МВР

policaec-policija-skopje

139 казнети возачи во Скопје бидејќи зборат на телефон, возат пијани, со нерегистрирани возила

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 16 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за возач почетник, пет санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-03-16-at-22.05.40

Тешка сообраќајка во Аеродром, возач со Брза помош е однесен итно во болница

На 23.05.2022 во 08,00 часот на бул. Јане Сандански во Скопје пред спортска обложувалница пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(21) од Скопје, и товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(42) од Скопје.А.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, а на сопатничката од товарното моторно возило А.Т.(22) од Скопје и се констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.Фото:Илустрација

Скопје | пред 3 години

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Жена прегазена од „мерцедес“, со тешки повреди заврши во болница

На 23.05.2022 во 10,30 часот во Неготино на ул.„Маршал Тито“ патничко моторно возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од М.М. (50) од Неготино, удрило во В.Т.(79) од Неготино.Со тешки телесни повреди се здобила В.Т., која била пренесена во Клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“-Скопје за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-12-22-at-10.31.31

Пензионерка од Ѓорче ја бара сестра си, која исчезнала

На 21.05.2022 во 22.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров С.А.(72) од Скопје пријавил дека се оддалечила од нејзиниот дом неговата сестра Г.О.(81) која имала здравствени проблеми.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Татко пријавил дека син му бил прегазен од автомобил, па нападнат во Гази Баба

На 22.05.2022 во 01.50 часот во Полициска станица Гази Баба В.Ј.(44) од Скопје пријавил дека на 21.05.2022 околу 22.00 часот пред банка на подрачје на Гази Баба неговиот син бил удрен со возило и потоа физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Скопјанец си ја бара жена му, пријавил дека се оддалечила од дома

На 21.05.2022 во 18,30 часот во Полициска станица Гази Баба Б.И.(30) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечила неговата сопруга И.Б.И.(29) од Р.Косово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 3 години

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Скопјанец натепан во Карпош

На 21.05.2022 во 21.45 часот во Полициска станица Карпош Б.Ј.(33) пријавил дека на паркинг на подрачје на Карпош во близина на маркет, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

Прегазен уште еден пешак, овојпат малолетник од Тетово

На 21.05.2022 во 13.00 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок во с. М.Речица,тетовско патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.С.(36) од с. Г.Речица, тетовско удрило во малолетен пешак од с. М.Речица, кој е пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 3 години

IMG_4251

Упасени 12 лица во Скопје

Синоќа (21/22.05.2022) година од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола на угостителски објекти на подрачје на СВР Скопје од слобода се лишени 12 лица.Притоа кај Н.В.(42), Г.Н.(20), С.Ј.(21), А.Ј(35), Г.Т.(33), Л.Р(34) била пронајдена прашкаста материја, додека кај Д.М(23), Ј.Ѓ(21), Л.Ј(18), Б.Б(26), Х.И.(20) и Д.М(39) била пронајдена марихуана.

Скопје | пред 3 години

policija-kazni

246 сообраќајни казни во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 20 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се 12 мерки за користење на мобилен телефон, 56 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 24 санкции за возење под дејство на алкохол, пет санкции за некористење сигурносен појас...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

282213022_1069840153640575_6438249801466276309_n

ФОТО: Ужасна сообраќајка во Влае, повредени однесени во болница

Маж и жена се повредени по тешка сообраќајка која се случи во Влае, пред мостот „Обединети нации“. Според првичните информации станува збор за судир меѓу возила. Очевидци велат дека судрени се две возила, од кои едното е „Фиќо“.Први на помош истрчаа очевидците на настанот кои се обидуваа да им помогнат на мажот и жената. По нив, дојде и Брза помош. Лицата кои им се обидоа да помогнат, велат дека жената тешко реагирала, а мажот можел да мрда.„Скопје 1“ се обрати и до МВР од каде се очекуваат детали за страшната несреќа.

Скопје | пред 3 години

DSC_0105

Млад скопјанец се шетал со пиштол по скопскиот плоштад

На 20.05.2022 околу 19.15 часот пред казино на Плоштад „Македонија“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(20) од с.Батинци, скопско.При преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „ZORAKI M 906 T“ и рамка со шест куршуми калибар 7,65 мм.Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

policaec-policija-skopje

175 казни за прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 46 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 16 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возење под дејство на алкохол, седум санкции за некористење сигурносен појас...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

policiski-cas-policija-policaec

Одново стотина казни во Скопје: се вози брзо, се поминува на црвено, а возат и пијани

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 12 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се 11 мерки за користење на мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, шест санкции за некористење сигурносен појас...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, вели МВР.

Скопје | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Над сто возачи се казнети од полицијата во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.Изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци, шест мерки за возач почетник...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, информира МВР.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања