Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

Screenshot-2022-03-16-at-22.05.40

Одземени возила на двајца охриѓани по сообраќајка – двајцата со забрани за возење, а едниот бил пијан

На 04.02.2026 година во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „АСНОМ“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила – „фолксваген амарок“ управувано од В.В.М. (24), „ланчија“ управувано од Ј.П. (37) и „мерцедес“ управувано од П.Н. (35), сите од Охрид.По извршените проверки, било констатирано дека В.В.М. управувал возилото под дејство на алкохол со 0,71 промили во крвта и имал три забрани за управување со моторно возило од Б категорија. И Ј.П. имал една изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.Известен е јавен обвинител, по чии насоки возилата на В.В.М. и Ј.П. биле одземени. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со возило“.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryiv746m5csmbbejiU9QP

101 казна за непрописно затемнети стакла на автомобили минатиот месец

Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 2 седмици

media-library0macachlreevcFQIboH

Возеле и покрај забрана: одземени три возила во Ресен и Кичево

На 3 февруари 2026 година, при засилени сообраќајни контроли во Ресен и Кичево, полициските службеници затекнале тројца возачи како управуваат возила и покрај изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.Во 12:45 часот, на улицата „Корчуланска“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен запреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.С. (49) од Битола. При контролата било утврдено дека возачот управувал со возилото иако имал активна забрана за управување.Претходно, во 10:50 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево сопреле патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Г. (26) од селото Белчишта, општина Дебрца, кај кого исто така била констатирана изречена забрана за управување со моторно возило.Истата служба, во 11:30 часот на улицата „11 Септември“ во Кичево, запрела патничко возило „сеат леон“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М. (42) од селото Лазоровци, кичевско. При проверките било утврдено дека возачот имал изречени две мерки забрана за управување со моторно возило од Б категорија.По насоки од јавен обвинител, возилата се одземени, а по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarynbqnl1fa558vd8P9eUD

Полицијата со официјална информација за протестите на Ромите: Нема инциденти на вчерашните јавни собири

Од Министерство за внатрешни работи за Скопје1 информираат дека во текот на вчерашниот ден се одржуваат јавни собири на граѓани на повеќе локации низ државата, при што ниту еден од нив не резултира со нарушување на јавниот ред и мир.Според информациите од МВР, собири се одржуваат на патниот правец Ресен–Прилеп, како и во Струмица, Прилеп, Ресен, Штип и Кочани. Од Министерството наведуваат дека сите јавни собири се одвиваат и завршуваат мирно, без инциденти и без потреба од интервенција за воспоставување ред.Во соопштението се додава дека МВР, во координација со Јавното обвинителство, презема соодветни мерки и активности за понатамошно постапување, во рамки на своите законски надлежности. Од институцијата нагласуваат дека состојбата постојано се следи и дека приоритет останува зачувувањето на безбедноста на граѓаните и јавниот ред.

Македонија | пред 2 седмици

marihuana

Уапсени осум лица кои имале дрога, меѓу нив и двајца малолетници

Во текот на 3 и 4 февруари 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода осум лица поради поседување наркотични средства.Приведени се А.Л. (24), А.А. (32), А.А. (38), Д.И. (18), А.М. (35), 17-годишно момче и 16-годишна девојка, сите од Скопје, како и А.К. (45) од селото Морани, општина Студеничани. При полициските контроли кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја и марихуана.По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 2 седмици

dokumenti

Измамена фирма од Велес: Уплатиле 21 илјада евра за фалсификувана електронска фактура

Фирма од Велес измамена за над 21 илјада евра преку фалсификувана електронска фактураНа 3 февруари 2026 година во 07:15 часот, во СВР Велес, 60-годишна жена од Велес пријавила финансиска измама во фирмата каде што е вработена, при што биле оштетени за вкупен износ од 21.111 евра.Според пријавеното, фирмата извршила уплата на средства по фактура кон деловен партнер, но откако на службената електронска адреса добиле известување дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и со деловните партнери. По извршените проверки било утврдено дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а парите биле префрлени на друга сметка.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

tepacka-4

Партнерот ѝ го одзел телефонот, ја нападнал со остар предмет и ѝ го демолирал возилото

На 3 февруари 2026 година околу 20:50 часот, во СВР Скопје била пријавена сериозна семејна расправија со елементи на насилство, која се случила во дом на подрачјето на Кисела Вода.Според пријавата поднесена од 31-годишна жена, нејзиниот партнер Љ.З. ѝ го одзел мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ѝ се заканувал со употреба на остар предмет. Како што е наведено во пријавата, инцидентот продолжил и надвор од домот, каде што во дворот со тврд предмет било оштетено и нејзиното возило.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

media-library05ol27tftfj1crMAwXz

Уапсен скопјанец, во домот му нашле марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми и пари

На 03.02.2026 во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ.С. (23) од Скопје.При претрес со судска наредба извршен во неговиот дом на подрачјето на Центар, пронајдени и одземени се марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми, пари и други предмети.По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryeb79874sfn40ev4Bmi3

Сејф сити: Од 650 прекршоци, 590 се за пребрзо возење

Во текот на 03.02.2026 година, системот „Безбеден град“ регистрираше вкупно 650 прекршоци. Од нив, 36 биле за минување на црвено светло, 590 за возење со брзина над дозволеното, а 24 за нерегистрирани возила.Дополнително, изречени се 61 забрана за управување со моторно возило.Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и пропишите, со цел да се обезбеди безбеден сообраќај низ целата држава.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Уапсени седум возачи: Управувале без дозвола, со забрана или под дејство на алкохол

Во текот на 03. и 04.02.2026 година, полициски службеници од Дебар, Пробиштип, Тетово, Велес, Кавадарци и Кичево лишија од слобода повеќе лица поради управување со моторни возила без положен возачки испит, со активна забрана или под дејство на алкохол.Во Дебар, на 04.02.2026 околу 00:30 часот, А.Л. (28) и А.Л. (23) од Дебар биле лишени од слобода откако претходно учествувале во физичка пресметка со други лица, а при контрола било утврдено дека 28-годишниот управувал возило под дејство на алкохол (1,65 промили) и без возачка дозвола. Возилото било одземено.Во Пробиштип, Ж.К. (57) од с. Трипатанци бил лишен од слобода поради управување со „југо“ без регистарски ознаки и без положен возачки испит. Во Тетово, А.И. (43) бил лишен од слобода за управување со возило за време на активна забрана, а возилото привремено одземено.Во Велес, Б.П. (22) од Неготино управувал „сеат толедо“ без да поседува возачка дозвола, а во Кавадарци, С.Ф. (43) управувал „фолксваген пасат“ без дозвола, при што и на двете лица возилата и документи биле одземени.Во Кичево, Ф.Т. (21) од с. Стрелци и Џ.А. (32) од Прилеп биле лишени од слобода за управување со возила без положен испит.По целосно документирање на сите случаи, против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 2 седмици

2

Уапсен бегалец од затвор, спроведен во „Идризово“ за доиздржување на казната

Денеска (04.02.2026) во 09:15 часот на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода А.Ј. (25) од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот „Идризово“.А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец за сторени кривични дела по членовите 236 и 215 од Кривичниот законик. По лишувањето од слобода, тој е спроведен во Затворот „Идризово“ за доиздржување на казната.

Скопје | пред 2 седмици

media-library4j88o06argn48A14PBn

(Видео) „Ми земаа кола 700 евра! Да ми се врати оти со пет деца во шупа живеам“, протест на патот Битола-Охрид оти сакаат да возат без возачки

Социјалниот револт поради одземањето на возилата на лица кои управуваат без возачка дозвола кулминираше на патот Битола–Охрид, каде демонстрантите јавно ги изнесуваат своите лични приказни и причини за протестот.„Ние сме од Битола, ние сме од нашите, некои немаме возачки. Денеска ми земаа 700 евра кола. Пет деца имам, во шупа живеам. Кај да одиме?“, вели еден од демонстрантите, објаснувајќи дека возилото за него не е луксуз, туку единствено средство за преживување.Тој директно ги поврзува протестите и блокадите со последните законски измени со кои се предвидува задолжително одземање на возила управувани без возачка дозвола. „Гледај сега што направи претседателот со ова. Е сега гледај ние што правиме. Прилеп, Ресен, Битола – сѐ е блокирано. Уште 2000 души доаѓаат“, изјавува демонстрантот, нагласувајќи дека протестите се шират и дека незадоволството расте.Во неговото обраќање доминира чувството на социјална безизлезност. „Без возачки што беа луѓето трпат за леб. Греотичка сме, кај да најдеме леб? Овде што сме ние, немаме возачки. Ни даваат по 50 евра социјално“, вели тој, додавајќи дека барањето е едноставно и директно: „Колата да ми се врати“.Ваквите сведоштва ја отсликуваат атмосферата на протестите, каде што законските мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот се судираат со длабоки социјални проблеми и сиромаштија. Демонстрантите порачуваат дека за нив возилото претставува основно средство за егзистенција, а не прекршок од кој може лесно да се откажат, додека институциите најавуваат дека законот ќе се применува без исклучоци.

Настани | пред 2 седмици

media-librarya6n7f26cob4d0UPEEyc

(Видео) Камион излета од патот Битола-Прилеп

Сообраќајна незгода е регистрирана на патниот правец Битола – Прилеп, каде камион излетал од коловозот и се превртел покрај патот.Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица, ниту пак се познати причините поради кои дошло до излетувањето и превртувањето на товарното возило.На местото на настанот се присутни полициски екипи кои вршат увид, а повеќе детали се очекуваат по завршување на истрагата.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarynbqnl1fa558vd8P9eUD

(Видео) Протест во Штип поради одземање возила: запален оган и тензии со полицијата

Граѓани од ромската заедница протестираат во Штип, каде што палат оган на јавна површина. Причината за протестот, како што посочуваат, е одземањето на возилата на дел од нив поради управување без возачка дозвола, мерка што произлегува од новите законски одредби.На местото е повикана и пристигнува Противпожарна екипа, но демонстрантите не дозволуваат пристап за гаснење на огнот. Повеќе од 20 минути трае расправија меѓу учесниците на протестот и полициските службеници, по што полицијата повикува и засилување.Демонстрантите тврдат дека мерката е неправедна и дека им се одземаат возилата, иако ги управуваат без возачка дозвола, поради што извикуваат „бараме правда“. Атмосферата е напната, а огнот сè уште гори.Полициските службеници се обидуваат да им укажат дека палењето оган претставува опасност и дека истиот мора итно да биде изгаснат, но демонстрантите продолжуваат да одбиваат соработка. Засега нема официјални информации за приведени лица, но од надлежните се очекува постапување согласно законот.

Настани | пред 2 седмици

media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

Управувал возило со 2.09 промили алкохол во крвта

Денеска (03.02.2026) во 17:30 часот на автопат Куманово-ГП Табановце полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Ѓ (35) Куманово.Имено, при контрола полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта. Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземено.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања