МВР

DSC_0052

Апсења во Гази Баба и Петровец

На подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Р.С.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 18.03.2022 во 17.15 часот на подрачјето на Петровец од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Ф.Т.(34) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

GP-Bogorodica

Бугарин фатен како со лажен пасош и лична карта се обидел да помине граница

На 18.03.2022 во 12,30 часот на Граничниот премин „Делчево”, поради илегално преминување на државната граница приведен е Ц.Б.Б.(54) од Р.Бугарија, кај кого е пронајдена бугарска патна исправа и турска лична карта (на име С.О.). Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 години

06

(ВИДЕО) 149 санкционирани возачи во Скопје, 47 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 47 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

DSC_0210

106 санкции за брзо возење на територија на Тетово

Во текот на вчерашниот ден (18.03.2022) на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 106 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 31 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 3 години

264426592_460370035476926_783367394729159426_n

132 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.„Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за возач почетник, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 38 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, кажа МВР.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања