Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

pesak

Прегазен пешак во Прилеп

На 07.12.2022 во 12.27 часот било пријавено дека во Прилеп, на крстосницата на ул.„Кузман Јосифоски“ со бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „цитроен берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(54) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од с. Мало Коњаре.Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 3 години

43074562_2165386260457477_7180103631398502400_o

Малолетник и тинејџери се уапсени во Скопје, најголем дел во Карпош

На 07.12.2022 во 23.22 часот на паркинг кај спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(20) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 07.12.2022 во 21.45 часот во близина на спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Р.(24) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 07.12.2022 во 14.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(20) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 07.12.2022 во 14.20 часот на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода малолетник од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

skolo-ismail-kjemali

Евакуирани девет средни училишта и Народна банка, добиле закани за бомби

Денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

uciliste-skolo-3

Нема бомби во кавадаречките училишта

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Кавадарци дека на електронските адреси на училиштата била испратена закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Македонија | пред 3 години

rabotnik-gradezen-

Вработен во градежна фирма пронајден мртов во објект кој се градел во Скопје

На 03.12.2022 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект во изградба на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил пронајден починат В.Љ.(40) од нас.Илинден – Скопје, вработен во градежна фирма од Скопје. Смрт констатирал екипа од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот била извршена обдукција, по што било предадено на семејството за погреб.

Скопје | пред 3 години

IMG_4251

Седум млади „паднаа“ пред полицијата, најголем дел од уапсените се од Скопје

Денеска (04.12.2022) во 02.15 во угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Т.(25) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 03.12.2022 во 22.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 03.12.2022 во 20.00 часот на ул.„Букурешка“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Г.(22) и М.Н.(21), двајцата од Скопје, затоа кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 04.12.2022 во 02.30 часот на бул.„8 Септември“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.К.(26) и З.З.(26), двајцата од Скопје, затоа што во нивна близина била пронајдена и одземена бела прашкаста материја која претходно ја фрлиле. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 03.12.2022 во 21.00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода А.Д.(21) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Тинејџер го украл возилото на Брза помош

По преземени мерки и активности, на 03.12.2022 во 15.40 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(18) од Кочани, поради основи на сомнение дека од кругот на болницата во Кочани одзел возило на Итната медицинска помош Кочани.Како што веќе информиравме, по преземени мерки и активности, возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. Исто така, по преземени оперативно - тактички мерки расчистени се и кривични дела „тешка кражба“ на компјутер и „одземање моторно возило“ „опел корса“, извршени претходно. Во службен разговор во полициска станица Д.Н. ги признал делата, а одземените компјутер и возило „опел корса“ биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-03-at-16.52.13

Арачиновец приведен, се заканувал на новинари

На 02.12.2022 во 22.40 часот во Скопје, полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Ш.М.(31) од с.Арачиново, скопско.Тој се сомничи дека на 01.12.2022 по електронски пат испратил порака со заканувачка содржина кон вработени во новинска агенција – интернет портал, поради претходно објавен текст.Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

292078894_578048873843867_3042272525613587942_n

Кој го украл возилото на Брза помош

На 03.12.2022 околу 03.40 часот во Полициската станица Кочани, од Општа болница Кочани било пријавено дека од кругот на болницата било одземено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска помош Кочани.По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Кочани возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

policaec-policija-skopje

Апсења, дрога, прегазен пешак - Македонија во 24 часа

На 02.12.2022 во 12.45 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ѓ.(52) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето биле задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 02.12.2022 во 11.00 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода О.Т.(73) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ со футрола и две рамки со вкупно девет куршуми калибар 7,65 мм, пиштол „Gesichept“ со една рамка, пиштол и 61 куршум со различен калибар. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријаваНа 02.12.2022 во 12.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.Ќ.(37) од с.Страхојадица, Општина Зелениково. При преглед во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, извршен во содејство со државен инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле пронајдени и одземени 25 картонски кутии со суров тутун во лист со вкупна тежина од околу 500 килограми, за кои не поседувал никаква документација. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 03.12.2022 во 01.50 часот на ул.„Пушкинова“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 02.12.2022 во 22.40 часот во Градски парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Ф.(39) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблетки. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 02.12.2022 во 11.30 часот во Блок 82 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.М.(18) од Република Албанија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 03.12.2022 во 00.30 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје привеле 16-годишник од с.Визбегово, затоа што кај него бил пронајден нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила. Изречени се шест мерки за управување под дејство на алкохол, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за некористење сигурносен појас...Во текот на вчерашниот ден (02.12.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 47 сообраќајни прекршоци, а две возила се исклучени од сообраќај.На 02.12.2022 во 13.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Борка Талески“ со ул.„3 Ноември“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од Р.Д.(56) од Прилеп и мотоцикл, управуван од Р.З.(59) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп.На 02.12.2022 во 10.25 часот во Полициската станица Македонски Брод, С.П.(40) од Битола, со живеалиште во с.Другово, кичевско, пријавил дека во с.Модриште, Општина Македонски Брод бил каснат од куче скитник.На 02.12.2022 околу 10.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Блаже Коневски“ во Радовиш, патничко возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.П.(62) од Радовиш, удрило во пешакот Т.К.(66) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.К., констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш. Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Радовиш.На 02.12.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.В.(80) од Скопје пријавил дека на ул.„Борис Сарафов“ бил каснат од куче скитник.На 02.12.2022 околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на паркинг просторот на ул.„Сутјеска“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(75) од Штип, удрило во пешакот К.М.(75) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.М., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.На 02.12.2022 во 10.45 часот во Полициската станица Македонски Брод, Ј.К.(42) од с.Другово, кичевско, пријавил дека во с.Модриште, Општина Македонски Брод бил каснат од куче скитник.

Македонија | пред 3 години

011-6

Ортаци се со бандата од Арачиново која дивее во Скопје, посочи Мицкоски за Спасовски

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, ќе добие интерпелација во Собранието. Според Христијан Мицкоски, има низа причини за тоа. Сите ги поврзува со неговата работа.„Мислам дека е добро да се почне од почеток. Од снимените разговори со судии и обвинители кои завршија во депото на МВР, а никој не утврди како се снимани па се до бандата во Арачиново кои дивејат во овој град. Полицајците можеле да бидат жртви на таа нарко банда. Сите знаат кои се и каде живејат. Ортаци се со нив“, вели Мицкоски.Периодов кој следи, рече Мицкоски, кога беше прашан кога ќе ја поднесат интерпелацијата.„Точно знаеме кои се дел од бандата од Арачиново. Еве нека ги открие полицијата. Тие ги имаат институциите. Ако не преземат тие нешто, ќе ги објавиме ние. Дајте да одиме на изборите, да ги земеме институциите, да видиме дали тие мангупчиња ќе испраќаат закани како сега, кон новинари“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

policija-kazni

128 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 128 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 79 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 49 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

policiski-cas-policija-1

Брзи и бесни во Скопје, полицијата казнува, но возачите по свое

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 38 санкции за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, осум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), осум санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

272001087_4637732702992325_9176916121983801368_n

Прегазен пешак во Скопје, возачот избегал

На 04.10.2022 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во пешакот А.А.(36) од Скопје и го напуштило местото на несреќата.Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2021-12-22-at-10.31.31

Претрес кај ѓорчепетровец

На 28.09.2022 околу 19.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров-Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ј.(42) од Скопје.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања