МВР

DSC_0052

258 сообраќајни прекршоци во Скопје, 109 казни изречени на пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 109 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.Изречени се шест мерки технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 42 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, вели МВР.

Скопје | пред 3 години

ssssss

Возачот кој ја усмрти Викторија кај „Сити мол“ прозборе пред судот, адвокатот го опиша неговиот живот

Возачот Јордан Ѓоргиев кој ја стори несреќата кај „Сити мол“ изрази каење и призна вина. Пресудата за него ќе се чуе во понеделник.„Сакам да изразам сочувство на покојната. Од тој ден немам ни еден миг раат, многу сум вознемирен. Камо да можам да сменам нешто за тој ден. Доколку би можел, би го сменил местото“, кажа возачот Јордан Ѓоргиев.Обвинителството очекува казна која ќе превенира идни вакви несреќи.„ Со оваа кривична санкција искрено се надевам дека ќе биде задоволена правдата пред се во делот на генералната превенција во овој вид на криминалитет, бидејќи во последно време сме сведоци на жал се позачестени вакви незгоди, каде како последица го имаме губењето на човечки животи. Очекувањето на обвинителството е да се определи санкција со која ќе се остварат целите на казнувањето. Предлагам да му се определи кривична казна забрана за управување со моторно возило“, кажа обвинителот Мишо Илиевски.Адвокатот на семејството Николови, кажа дека тие не добиле извинување од адвокатот, семејството и оштетениот и 76 дена по несреќата.„Сакаме да потенцираме дека денеска е 76 ден од смртта на Викторија и во однос на признавањето на вина, сметаме дека истото е институционално. Затоа што во текот на овој период ниту семејството на обвинетиот, а и самиот тој, во ниту една форма, се нема извинето, изразено сочувство или искрено да се покае. Сакаме судот ова да го има во предвид и да донесе казна како што треба за да покажеме владение на правото сразмерна на делото кое е сторено“, кажа адвокатот Владимир Михајловиќ, кој го застапува семејството на загинатата Викторија Николова.Адвокатот Душко Јанковиќ, кој го застапува обвинетиот Јордан Ѓоргиев го опиша неговиот живот. Кажа што проживува, го спомена и каењето. Јанковиќ пред судијката кажа дека возачот е веќе казнет, бидејќи има трајно психичко пореметување. Според адвокатот, возачот Јордан кажал: „Каењето и самообвинувањето на Јордан се гледа и од тоа што во неколку наврати изјавил дека кога би можел да биде на местото на починатата Викторија, би се сменил со неа“.„Чинот на признанието на Јордан мислам дека е единствен начин за таа трагедија се ублажи и за двете страни, но и да денеска ја утврдиме правата вистина за целиот настан. Кога велам да се утврди правата вистина, не мислам на утврдување на фактичка состојба, но мислам, на сите невистини, лаги, инсинуации, злонамерни пишувања, колнења, клевети и закани со убиство искажани кон обвнетиот Јордан, неговото семејство, па и лично кон мене како негов бранител, а искажани преку социјалните мрежи од првиот момент на случената трагедија од страна на квази добротвори, квази правници, кои цело време изведуваа квази судии седејќи позади тастатурата пред компјутер, а вклучен ‘Фејсбук’ и неограничено ги лечеа своите комплекси, а притоа, не сфаќајќи дека се всушност морални накази и чудовишта кои немаа почитување спрема никого и со цел да ова и така не мала несреќа, уште повеќе ја зголемат, а што е најважно, немаа почит и спрема семејството на оштетените. Ова го кажувам со причина. Затоа што, обвинетиот успееја тогаш да го прикажат како дете кое е збеснато, чиј татко бил функционер, бизнисмен, близок со власта, а возел со скап џип, па дека бил пијан, поминал на црвено. Сето тоа влијаеше врз целата оваа постапка, почнувајќи по првиот ден и во некои решенија на овој суд каде што дури беше напишано и наведено дека во одлуката меѓудругото се носи и заради притисокот на јавноста. Ова не е прва сообраќајка ниту последна. Имало и многу потешки кривични дела, но никогаш немало таков публицитет што дури и влијаеше и на судски одлуки. Искрено се надевам дека овој суд нема да подлегне на никакви притисоци и дека ќе донесе објективна одлука. Како и да е, обвинетиот Јордан Ѓоргиев е најобично младо дете од нашето секојдневие. Ниту е син на директор, ниту имал скап џип, ниту бил под дејство на алкохол и дроги, што е факт и видно од самиот обвинителен акт. Живее во семејна заедница, со неговата мајка и помлада сестра и повремено, со неговата вереница. Родителите на Јордан се разведени уште во 2007 година и од тогаш се самохрано семејство. Неговиот татко, како за пример, живее веќе 17 години во Гевгелија и е невработен. Кога го опишуваме карактерот или психолошкиот профил на животот на младиот Јордан, неговата клучна улога во семејството е домаќинската улога и преземањето на улогата на неговиот татко. Јордан е ко-кредитобарател на неговата мајка која е кредитобарател, за кредит, за стан каде што денеска живеат, со рок на исплата од 30 години. Јордан на свое име и со двајца жиранти има подигнато уште еден кредит. Тоа покажува дека покрај тоа што студира, тој работи, зема плата од 45 илјади денари и заедно со неговата мајка го водат семејството“, кажа адвокатот.

Македонија | пред 3 години

policija-kazni

202 казнети возачи во Скопје, 46 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола,16 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за возење под дејство на алкохол, пет за нерегистрирани возила, 73 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, напиша МВР.

Скопје | пред 3 години

IMG-8172a4b086fc3db3a9575a35a6368360-V

(ФОТО) На автопат „фатен” со радар, возел 224 километри на час

Во текот на вчерашниот ден (02.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 188 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 91 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

DSC_0210

224 санкционирани возачи во Скопје, 63 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 32 мерки за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за возење без возачка дозвола.Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

IMG-654c706138b45ede12cffef1f50080b9-V

Приведени двајца разбојници, пронајдена дрога

Денеска (02.04.2022) полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Д.Ц (37) од Радовиш и А.Ѓ. (22) од село Ораовица, радовишко, поради соомнение дека околу 05.00 часот на раскрсница од улиците „22-ри Октомври“ и „Коста Сусинов“ во Радовиш од В.Ѓ. (69) присилно одзеле пари.По извршен преглед, кај А.Ѓ. била пронајдена бела прашкаста материја, а при претрес во дом и други простории кои ги користи А.Ѓ., извршени по Наредба на Основен суд Радовиш, било пронајдено уште едно пакување со бела прашкаста материја и ќесе со марихуана.Лицата се задржани во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Возач добил ќотек додека возел во Кисела Вода

На 01.04.2022 во 16.40 часот во Полициска станица Кисела Вода, Б.Ј. (33) од Скопје, пријавил дека околу 16.20 часот во близина на крстосница на подрачје на Кисела Вода, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

policija-policaec-35

Сосед натепал малолетник

На 01.04.2022 во 18,20 часот во Полициска станица Центар В.Л. (48) од Скопје пријавил дека околу 17.40 часот на подрачје на Центар неговиот малолетен син физички бил нападнат од едно лице кое му било сосед.Се работи на расчистување на настанот.

Скопје | пред 3 години

policija-kombe

Скопјанец натепан од познаници кои му го украле и мобилниот телефон

На 01.04.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Центар, А.А.(28) од Скопје пријавил дека околу 09.30 часот на неговото работното место во продажен објект на крстосница помеѓу ул.„Мајаковски“ и ул.„Дане Крапчев“, Ш.Ј. и Л.Ј.,кои ги познавал од порано, физички го нападнале и му одзеле мобилен телефон.Според пријавеното, тие употребиле и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

3-3

Натепан вработен во „Паркинзи Центар“ бидејќи стабил блокатор

На 01.04.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Центар, С.С.(28) од Скопје, пријавил дека околу 09.30 часот на ул.„Рајко Жинзифов“, додека бил на работното место во ЈП „Паркинзи“ - општина Центар, тој и Р.Р., исто така, вработен во јавното претпријатие, биле нападнати со метален предмет од И.Б. поради поставен блокатор на неговото возило.Според пријавеното, И.Б. ги оштетил и блокаторот и службеното возило на јавното претпријатие. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-02-at-13.35.27

Четири пати помалку жртви во сообраќајот во март 2022, почна и нова превентивна кампања за безбедност на пешаците

Минатата 2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првото тримесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а од сега и Факултетот за безбедност од Скопје продолжуваат со активностите со цел подигање на нивото на сообраќајна култура и на тој начин намалување на бројот на жртви во сообраќајот, а денеска во Охрид беше организирана првата акција во склоп на кампањата „И јас и ти- сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“.„Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност од Скопје, започнува со спроведување на кампања за подобрување на безбедноста на најмасовната и најранливата категорија учесници во сообраќајот - пешаците, под мотото „И јас и ти - сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“. Оваа кампања ќе се реализира неколку месеци при што ќе бидат опфатени голем број градови. Во кампањата ќе се стави акцент на причините поради кои пешаците страдаат во сообраќајни несреќи, ќе се потсетува на сообраќајните правила и прописи кои се однесуваат на пешаците, а постојано ќе се даваат препораки за однесување и на пешаците и на возачите затоа што безбедноста на пешаците и на возачите е заедничка грижа и треба заедно да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот“, рече претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска.Помошникот на министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски истакна дека благодарение на ваквите активности, се подига нивото на сообраќајна култура, а на тој начин се намалува бројот на жртви во сообраќајот.„Им благодарам на нашите партнери од РСБСП, а секако задоволство ми е што во нашите активности се придружува и Факултетот за безбедност. Безбедноста во сообраќајот е одговорност на сите нас и сите заеднички мора да го подигаме нивото на сообраќајната култура. Токму како резултат на активностите што ги спроведуваме изминатите години евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот кој секоја година се намалува, но, се разбира, и една жртва за нас е многу, па затоа продолжуваме интензивно да работиме за уште повеќе да ја намалиме оваа бројка. Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првото тримесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првите три месеци од 2022 година има 18 жртви, што е за 10 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 28. Само во месец март 2022 година имаме четири жртви, а во март 2021 имало 16, што е бројка дури четири пати поголема од март 2022“, сооопшти Ангеловски.На подрачјето на СВР Охрид во март 2022 година нема ниту една жртва, а во март 2021 година имало четири жртви.„Покрај превентивните акции, продолжуваме и со засилените акциски контроли за санкционирање на оние учесници во сообраќајот што не ги почитуваат правилата. Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 144 возачи кои не пропуштиле пешаци на пешачки премин. Од нив 15 се на територија на СВР Охрид. Во првите три месеци од 2022 година санкционирани се 2298 возачи кои не дале првенство на минување на пешак, а санкционирани се и 2784 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила“, соопшти Ангеловски.

Македонија | пред 3 години

sl2

(ВИДЕО) Претреси во Скопје и скопско, приведени двајца нарко дилери, пронајден кокаин и марихуана

По повеќемесечна криминалистичка истрага, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единицата за недозволена трговија со дрога, разбиена е криминална група на подрачјето на Скопје. Имено, лицата подолг период вршеле продажба на наркотични дроги марихуана и кокаин, за што од страна на ЕНТД при ОСОСК се обезбедени материјални докази. Во текот на целата истрага вкупно се приведени 13 лица кај кои се пронајдени кокаин и марихуана.„Само во текот на вчерашниот ден (01.04.2022), врз основа на наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, ЕНТД во содејство со Специјалната антитерористичка единица Тигар изврши претреси на шест локации во Скопје, Арачиново и Радуша, при што се пронајдени повеќе килограми наркотична дрога марихуана и повеќе полиетиленски пакувања со кокаин, како и ваги и други предмети од кривични дела. Приведени се Ш.И.(36) и Ј.Х. (21), а се трага по С.И.(30).До Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против три лица Ш.И.(36), С.И.((30) и Ј.Х.(21) поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, а од Судија на претходна постапка им е одреден притвор“, вели МВР.

Скопје | пред 3 години

velosiped

Велосипедист заврши во болница откако го удри автомобил

На 01.04.2022 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(40) од Скопје, удрило во велосипедист Т.К.(51) од Скопје. Т.К. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

272001087_4637732702992325_9176916121983801368_n

Автомобил удри во пешак

На 01.04.2022 во 10.30 чaсот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ферид Бајрам“ и ул.„Мара Маждуречка“, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(55) од Скопје удрило во Д.Ј.(65) од Скопје. По несреќата, Д.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

policaec-policija-skopje

201 санкционирани возачи во Скопје, 56 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 34 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за возач почетник, три за нерегистрирани возила, 50 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања