процентот на грозје во нивното вино е македонско. Нема да ги именувам земјите во моментов за никој да не се навреди, бидејќи тоа секогаш е малку ризично во нашиот регион, но она што тоа го покажува е дека кога работиме заедно можеме да го направиме најдобриот производ. Производот што сите го сакаат и производот што е вистински европски, нагласи Муцунски.Еврокомесарката Кос, пак, потсети дека Европската Унија не смее да ја гледа интеграцијата на Западниот Балкан само низ бројки, поглавја и технички мерки.– Моите кандидати за членство се повеќе од само трчање по преговорите, по исполнување обврски, постојано велење да… Вистинската цел на оваа вечер е да покажеме дека ние сме луѓе и треба подобро да се познаваме, рече Кос, нагласувајќи дека регионот е познат по гостопримството, што силно се чувствува и на вакви настани.Таа додаде дека државите од Западниот Балкан вложуваат огромна страст и енергија во пристапниот процес.– Мислам дека понекогаш треба да им кажеме: Не мора да го правите тоа. Вие сте Европејци. Вие сте дел од нас. Она што го правиме сега е формалност и тоа ми дава енергија да работам со вас, рече Кос, најавувајќи дека ќе се залага регионот да стане попознат меѓу земјите членки. Таа откри дека по завршување на техничките преговори за членство со секоја држава, ќе го искачи нејзиниот највисок врв – во македонскиот случај, тоа е Кораб.Албанскиот премиер Еди Рама, домаќин на настанот во новите простории на Мисијата на Албанија при ЕУ, додаде доза хумор во целата вечер.– Еднаш некој ме праша како се справувам со сите тие работи. Реков: Им велам да, за сè што ќе ми кажат… Тоа е лудо. На ЕУ и велите те сакам, а ЕУ ви вели: Во ред, но што е со вашата усогласеност. Вие велите: Но, те сакам, а Европа вели: Добро, но има некои критериуми, рече Рама, сугерирајќи ја апсурдноста на долгите процедури.Во здравицата на крајот, Рама додаде дека Балканот и Европа веќе се испреплетени.– Ние станавме толку многу Европејци, што овде веќе не знаете кој е Балканец, кој е од ЕУ. Тоа е добро за оние од ЕУ. Добро е за нив да личат на нас.Вечерта заврши со порака дека интеграцијата не е само формален процес, туку заедничка визија заснована на вредности, култура и меѓусоседска блискост – токму она што, според говорниците, може да го приближи регионот побрзо и поуспешно кон ЕУ.

Македонија | пред 1 седмица

mucunski-c

Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски категорично ги отфрли шпекулациите дека Владата или Министерството воделе разговори со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти.„Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти. Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера,“ напиша Муцунски.Тој оцени дека ваквите тврдења се „неосновани, штетни и исклучиво насочени кон дневнополитички поени“, повикувајќи ги сите политички субјекти да се држат до фактите и да покажат „минимум одговорност“.„Ваквите изјави, за жал, се израз на целосно непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата. Со Обединетото Кралство имаме стратешко партнерство засновано на заемна доверба, политичка, економска и безбедносна соработка, а не на шпекулации и сензационализам,“ порача министерот.Реакцијата на Муцунски следи по изјавата на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој праша дали Владата разговара за евентуално прифаќање мигранти по примерот на договорите што Лондон ги склучува со трети земји.

Македонија | пред 2 месеци

mucunski-germ-3

Муцунски да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија?, праша Филипче

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање по написи во британските медиуми го повика министерот за надворешни работи Тимчо Муцински да одговори дали разговараат за носење мигранти во Македонија.„Го прочитав текстот, го видов во медиумите. тука многу сериозно владата треба да излезе и да каже разговараат или преговараат за таква работа. Со оглед на шпекулациите и написите во многу сериозни светски политички часописи. Треба министерот Тимчо Муцински да каже дали разговараат за тоа да мигранти се носат во нашата земја“, изјави Филипче.Дополнително, Филипче праша дали изградбата на споменатите мигрантски кампови во медиумите имаат некаква врска со заемот од 7 милијарди евра кои ги зема владата пред неколку месеци.„Министерт Муцунски исто така треба да каже, има ли тоа врска некаква со тој пакет со заемот 7 милијарди евра? Има ли некаква врска? Условена ли е владата за тие пари да го направи тоа? Очекувам министерот да во текот на денешниот ден, утре најкасно, да информира јавноста за тоа дали се зборува со Велика Британија за лоцирање на мигранти во нашата земја“, рече Филипче.Претседателот Филипче пред новинарите исто така рече дека СДСМ подолго време наназад  ги следи публикациите кои излегуваат во британските часописи каде веќе се укажува на тенденциите, британската влада тука во Македонија но и во регионот на Балканот и околните земји да лоцираат места за изградба на мигрански кампови но тое сега е на ниво на шпекулации и за тоа мора да им одговор од владата.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryt3bsdf28a096cYkbBon

Муцунски оствари средба со македонската дијаспора

Во рамки на завршните активности од посетата на САД, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, ја посетија Македонската православна црква „Раѓањето на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтс, Мичиген, како и Неделното црковно училиште во кое 120 деца имаат можност да се запознаат со православната вера, македонската традиција и да го изучуваат македонскиот јазик. Делегацијата присуствуваше на утринската литургија што ја одржа отецот Синиша Ристовски и оствари средба со бројната македонска дијаспора.Министерот Муцунски истакна дека дијаспората претставува силен мост меѓу двете земји и има значајна улога во градењето на врските меѓу македонското и американското општество, како и во промоцијата на македонската култура и традиција на американско тло.„Изразуваме благодарност за топлиот прием. Остануваме цврсто посветени на зајакнување и продлабочување на контактите со нашата дијаспора,“ порача министерот Муцунски.

Македонија | пред 2 месеци

MUCUNSKI

Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати, вели Муцунски и упати критика кон Филипче

„Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата – да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата,“ изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.Тој потсети дека изминатите години се покажало што значат политиките на брзи потези и празни ветувања, оценувајќи дека СДСМ и ДУИ отворале надеж со секое ветување, а ја поништувале со секој притисок. „Заедничките документи што се носеа во Собранието не донесоа сила, туку слабост – беа дерогирани веднаш штом ќе се појавеше предизвик,“ рече Муцунски.Министерот нагласи дека патот на сегашната влада е поинаков и се базира на решенија кои носат траен напредок. „Подобро е да покажеме трпение и мудрост, отколку да направиме потег кој утре ќе биде уште поголем товар за државата. Тоа е државнички пристап: да мислиме на денес, на утре и на задутре,“ истакна тој.Муцунски додаде дека европската иднина за актуелната влада не е празна фраза, туку борба против корупцијата, модерна администрација, дигитализација, инвестиции во патишта, инфраструктура и нови можности за граѓаните. „Ние веруваме дека резултатите дома создаваат почит надвор. Токму затоа сме решени да обезбедиме европска иднина која ќе биде достојна, одржлива и прифатлива за сите. Тоа го заслужува македонскиот народ,“ порача Муцунски.

Македонија | пред 3 месеци

mucunski4-2

Муцунски: Градиме нови пријателства, но остануваме верни на НАТО, ЕУ и партнерството со САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за NewsMax Balkans зборуваше за европската интеграција на државата, регионалните прашања, НАТО-членството, партнерството со ЕУ во областа на безбедноста и одбраната, како и за странските инвестиции.Тој нагласи дека Владата активно работи на проширување на меѓународните пријателства, без да ги запостави темелните стратешки приоритети – членството во НАТО, патот кон ЕУ и сојузништвото со САД.Муцунски потсети дека неодамна ја потпишал Заедничката декларација за стратешко партнерство со Велика Британија, како и билатерален договор меѓу двете влади, кој според него има историско значење поради обемот и содржината.„Благодарение на овој договор ќе се реализираат клучни инвестиции во неколку значајни сектори – меѓу кои Коридорот 10, здравствениот систем и дигиталната инфраструктура,“ истакна министерот.Како посебен пример на пријателство, Муцунски го наведе партнерството со Унгарија, кое, како што рече, веќе носи конкретни резултати – инфраструктурни проекти во повеќе општини, значителна финансиска помош за државата и директна поддршка за македонските компании.Министерот потсети дека Владата го потпишала и Договорот за партнерство со Европската Унија во сферата на безбедноста и одбраната. „Веќе е реализирана првата поддршка – Министерството за одбрана доби 20 милиони евра за набавка на опрема значајна за одбраната и безбедноста на државата,“ додаде тој.На крајот од интервјуто, Муцунски ја потенцираше конзистентноста на Владата во однос на меѓународната политика:„Активно работиме на проширување на пријателствата, но без да ги запоставиме нашите приоритети: НАТО-членството, европската интеграција и стратешкото партнерство со САД, кое е клучна гаранција за стабилноста на регионот.“

Македонија | пред 4 месеци

mucunski-sednica

Муцунски со жестока реакција до Османи: „Кога сте на власт сте Европејци, кога сте во опозиција – апостоли на поделби“

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски упати остар одговор на критиките од неговиот претходник Бујар Османи, обвинувајќи го за политички двојни стандарди и користење на соживотот како инструмент за партиски притисок.Реакцијата во целост:„Интересно е како некои личности, кога се на власт, се прогресивни Европејци, а штом ќе дојдат во опозиција, одеднаш стануваат апостоли на дестабилизација и поделби.Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство – и тоа не му пречеше. Напротив, одлуки се носеа и во Владата и во Собранието без македонско мнозинство – и сè беше во ред, демократски, европски.Но денес, кога постои јасно демократско мнозинство, кога народот – независно од етничка или било каква друга припадност – избра промени, тоа (според него) станува „проблем за соживот“.За Османи, проблемот не е во моделот – проблемот е што ДУИ повеќе не е на масата.Ние, во меѓувреме, работиме да ја поправиме штетата што ја оставивте – дома и надвор. Со работа, со принципи, со почит. Не со закани и манипулации.Демократијата не е валидна само кога сте дел од власта. А граѓаните веќе го кажаа своето – јасно, на избори.Јас верувам во соживот, во дијалог, и во иднина изградена врз вредности, еднаквост и напредок. За разлика од него, секогаш сум работел на обединување – затоа што сакам да живееме во држава што ги поврзува луѓето, не ги дели. Во држава што гради, не руши. Современа. Самоуверена. Европска“, напиша Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи“.

Македонија | пред 5 месеци

bujar-osmani-mucunski-585x390-1

Чаир како политичко боиште: Министер против поранешен министер

Изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во врска со кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Чаир, предизвика остра политичка полемика во јавноста.Муцунски, во интервју за ТВ Канал 5, оцени дека Османи со својата кампања и последните изјави испратил „опасни наративи“ кои, според него, повикуваат на редефинирање на државата и загрозување на нејзиниот унитарен карактер. Министерот вели дека се работи за концепт кој „отвора теми за автономија во одлучувањето“ и можност за „држава во држава“.– Ова не се наративи на 21-ви век, туку ехо од 19 и 20 век. Македонија е унитарна држава, членка на НАТО, и нема да дозволиме никакви повици за федерализација или конфедерализација. Ќе преземеме проактивни мерки против ваквите обиди – рече Муцунски.Тој упати критика и кон „оние кои со години се претставуваа како Европејци“, но, според него, се покажало дека една кампања за локални избори била доволна за да се активираат ретроградни идеи.Муцунски потенцираше дека верува во соживот и истакна дека сите етнички заедници во државата имаат заедничка цел – европска иднина, инвестиции и стабилност, но притоа остро ги осуди политичките пораки кои, според него, го подриваат тој курс.Поранешниот министер за надворешни работи и кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, реагираше преку социјалните мрежи, обвинувајќи го Муцунски за „неразумни потези“ и „опасно неразбирање“ на суштината на Охридскиот рамковен договор.– Охридскиот договор не го загрозува унитарниот карактер, туку го моделира во функционална мултиетничка демократија. Бадентеровото мнозинство, Балансерот, јазичната еднаквост и децентрализацијата не се закана – туку гаранција за стабилност – порача Османи.Според него, непризнавањето на Охридскиот договор е директен удар врз темелите на државата, кои, како што вели, не се само внатрешен консензус, туку и меѓународно прифатен модел од партнери како САД и ЕУ.– Во време кога државата треба да се обедини околу европската агенда, изјави како на Муцунски отвораат непотребен етнички фронт. Тоа не е патот напред – предупреди Османи.Тој својата реакција ја заокружи со порака дека „Охрид, исто како и Преспа и Договорот со Бугарија, не се проблеми, туку решенија“, алудирајќи дека мултиетничкиот баланс и договорите се темелот врз кој се гради иднината на државата.

Македонија | пред 5 месеци

11

Средба на министерот Муцунски со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос

На маргините на Дубровник Форум 2025, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос.Во година кога одбележуваме 30 години членство во Советот на Европа, на средбата беше потврдена нашата силна заложба за вредностите и стандардите на Организацијата. Соговорниците ја истакнаа и важноста на Европскиот суд за човекови права, неговата независност и спроведувањето на неговите пресуди.Министерот Муцунски упати благодарност за поддршката од Советот на Европа во спроведувањето на реформите дома и усогласувањето со европските стандарди. Соговорниците разменија мислења и за пошироките безбедносни предизвици во Европа, вклучително и руската агресија врз Украина.

Македонија | пред 5 месеци

1-1-1

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на САД, Анџела Агелер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.На средбата се разговараше за унапредување на политичката и економската соработка – како потврда на силното стратешко партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји.Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на економската соработка и поддршката на иницијативи насочени кон јакнење на трговијата и инвестициите.Во разговорот беа разменети мислења и за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици. Беше потврдена заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан, силното партнерство во рамките на НАТО Алијансата, како и заложбите за унапредување на демократските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата.Министерот Муцунски ја потенцираше решеноста на Владата за спроведување на клучните реформи и активниот придонес на државата во зачувување на мирот и безбедноста во регионот и пошироко.

Македонија | пред 5 месеци

1-1

Министерот Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Западниот Балкан е составен дел од Европа – потребна е забрзана интеграција

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, невладиниот сектор и самиот Атлантски совет.Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од одлучна и доследна поддршка за реформските процеси во регионот. Посебен акцент стави на Планот за раст како практичен инструмент кој го забрзува приближувањето кон единствениот европски пазар и носи реални економски придобивки за граѓаните – уште пред полноправното членство.Министерот подвлече дека реформите мора да бидат препознаени и вреднувани од страна на Европската Унија преку конкретни и навремени чекори, со цел зачувување на кредибилноста на процесот на проширување и спречување на дополнително разочарување кај граѓаните. Тој истакна дека реформските процеси се потврда за јасната европска ориентација на Владата, и дека нивното спроведување не претставува само исполнување на агенда, туку реално подобрување на квалитетот на животот и на општеството во целина.Во завршницата на обраќањето, министерот Муцунски, во контекст на денешниот Самит, ја повтори пораката дека Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија и дека европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел. Тој упати повик за забрзана интеграција на регионот, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот.

Македонија | пред 5 месеци

1-5

„Бугарија влегува во опасен наратив, Македонија останува цврста во одбрана на јазикот и идентитетот“, вели Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остро реагираше на најновите политички пораки од Софија, оценувајќи дека Бугарија влегува во опасен и ретрограден наратив кој го доведува во прашање македонскиот идентитет. На прес-конференцијата по повод една година од стапувањето на функцијата, тој повика на рационалност и одговорност, особено во контекст на европските интеграции.„Срамно е нашиот сосед да мисли дека може да го користи своето членство во ЕУ за редефинирање на македонскиот идентитет,“ изјави Муцунски.Тој предупреди дека обидите за политичко наметнување на придавката „модерен“ пред терминот „македонски јазик“ во извештајот на Европската комисија се неприфатливи и длабоко ги навредуваат чувствата на македонските граѓани.Муцунски потенцираше дека Македонија има неколку црвени линии од кои нема да отстапи – македонскиот јазик, националниот идентитет, културно-историското наследство и имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Тој нагласи дека афирмацијата на сопствениот идентитет не претставува говор на омраза, како што тврдат некои бугарски претставници, туку легитимна европска вредност.Во контекст на извештајот на Европскиот парламент, Муцунски изрази благодарност за поддршката добиена во Комисијата за надворешни работи (АФЕТ), каде што беше усвоен извештајот на европратеникот Томас Вајц со големо мнозинство. Тој сепак предупреди дека вистинската битка допрва следува на пленарната седница во јули.„Ова е историски момент, но не и повод за триумф. Не сме членка на ЕУ и немаме свои европратеници, но имаме пријатели кои ја разбираат нашата борба. Ќе направиме сè за да упатиме на разум во европските институции,“ рече министерот.Муцунски додаде дека Бугарија со својата политика не само што го подрива процесот на проширување на ЕУ, туку и ги отуѓува граѓаните на двете земји. Тој повика ЕУ да остане верна на своите темелни вредности – почитување на различностите, идентитетите и културите.„Ако навистина сакаме стабилен Балкан и кредибилна ЕУ, мора да престанеме со обидите за негирање на реалноста. Македонија е европска држава со свој јазик, историја и идентитет – и тоа никој нема право да го редефинира,“ заклучи Муцунски.

Македонија | пред 6 месеци

mucunski4-2

Муцунски од Хаг: Единството на НАТО е најсилната алатка – поддршка за Украина останува приоритет

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски престојува во Хаг како дел од македонската државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на покана на новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте. Посетата се одвива по повод самитот на Алијансата.Муцунски учествувал на работна вечера во форматот Совет НАТО – Украина, на која присуствувале и украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, како и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.Во своето обраќање, шефот на македонската дипломатија истакна дека кохерентноста и единството се клучни во справувањето со заедничките безбедносни закани, нагласувајќи ја потребата за засилени инвестиции во одбранбените капацитети.„Континуираната координација меѓу сојузниците е единствениот начин да постигнеме заеднички успех“, истакнал Муцунски.Тој се осврнал и на ситуацијата во Украина, изразувајќи поддршка за праведно и долгорочно решение преку директни преговори меѓу Киев и Москва, поддржани од САД и европските партнери.Македонија, рече Муцунски, останува посветена на поддршката за Украина, во согласност со своите капацитети.

Македонија | пред 6 месеци

1

Муцунски од Хаг: Стабилноста на Западен Балкан најлесно ќе се обезбеди преку европска интеграција на целиот регион

Од Хаг, во изјава за „Канал 5“, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го коментираше однесувањето на официјална Софија во контекст на евроинтеграциите на државата и нагласи дека дијалогот останува единствениот пат кон стабилизација на Западен Балкан.„Жалам што актуелната бугарска влада, а и бугарските европратеници, со своето дејствување – она што го гледаме во Брисел – влегуваат во рускиот наратив за дестабилизација на регионот. Стабилноста на Западен Балкан најлесно ќе се обезбеди преку извесна европска интеграција на целиот регион“, истакна Муцунски.Тој потенцираше дека постапките на Бугарија во последните недели и месеци се дел од наратив чија цел е дестабилизација на Балканот.„Како можеме да ги надминеме предизвиците и да работиме за стабилизација на Западен Балкан? Секако – преку дијалог“, додаде Муцунски и изрази жалење што, според последните информации, средба на маргините на НАТО-самитот во Хаг веројатно нема да се одржи.„Јавно порачувам: Владата е подготвена за средби на секое ниво – претседател со претседател, премиер со премиер, министер со министер. Така и ќе продолжиме да се однесуваме“, нагласи министерот.Муцунски говореше и за очекувањата од самитот во Хаг, каде што фокусот ќе биде на случувањата помеѓу Русија и Украина, безбедносната состојба на Блискиот Исток и другите глобални безбедносни предизвици.„За да имате сериозни инвестиции во одвраќањето, вие морате да инвестирате прво во модернизација на армијата, во модернизација на различни капацитети – и инфраструктурни и во делот на сајберот – но исто така и во соодветна инвестиција во индустријализацијата. Тоа значи инвестирање во нови, домашни, наши македонски капацитети за производство. И во таа насока токму овие одлуки ќе ги поддржиме на овој самит и очекуваме консензус да се постигне веќе утре тука во Хаг“, заклучи Муцунски во изјавата.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-04-06-at-11.04.07

Муцунски за грчки весник: По несреќата во Кочани, погласни од зборовите беа непосредните и искрени постапки на солидарност од цела Европа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за грчкиот дневен весник „Та Неа“ зборуваше за билатералните односи меѓу двете земји, поддршката по трагедијата во Кочани, како и за регионалната стабилност и безбедност и заедничките предизвици и приоритети во рамките на НАТО Алијансата.Муцунски истакна дека трагедијата во Кочани е една од најтешките со кои се соочила државата во поновата историја, нагласувајќи дека европското единство повторно излезе на површина, а Механизмот за цивилна заштита на ЕУ се покажал како клучен инструмент за справување со последиците од оваа катастрофа. Тој во интервјуто ја повтори благодарноста до грчката влада и до грчкиот народ.„Грчките болници ги примија првите пациенти евакуирани од нашата земја и продолжуваат да им обезбедуваат врвна нега. Поддршката во вакви моменти претставува силен одраз на вистинско пријателство меѓу нашите две земји – однос што мора да продолжиме да го негуваме и градиме“, истакна Муцунски.Осврнувајќи се на билатералните односи, министерот ја истакна средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис на маргините на Генералното собрание на ОН во септември 2024 година, како значаен чекор во зајакнувањето на дипломатскиот ангажман.„Постои голем потенцијал за проширување на соработката – во трговијата, инфраструктурата и енергетското поврзување. Но, мора да ги продлабочиме и врските во областа на економијата и културата, каде што меѓусебното разбирање и заедничкиот развој можат да создадат долгорочна доверба и просперитет.Поттикнување на деловни партнерства, туризам, студентски размени и културни програми може уште повеќе да ги приближи нашите народи. Како НАТО-сојузници и непосредни соседи, имаме заеднички интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет – особено преку целосна регионална интеграција во Европската Унија“, вели Муцунски.Говорејќи за односите помеѓу двете држави, Муцунски во интервјуто оценува дека македонската влада е цврсто посветена на одржување одлични односи со сите наши соседи, а трагедијата во Кочани уште еднаш покажала колку е важна оваа соработка.Во делот посветен на актуелната геополитичка состојба и партнерството во рамките на НАТО, министерот го нагласува значењето на единството меѓу сојузниците во услови на зголемени безбедносни предизвици.„Единството останува темел на нашата заедничка стабилност и безбедност. Како членки на НАТО, сите носиме индивидуална и колективна одговорност за одржување на кохезијата и одбрана на вредностите што нѐ издвојуваат од авторитарните режими. НАТО и понатаму игра централна улога во обезбедувањето на безбедноста – не само за нашите две земји, туку и за поширокиот евроатлантски простор. Убеден сум дека оваа улога ќе остане клучна и во годините што доаѓаат. Соочени со сè покомплексни безбедносни предизвици, мора да пристапиме со единство. Колективната одбрана, отпорноста и одвраќањето се клучни за заштита на сите земји-членки. САД остануваат наш клучен сојузник и стратешки партнер. Ова партнерство се покажало многупати уште од нашата независност. НАТО обезбедува платформа за справување со суштински безбедносни прашања и за сите членки – вклучително и САД – да водат значајни консултации“, истакнува министерот во интервјуто.Муцунски зборува и за претстојниот НАТО самит во Хаг, нагласувајќи дека земјите-членки ќе имаат можност да ја оценат моменталната состојба и да донесат одлуки по клучни прашања – инвестиции во одбраната, поддршка за Украина, регионални партнерства и стратешки предизвици.„Убеден сум дека НАТО ќе биде подготвен да одговори на моментот и ќе продолжи да биде столб на нашата заедничка безбедност – посилен и пообединет во времето што доаѓа“, заклучува Муцунски во интервјуто за „Та Неа“.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања