Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

rezim-soobrakaj

Утре протест во Скопје: воведен посебен режим на сообраќај

Утре, 31.01.2026 година, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи протестен марш „Стоп за Усје“ во Скопје. Трасата на движење ќе биде од пред Владата на РСМ на бул. „Илинден“, десно по бул. „ВМРО“, продолжение по ул. „Васил Главинов“, лево по ул. „Димитрие Чуповски“, потоа по ул. „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по ул. „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина.Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје за време на настанот.Апелираме до сите граѓани и учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје | пред 2 седмици

media-library9jo4a0fgdo29bbik8lQ

Не застанал на наредба на полиција, па физички го нападнал полицаецот - кривична за маж од Пробиштип

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.П. (33) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“.На 23 јануари 2026 година, пријавениот не ја почитувал наредбата да застане со возилото кое го управувал. По неговото запрено, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.Против М.П. ќе следуваат соодветни правни мерки согласно закон.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Се сакарале за паркинг, па го прободеле со остар предмет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.А. (58) од Гостивар, Б.З. (46) од село Равен, гостиварско и Г.М. (44) од село Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.На 4 декември 2025 година, во Гостивар, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, пријавените физички го нападнале А.А., при што еден од нив му нанел убодна рана со остар предмет.Против осомничените ќе следуваат соодветни правни мерки согласно закон.

Македонија | пред 3 седмици

puska

Кривична за битолчанец кој се заканувал по живот, при претресот му нашле воздушна пушка и муниција

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М. (48) од село Пресил, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.На 10 декември 2025 година, во село Житоше, прилепско, пријавениот упатил закани по животот на едно лице. Следниот ден, при претрес кај него, била пронајдена и одземена воздушна пушка и муниција.Против пријавениот ќе следуваат соодветни правни мерки согласно закон.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryre29coii7p2e97pM6lB

Лице со употреба на сила украло личен накит од 65-годишен скопјанец на автобуска во Центар

Денеска, 29 јануари 2026 година, околу 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р. (65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Центар, едно лице со употреба на физичка сила му одзело личен накит.Се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

Скопје | пред 3 седмици

mobilen-telefon

72-годишна штипјанка жртва на телефонска измама, и одзеле 2600 евра

На 28 јануари 2026 година, во 13:53 часот, 72-годишна жена од Штип пријави во СВР Штип дека била измамена за 2.600 евра.Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар, тврдејќи дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници, поради што итно требало да се оперира, додека нејзиниот зет давал крв. Жената, убедена во приказната, го оставила договорениот износ на назначеното место, но подоцна сфатила дека станува збор за измама.Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Македонија | пред 3 седмици

na-delo-768x443

Додека крадел вработена се обидела да го спречи, па ја нападнал

На 26 јануари 2026 година околу 21:00 часот, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К. (37) од струшко, со привремен престој во Скопје.Според пријавата, околу 18:00 часот истиот ден, тој во еден продажен објект во Скопје одзел производи и физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против осомничениот.

Скопје | пред 3 седмици

siluvanje-1-640x432-163518

Од 20 до 40 години се осомничените силувачи на 13-годишното девојче од неготинско - сите се во притвор

На 28 јануари 2026 година, полициски службеници од ОВР Неготино, по наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, лишија од слобода четири лица од неготинско село – на возраст од 20, 22, 26 и 40 години.Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ врз 13-годишна малолетничка, казниво по член 188 од Кривичниот законик.Лицата биле задржани во полициска станица, а потоа спроведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Кавадарци, кој им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. По донесената одлука, осомничените се спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Македонија | пред 3 седмици

policija-alkohol

Приведени двајца пијани возачи: еден излетал од пат, друг удрил во паркирано возило

Полициски службеници лишија од слобода двајца возачи во Струга и во кавадаречкиот регион, откако управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи.На 29 јануари 2026 година околу 07:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Ј. (29) од село Глишиќ, кавадаречко. Претходно, на регионалниот пат Неготино–Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. При преземање мерки било утврдено дека го управувал возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта.Претходниот ден, на 28 јануари 2026 година околу 18:20 часот, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода И.М. (36) од Струга. Тој управувајќи патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „мерцедес“, сопственост на Б.М. (23) од село Франгово. По извршените проверки било констатирано дека И.М. имал 2,25 промили алкохол во крвта, по што бил задржан во полициска станица.По целосно документирање на настаните, против двајцата возачи ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 3 седмици

izletal-od-pat

Автомобил излета од коловозот кај Балталиски мост, возачот тешко повреден

На 28 јануари 2026 година околу 09:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на 27 јануари околу 16:00 часот на експресниот пат Штип–Радовиш, на место викано „Балталиски мост“, патничко возило „мицубиши лансер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.И. (35) од село Секирник, општина Босилово, излетало надвор од коловозот.Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Штип.

Македонија | пред 3 седмици

marihuana2

Пронајдена марихуана и амфетамин во дом на 34-годишник од Гази Баба

На 28 јануари 2026 година, околу 21 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишија од слобода лице на подрачјето на општина Гази Баба.Станува збор за А.А. (34) од Скопје, кај кого при претрес извршен по претходна судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок против лицето.

Скопје | пред 3 седмици

Bislimovski

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против претседателот на Регулаторна, Марко Беслимовски, за штета од над 14 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Марко Беслимовски, во својство на претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според пријавата, Беслимовски, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, иако бил должен, не отпочнал постапка за одземање на лиценцата за вршење енергетска дејност – трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, иако компанијата не ги исполнувала законски пропишаните услови.Наместо да донесе решение за одземање на лиценцата, пријавениот донел незаконско решение за прекин на постапката, со што лиценцата не била одземена на 15 јануари 2024 година, туку дури на 14 април 2025 година. На тој начин, како што се наведува, му овозможил на правното лице противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност во период од околу 15 месеци по истекот на законските услови, како и да учествува и склучува договори во постапки за јавни набавки.Со ваквото постапување, според Финансиската полиција, Беслимовски ги повредил прописите кои бил должен да ги спроведува и овозможил компанијата „Тритерол Петрол“ да оствари вкупен промет во износ од 194.520.962 денари, како и да се стекне со противправна имотна корист во висина од 14.093.576 денари.Основното јавно обвинителство Скопје треба да одлучи за понатамошното постапување по поднесената кривична пријава.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarya093h6epbvrs2cLJxRN

Кривична пријава против Фатмир Дехари: Буџетот на Кичево оштетен за околу 130 илјади евра

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Фатмир Дехари, поранешен градоначалник на Кичево и кадар на Демократска унија за интеграција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против уште четири лица за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.Покрај Дехари, кривични пријави се поднесени и против Ф.А.(62) од село Зајас, А.Н.(38) од село Србица, Х.Б.(37) од село Црвевци и Б.С.(36) од село Стрелци.Според информациите од полицијата, Дехари во периодот од 2021 до 2025 година, во својство на градоначалник на Кичево, свесно и со умисла постапувал спротивно на одредбите од Законот за работни односи и Законот за локална самоуправа, при што склучил договори за вработување со останатите пријавени лица. Потоа, со пропуштање на должен надзор, им дозволил тие да не доаѓаат на работа, а истовремено да им бидат исплаќани плати, надоместоци и придонеси од општинската каса, без по истекот на законскиот рок да им биде прекинат работниот однос.На овој начин, според пријавата, буџетот на Општина Кичево бил оштетен за околу 130.000 евра, а пријавените лица се стекнале со противправна материјална корист. Како што наведува полицијата, секој од нив на своја сметка примил различна сума пари, иако биле свесни дека средствата се добиени по сторено казниво дело.Надлежното јавно обвинителство треба да одлучи за понатамошното постапување по поднесените кривични пријави.

Македонија | пред 3 седмици

danok

Кривична пријава за даночно затајување во Струмица: оштетен буџет од 1,3 милиони денари

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против правно лице од Струмица и двајца негови управители, В.Ј. (35) и С.П. (44), поради сомнение за кривично дело „даночно затајување“ според член 279 од Кривичниот законик.Правното лице како даночен обврзник, а В.Ј. и С.П. како управители, за 2024 година поднеле даночни пријави до Управата за јавни приходи, но не ги уплатиле доспеаните даноци, со цел да остварат поголема имотна корист.Неплатениот данок на додадена вредност изнесува 1.340.048 денари за периодот од 1 април до 30 јуни 2024 година, и 8.691 денари за периодот од 1 октомври до 31 декември 2024 година. На овој начин, буџетот на Република Северна Македонија бил оштетен за вкупно 1.348.739 денари.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrrboo0mre2qufAETiWB

Тошковски – Кочиу: Зајакнување на билатералната соработка, One Stop систем и со Албанија и нов Центар за полициска и царинска соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Министерството за внатрешни работи оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу, која престојува во официјална посета на земјава.На средбата беа разгледани повеќе значајни прашања од заеднички интерес, со акцент на унапредување на општата соработка меѓу двете министерства, планот до почетокот на туристичката сезона да се имплементира One Stop системот и со Република Албанија, можноста за пуштање на граничен премин „Џепиште – Требиште“ да работи постојано 24 часа во годината, како и активностите поврзани со нацрт-договорите меѓу двете влади за воспоставување заеднички контроли на заедничките гранични премини и за основање и функционирање на Центар за полициска и царинска соработка.„Сметам дека пред почетокот на летната сезона би можеле како што го имплементиравме One Stop системот со Косово и со Србија да го имплементираме и со Албанија и да ги затвориме државите кои што не се дел од ЕУ со еден по-брз трансфер на граѓаните кои што ќе ги намали чекањето на нашите граници. Исто така ја разгледавме можноста граничниот премин Џепиште-Требиште во иднина, оној режим на функционирање кој што ги има сега, а тоа е во летен период до 8 часот, во зимски период до 18 часот, да го продолжиме согласно можностите и капацитетите на двете министерства, да функционира 24/7 во текот на годината, со тоа што ќе им овозможиме на граѓаните од едната и од другата страна да имаат по добра комуникација, да остваруваат по голем број на услуги од едната и од другата страна и да, навистина, нашата одлична соработка ја покренеме на уште едно по високо и по добро ниво.“, потенцираше министерот Тошковски.Во рамки на посетата се одржа и средба на високо ниво меѓу министрите за внатрешни работи и директорите на царинските служби на двете земји, посветена на воспоставувањето на Заеднички контакт центар за полициска и царинска соработка. Овој центар ќе претставува дополнителен механизам за побрза и поефикасна размена на информации, координација и заедничко делување во справувањето со прекуграничниот криминал, нелегалната миграција, трговијата со дрога и другите безбедносни предизвици.„Склучувањето на Договорот за основање и функционирање на Центар за полициска и царинска соработка ќе придонесе за зајакнување на прекуграничната соработка и граничната контрола, како и за поефикасна борба против илегалната миграција, организираниот криминал и другите безбедносни закани. Македонија има воспоставено четири заеднички контакт центри – на Деве Баир со Република Бугарија, Ќафасан со Република Албанија, Блаце со Република Косово и Табановце со Република Србија. Овие центри секојдневно ја остваруваат својата основна функција за размена на информации, испраќање пораки за рано предупредување и координација во борбата против прекуграничниот криминал. Новиот Центар за полициска и царинска соработка ќе биде уште еден силен механизам во оваа мрежа.“ истакна министерот Тошковски.Тој додаде дека ваквите иницијативи се директна потврда на меѓусебната доверба и стратешкото партнерство меѓу двете земји.На средбата беше потврдена заедничката посветеност на Република Северна Македонија и Република Албанија за натамошно продлабочување на добрососедските односи, јакнење на регионалната стабилност и унапредување на европската перспектива на регионот.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања