Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

migranti_kola

Уапсен Албанец кој криумчарел мигранти од Египет и Судан

На 08.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(21) од Албанија. Околу 01:55 часот на излез од Гевгелија кон автопатот А1, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од Б.С. и при контрола било утврдено дека во возилото превезува пет лица мигранти, од кои четири од Египет и еден од Судан. По документирање на случајот, ќе биде поднсена соодветна пријава

Македонија | пред 1 седмица

media-library9vdd0vlq5cqs3wLxE2Y

Уапсен струмичанец кој вршел измами за лажни сообраќајки и операции, му нашле над 15.000 евра

На 07.02.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.В.(38) од Струмица. Тој се сомничи дека на 06.02. и 07.02.2025 година во два наврати учествувал во извршување на кривични дела измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица. Имено, откако едно лице им се јавувало на фиксни телефонски броеви на пријавителките и претставувајќи се како медицинско лице успеало да измами две жителки на Струмица да дадат пари, кои наводно биле за операции на нивна ќерка или снаа, О.В. одел на локациите кои телефонски му ги кажувало лицето и ги преземал парите од жртвите.При лишувањето од слобода, кај О.В. се пронајдени 15.150 евра и 50 франци, кои ги стекнал при вршење на кривичните дела. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал начинот на кој ги вршел делата. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.СВР Струмица уште еднаш апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни во комуникација со непознати лица, која се врши по телефонски пат, да не наседнуваат на измами, да ги проверуваат податоците кои им се пласираат во телефонската комуникација, да не даваат пари на непознати лица и сите сомнителни случаи да ги пријават во полиција.

Македонија | пред 1 седмица

IMG_4867

Без возачка – без возило: за пет дена одземени 21 автомобил низ државата

Во периодот од 1 до 5 февруари 2026 година, на територијата на целата држава, по насоки на јавен обвинител, одземени се вкупно 21 возило, информира Министерство за внатрешни работи во одговор за „Скопје1“.Од МВР појаснуваат дека возилата биле управувани од лица кои немале положено возачки испит, односно управувале без возачка дозвола, што претставува тешко прекршување на сообраќајните прописи.Одземањето на возилата се врши согласно измените на Законот за прекршоци, со кои е предвидена построга санкција за безобѕирно управување со моторно возило, а мерката се применува како превенција и заштита на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.Од полицијата најавуваат дека контролите продолжуваат и во наредниот период, а секое управување возило без возачка дозвола ќе биде санкционирано согласно важечките законски решенија.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека најавената заплена на 40 тони марихуана, масло од канабис и биомаса од страна на Министерството за внатрешни работи не го одговара клучното прашање – кој дозволил пет тони дрога да поминат преку македонската граница.Од СДСМ оценуваат дека власта води медиумска кампања за дефокусирање на јавноста, додека МВР молчи за одговорноста на институциите. Според партијата, за транспорт на пет тони дрога потребни се повеќе камиони, што, како што наведуваат, не можело да се случи без знаење или поддршка од структури во МВР, Царината и други државни институции.„Началници, раководители, службеници, инспектори и функционери мора да понесат одговорност. Без институционална поддршка, невозможно е да се шверцуваат тони дрога преку државната граница“, велат од СДСМ.Партијата бара МВР да престане да ја избегнува одговорноста и јавно да одговори кој овозможил шверц на пет тони дрога и кои лица ќе бидат повикани на одговорност.

Македонија | пред 1 седмица

media-library28plki67uefgeTxR3CO

(Видео) Први официјални информации: Запленети над 40 тони марихуана и над 1.300 шишиња масло од канабис, се испитува врска со заплената во Србија

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса.@Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија  потекнува од нашата држава.Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство  сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана. Исто така, извршени се проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавност“, информираат од МВР.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhdh8o20jc2549qJ0jim

Приведен 67-годишник во Делчево, бил пијан и го нарушувал јавниот ред и мир

Шеесет и седумгодишен жител на делчевско бил приведен откако под дејство на алкохол го нарушувал јавниот ред и мир во центарот на Делчево.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 6 февруари 2026 година во 12:50 часот, полициски службеници од ОВР Делчево постапиле по претходна пријава и го привеле Б.Д.(67) на булеварот „Македонија“.По преземените мерки било утврдено дека лицето било под дејство на алкохол, при што со алкотест му биле измерени 1,88 промили алкохол во крвта.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

271975704_675232317223482_4397609985980020895_n

Претепан малолетник донесен на Клинички во Скопје

Петнаесетгодишно момче од Скопје е донесено со тешки телесни повреди во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, по физички напад што се случил во текот на ноќта во обложувалница во главниот град.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 7 февруари 2026 година во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено од Ургентниот центар дека кај нив е згрижен малолетник со сериозни повреди. Според пријавеното, нападот се случил околу 00:30 часот во обложувалница во Скопје, каде што 15-годишникот бил физички нападнат од Л.В.(18).На повредениот му била укажана лекарска помош, а неговата здравствена состојба се следи од страна на медицинскиот персонал. Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои дошло до нападот.

Македонија | пред 1 седмица

brza-pomos-nokje-3

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Кочани: управувал мопед, се судрил со „ауди“

Седумнаесетгодишно момче од Кочани се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера претпладне на една од пофреквентните крстосници во градот.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 6 февруари 2026 година во 11:53 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Кеј на револуцијата“, „Браќа Ставреви“ и „Нов мост“ дошло до судир помеѓу патничко возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(37) од Кочани, и мопед, исто така со кочански регистарски ознаки, кој го управувал малолетник на возраст од 17 години.Во несреќата, тешки телесни повреди му биле нанесени на малолетниот возач на мопедот, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип, каде што му била укажана лекарска помош.На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од ОВР Кочани, а причините и околностите под кои дошло до сообраќајната несреќа се предмет на понатамошна истрага.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjijc629lb4us3L49QJ1

(Фото) Бомби, пушки, автоматско оружје - позната возраста на скопјаните кои планирале одмазда за нивните осудени браќа

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против три лица од Скопје поради сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, на 6 февруари 2026 година Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против Б.Д. (33), М.Д. (29) и С.Е. (25). Тие се товарат за кривично дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 1 од Кривичниот законик и за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од КЗ.Според наодите од предистражната постапка, постои сомнение дека осомничените се организирале со цел одмазда за своите браќа, кои во текот на минатата година биле обвинети и осудени за кривичното дело „терористичка организација“. Досега прибраните докази укажуваат дека тројцата дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба заснована на радикални исламистички наративи.Надлежните служби се сомневаат дека осомничените преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство, кои, според истрагата, биле користени за пропаганда и активности поврзани со таканаречената исламска држава, како и за набавка на оружје.По наредба на Основниот кривичен суд Скопје, а под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници извршиле претреси на домови и други простории на повеќе локации во Скопје. При претресите биле пронајдени и одземени автоматска пушка со две рамки и 44 куршуми, два пиштола со три рамки и 14 куршуми, една ловна пушка, една воздушна пушка, една рачна димна бомба, како и муниција од различен вид и калибар и други материјални докази релевантни за истражната постапка.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygj6e8o97egln9K5T5ox

Менаџер од Бит Пазар осомничен дека од каса одзел 2,7 милиони дена

Полициски службеници од СВР Скопје го лишуваат од слобода А.В. (35) од Скопје, осомничен дека од фирмата каде што бил вработен противправно одзел близу три милиони денари.Апсењето се случува на 6 февруари 2026 година во 17:20 часот во Скопје, по претходна пријава поднесена на 4 февруари 2026 година. Според пријавата, А.В. во периодот од 18 декември 2025 до 4 февруари 2026 година, во продажно место на подрачјето на Бит Пазар, каде што работел како менаџер, во повеќе наврати неовластено одземал пари од касата.Со ваквото постапување, осомничениот му нанел штета на правниот субјект во вкупен износ од 2.783.867 денари.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 239 „затајување“ и член 235 „кражба“ од Кривичниот законик.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryf6pgriig8jtl5KAEBTa

(Видео) По дводневна акција: со десет возила и шлепер oд струмичко изнесени уште околу 18 тони марихуана, вкупно над 27 тони

По два дена интензивна акција, утрово од локацијата во струмичко, каде што се вршеше претрес и заплена, излегоа вкупно 190 возила натоварени со заплена. Според информациите на „Скопје1“, од теренот заминаа четири комбиња, еден мини-камион, пет камиони, осум патнички возила и еден шлепер, со што неофицијално е заокружена заплената на околу 18 тони марихуана од оваа локација.За разлика од претходната заплена во Скопје, во струмичко за првпат беше вклучен и шлепер, што дополнително укажува на обемот и логистиката на криминалната операција. Според сознанијата, токму оваа локација претставува вториот клучен крак на истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Детали за акцијата и натаму не се откриваат. Во јавноста нема информации за сторени кривични дела, ниту за осомничени лица. На ниво на шпекулација е информацијата дека марихуанта се запленува бидејќи е произведена надвор од пропишаните граници на производство кои што биле дозволени. Но ова не е потврдено од ниту една институција.Претходно, од кругот на поранешниот хемиски комбинат ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, беа изнесени околу девет тони марихуана. Таму, според нашите извори, беа ангажирани комбиња, камиони и патнички возила, а на теренот, покрај полицијата и истражителите на Обвинителството, имало и медицински екипи, како и возила на Царинската управа.Со струмичката заплена, вкупната количина одземена марихуана достигнува околу 27 тони, што претставува најголема конфискација на наркотична дрога во Македонија за која досега има сознанија во јавноста.Акцијата следува по настаните од пред неколку дена во Србија, каде што беа пронајдени и одземени пет тони марихуана, за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин поврзан со семејство во околината на Крушевац, а во тој предмет се осомничени најмалку пет лица, од кои дел сè уште се недостапни за органите на прогонот.Во фокусот на македонската истрага е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана за одгледување и преработка на медицински канабис, кај која, според податоците од Централниот регистар, биле забележани промени во сопственичката структура непосредно пред српската заплена.Од МВР и од Обвинителството засега не соопштуваат дополнителни детали, со образложение дека постапките на терен сè уште траат. Јавноста, како што најавуваат институциите, ќе биде официјално информирана по целосното завршување на акцијата и комплетирањето на истражната постапка, кога се очекува да бидат соопштени и бројот на осомничени лица, како и кривичните дела што ќе им се стават на товар.

Настани | пред 1 седмица

media-library0gloph133loj7jZ2Hpj

Втор ден се запленува марихуана: по конфискуваните девет тони, акцијата трае во струмичко со останатите околу 18 тони

Откако вчера беа одземени околу девет тони марихуана од кругот на скопска фирма, Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и денеска продолжуваат со активности на терен, овојпат во струмичкиот регион. Како што веќе објави „Скопје1“, таму се запленуваат преостанатите околу 18 тони марихуана, со што вкупната количина опфатена со акцијата достигнува околу 27 тони.Од Министерство за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдуваат дека акцијата е во тек, но без да откриваат детали. „Активностите во однос на акцијата за која прашувате сè уште се во тек и поради тоа не сме во можност да споделиме дополнителни информации. По целосно завршување на акцијата, соодветно ќе биде информирана јавноста“, велат од МВР.Со сличен став е и Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од каде наведуваат дека поради тоа што сè уште се постапува на терен, во овој момент не можат да споделат повеќе информации со јавноста.Акцијата во Македонија следува по настаните од пред неколку дена во Србија, кога тамошните власти запленија околу пет тони марихуана за кои официјално соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Токму таа заплена ја отвори истрагата за поширока криминална мрежа, по што македонските институции започнаа координирана акција на повеќе локации во земјава.Надлежните најавуваат дека јавноста ќе биде детално информирана по целосното завршување на претресите и истражните дејствија, кога се очекува и официјална потврда за конечната количина на запленетата дрога и евентуалните осомничени лица.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Претепан 26-годишник од двајца малолетници, завршил на клиника со тешки повреди

На 05.02.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје, С.Т.(26) од село Зелениково пријавил дека околу 23:10 часот во паркот во село Пакошево, општина Зелениково, бил физички нападнат од двајца малолетници.Како што е пријавено, тие употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarynh2fn5n2kl2f3AbroZX

Тапачка меѓу малилетници во двор на градинка во Чаир

На 05.02.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, Н.Ќ.(49) од село Страхојадица, општина Зелениково, пријавил дека околу 12:30 часот во двор од градинка на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Голф удри 7-годишно девојче во Куманово, детето со тешки повреди пренесено на Клинички

На 05.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната С.В. од Куманово, удрило во седумгодишна малолетничка од Куманово.Во сообраќајната незгода малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања