Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

media-librarynh2fn5n2kl2f3AbroZX

Тапачка меѓу малилетници во двор на градинка во Чаир

На 05.02.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, Н.Ќ.(49) од село Страхојадица, општина Зелениково, пријавил дека околу 12:30 часот во двор од градинка на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Голф удри 7-годишно девојче во Куманово, детето со тешки повреди пренесено на Клинички

На 05.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната С.В. од Куманово, удрило во седумгодишна малолетничка од Куманово.Во сообраќајната незгода малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 седмица

UaYct-

Охриѓанец чувал марихуана изнесена од фабрика за медицински канабис – кривична пријава од СВР Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л. (60) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик и по член 95 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.С.Л., кој претходно бил вработен како инженер-агроном во фабрика за одгледување на медицински канабис во Ново Село, општина Дебрца, наводно неовластено изнел марихуана од фабриката и ја чувал во неговото престојувалиште во Охрид, со цел да ја користи или да ја продаде натаму.При претрес извршен по судска наредба во неговите простории, полицијата пронашла и одземала марихуана, по што лицето било лишено од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.54

Тепачка меѓу затвореници во Идризово

Во СВР Скопје е пријавено дека на 03.02.2026 околу 17:30 часот, во полуотвореното одделение на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, осуденикот М.Б. физички го нападнал друг осуденик, А.А. Двајцата се наоѓаат во затворот и издржуваат казна.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 1 седмица

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Полицајци, наставничка и пожарникар обвинети за примање поткуп при издавање лични документи

Oдделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од КЗ и кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 2 во врска со член 22 и член 45 од КЗ, П.П., на работно место полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од КЗ и кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 2 од КЗ, во врска со член 24 од КЗ, В.Р., вработена како наставник во средно училиште во Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од КЗ и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од Кривичниот законик.Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П.. Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање на лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел дејствија на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски. Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги.

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-36-4540PM

Уапсени 11 возачи без возачка дозвола, двајца се малолетници

11 возачи управувале возила без возачка дозвола и со активна забрана за управување моторно возило,од нив двајца се малолетници, ќе им бидат поднесени кривични пријавиНа 05.02.2026 во 16:00 часот на ул.„Таше Милошевски" во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.К.(27) од с.Јанковец, ресенско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено" со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.К., при што констатирале дека го управувал возилото без да се стекне со право за управување, односно без важечка возачка дозвола. Возилото било одземено.На 05.02.2026 во 12:00 часот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај с.Ропотово, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода И.Н.(28) од с.Гостиражни, општина Долнени. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф" со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Н., при што констатираче дека го управувал возилото пред да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола. Возилото било одземено.На 05.02.2026 во 19:30 часот на патот Ресен-с.Евла, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен лишиле од слобода 15- годишник од Штип. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда" со ресенски регистарски ознаки, управувано од малолетникот, при што констатирале дека го управувал возилото без да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола. Возилото било одземено.На 05.02.2026 во 16:45 часот на магистѕралниот пат Гостивар-Стража, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.А.(24) од с.Чегране, гостиварско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.А и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. Возилото било одземено.На 05.02.2026 во 14:30 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(23). При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола, односно без положен возачки испит.На 05.02.2026 во 16:25 часот на регионален пат кај крстосница за село Ѓавато, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица сопреле патничко возило „форд фокус“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.З.(19) од Богданци. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи биле одземени.На 05.02.2026 во 14:50 часот на локалниот пат с.Пиперево - с.Василево, полициски службеници од СВР Струмица сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од с.Пиперово, општина Василево. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени.На 05.02.2026 во 19:00 часот на ул.„Цветан Димов“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица сопреле товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.П.(33) од с.Баница, струмичко. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени.На 05.02.2026 во 10:15 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ш.Ј.(42) од Кавадарци. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Ш.Ј., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено.На 05.02.2026 во 13:45 часот на улица „Народен Фронт“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.В.(32) од Кавадарци. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.В., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено.На 05.02.2026 околу 09:25 часот на регионален пат во с.Драслајца, струшко, полициски службеници од ОВР Струга сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.С.(32) од с.Корошишта, струшко. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени.По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

uapsen

Уапсен крадец од Радовиш кој избегал од затвор

На 05.02.2026 во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б. (23) од Радовиш.Тој е осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за кривично дело „тешка кражба“ и бил баран по распишана потерница поради бегство од Затвор Струмица, каде требало да издржи уште три години и осум месеци од казната.Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

Македонија | пред 1 седмица

media-library508s3j11gks478jHwC6

(Видео) Од фабриката „Oхис“ излегоа 20 возила: Запленети 9 тони марихуана на првата локација поврзана со „Алфафарм“

Седум комбиња, еден мини-камион, шест камиони и шест патнички возила излегоа од кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на скопската компанија Алфафарм ДОО Скопје, регистрирана за производство и преработка на медицински канабис. Ова е првата локација од која, според информациите на „Скопје1“, се запленети околу девет тони марихуана.Според нашите извори, на теренот покрај полициски службеници и истражители биле присутни и медицински тимови, а во акцијата учествуваа и возила на Царинска управа. Засиленото присуство и логистиката укажуваат на обемот и сериозноста на операцијата.Втората локација од која се одземаат дополнителни околу 18 тони марихуана, според изворите на „Скопје1“, се наоѓа во струмичкиот регион. Со тоа, вкупната количина на запленета дрога во оваа координирана акција достигнува околу 27 тони, што претставува една од најголемите конфискации забележани досега.Од Министерство за внатрешни работи и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција засега не соопштуваат официјални детали, со образложение дека претресите и проверките сè уште се во тек.Акцијата доаѓа откако пред четири дена во Србија беа пронајдени и одземени пет тони марихуана, за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин во село во близина на Крушевац.Во фокусот на истрагата е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, компанијата располага со акционерски капитал од околу 529 илјади евра и има повеќе косопственици. Посебно внимание привлекува фактот што се евидентирани измени во сопственичката структура само неколку дена пред во Србија да бидат откриени и запленети петте тони марихуана.Во Србија, според официјалните информации, осомничени се пет лица, од кои две сè уште се недостапни за органите на прогонот, а се гонат за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги. Бројот на осомничени и кривичните дела за кои постојат сомневања во Македонија ќе бидат соопштени по завршување на целосната истражна постапка, кога се очекува и официјална потврда за заплената од над 27 тони марихуана.

Македонија | пред 1 седмица

media-library0gloph133loj7jZ2Hpj

„Скопје1“ дознава: Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана во Скопје и струмичко

Полицијата вечерва завршува заплена на речиси десет тони марихуана во Скопје, поврзани со претходно одземените пет тони во Србија, а складирани во кругот на фирмата инволвирана во случајот со нелегалниот шверц, дознава „Скопје1“ од извори вклучени во истрагата. Паралелно со оваа заплена, според истите извори, се спроведува и втора акција на локации надвор од Скопје, каде што се одземаат дополнителни 18 тони марихуана. Според неофицијалните информации, втората заплена е во струмичко.Акцијата, која трае во текот на целиот ден, ја спроведува Министерство за внатрешни работи под насоки на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со тоа, се одзема вкупна количина од околу 27 тони марихуана, што според достапните информации претставува најголема конфискација на дрога во Македонија за која досега се слушнало во јавноста.Акцијата следи по настаните од пред четири дена, кога во Србија беа пронајдени и одземени пет тони марихуана за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин поврзан со семејство во село во Крушевац.Во фокусот на истрагата е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година, со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, компанијата има акционерски капитал од околу 529 илјади евра и повеќе ко-сопственици. Интересно е што има измени во сопственичката структура денови пред да бидат фатени шверцуваните пет тони во Србија.Од македонските институции засега не се соопштуваат детали, со образложение дека акцијата сè уште е во тек. Во кругот на поранешниот комплекс ОХИС, каде што правно е регистрирано седиштето на „Алфафарм ДОО Скопје“, вечерва е забележливо засилено полициско присуство, истражители на Обвинителството, како и медицински лица.Во Србија, според официјалните информации, осомничени се пет лица, од кои две се сè уште недостапни за органите на прогонот, а се гонат за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги. Бројот на осомничени и кривичните дела за кои постојат сомневања во Македонија ќе бидат соопштени по завршувањето на целосната истражна постапка, кога и официјално се очекува потврда за заплената од над 27 тони марихуана.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv03pbng74ego1al7rqe

(Видео) По заканите за „убиства и тепачки“, демонстрантот се извини: „Нема да се повтори“

Лицето кое за време на протестите се закани дека „ќе има убиства и тепачки“ доколку полицијата одземе нечие возило, денеска јавно се извини, наведувајќи дека изјавата ја дал во афект.Демонстрантот посочува дека неговата реакција била предизвикана од тоа што на негов братучед му било одземено возилото, согласно измените на Законот за прекршоци, и уверува дека вакво однесување нема да се повтори.„Ова нема да се повтори уште еднаш, на братучед ми му ја земаа колата. Ова нема да се повтори уште еднаш. Нема да се закануваме повеќе“, изјави тој.Заканите предизвикаа силни реакции во јавноста, а надлежните институции претходно најавија дека ќе постапуваат по сите случаи на загрозување на јавниот ред и безбедноста.

Македонија | пред 1 седмица

pretepan

Гостиварец им се заканувал на сопругата и синот, па доби кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.П. (64) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.Според пријавата, во семејниот дом пријавениот упатувал закани кон неговата 60-годишна сопруга и 40-годишниот син, при што оштетил и дел од покуќнината.

Македонија | пред 2 седмици

kazni-policija-policaec

Кривична за 11 возачи кои возеле без возачка или со забрана за управување

Полицијата ќе поднесе кривични пријави против 11 возачи кои управувале возила без положен возачки испит или со изречени забрани за возење, а дел од нив се лишени од слобода и им се одземени возилата.На 4 февруари 2026 во 10:10 часот на автопатот Градско–Велес, кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Ј.(35) од Прилеп. При контрола било сопрено патничко возило „голф“ со прилепски ознаки, кое го управувал иако имал три мерки забрана за управување со моторно возило од Б категорија.Во 21:45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода К.А.(29) од с.Злетово. При контрола било утврдено дека управувал „опел корса“ со пробиштипски ознаки и покрај активна забрана за управување со моторно возило.Во 18:00 часот на ул. „Иво Рибар Лола“ во Тетово, полициски службеници лишија од слобода 16-годишник од с.Желино, кој управувал „голф“ со тетовски ознаки пред да стекне право на управување. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител, а возилото било одземено.Во 15:20 часот на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода А.М.(18) од с.Падалиште, кој управувал „опел“ со гостиварски ознаки без положен возачки испит.Во 13:40 часот во с.Љубодраг, кумановско, биле лишени од слобода Д.Ј.(37) од Куманово и Ф.А.(29) од с.Черкезе. Тие управувале возила „шкода“ и „опел“ без положен возачки испит.Во 19:30 часот во с.Банско, струмичко, полициски службеници запреле „тојота“ без регистарски ознаки, управувана од Д.А.(20) од Струмица. Утврдено е дека управувал без возачка дозвола, а во возилото превезувал и бесправно исечени огревни дрва, по што возилото и дрвата биле одземени од Шумската полиција.Во 22:00 часот во Струмица бил запрен „форд“ со струмички ознаки, управуван од С.В., за кој било констатирано дека нема важечка возачка дозвола.Околу 21:00 часот на ул. „Балканска“ во Штип, полициски службеници го лишија од слобода А.М.(40) од Штип, кој управувал „голф“ без положен возачки испит.Во 13:30 часот на ул. „9“ во с.Батинци, скопско, бил лишен од слобода С.А.(43), кој управувал товарно возило „мерцедес“ без важечка возачка дозвола.Во 18:10 часот на локалниот пат Бутел–Мирковци во Скопје бил лишен од слобода С.К.(47) од Скопје, кој управувал „мерцедес“ без положен возачки испит.По насоки на јавен обвинител, лицата се лишени од слобода, возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 2 седмици

mobilen-telefon

Фатен охриѓанец кој со измама за лажни сообраќајки заработил 3,6 милиони денари

На ден 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е П.С.(38) од Охрид.По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. До ОЈО Штип поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип П.С. е спроведен пред Судија на претходна постапка при што му е одредена мерка притвор.

Македонија | пред 2 седмици

semejno-nasilstvo

Скопјанка натепана од деверот

На 04.02.2026 година во 11:30 часот, во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско пријавила дека на 03.02.2026 година околу 13:00 часот во семејниот дом била физички нападната од својот девер Д.М.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

media-library90qiek8unsp28xQ6dp2

Претрес во Гостивар: Пронајдена дрога, уапсено едно лице

На 05.02.2026 година во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.Б. (34) од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот и помошните простории на Б.Б., при што тој доброволно предал кутија во која била пронајдена марихуана.Б.Б. е задржан во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања