МВР

DSC_0422

Велосипедистка прегазена во Скопје, со тешки повреди е однесена во болница

На 17.05.2022 во 14,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Призренска“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(71) од Скопје, удрило во велосипедистка С.Г.(50) од Скопје.С.Г. била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

brza-pomos-soobrakajka

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар: Тројца возачи и сопатници се повредени

На 17.05.2022 во 18.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај с. Колари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мини купер“ со италијански регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(26) од с.Колари, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(76) од с. Зајас, кичевско и патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(52) од Скопје.По незгодата, тројцата возачи и сопатниците во патничкото моторно возило „ауди“, Ф.А.(74) од с. Зајас и патничкото моторно возило „мини купер“ А.З.(23), Н.А.(54), И.З.(56) и Л.З.(31), сите од с. Колари биле пренесени во Медицински центар Кичево и кај Х.Б., А.З., Н.А. и И.З. биле констатирани повреди, а кај Л.А. и З.И. биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.

Македонија | пред 3 години

policiski-cas-policija-1

144 казнети возачи во Скопје, 19 возачи на мотоцикл

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон 15 санкции, 19 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за непрописно престигнување и обиколување, четири санкции за непрописно престројување...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

policija-kombe

Полицијата апсење во Скопје и Куманово поради иста причина

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(34) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед кај него полициски службеници пронашле и одзеле амфетамин и МДМА таблети.СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Т.(47) од Куманово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот, пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и предмети со остатоци од кокаин и марихуана.

Македонија | пред 3 години

pozarna

„Мерцедес“ се запали во Кучково

На 16.05.2022 во 19.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кучково, скопско, настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со српска национална ознака, сопственост на А.С.М.Р.(54) од Иран.Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

272449545_1112693226155907_5380449899506032670_n

Син натепал татко во ресторан

На 16.05.2022 во 23.45 часот во Полициската станица Аеродром, 49-годишен жител на Скопје пријавил дека во 23.35 часот во угостителски објект на подрачје на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот син К.Ц.(23) од Скопје.Сочинет е записник за констатиран прекршок.

Скопје | пред 3 години

272233083_337646074921329_4275641243418137019_n

Скопјанец бил натепан од внуците

На 16.05.2022 во 15.00 часот во СВР Скопје, Н.И.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил физички нападнат од неговите внуци Љ.И. и А.И., кои притоа употребиле тврди и остри предмети и му го оштетиле патничкото моторно возило „шкода фабиа“.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

klinika-brza-pomos

На Клинички уапсен скопјанец кој бил баран со три потерници

Денеска (17.05.2022) во 11.00 часот на ул.„Мајка Тереза" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(40) од Скопје.Тој бил баран по три централни потерници од Основен кривичен суд Скопје за издржување вкупна затворска казна од осум години и шест месеци за сторени кривични дела по член 378, член 206 и член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Скопје | пред 3 години

04

127 казнети возачи во Скопје, 18 возачи на мотоцикл

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 18 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 16 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила... Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

policija-kazni

Никој не остана поштеден, полицијата напиша скоро рекордни 600 казни за еден прекршок

Во текот на вчерашниот ден (15.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 598 возачи. Од нив 47 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 277 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 321 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

272651220_1883422432046464_4036865601950145219_n

Тешка несреќа на автоаптот Скопје-Тетово, со Брза помош возачите пренесени во болница

На 14.05.2022 во 11.10 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово во с.Желино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „поло“, управувано од Б.Д.(24) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Н.Ј.(30) од с.Ларце, и двете со тетовски регистарски ознаки.Во несреќата Н.Ј.(56) од с.Ларце, сопатничка во возилото „голф“ се здобила со тешки телесни повреди, а возачот Н.Ј. со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 3 години

263692645_443644080753740_8324230947442278967_n

Маж загина на патот Кичево-Охрид

На 15.05.2022 во 00.55 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од с.Зајас, излетало од коловозот. А.А. починал на местото на несреќата, а лекар од Медицински центар Кичево констатирал смрт.Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.

Македонија | пред 3 години

55519511_1005057196359475_1284610819719430144_n

На концерт во Скопје се уапсени пет лица!

Во текот на 14/15.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола во објект на подрачјето на Центар, во кој се одржувал музички концерт, од слобода биле лишени пет лица.Притоа, кај Б.М.(45), А.С.(26), двајцата од Скопје и В.М.(27) од Р.Косово е пронајдена марихуана, кај Д.Н.(23) е пронајдена дробилка со марихуана, а кај М.А.(23) пронајдена е прашкаста материја.Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-14-at-21.35.00

(ФОТО) Камион излета во нива, близу граничниот премин „Ќафасан“

Страшна несреќа се случи во близина на граничниот премин Ќафасан, во текот на денешното попладне. Товарен камион излета од патот сосе приколица. Првичните информации се дека причината е тоа што гумите на возилото се излизгале, но таа не е потврдена. Точните причини треба да ги утврди полицијата.Засега, нема информации дека возачот е тешко повреден. Повикани биле и екипи на МВР. Детали се чекаат во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 3 години

IMG_4256

149 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (12.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 149 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања