МВР

Screenshot-2021-10-26-at-16.55.39

Запалено „БМВ“ во Скопје, зафатени две други возила

На 11.05.2022 во 02.30 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на паркинг просторот на ул.„Ташко Караџа“ настанал пожар во патничко возило „БМВ“, сопственост на Д.Д.(38) од Скопје. Од пожарот биле зафатени и патничко возило „пежо 207“, сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „ауди А2“, сопственост на Х.С.(28) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Скопје | пред 3 години

avtobus

Жена нападната и ограбена во автобус додека патувала од Волково до Центар

На 10.05.2022 во 19.50 часот во СВР Скопје, Т.Ч. од Скопје пријавила дека во автобус, кој сообраќал на релација Волково – Центар, била физички нападната од неколку лица, кои ѝ одзеле лични предмети.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

klinika-hirurski-kliniki-

Вработен на Клинички пријавил дека бил натепан од негов шеф

На 10.05.2022 во 13.30 часот во Полициската станица Центар, Р.Ц.(39) од Ново Село, скопско, пријавил дека на работното место во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од Б.Е.(37) од Скопје, негов претпоставен.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Македонија | пред 3 години

47578843_448948392176358_4419430204083011584_n

Жени натепани на Клинички од тетовец

На 10.05.2022 во 14.50 часот во Полициската станица Центар, С.Ј.(53) и С.К.(51), двете од Скопје, пријавиле дека на паркинг простор во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје, Л.Л.(25) од с.Џепчиште, тетовско, откако со патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, удрил во С.Ј., физички ги нападнал двете.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 3 години

tepacka-222

Петорица скопјани нападнале врсник и му украле предмети

На 11.05.2022 околу 01.55 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, ги лишиле од слобода Т.С.(21), А.С.(23), Ш.У.(22), М.М.(25) и Х.А.(23), сите од Скопје, затоа што на ул.„Димо Хаџи Димов“ физички го нападнале В.А.(22) од Скопје и му одзеле лични предмети.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Малолетници од Тетово со ножеви се шетаат низ град

На 10.05.20222 во 12.05 часот на улица „Видое Смилевски Бато“, полициски службеници од СВР Тетово привеле двајца малолетници од Тетово и еден од тетовско Озормиште, затоа што кај нив биле пронајдени два ножа и метален предмет. Со нив, во присуство на нивните родители, во Полициска станица во Тетово бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Македонија | пред 3 години

DSC_0289

Апсења во Аеродром, Карпош и Тетово поради една причина

Денеска (11.05.2022) во 00.15 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Л.(23) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 10.05.2022 во 23.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(32) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 11.05.2022 во 01.10 часот на ул.107 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и еден од тетовско Ѓермо, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Со нив, во присуство на нивните родители, во Полициска станица во Тетово бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

264426592_460370035476926_783367394729159426_n

130 казнети возачи во Скопје, 54 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две мерки за користење на мобилен телефон, три санкции за прекршоци што ги прават пешаците, шест санкции за возач почетник...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

policiski-cas-policaec-skopje-7

Малолетник од Скопје нападнал полицаец, па се обидел да го прегази со моторцикл

На 07.05.2022 во 23.10 часот на Плоштад „Македонија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од скопско село затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а се обидел и да го удри со мотоциклот кој го управувал.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

263692645_443644080753740_8324230947442278967_n

Прегазен пешак и во Кичево, со тешки повреди заврши во болница

На 07.05.2022 во 09.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на крстосница помеѓу магистрален пат А2 и бул.„Ослободување“ во Кичево, патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано И.Ј.(65) од Кичево, удрило во пешакот Р.С.(77) од Кичево.Во несреќата Р.С. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Кичево. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Македонија | пред 3 години

DSC_0410

„БМВ“ прегазило пешак во кумановско, возачот избегал

На 07.05.2022 околу 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Романовце, кумановско, патничко возило „БМВ“ со непознати регистарски ознаки удрило во пешакот С.С.(67) од с.Романовце и го напуштило местото.Во несреќата С.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 3 години

soobrakajka-centar-skopje13

Сообраќајка среде Скопје, битолчанка е тешко повредена

На 07.05.2022 во 21.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(31) од с.Долно Оризари, битолско и патничко возило „Шкода Октавија“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Х.(62) од Битола.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Х.(53) од Битола, сопатничка во возилото „Шкода Октавија“, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Скопје | пред 3 години

DSC_0288

Уапсени 12 лица од Скопје, Битола, Прилеп и Велес поради една причина

Ноќта помеѓу 07.05./08.05.2022, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица.Притоа, кај 12 лица од Скопје, Битола, Прилеп и Велес биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, кои биле лишени од слобода. Имено, кај М. Ј.(24) од Прилеп, А.С.(23) од Скопје, С.Л.(48) од Скопје, К.Т.(24) од Велес, Б.С.(25) од Скопје, П.Р.(23) од Скопје, Т.В.(24) од Скопје и С.Ј.(33)од Скопје била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај М.К.(26) од Скопје, Н.Н.(22) од Битола, А.Б.(26) од Скопје и А.Б.(25) од Скопје била пронајдена марихуана.Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 3 години

240479909_952817318628780_6714018822441776893_n

164 казнети возачи во Скопје, 35 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се 43 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две мерки за користење на мобилен телефон, две санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 21 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат оттаму.

Скопје | пред 3 години

48944878_287962282064400_4666950041229852672_n

Автомобил запален во Карпош, гореле и две други сосе бандера

На 07.05.2022 во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ настанал пожар во патничко возило „Митсубиши Колт“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.П.(24) од Скопје.Од пожарот бил зафатени уште две возила - „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Б.(30) и патничко возило „Дајхатсу Сирион“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(55) од Скопје, Исто така, со пожарот била зафетена една бандера, сопственост на ЕВН. Увид бил извршен.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања