Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Разбојништво во Штип: 82-годишна жена тешко повредена во напад во сопствениот дом

82-годишна жена од Штип пријавила дека била жртва на брутален напад и разбојништво во својот дом, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата поднесена на 27 јануари 2026 година во 08:27 часот во СВР Штип, настанот се случил претходната вечер, на 26 јануари, околу 21:00 часот. Непознато лице, со употреба на физичка сила и подесен алат, насилно влегло во домот на жената и физички ја нападнало.Како последица на нападот, таа се здобила со тешки телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во Клиничката болница Штип. Напаѓачот, по извршениот напад, ѝ одзел мобилен телефон и личен накит, по што се дал во бегство.Од МВР соопштија дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.z

Македонија | пред 3 седмици

media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

Бизнис агентка вработена во мобилен оператор присвоила мобилни телефони и оштетила компанија за околу 600 илјади денари

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б. (36) од Струмица, поранешна вработена во еден мобилен оператор, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „проневера во службата“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавената во периодот од март до септември 2024 година, во својство на бизнис агент, свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои ѝ биле доверени во рамки на службените обврски.Таа, како што информира МВР, на менаџерот во Гевгелија му прикажувала дека ќе склучи бизнис-договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран, при што мобилните уреди требало да им бидат доделени како субвенција за направени активации и обнови на договори. Наместо тоа, уредите биле присвоени.Дополнително, при редовните месечни пописи во продажниот салон во Гевгелија, свесно било прикривано дека недостасува трговска стока, со што на оштетеното правно лице му била причинета имотна штета во износ од околу 600.000 денари.По целосно документирање на случајот, кривичната пријава е доставена до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Тројца осомничени за изборни фалсификати и злоупотреба на лични податоци во Богданци

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Ш. (40) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со кривичното дело „фалсификување исправа“. Кривична пријава е поднесена и против Д.Л. (33) од Скопје за „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“, како и против Б.З. (45) од Скопје за „фалсификување исправа“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во септември 2025 година првопријавениот Б.Ш. без согласност ги искористил личните податоци од лична карта и патна исправа на неговата мајка и уште едно лице, по што тие податоци му ги предал на второпријавениот Д.Л.Второпријавениот, без знаење и согласност на оштетените лица, ги искористил нивните лични податоци во постапка за кандидирање на членови на Советот на општина Богданци пред Општинската изборна комисија – Богданци, при што ги фалсификувал и нивните потписи.Така изготвените лажни јавни исправи, на 13 септември 2025 година во Богданци, третопријавениот Б.З. од Скопје ги предал на членови на Општинската изборна комисија Богданци, со цел поднесување листа за кандидати за членови на Советот на општина Богданци.По целосно документирање на случајот, кривичните пријави се доставени до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 седмици

media-library9hgvvo1eq8ub52ZiCEb

20-годишник се заканувал на полицајци и се обидел да запали незаконски исечена дрвна маса

ОВР Берово поднесе кривична пријава против М.Г. (20) од селото Црник, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ и „спречување на докажување“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 декември 2025 година во селото Црник, пријавениот се однесувал агресивно и упатувал закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија на терен.Откако полицијата констатирала дека се работи за дрвна маса која била нежигосана и без соодветна испратница, осомничениот се обидел да ја опожари, со намера да го спречи или отежне докажувањето, односно да ги уништи предметните дрва.По документирање на случајот, кривичната пријава е поднесена до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 седмици

kidnapiranje

21-годишник од Штип осомничен за насилство и киднапирање на ќерка си

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Е.Д. (21) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „одземање на дете“.Според информациите од МВР, на 17 ноември 2025 година во Штип, пријавениот, заедно со уште две лица, физички ја нападнал својата поранешна сопруга на возраст од 23 години. По нападот, со помош на едно од присутните лица, тој ја одзел нивната малолетна ќерка.Случајот е пријавен и документиран, а кривичната пријава е доставена до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Радовишанци и жители на Конче пријавени за насилство, едно лице и за напад врз деца

Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Н.З. (19), М.И. (20) и С.К. (19), сите од Радовиш, како и против И.Р. (18) и А.Н. (20) од село Конче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.Дополнително, против Н.З. е поднесена и кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете“.Според информациите од МВР, на 31 декември 2025 година, пред угостителски објект во Радовиш, пријавените физички го нападнале Д.К., додека Н.З. физички нападнал и две деца.По целосно документирање на случајот, пријавите се доставени до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryf92q9lus3vhj7rjyoDi

(Видео) МВР разби ланец за транспорт на дрога: марихуаната пренесувана со шлепувано возило

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против М.З. (37), И.Б. (61) и Г.Б. (59), сите од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според информациите од МВР, на 26 јануари 2026 година, првопријавениот М.З. од лице од Струга купил моторно возило „опел комбо“ со швајцарски регистарски ознаки. Во возилото, заедно со второпријавениот И.Б., сместиле наркотична дрога – марихуана, по што го контактирале третопријавениот Г.Б. за да го шлепува возилото од Струга до Скопје, за надомест од 200 евра, бидејќи не било во возна состојба.По пристигнувањето во Скопје, М.З. и И.Б. побарале од Г.Б. за дополнителни 40 евра да продолжи со транспортот до Свети Николе, при што возилото „опел комбо“ било шлепувано зад товарно возило „ивеко“, а тие се превезувале во патничко возило „мерцедес“.На регионалниот пат во близина на Свети Николе, полициски службеници, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации за транспорт на поголема количина дрога, го запреле товарното возило. При извршениот преглед на задната клупа и во багажниот простор на возилото „опел комбо“, биле пронајдени осум торби со вкупно 50 пакувања марихуана.По извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека станува збор за вкупно 150 килограми марихуана.Осомничените се опфатени со кривичната пријава и против нив ќе продолжи понатамошна постапка пред надлежните институции.

Настани | пред 3 седмици

media-librarybbvpcdu9bmntc5SCimx

(Фото) Претреси во Брвеница: Пронајдени дрога, оружје и над 30.000 евра, приведени пет лица

Полициски службеници од СВР Тетово – Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје, утрово извршија координирана акција во тетовското село Брвеница, при што беа лишени од слобода пет лица и беа пронајдени дрога, оружје и поголема сума пари.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 28 јануари 2026 година во 06:40 часот биле приведени И.Ј. (43), С.З. (36), Д.П. (69), Д.П. (65) и С.З. (42), сите од село Брвеница. Врз основа на претходно издадена судска наредба, извршени биле претреси во нивните домови, помошни простории и патнички возила.При претрес кај И.Ј. биле пронајдени пет паковки со бела прашкаста материја, 52 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, два куршуми од пиштол од непознат калибар, како и една чаура од автоматска пушка. Кај С.З. (36) биле одземени 20 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, пиштол и рамка со два куршуми кои ги поседувал без дозвола, како и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.Кај Д.П. (69) полицијата пронашла пиштол без дозвола, како и ловен карабин, ловна пушка и пиштол за кои имал соодветни дозволи. При претрес кај Д.П. (65) биле пронајдени два списоци и една тетратка со имиња на лица, два компјутери, како и околу 31.640 евра, 3.400 швајцарски франци и 56.500 денари. Кај С.З. (42) била пронајдена бела прашкаста материја.Приведените лица се задржани во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 3 седмици

soobrakajka

Тројца возачи приведени поради алкохол во Куманово и Прилеп, еден предизвикал и сообраќајка удирајќи во три паркирани возила: има повредени

Тројца возачи се лишени од слобода во Куманово и Прилеп поради управување моторни возила под дејство на алкохол, а во еден од случаите е предизвикана и сообраќајна несреќа, велат од МВР и додаваат:На 27 јануари 2026 година, околу 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ј. (35) од Куманово. Претходно, во 20:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, управувајќи патничко возило „пежо“, тој удрил во три паркирани возила. По извршените проверки било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.Во Прилеп, на 28 јануари 2026 година, во 01:30 часот, на улицата „Цар Самоил“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Т. (43) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај било запрено патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, кое тој го управувал, а по преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,13 промили алкохол во крвта.Исто така, на 28 јануари 2026 година, во 01:00 часот, на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода и А.К. (35) од Прилеп. При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, а по извршените проверки било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, со измерени 2,54 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 3 седмици

media-library0m93ufldt2e80yYEqce

Протест на ССМ денеска од 17 часот, изменет сообраќај во центарот на Скопје во попладневните часови

Денеска (28 јануари 2026 година) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).Како што информира Министерството за внатрешни работи, протестот ќе започне во 17:00 часот, а учесниците ќе се движат по следната траса: од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип Втори Македонски“, десно по улицата „11 Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“, со крајна дестинација пред зградата на Владата.Поради тоа, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот на наведените сообраќајници, со цел безбедно и непречено одвивање на протестот.Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници и, доколку е можно, да користат алтернативни правци на движење за да се избегнат застои и метеж во сообраќајот.

Скопје | пред 3 седмици

mobilen-telefon

Ја истепал сопругата, па и го одзел мобилниот телефон

На 26 јануари 2026 година во 16:00 часот, во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со В.Т. (49) од Скопје.Постапката била преземена по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга, која навела дека на 24 јануари 2026 година, во семејниот дом на подрачјето на Општина Центар, била физички нападната, при што ѝ бил одземен и мобилниот телефон.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryuj1h4p7somd7b17zL46

Два автомобили опожарени синоќа во Скопје

Две патнички возила од марката „ауди“ биле опожарени изминатата ноќ на паркинг простори во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Првиот случај бил пријавен на 27 јануари 2026 година околу 02:00 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на улицата „Христо Татарчев“ било запалено возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 20-годишниот Г.Ч. од Скопје. Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. На местото бил извршен увид од полициска екипа.Околу час и половина подоцна, во 03:30 часот, полицијата добила уште една пријава за опожарување. На паркинг простор на улицата „Лазар Димитров“ било запалено патничко возило „ауди А4“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 61-годишната Р.Л.Г. од Скопје. И во овој случај нема повредени, а пожарот бил изгаснат од противпожарната служба.Полицијата извршила увид на двете локации и презема мерки за утврдување на причините за пожарите.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Гостиварец со остар предмет се обидел да го нападне сопствениот син

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Ш. (59) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.Според пријавата, на 27 ноември 2025 година, во семејниот дом, осомничениот со остар предмет се обидел да го нападне својот 35-годишен син. Настанот бил пријавен, по што полицијата презела соодветни мерки и активности, а против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 3 седмици

ucenici

Наставник од Ѓорче тепал ученик

На 26 јануари 2026 година во 15:30 часот, во СВР Скопје, С.С. (36) од селото Сарај, скопско, пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник.Според пријавата, инцидентот се случил околу 12:40 часот во спортската сала на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, каде што, наводно, детето било нападнато од А.П. (48) од Скопје, кој е наставник во училиштето.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 седмици

dokumenti

Референтка се здружила со струмичанец и преку фалсификување на договор префрлиле имот спротивно на закон, вели МВР

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.Д. (55) од село Јосифово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против З.М. (51) од Струмица, осомничен за кривично дело „измама“.Според информациите од полицијата, второпријавениот З.М. во текот на 2022 година дал полномоштво на друго лице за продажба на негов недвижен имот, иако претходно имал дадено изјава дека истиот нема да го отуѓува, заложува или на кој било начин да го става на располагање без писмена согласност од ремитентот – кредитор.По даденото полномоштво, овластеното лице склучило договор за продажба на недвижниот имот со таткото на З.М., а договорот бил потврден, односно солемнизиран кај нотар и електронски спроведен во надлежното Одделение за катастар на недвижности, со цел запишување на промената.Дополнително, првопријавената К.Д., во својство на самостоен референт за геодетски работи, извршила промена во катастарската евиденција, при што спорната парцела била вратена на претходниот сопственик, односно на второпријавениот З.М.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања