МВР

265977177_3016460471943246_1124475499600049127_n

Застрелан маж бил пронајден од скопјанец

На 06.05.2022 околу 16.00 часот во Полициското одделение Мирковци било пријавено дека во с.Кучевиште, скопско, било пронајдено лице со рана од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за П.С.(64) од с.Кучевиште.Тој бил пренесен во здравствена установа за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-07-at-14.01.09

Спасовски поздравен со транспаренти: „Три дена криевте убиство на дете“, Ви украдоа оружје од полициска станица среде бел ден“

Три транспаренти на три различни локации утрово беа поставени во Делчево, кој е еден од градовите каде се одбележува Денот на полицијата. Фотографии од нив се објавени на социјалните мрежи. На транспарентите има две пораки.„Три дена криевте убиство на дете“, пишува на едниот транспарент, а додека на другиот стои: „Ви украдоа оружје од полициска станица среде бел ден“.Порака од првиот транспарент најверојатно е поради убиството на ракометарот Денис Тот пред ноќен клуб во Скопје. Вториот пак, најверојатно се однесува на грабежот на полицски магацин во Охрид.Според фотографиите, транспарентите биле прикачени на мост и објект.„Еве како народот го пречека Спасовски во Делчево!“, стои во објавата на социјалните мрежи.Чествувањето на 7 Мај, започна со положување на цвеќе на спомен обележјата на загинатите припадници на полицијата, додека централната манифестација за одбележување на Денот на полицијата годинава ќе се одвива на Градскиот плоштад во Делчево, со почеток од 12.30 часот.

Коментари | пред 3 години

IMG_4243

Две лица завршија во затворот во Шутка поради претепување на скопјанец во ресторан

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против М.К.(28) и М.М.(43), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.На 05.05.2022 во 12.20 часот во угостителски објект на улица „Методија Шаторов – Шарло“ во Скопје, пријавените физички го нападнале М.Т.(28) од Скопје и оштетиле дел од инвентарот. По преземени мерки, тие биле пронајдени и лишени од слобода од полициски службеници од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје.Од страна на Судија на претходна постапка на пријавените лица им е одредена мерка притвор.

Скопје | пред 3 години

policija-policaec-35

Поради загрозување на животната средина, малолетник доби кривична

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад", казниво по член 230 став .3 од Кривичниот законик.Во текот на 2022 година на импровизиран пункт – отпад, кој што се состоел од две комби возила без регистарски ознаки и без означена фирма и дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање за вршење на дејност, вршел откуп на секундарни суровини- отпад, старо железо, метални предмети на тротоар на ул.,,Максут Садик" односно на ул.„376".

Скопје | пред 3 години

DSC_0420

Во Скопје и натаму се вози лудо, бројот на казни не е занемарувачки

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, 7 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 54 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

DSC_0052

168 санкционирани возачи во Скопје, 25 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се четири мерки за користење на мобилен телефон, 36 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 38 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“ вели МВР.

Скопје | пред 3 години

235146453_220028166623348_2437089087698187375_n

Утре посебен режим на сообраќај на ул.„50 дивизија“ во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 04.05.2022 година (среда), во периодот од 07.00 до 13.00 часот, поради снимање на видео спот, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на ул.„50 дивизија“ во Скопје, односно сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-02-at-18.22.36

Километарска колона: Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево, едно возило излетано

Сообраќајка го блокираше патот од Охрид односно Дебрца до Кичево. Километарска колона веќе еден час стои во место, односно споро се движи. Бројни викендаши не можат да стигнат до Скопје и попатните градови.Сообраќајката се случила на местото викано Пресека.Според првичните информации, сударот е меѓу две возила. Нема информации од МВР за тоа дали има повредени.Инаку, за време на продолжениот викенд, Охрид беше полн.

Охрид | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Први мај донесе и казни за куп возачи

Во текот на вчерашниот ден (01.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 189 возачи. Од нив 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дурио над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 49 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 140 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

05701AEE-EF6B-4C21-905F-2D876174AECA

ФОТО: Несфатлива сообраќајка во скопски трговски

Два автомобили со скопски регистерски таблички денеска се судрија на паркингот во трговскиот и забавен центар East Gate Mall во Скопје.Според фотографијата споделена на социјалната мрежа Твитер, автомобили марка „Волксваген Поло“ и „Хјундаи Елантра“ се видно оштетени, а повеќе детали како дошло до судирот при попупразен мол засега не се познати.Засега нема информации дали при инцидентот има можеби и повредени лица или пак станува збор само за материјална штета на автомобилите.

Скопје | пред 3 години

droga-UO

Скопје: Уапсени 14 лица, највозарсниот има 29 години, сите поради дрога

Ноќта на 30.04./01.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода се 14 лица, поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Притоа, кај А.Г.(21), С.Н.(24), С.Д.П.(25), А.З.(24), Х.Ј.(18), М.К.(23), А.Н.(28) била пронајдена марихуана, додека кај С.С.(18), С.В.(33), И.Т.(25), М.К.(29), Л.Н.(19) и К.М.(29) била пронајдена бела прашкаста материја, а кај Т.Б.(22) грутчеста материја, инаку сите од Скопје. Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 години

5-2

Полицијата „играла“ брканица близу преминот „Богородица“, возачот што бегал бил од Скопје

На 29.04.2022 во 20.30 часот на излез од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „сеат толедо“, со скопски регистарски ознаки, но тоа не застанало.Набрзо возилото било пронајдено во близина на наплатна рампа Смоквица и во него откриени биле 7 лица мигранти од Сирија. Истовремено, на излезот од Гевгелија било сопрено и патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пронајдени 6 лица мигранти од Сирија. Возачот А.Н.(27) од с.Горно Количани, скопско, се обидел да избега, но бил фатен, лишен од слобода и приведен во полициска станица. На 30.04.2022 околу 02.00 часот бил фатен и лишен од слобода и возачот од „сеат толедо“ - О.И.(21) од с.Црвена Вода, општина Студеничани. За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок. Лицата мигранти биле предадени во Транзитниот центaр „Виноjуг“ Гевгелија.

Македонија | пред 3 години

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

15 казни за возење без возачка дозвола во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 69 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за недавање првенство на минување на пешаци...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

04

413 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (22.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 413 возачи. Од нив 64 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 202 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

policija-policaec-35

Украден автомобил во Ѓорче Петров, уапсен разбојникот

На 20.04.2022 во 13.30 часот од страна на полициски службеници од ЕВР ОКР Ѓорче Петров од слобода бил лишен Н.А.(31) од Скопје, а на 21.04.2022 против него е поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторени три кривични дела за „одземање на моторно возило“ по чл. 242 и едно кривично дело „кражба“ по чл. 235 од Кривичниот законик.Имено, на 02.11.2020 во 18.10 часот, во скопски Сарај, Н.А. од Скопје, искористил погоден момент и бесправно одзел патничко возило „мерцедес“, сопственост на М.З.(52) од Скопје. Подоцна, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Сарај, одземеното возило било пронајдено на автопатот Тетово-Скопје, при што било констатирано дека од него се одземени уште неколку предмети.Исто така, на 15.12.2021 во 16.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. искористил невнимание на Б.Т.(57) од Гостивар и одзел патничко возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а во сопственост на јавно претпријатие. Одземеното возило малку подоцна било пронајдено од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на локалниот пат с.Шишево - с.Грчец. Притоа било констатирано дека од возилото Н.А. одзел повеќе лични предмети.На 25.01.2022 во 18.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.А. на ист начин одзел патничко возило на „фолксваген пасат“, сопственост на М.Т.(45) од Скопје, од кое исто така одзел повеќе лични предмети. Возилото било пронајдено од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во место викано „Ниви“, атар во с.Грчец.Н.А. бил приведен во просториите на Полициска станица Ѓорче Петров, со него е извршен службен разговор, по што е изведен пред Судија на претходна постапка, од кого му е изречена мерка притвор.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања