Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

akcija-1

Детали: Полицијата ноќеска влезе во 308 кафеани/кафулиња, се претресувале гости

На 17.09.2022 во периодот од 00.00 до 04.00 часот беше спроведена акциска контрола во угостителски објекти на територија на Република Северна Македонија, при што биле контролирани 308 угостителски објекти.„При контролата, приведени се две лица во Куманово затоа што кај нив била пронајдена дрога. Во 00.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(22) од Куманово затоа што кај него бил пронајден и одземен амфетамин.Додека, во 02.05 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Т.(30) од Гевгелија затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Исто така, во еден угостителски објект во Куманово бил затекнат малолетник кој бил послужен со алкохол. При контрола во угостителски објект во Тетово во 00.15 часот од слобода бил лишен Х.С.(28) од с.Мала Речица, тетовско, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случаите против лицата и правните субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.Исто така, при контролата биле констатирани и повеќе прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кои соодветно биле санкционирани.

Македонија | пред 3 години

akcija

МВР со детали за вчерашната акција во Чаир и Бутел, апсења и претреси имало низ Скопје

На 16/17.09.2022 во периодот од 20.00 до 01.00 часот на подрачје на општините Чаир и Бутел, постапувајќи по оперативен план, полициски службеници од Полициските станици Чаир и Бит Пазар во содејство со полициски службеници од Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата, Единицата за интервентна полиција, Отсекот за криминалистичка полиција, Единицата за недозволена трговија и Единицата за брзо распоредување, спроведоа зајакнати мерки и притоа од слобода лишија и приведоа четири лица.На 17.09.2022 во 00.50 часот на ул.„Босна и Херцеговина“ од слобода бил лишен С.Ц.(42) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Глок 9x19“, две рамки за пиштолот и 30 куршуми 9мм. На 17.09.2022 во 01.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ од слобода бил лишен А.Ќ.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во полициска станица биле приведени и С.Д.(25) од с.Грчец, скопско и Е.Ј.(42) од Скопје. С.Д. бил приведен на 16.09.2022 во 22.00 часот на ул.„Кемал Сејфула“затоа што кај него биле пронајдени и одземени револвер „Таурус ин“ и седум куршуми 9 мм. Додека, Е.Ј. бил приведен на 16.09.2022 во 22.00 часот на ул.„Цетинска“ затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Сиг сауер“ и две рамки со 17, односно 15 куршуми 9 мм. При контролите, исто така, биле констатирани 53 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, седум по Законот за возила и биле одземени три моторни возила.

Скопје | пред 3 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Тешка несреќа во Битола, возач на мопед е во тешка состојба однесен во болница

На 09.09.2022 во 19.00 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто“ и ул.„Васил Главинов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода кодијак“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(42) од Битола и мопед „јамаха“, без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-05-093843

Малолетник прегазен од „ауди“ во Скопје

На 09.09.2022 во 13.50 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Ќемал Сејфула“, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.(21) од с.Љуботен, скопско, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје.Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

272233083_337646074921329_4275641243418137019_n

Малолетник со пиштол и марихуана се развозувал со автомобил низ Скопје и Тетово

На 05.09.2022 во 22.00 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, кај клучка Групчин, полициски службеници од Полициското одделение Групчин лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и еден малолетник од с.Голема Речица, тетовско.При преглед кај лицата и во возилото „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот од Голема Речица, кај едниот малолетник од Тетово биле пронајдени марихуана, пиштол „Woltra Combat“ калибар 9мм без документи и една дробилка. Лицата биле приведени во полициска станица и во присуство на нивните родители со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 3 години

policija-policaec-35

Арачиновец излетал од пат во Скопје, однесен во болница

На 05.09.2022 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на поранешен полигон на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(47) од с.Арачиново, скопско, излетало од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.И.(47) од с.Арачиново, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Кражба среде Карпош на автобуска и уште една на Зајчев рид

На 30.08.2022 во 15.00 часот на бул.„Климент Охридски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.П.(43) од Скопје затоа што околу 14.40 часот на автобуска постојка на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од М.Ѓ.(68) од Скопје одзел пари и личен предмет. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 30.08.2022 во 22.00 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода А.Л.(22) од Скопје. Тој се сомничи дека на 24.08.2022 на место викано „Шамак“ под Зајчев рид со употреба на алат одзел предмет сопственост на Т.Т.(45) од Скопје. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

aerodrom-skopje-1

Македонец се задоволувал во авион на „Wizz air“, кој летал од Лондон до Скопје

На 30.08.2022 во 03.50 часот на „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле Д.Ц.(31) од Делчево затоа што се соблекувал и самозадоволувал во воздухопловот на „Wizz air“, кој летал од Лондон до Скопје.Лицето било предадено на полициски службеници од Полициското одделение Петровец и по целосно доукументирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

missing

Исчезнало девојче од Ѓорче Петров

На 30.08.2022 околу 13.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.С.(46) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка А.М.К.(17) од Скопје.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 3 години

soobrakajka-centar-skopje155

Скопјанец заврши во болница, откако го прегази автомобил во Карпош

На 30.08.2022 во 18.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Н.(55) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Пешак загина во Радишани, страшна несреќа во Скопје

На 30.08.2022 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот - Северна обиколница на град Скопје, во близина на клучка Радишани, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(28) од Скопје, удрило во  К.П.(68) од Скопје.Во несреќата, на местото починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Мотор се запали и изгоре во Ѓорче Петров

Во пожар, целосно изгоре моторцикл. Настанот се случи во Ѓорче Петров. Минувачи го снимиле моментот кога избил пожарот, а во близина има и други возила кои не се зафатени иако огнот брзо се проширил.Според првичните информации, нема повредени лица.Со оглед дека настанот се случил на јавна површина, веројатно и полиција ќе треба да направи увид.За видео кликни тука

Скопје | пред 3 години

policija-5

Во кој град има најмногу пијани возачи, фатени се 135 за неколку часа

Во текот на изминатата вечер (27/28.08.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 135 возачи. Од нив 24 на територија на СВР Битола, 21 на територија на СВР Скопје, 20 на територијана СВР Охрид...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

261841615_1886698118206195_1276732134771307123_n

Несреќа во касарната „Илинден“: Војник испукал куршум кој залутал во колега

На 25.08.2022 околу 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарна „Илинден“ во Скопје со повреда се здобил Б.Т.(45) од Злетово и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош.Според пријавеното, тој се здобил со повредата при примопредавање на смена и проверка на оружјето од друго воено лице, при што пиштолот испукал во подот, а од рикошетот парче од подот го погодило во ногата. Од страна на Воена полиција бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

MVR-1

Седум лица измамени од скопјанец и тетовец, полицијата откри како мамеле низ Македонија

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Скопје и Р.З.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека сториле седум кривични дела „измама“.Двајцата се сомничат дека самостојно или заедно, во периодот од февруари до мај годинава измамиле седум лица од Тетово , тетовските села Мала Речица, Желино, Долно Палчиште, Пирок, Шипковица и скопско Бојане. Во овој период, најчесто телефонски Б.А. им се јавувал на оштетените и им нарачувал мебел, им продавал старо железо, им нудел занаетчиски услуги, барал од нив да купи технички производи, барал пари за лекување на болни лица и друго.Првопријавениот, потоа го ангажирал Р.З. да ја преземе наплатата на паричните средства, исто така, пласирајќи им на оштетените различни приказни.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања